Иако звучи излитено сепак тука се сумира досегашниот тек од сезоната. Или за многумина ќе бидеме очекувано елиминирани и ќе го возиме остатокот од сезоната во лер или пак ќе направиме бум во фудбалска Европа и ќе ги погалиме срцата на навивачите во црвено - црно. Верувам во позитивен резултат (мој тип 1-2) пред се поради тоа што на првиот натпревар одигравме речиси перфектно. Atletico не играше апсолутно ништо и само огромната среќа и нашата апстиненција пред нивниот гол ги донесе до победа. Нешто слично се случуваше и против Juventus. Иронично, Milan од клуб кој е вистинска смешка во дефанзива се претвори во клуб кој има проблеми да ги реализира мноштвото шанси на секој натпревар. Balotelli сé уште апстинира од голови и искрено се надевам дека тоа вечерва ќе се смени (иако не верувам во тоа, попрво очекувам гол од Pazzo или некој трет отколку од Balotelli). Тимот што ќе стартува е очекуван, во конкуренција се враќа Poli кој играше одлично на првиот меч.
Верувам дека можеме да го елиминираме противникот кој веќе сите го ставаат во следната фаза. Сме го правеле тоа во Минхен, на пример. Не се сомневам дека момците ќе го остават срцето на теренот. Дали тоа ќе биде доволно за пласман, ќе откриеме доцна во ноќта.
Милан е далеку од титулата во Серија А. Далеку е и од место кое води во Лигата на Шампионите, а место во Лига Европа е достижна цел, но не и приоритетна. Милан испадна од Купот на Италија, па овој двомеч со Атлетико, овие 180 минути се единствената сламка за која може да се фати за надеж дека оваа сезона може да биде барем малку успешна. Билансот против шпанските екипи ни е негативен во последно време, а тоа пред се се должи на постојаното играње со Барселона, секоја сезона. На хартија го добивме најлесниот и најпосакуваниот противник бидејќи искуството на јорганџиите во ова натпреварување е многу мало.
Нивната форма во изминатите неколку сезони секако говори нешто друго, меѓутоа кога играш против Милан на Сан Сиро и кога ќе ја пуштат химната на Лигата на Шампионите тогаш не игра оној Милан кој се мачи против Ливорно и Болоња. Тогаш не игра оној Милан кој губи од Верона и Сасуоло. Тогаш мислите на сите се на оној Милан кој доминираше во Европа во изминатите 2 децении. Кој ја газеше Барселона со 4-0. Кој во 5 години играше три финалиња. Оној Милан кој беше престар и пребавен, а сепак во 2007мата стана европски шампион.
Сезони слични на оваа имало и во минатото. двете шампионски во 2003тата и 2007мата беа сезони за заборав во домашниот шампионат. И на двата фронта играа два различни тима.
Како што може да се види по составот, средината е најкритичниот дел од тимот, а од друга страна, најверојатно најголем адут на Атлетико. Останува да видиме само колку ќе можат Де Јонг, Есиен и Поли да се справат со средината на Атлетико и борбата за превласт. Да сум јас Кларенс без размислување ќе започнам со најсилната одбрана со која располагаме: Абате-Мексес-Рами-Де Шиљо. Се друго е ризик и коцкање. Кога станува збор за нападот, тешко дека Сидорф се слага со моето мислење и тешко дека ќе ги видиме Бало и Пацо заедно во нападот. Се очекува Марио да биде најистурен напред со подршка од Кака и Таарабт. Ова се само прогнози, секако, а точниот состав ќе го дознаеме непосредно пред почетокот на мечот.
Долго време чекавме да ја слушнеме химната од ЛШ. Долго време го чекавме мечов. На Сан Сиро вечерва повторно ќе се пишува историја. Каква, останува само да видиме.
Или поточно, скок до 8-мото место. Со евентуална победа вечерва против Roma
ќе стигнеме до 8-мо место а воедно
овие бодови ќе се бројат како 6 затоа што ќе бидат извојувани против директен
конкурент за евро настап. Roma започна фуриозно во оваа сезона но кога еднаш се лизна, следуваше речиси
слободен пат. Доколку ние вечерва успееме да ѝ го нанесеме првиот пораз
сезонава, сметам дека бледата форма на римјаните ќе продолжи и после ова коло.
Кога сме веќе кај бледата форма, Milan продолжува со бледата форма. Извојувавме многу
значаен пласман во елиминациите за ЛШ но пропуштаме многу шанси за приближување
кон врвот во Италија. Како и да е, како и сите досегашни натпревари така и ова
е „натпревар кој мора да се добие“. За жал Stephan El Shaarawy нема да биде на располагање до крајот на
оваа календарска година а само што се врати. Формациски веројатно нема да
менуваме од она X-mas tree кое
го негуваме во последно време со тоа што по повредите на El Shaarawyи Birsa, веројатно вечерва покрај
Kakaќе застане Montolivoна AMC, фудбалерот кој нѝ должи одлична претстава после
она што го направи во првата половина од првото полувреме против Ajax! Дупката која Montolivoќе ја остави во средината ќе биде
пополнета од Muntariкој ќе
игра рамо до рамо со DeJongи Poli.Во дефанзива би
требало повторно да добие старт Bonera кој би играл заедно со Mexes, Urby и De Sciglio кој по
брилијантната партија против Ajax повторно ќе стартува на позиција десен бек. Другата варијанта е да се игра
со Saponara или Niang а Montolivo да се врати во средината. Третата варијанта е да
се започне со 2 класични шпица па Matri да добие шанса покрај Balotelli. Кога сме кај Matri, една
разочарувачка вест за него лично а одлична за сите rosso nero фанови, Pazzo е на клупа вечерва! Нѝ фалеше многу!
Ждребот за елиминацискиот дел од ЛШ се одржува во овие моменти. Milan
го доби својот противник, тоа е Atletico Madrid. Веројатно на хартија најдобриот ждреб заедно со Man Utd. Нè очекува
интересен двомеч во кој се надевам дека ќе проработи таа CL аура која овој тим историски ја поседува
во себе. Поголема анализа на противникот и на нашите шанси во овој двомеч кога
ќе дојде време за тоа.
Вака лесно делува задачата која ја имаме за утре и не би требало да имаме многу проблеми исполнувајќи ја, не толку дека сме фаворити против холанѓаните, туку фактот што, се освен пораз ни одговара.Она што не може да радува е нашата форма сезонава (која рака на срце во последните 2-3 натпревара е солидна), но и тоа дека сезонава во Лигата на Шампионите сме друга екипа. Тешко дека може да се надеваме на магичната, а веќе и далечна 2007ма кога резултатите од домашното првенство беа само бледа дамка на блескавите партии во најквалитетното клубско натпреварување.
Ајакс не е екипа што треба да се потцени иако 4те титули во ова натпреварување се далеку зад нив, и фактот дека повторно има смена на генерации кај нив. Последен пат кога гостуваа на San Siro - победија, во тогаш првиот натпревар на клупата за Де Бур. Да се надеваме дека нема да бидеме толку добри домаќини повторно. Нашиот лидер сезонава Кака е екстремно мотивиран да го постигне својот 100ти гол за Милан токму против Ајакс, со што ќе му обезбеди на клубот европска пролет. Токму Кака и опоравениот Ел Шарави, кој најверојатно ќе влета во првиот тим по повредата на бутниот мускул на словенечкиот Кројф се очекува да бидат подршка за Бало во нападот.
Пацини по подолго време повторно ќе биде во составот, но мали се шансите да добие можност да изигра неколку минутки, се разбира освен ако резултатот не го дозволува тоа и Макс пушти срце. Абијати ќе биде на голот, Де Шиљо најверојатно ќе си го завземе своето место, дуото од Мексес и Запата ќе биде последниот одбранбен бедем, заедно со Урби на левата бековска позиција. Во средината сигурни се Монти и нашиот најконстантен играч сезонава Де Јонг, кој игра како во најдобрите денови и воопшто не се чуствува дамка од долгата повреда. Единствено стои прашањето меѓу Поли и Ночерино, кое за мене и не е некоја дилема. Победа, или нерешено, па во добро расположение да ја чекаме ждребката и да се надеваме дека пак нема да налетаме на Барса!!? упс :)
По агонијата во домашното првенство се враќаме онаму каде што и не сме толку очајни. Пет бода во четири натпревари и не се за некоја пофалба, но со оглед на фактот дека Ајакс има 4, а Селтик 3 бода, тогаш ни е јасно како сепак се најдовме второто место. Дури и да не победиме вечер (што е реална опција), мали се шансите Ајакс да ја изненади Барселона, што значи дека пак на крај сами ќе ја решаваме нашата судбината против Холанѓаните, и тоа на домашен терен.
Нашиот тренер рече дека не треба да ги мешаме домашното првенство и ЛШ (можеби тоа значи дека планира да го освоиме трофејот во ЛШ), ама сакале ние или не пак е ова истиот тим, истиот тренер, истата управа на истиот стадион со истите исфрустриани навивачи.
По ремито со Џенова работите излегоа од контрола и е настанат тотален хаос. На излезната врата се голем дел од првотимците како и тренерот, а најверојатно и ќелавиот. Во било која друга ситуација ова би било прифатено со доза на носталгија и разочараност, ама кога ќе видиме кој ќе истрча вечер и како ќе изигра веднаш ќе ни стане јасно дека на овој Милан му требаат промени.
Мунтари и Мексес се последни на листата на повредени и се приклучуваат на Амелија, Матија, Ел Шарави, Пацини... Абијати повторно ќе застане на голот, Абате, Бонера и Запата ќе бидат пред него и повторно вечната дилема: кој е полош? Урби или Констант? Во средината Де Јонг, Монтоливо и Поли би требало да си ги завземат своите места како и Кака зад напаѓачите Балотели и Робињо. Ова е мојата прогнза за составот но можно е и лудиот Макс да има и други замисли како на пример Бирса да почне.
Нема повеќе што да додам, мој скромен тип е 0-0 или 1-1.
Milan конечно влезе во сопствениот вител со проблеми и не може да исплива на површина. Сите оние проблеми кои со години наназад се натрупуваат и кои ги знаат сите кои се на еден или на друг начин блиски до клубот, почнаа да испливуваат на површина во серија и го притискаат клубот надолу. Овие проблеми беа добро познати и на раководството но тие останаа глуви на укажувањата на фановите, поранешните фудбалери на клубот и спортските аналитичари.
Не се донесе квалитетен дефанзивец, не се донесе квалитетен фудбалер за врска, упорно се продолжуваше со политиката на срамежлив трансфер пазар кој е насочен претежно кон фудбалски (полу) анонимуси, упорно се продолжи со тренерот кој нема решение за играта од прекини веќе 4 сезони во серија а да не зборуваме за (не) навремени измени и тактичка флексибилност. Продолжија проблемите со повредите во серија иако истото се случува веќе години наназад. Медицинскиот центар во Milanello кој е еден од наопремените (според огромен број на независни експерти и најдобар во светот) продолжува да биде атентатор на многу перспективни кариери (Pato, El Shaarawy, De Sciglio) и продолжува да биде кочничар на резултатите на тимот, буквално секоја сезона. Сега сите тие проблеми и некои други кои не беа спомнати, излегоа заедно на површина. Тренерот не знае што да прави а играчите си прават што сакаат! Како што спомена Costacurta веднаш по поразот од Fiorentina, некои фудбалери не ја знаат тежината на дресот што го носат. Јас би додал и дека раководството стана сенилно па и тоа заборава што значи овој бренд кој тие самите го создадоа! Milan не смее да биде фонтана на желби која ќе ги исполнува најлудите сништа на фудбалери како Muntari, Constant, Zaccardo, Birsa... фудбалери кои можеле само да посакаат да бидат дел од Milan а тоа што во тој тим се првотимци е лудост за посебна дискусија.
Толку за (не) приликите во и околу клубот!
Гостуваме на Nou Camp, нашиот втор дом во последните неколку сезони. Во некои други времиња, со некој друг (вистински) Milan, овие натпревари би биле вистинско уживање. Вака ќе се надеваме на малку повеќе спортска среќа и игра на мускули со која би избориле евентуално добар резултат. Ама кога можеше познатата La Masia да се вади со грешка на нашиот голман вчера, зошто да не можат да изборат позитивен резултат и сениорите?
Според повеќе извори, Allegri се одлучил за 4-4-1-1 со Ricky како осамен зад напаѓачот.
Е сега во последните неколку минути преовладува една шок информација која доколку се потврди, може да се претвори во вистински куршлус! Првата информација е дека Urby ќе стартува на лев бек место Constant. Ова и не значи ама баш ништо затоа што и двајцата се оперирани од дефанзива па кој и да игра ќе играме со тројца во одбрана а таа дупка на нашата лева страна ќе биде константно експлоатирана од домаќините. Ама затоа втората информација вели дека наводно Allegri планира да го стартува Robinho со Kaka а дека Balotelli ќе остане на клупата?!? Искрено, Balo не игра ама баш ништо и делува безобразно незаинтересирано (имаше само 1 шут кон голот против Fiorentina) но евентуално негово неиграње на ваков натпревар може да значи бура и тоа да повлече други реперкусии особено што грбот му го чува агент како Raiola за кој веќе имаше шпекулации дека на полувремето против Fiorentina викендот влегол во соблекувалната на Milan и му се внесол во лице на Allegri околу начинот на кој (не) го користи Balotelli. Ако тоа е вистина, тоа е срам за клубот на прво место но тоа е за некоја друга дебата. Сакав да кажам дека евентуално неиграње на Balotelli на меч против Barcelona (а не дека не заслужува да седи на клупа) може да значи пукање на тиквата и притискање на Raiola за негов трансфер.
Овие дилеми ќе се расчистат за отприлика нешто повеќе од 1 час па ќе видиме на што ќе се сведат муабетите низ фудбалските кулоари. Јас немам дилеми, сакам фудбалаери кои ќе изиграат машки, сакам фудбалери кои ќе остават 100 % од себе на зелениот тепих на Camp Nou, па ако треба и нека дојде нов пораз! Би прифатил пораз само да видам жар, спортски инает и будење на тимот.
По којзнае кој пат во последниве 3 години почнувам да пишувам пост за натпревар помеѓу овие две екипи. Секогаш ми се вртат истите две три реченици кога ќе сакам да пишам нешто. Можност за докажување со најдобриот тим на светот, респект, пожртвуваност, екстремна мотивација, цврста одбрана итн. Респект и те како треба да се има за еден од најдобрите клубови и генерации на сите времиња, но на крајот од денот тоа се само 11 смртници против други 11 смртници на другата страна од теренот.
Милан секогаш играл мотивирано во ЛШ, Милан секогаш играл добро против силните екипи во ЛШ. Па кога можевме минатата сезона со головите на Сулеј и Боа да ги совладаме 2-0, зошто да не можеме и оваа година кога го имаме и Бало достапен во нападот, и искуството на Кака во големите натпревари. Треба да се тргне фокусот од каталонците, Милан е нашиот тим против кој и да игра! И каков и да е резултатот на крај пак наредниот натпревар ќе го подржуваме тимот во црвено-црно.
Бало ќе биде во тимот но сеуште не се знае дали ќе биде спремен за да игра. Последните оптимистички најави се дури и дека може да го почне мечот. Кака сеуште не е спремен за 90 минути и најверојатно ќе чека шанса од клупата. Амелија, Абате, Констант, Запата и Мексес би требало да ја сочинуваат одбранбената петорка. Де Јонг, Монтоливо и најверојатно Сулеј ќе го држат средниот ред, за кој Макс рече дека има предност пред Поли, иако вториот одигра одлично во саботата. Едно место останува за Робињо, додека за останатите две (Матри и Бирса) во игра се и Марио и Рики.
Составот на Барса и нивните амбициите, искрено речено, ич не ме интересираат, тие си имаат свои математики, а ние наши. Нашата е многу едноставна, 4 бода од два натпревара со Барса би се сметале за огромен успех, додека пак 0 или 2 бода не се никаква опција. Коефициентот за наша победа се движи околу 5 негде, па еве ви шанса да направите и некоја добра пара покрај тоа што ќе уживате во победата на вашиот омилен тим. Секако, ова треба да се случи ако се поклопат сите коцки. Еве и една сликичка како шлаг на тортата. Нека стои подолго и нека трепка.
Вторник навечер. Убаво (најверојатно дождливо време) за дуелот тежок 11 шампионски титули во најквалитетната фудбалска лига во светот. Тимот со кој повеќе од 10 пати сме се среќавале во Лигата на Шампионите и КЕШ досега, и тоа во групни фази, елиминациски мечеви но и финалиња. Никогаш не било лесно кога сме играле со една од најдобрите фудбалски школи на сите времиња по чиј модел Милан сака да ја носочи својата младина. Ван Бастен, Рајкард, Рајзигер, Давидс, Сидорф, Златан се само дел од играчите кои го носеле дресот на овие два гиганта. Повеќето од нив оставиле голема дамка и за двата тима.
Долго време помина од 23 април шампионската 2003та година кога во 1/4 финалето ги одмеривме силите со холанѓаните. А како вчера да беше оној гол на Томасон за 3-2 (иако повеќето тврдат дека голот е на Пипо) и маестралната партија на Инзаги кој со гол и 2 асистенции не однесе до полуфиналето. Да не трошам повеќе зборови, еве го видеото во продолжение, па потсетете се на овие убави, многу убави времиња. Интересно е само да напоменам дека на овој меч како 18 годишен талентиран одбранбен играч, во својата дебитанска сезона влезе во игра Најџел Де Јонг, и тој е единствениот играч од овој двомеч (покрај Абијати кој беше на клупата.) кој сеуште игра за некој од овие два тима.
Сега дојдоа едни други времиња. Од таа генерација на Ајакс со Златан, Пиенар, Ван Дер Мејде, Киву, Лобонт, Јакубу, Литманен.... па после подмладената со Стекеленбург, Хејтинга, Де Јонг, Емануелсон, Снајдер, Ван Дер Ваарт, Хунтелар....и онаа последната со Вермален, Вертонген, Суарез, Ериксен и други. Тоа е веќе минато и еден нов бран на млади таленти се собрани во престолнината на Холандија.
Кај нас ситуацијата тотално променета. Со новиот проект кој го започна управата, за момент се помисли дека крајот на генерацијата на Малдини, Неста, Шева, Сидорф, Пипо, Рино е почеток на една нова победничка која во 2011-тата и те како делуваше силна. Но поради сплет на околности, бевме принудени да почнеме одново и во моментов може да сме каже дека сме во втората година од тригодишниот план за враќање онаму каде што ни е местото, на врвот на европскиот фудбал.
Како што е веќе познато СЕС заработи незгодна повреда во последен момент и моментално сме препуштени на само 3 опции во нападот, а она што загрижува повеќе е фактот дека поради суспензијата на Бало, против Јуве викендов на располагање ќе ги имаме Матри, Нианг и Бињо.
Одбраната исто така е доста тенка, и нема многу комбинаторики тука, така да освен едно место во средниот ред, веќе треба да знаеме како ќе изгледа стартната постава.
Абијати
Абате,Запата,Мексес,Констант
Поли,Де Јонг,Мунтари
Монтоливо
Балотели,Робињо
Мене баш и не ми е по ќеф тоа што Сулеј ќе игра повторно, а Монтоливо ќе биде врската помеѓу средниот ред и нападот, ама помеѓу ова и Бирса на AMC јас со две раце потпишувам за ова прикажаново.
Чекаме добар стрим утре, се надеваме на добра игра и победа секако пред двомечот со Барса бидејќи само со 10-12 бода од 4те натпревара со Ајакс и Селтик може да се надеваме првото место во групата.
Само кратка најава на мечот вечерва. Сепак се работи за отворање на најинтересното клубско натпреварување во светот. Со оглед на случувањата и резултатите на клубот, слободно можам да кажам дека имаме среќа што баш сега треба да го одиграме, условно речено, најлесниот меч во групата. Објективно, Celtic е најмалку квалитетниот во оваа група, а кога ќе се додаде и домашниот терен, фер е да се каже дека се правиот противник во право време. Иако ова не е лига со 38 кола и секој меч може да биде одлучувачки. Затоа мора да се тргне на прав начин од старт.
Момците, барем оние што останаа здрави, се припремаат за премиерата на ЛШ
во едни несредени услови. Зборувам од тактички апсект и за идејата на Allegri. Лично, малку ме плаши оваа ситуација.
Тимот делува како да е без тренер, препуштен сам на себе. А тоа, во време кога
немаме постари и поискусни авторитети во соблекувалната, може да ескалира.
Особено кога играчите од кои најмногу се очекува и кои се први ѕвезди на тимот,
се оние со проблематичен карактер. Allegri денес на прес потврди дека не постојат (не ги знае)
состојки за успешен меч во ЛШ. Тоа едноставно не го изјавува врвен тренер,
тренер што верува во својата екипа. Впечатокот е дека Allegri не дава инпут во резултатите на тимот.
Или подобро речено, не дава позитивен инпут. Напротив, неговите грешки со
изборот на стартерите или со нелогичните измени, немоќта да промени тек или
динамика на играта во моменти кога екипата не се снаоѓа најдобро, може да влијае
само негативно. И тоа се случува константно.
Ако се вратиме на мечот, под претпоставка дека сме во тек со сите повредени
и проблематични играчи во пресрет на пречекот на Celtic на San Siro, добиваме список со дури четворица младинци меѓу 21 повикан играч:
Abbiati, Mexes и Zapata се сигурни во одбраната. Заради немањето на избор, многу веројатно дека и Zaccardo ќе стартува десно. Интересно ќе биде што Max ќе одлучи за левата бековска позиција – дали да му даде шанса на претходно лошиот Urby или да почне да го враќа Constant во првиот состав. Дилемата во средината е дали Poli е доволно спремен за старт или десно ќе покрива Nocerino. Останатите двајца во средината ќе бидат NDJ и незаменливиот Muntari. Мојот најголем страв доаѓа од испразнетото место на Kaka. Не дека синот имаше перфектен натпревар во саботата, но името на неговата замена делува тажно. Веројатно ќе дочекаме Valter Birsa да биде играчот што ќе ги поврзе средниот ред и нападот, играчот што треба да ги храни Balo и Matri со квалитетни шанси и одвреме навреме да прави човек вишок во крајната фаза на нападот. Да видиш, да не поверуваш. И сега на светло излегуваат два проблема: (1) грешката на Gandini со невклучувањето на Niang на списокот за ЛШ и (2) форсирањето на
комплетно нова формација на Allegri, иако, рака на срце, со моментално достапниот состав изгледа најприкладно.
Milan под Allegri има три кампањи во ова натпреварување.
Ако се разгледуваат трите воведни натпревари во секоја од сезоните, клубот има
една победа (Auxerre) и две
ремиа (Anderlecht и Barcelona).
Вечерва не ни треба само
продолжување на традицијата без пораз, туку и победа. По можност, уверлива. Тоа
навистина ќе значи плус за Allegri, но верувам на сите ни е поважен успехот на клубот, отколку фигурата која
стои покрај аут линијата. Сезоната се крши, текот на натпреварувањата се
одлучува на почетокот и во тоа се уверуваме минатата сезона. Затоа вечерва неопходен
ни е Celtic на колена!
Бонус: Младите фудбалери на Milan (оние
под водство на Pippo, Primavera
составот)денеска од 15.00 часот дебитираат во новата младинска
лига на шампиони, наречена UEFA
Youth League. Лигата
се состои од младинските екипи на сите сениорски учесници на годинешната ЛШ. Одлична
увертира за вечерашниот меч!
Сезоната почна многу поинаку од она што го посакувавме или се надевавме. Иако веќе сме навикнати да имаме очаен старт под водство на Allegri (кој подоцна не може да се рехабилитира со одличен финиш) ние повторно почнуваме лошо против противници со кои не би требало да имаме поголеми проблеми. Ако нерешениот резултат нагости против PSV беше солиден од резултатска смисла, оние што го гледаа мечот знаат дека ние бевме посреќните со конечниот исход и дека одигравме натпревар под нивото на ЛШ гигант и доколку домакините имаа барем малку повеќе среќа, ќе бевме во многу поочајна ситуација пред реваншот. На тоа се надоврза и очајното деби во калчото каде што дозволивме новопечен прволигаш да ни направи целосен пресврт после наше водство. Во тој меч уште повеќе болеше фактот што вториот гол го примивме некаде околу 60тата минута (а не во финишот од мечот) и ние бевме соочени со пораз цели 30 минути а сепак не успеавме да направиме ниту една посериозна шанса до крајот на мечот. Напротив, домакините беа далеку поопасни и со позитива па само расположениот Abbiati нè спречи од поголем срам! Кога еден тим кој е сметан за гигант, не може да наметне своја игра и да создаде притисок и (барем) шанси за гол цели 30 минути против новопечен прволигаш, тоа е одраз на очај, немоќ, психичка неподготвеност и пред се, недостиг на водство од клупата. А од клупата освен никаква идеја во играта се добиваат и нелогични замени:
1. Се брка резултат а се вади од игра El Shaarawy (сетете се на последниот натпревар од минатата сезона, повторно против прежален противник и соочени со елиминација од ЛШ).
2. Во игра се внесува Petagna и формацијата се менува драстично од 4-3-3 во 4-4-2
3. Менувањето на формацијата не е толкав проблем колку што беше распоредот на фудбалерите, Urby кој е класично лево крило, беше пуштен во игра да делува по десната аут линија а Nocerino кој е десничар, играше на левата страна?!
Очигледно таму некаде Berlu се сити а тактиката Dai Dai е се повеќе неразбирлива за фудбалерите на теренот.
Јас лично верувам дека вечерва одиме по тенок мраз. Резултатите а пред се играта од претходните 2 официјални натпревари и не ми ветува нешто повеќе. Чудната логика на тренерот и неговите константни падови во најважните натпревари, уште помалку. Наместо Poli кој го даде својот деби гол во првиот официјален меч во дресот на Milan и кој беше една од ретките светли точки против Verona, веројатно повторно ќе стартува Muntari кој беше воопшто незабележлив на првиот меч во Ајндховен. Веројатно целиот тим ќе биде оној истиот кој беше надигран во Ајндховен, освен рековалесцентот De Sciglio кој ќе ја заземе болната лева бековска позиција на која имаа неуспешни и трагикомични авантури најпрво Urby со PSV а потоа и Constant со Verona. PSV мора да падне, од овој меч зависат (какви такви) засилувања, од овој меч зависат барем 30 милиони евра, од овој меч зависи дигнитетот на клубот!
И збор - два за човекот за кој CL значи апсолутно се! Лигата на шампионите не значи баш се за екипи како Fiorentina, Lazio, Roma или Cardiff (летово потрошија преку 30 милиони евра влегувајки од втора лига и се на 5то место на најголеми потрошувачи во Premier) ама ете, значи апсолутно се за него! Секоја сезона се ценкаме апсолутно до самиот крај. Се ценкаме со се и сешто па дури и со местото во CL. Honda речиси сигурно ќе дојде дури во Јануари. Ljajic беше перфектна замена која можеше да го покрива она болно AMC до Јануари но не, ние моравме прво да осигураме пласман во CL. Нудевме некои 8 милиони, Adem на крајот замина во Roma според последните информации за само 10 милиони. Да, за само 2 милиони повеќе од она што го нудеше Mr G. И да обезбедиме пласман во CL и да купиме нови засилувања (кои би биле силувани) на нив им треба време за да се инфилтрираат во тимот. Тоа време се рефлектира преку лоши резултати во Калчо. А и што би купиле? Се шпекулира со имињата на Matri и Astori, фудбалери кои во најдобра рака не го подобруваат моменталниот квалитет на тимот. Во најдобра рака! Ангажманот на Matri е непотребно правење на услуга на Juventus затоа што на тоа место во тимот, Balo е неприкосновен стартер а Pazzo кој имаше одлична сезона лани, се враќа следниот месец! Astori е најмногу замена на Mexes и Zapata. Astori не го прави подобар и посигурен тој дел од тимот, го прави само поброен. И Matri а и Astori го прават само поброен тимот и даваат опција плус а никако не го зголемуваат квалитетот и не се загарантирани стартери.
Milan не ги заслужува овие потези од управата а најголем дел од фудбалерите (па и тренерот) не го заслужуваат Milan како бренд! Работите (навидум) излегуваат од контрола.
Можеби еден од најтешките почетоци во последните неколку години со оглед на тоа дека сеуште не сме квалификувани во групната ваза на Лигата на Шампионите. На патот ни стои Холандскиот гигант на кого сме му стари должници по полуфиналето што се одигра во 2005тата година. Токму сегашниот тренер на ПСВ, Филип Коку ни даде 2 гола таа мајска вечер. Другиот гол го даде Парк Ји Сунг кој се врати по подолго време во клубот каде што ја достигна својата најголема слава. Од тогашниот Милан не остана никој. Стрелецот на голот кој значеше финале и херојот Амброзини си замина летово. И во ПСВ многу работи се сменети, повторно се подмладени и сезонава ќе му бидат сериозна закана на речиси недопирливиот Ајакс.
Ова се играчите кои ќе му бидат на располагање на Макс утревечер. Дел од оние што ги нема се повредени додека пак другите (Траоре, Антонини...) се пред излезна врата.
Ни предстои натпревар кој ќе ја трасира сезоната и најверојатно преостанатите 2 недели на пазарот. Се надеваме и веруваме во позитивен исход од Ајндховен, мој тип е нерешен резултат од 0 до 2 голови.
Ви олесна, а? :)
Каков финиш на сезоната, убиствен за оние со послабо срце. Минути не делеа до
вистинска пропаст, до растурање не една убава приказна, на еден концепт за
поинаков Milan. Неколку
минути и само еден гол можеше да сруши се, една прекрасна полусезона и толку
напор вложен за тоа магично трето место. Но не испадна така. Тоа не го дозволи
едно момче што има способност да гледа 2-3 секунди во иднината секогаш кога
шутира пенал и едно друго момче, стопер, што обично шутира со ножички, ама
одвреме навреме знае да одигра во противничкиот шеснаесетник како да е роден
напаѓач. Екстаза! Ах да успеам да најдам видео со реакциите на виолетовите
плачковци кога дознаа дека мечот во Сиена сепак беше наместен.
Мора да признаеме
дека цела оваа радост изгледа лудо. Колку многу се радуваме на местото што води
“само” во квалификаците на ЛШ, но од друга страна ова е
вистинско чудо за една екипа што после два месеца калчо беше на третото место
гледајќи оддолу нагоре. Какво достигнување, каков перформанс, заслужена
награда. Ова беше една убава лекција за овој млад тим. Верувам дека сезонава
научија оти не се живее на стара слава, дека победата не паѓа од небо, дека и
отпишаните знаат да изненадат и дека никој не смее да биде потценет. Сега момците
нека слават, управата нека размислува како и со кого да го продолжи овој
прекрасен проект, а тренерот само нека чека што ќе решат со него. И онака
никогаш за ништо важно не одлучувал. Него, дури и со оние одлука кои се само
негови, не му оди најдобро.
Како и да е, до
Август и борбата за дефинитивен влез во големото друштво има доволно време за
некои промени и добра припрема. Дотогаш, да се фрлиме на богатото меркато кое
се најавува и секако на Купот на Конфедерации!
Бонус: За тие што можат да гледаат, еве ја реакцијата на Tiziano. Јас не се осудувам да гледам, страв ми е дека не издржал :)
38мо и последно скалило сезонава. Иако можеби не го гледаме така, многу зависиме од ова последно коло. Пропаст од епски размери и лоша PR одлука ќе биде ставањето на логото на Лигата на Шампионите на дресот минатата недела доколку не успееме да се пласираме на третото место, но за тоа да не се случи утре ќе треба да се погрижат овие момци.
Монтоливо ќе стартува на изненадување на сите и на мое големо задоволство затоа што се враќа единсвениот креативец во тимот, единствениот играч што знае да ги сврзе средината и нападот. Друштво ќе му прават двајца од Фламини, Амброзини и Ночерино. Во нападот Балотели е сигурен стартер, а постои и можност Пацини да започне како најистурен а Балотели да игра веднаш зад него.
Одбраната горе долу е иста и за очекување е Абате и Констант да покриваат по страните, а Запата и Мексес да бидат во последниот ред на одбрана пред Абијати.
Сезоната ќе се сумира во еден натпревар и дури по 22:40 утревечер ќе може да носиме заклучоци за истата. Останува отворено и прашањето околу тренерската позиција, а се очекува да се затвори веќе в понеделник наутро официјално. Шпекулации и индикации околу жешката столица ќе има милиони, и вечер и утре.
Телма ќе ни го удостои задоволството да го гледаме Милан утре, но во комбиниран пренос со Фиорентина - Пескара, иако мислам дека ние ќе бидеме во фокусот на преносот.
Подготвени сте за спектаклот кој ќе следи утревечер? Подготвени сте за епската пресметка меѓу двата клуба кој го одбележаа светскиот и европскиот фудбал во последните 2 декади? Подготвени сте да играте против најдобриот тим на светот на нивниот храм пред 90.000 Каталонски грла?
Фудбалска класика во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите, само еден од овие два елитни клуба ќе продолжи во следната рунда. Рано испаѓање на секогаш фаворизираната Барса ќе биде своевиден шок за европската јавност - шок кој тие ќе дадат се од себе да не се случи. Но за нас, вистинските Росонери продолжување на традицијата на играње на фантастични партии во европски рамки не ни е непознат поим.
Многу веѓи беа подигнати после натпреварот на Сан Сиро кога Барселона беше тотално отсечена, и најголемите критичари му аплаудираа на Милан кој под диригентска палка на Мистер Алегри успеа да направи нешто што многу екипи само го посакуваат.
Немаше многу еуфорија од страна на нашиот тренер по тој натпревар, пред се бидејќи знаеше дека тимот доби една важна битка, но војната сеуште не е завршена. Второто полувреме од овој двомеч ќе даде многу одговори за нашиот тим и ќе го трасира патот по кој оди оваа сезона. Евентуална елиминација е епилог кој не би сакале да го видиме, пред се поради тоа што ќе ни останат само 10 натпревари и премалку фудбал на највисоко ниво до крајот на сезоната.
Продолжување на европската приказна пак ќе значи многу интересна завршница на сезоната, многу поголем финансиски прилив и она што најмногу нас не засега - добар фудбал.
Нашиот херој викендов Пацини ќе отсуствува поради едно невнимание на Портанова, кој иако го оневозможи Пацо да го продолжи натпреварот неможеше да го спречи да даде еден одличен гол, куцајќи. Други поголеми рокади нема во составот и погодување на стартните 11 нека продолжи низ коментарите.
D-Day, најважниот меч за нас годинава. Барселона го има целосниот респект од нас исто како што и тие не почитуваат нас после првиот дуел меѓу овие две екипи. Но тоа незначи дека се плашиме, бидејќие НИЕ сме Милан и Милан не се плаши од никого!!!
"Нашите бои се црвена - како оганот бидејќи ние сме тим на ѓаволи, и црна како стравот кој го предизвикуваме кај нашите противници." - Х. Килпин, 1899
На овој ден пред 27 години Don Silvio го превзема Милан и го претвори во тоа што е во моментов - Најуспешен клуб во светот.
На овој ден Милан има одиграно 3 натпревари во Лигата на Шампионите:
vs ПСЖ 1-1
vs Celtic 0-0
vs Arsenal 0-0
Осврнувајќи се кон минатото, и гледајќи реално на денешната ситуација нерешен исход е можеби и најочекуван, но ние како тифози на големиот Милан секогаш мислиме само на победа!
Со овој натпревар започнува оној тежок распоред каде што во рок од 10ина дена ќе играме против Барса,Интер и Лацио (сите дуели ќе се играат на Сан Сиро).
Алегри најави дека Нианг влече мала повреда поради која ќе го почне натпреварот од клупата, но другиов веднаш преку Твитер врати дека нема никаква повреда туку дека едноставно неговото отсуство од стартните 11 е само одлука на тренерот.
Тоа значи дека Боатенг повторно ќе почне и тоа во една офанзивна улога а во нападот друштво на ЕЛ92 се очекува да му прави Пацини, а само во некоја луда варијанта Бојан може да започне од старт.
Монтоливо, Амброзини и Мунтари како најискусни се скоро сигурно стартери во средината, а Де Шиљо,Мексес,Запата и Констант се најдоброто што го имаме во одбраната. Кичо ќе биде на голот нормално.
La storia siamo noi...
...и голема слика од Херберт Килпин ќе биде кореографијата која и му доликува на натпревар од ваков карактер а Curva Sud повторно се очекува да бидат на висина на задачата.
Сите очи на светската фудбалска јавност вечерва ќе бидат насочени кон Сан Сиро. Капели, Прандели, и многу многу други важни фудбалски и спортски фаци вечерва ќе бидат на Сан Сиро да го проследат најатрактивниот двомеч од ова осмина финале.
Кога во топлата летна вечер на 30ти Август се влечеше ждребот, многумина мислеа дека токму овој дуел ќе биде решавачки за тоа кој ќе ја освои не така слабата група Ц.
Но 3 месеци подоцна фудбалот уште еднаш ни покажа зошто е еден од најнеизвесните спортови каде што големи нешта може да се случат во краток временски период, период во кој Милан сега гледа на Зенит како еден спаринг партнер, додека пак Русите ќе се обидат на еден чесен и достоинствен начин да ја завршат овогодинешната одисеја во ЛШ, со надеж дека напролет истата може да продолжи во најмасовното Европско клубско натпреварување.
По серијата од 3 победи во серија (конечно можам да го кажам ова!!) тимот може малку полабаво да гледа на овој дуел со оглед на неговата важност. Но така не мисли нашиот тренер, кој вели дека ќе излезе најсилниот расположлив состав во моментов со цел да оствари победа која добро би ни дошла за да се развлече таа победничка серија.
Галијани искрено, кратко и јасно кажа: "Важно е да победиме поради моментот во кој се наоѓаме, но и поради парите кои ќе ги добиеме при евентуален триумф".
Еве ја и листата со повикани играчи (20) :
Abbiati, Amelia, Gabriel,
Acerbi, De Sciglio, Mesbah, Yepes, Zapata,
Ambrosini, Boateng, Cristante (n.36), De Jong, Emanuelson, Flamini, Nocerino,
Bojan, El Shaarawy, Pazzini, Petagna (n.37), Robinho.
Абијати тренираше нормално со остатокот од тимот, додека пак на Монтоливо и Констант им е даден заслужен одмор. Абате и Антонини иако тренираат со тимот сеуште не се спремни за старт. Мексес е суспендиран, додека пак сагата околу Пато доби свое ново продолжение: Макс најави дека нема да биде во составот ниту против Торино во недела поради минатото со повреди кои го мачат и дека нема намера да избрзува со него. Но на нас упатените навивачи ни е повеќе од јасно дека ова е еден вид воспитна од страна на управата за изјавата која ја даде Патињо по натпреварот во Белгија.
Кристанте и Петања се единствените повикани од Примаверата која одсега ќе можеме да ја следиме и на нашиот ценет блог благодарение на Навигаторот и неговата упорност :)
Брајан минатата година против Плзен во натпревар сличен како овој доби некоја минута играње додека пак за Петања ова е прво вакво искуство. Вреди и да се спомене дека покрај Кристанте, Де Шиљо беше другиот младинец кој заигра во Чешка тогаш. а гледајќи една година подоцна каде се наоѓа истиот можеме само да му посакаме иста судбина и на Кристанте.
Ова е очекуваниот тим со тоа што ќе се одлучува утре дали Абијати ќе го започне натпреварот (според мене нема да има дилеми и Марко е стартер).
Во одбраната се повикани само 5 играчи и најискусниот од нив, шефот Јепес најверојатно ќе се чува за в недела, додека пак Ачерби и Запата ќе сакаат да се истакнат и да докажат дека можеме да сметаме на нив. Месбах изигра 50ина минути за младите изминатиот викенд и со оглед на тоа што Анте сеуште не е спремен за старт, а на Кевин му треба одмор нормално е да се очекува Џамиел да почне кога веќе е на тој список на ЛШ.
Средината и нападот ми делуваат баш онака како што треба, спој на играчи кои во последно време не беа стартери и овие минути ќе им бидат многу значајни и секако Боатенг кој ќе биде суспендиран на наредните 2 натпревара во Серија А против Торино и Пескара.
Очекувам и се надевам на победа, но и на солидна минутажа на нашите 2 бисера од клупа како и прво сефте (какво такво) за Габриел.
Победа би значело пласман понатака, е толку едноставно е.
И дури и еден нерешен резултат би можел многу да ги искомпликува работите во групата особено ако Зенит ја победи засега непобедената Малага која е веќе квалификувана понатаму.
Но во ситуација на нерешен резултат или победа на Малага (а ние освоиме барем бод) тогаш во пресрет на последниот натпревар повторно ќе бидеме втори, но ќе има огромен притисок врз рамениците на играчите и ќе ни дојде на гости еден лут Зенит желен за одмазда.
Се се ова комбинаторики, кои ги има многу интересно и во групата каде што игра и другиот Италијански претставник кој рака на срце, одигра маестрана партија синоќа и го декласираше Европскиот шампион кој дојде во ситуација да стравува за пласманот понатаму и да чека резултат од друг натпревар.
Мбокани се очекува да биде најголема опасност кон голот на Милан
(Но ако мене некој ме прашува, најголема опаснот кон голот на Милан е самиот Милан!!)
Последен пат на овој стадион Кака го реши прашањето околу победникот, а Бонера како единствен играч од тој натпревар доби црвен картон.
За очекување е Бони (како што нагалено го викал Макс) да добие старт заедно со Мексес но во игра е и Јепес бидејќи очигледно Алегри во овие натпревари во ЛШ сака да види искуство пред се.
Има можно комбинаторики со Абате на десната позиција но моите информации велат дека сеуште не е 100% спремен, така да Де Шиљо е алтернатива за таа позиција. Констант се очекува да одигра уште еден солиден натпревар на левата бековска позиција.
Во средината скоро сигурни стартери се Де Јонг и Монтоливо, а по изјавите на нашиот тренер дека Пато ќе блесне вечерва се очекува тој да добие старт заедно со нашиот најдобар играч сезонава.За другите 2 места конкурираат 4ца играчи (Боатенг,Емануелсон,Робињо,Бојан) и моја лична желба е последните 2ца да се најдат во стартниот тим иако знаеме дека тоа е тешко изводливо.
Можно е Алегри повторно да се обиде да го изигра Принцот на онаа лажна 9ка позиција која своевремено ја уживаше Цеск во Шпанија и Барса.
Да се надеваме дека неспортскиот потег на Луиз Адриано нема да биде хајлајтот на 5тото коло на ЛШ, туку дека Милан со својата само втора победа од 5 натпревари ќе го верификува пласманот понатаму.
Ги гледам последните неколку
натпревари на тимот и во глава ми се врти прашање за тоа како е можно вакви
играчи да играат вака мизерни натпревари во континуитет. Губиш 3:0 на пола од мечот и се
прашуваш, прво, како е можно од екипа која е очигледно ростерски послаба од
оваа твојата да прими цели 3 гола за 50 минути, а второ, дали сега постои некој
играч во тимот што може да направи нешто ова да не изгледа вака срамно, очајно,
безнадежно. Иако терминот најчесто го користат за нечија способност и квалитет
да се направи некаква разлика во однос на тоа што го гледаме, мене повеќе ме
интересира оној дел на Factor-от
X што ќе објасни што му
фали на овој тим за да ја игра неговата игра. Milan се мачи на секоја можна утакмица
сезонава, а рака на срце, не мачи и нас. Екипата не успеа, во ниеден меч досега,
(можеби единствено против Cagliari на моменти) да наметне игра каква што им одговара. Max сезонава не осети како е
да имаш релативно лесен натпревар кај што нема да ги исцрпиш своите фудбалери
за следниот дуел кој доаѓа за три дена, а да не зборуваме за меч каде ќе ги
одмораш најдобрите играчи. Ај, можеби ова со одморањето на играчи и не е баш
некоја пракса кај нас последните три сезони заради повредите, ама сепак,
ротациите што се случуваат во пресрет на натпревар кај нас се случуваат заради слаб
перформанс, а не заради поштедување на играчи. И лек за проблемот сеуште не е
најден, а веќе поминува и Октомври. Сите знаат, осеќаат и коментираат дека ова
е недозволиво, ама никој ништо не превзема. Ниту играчите успеаа да ја срушат
психолошката бариера, ниту тренерот успеа нешто тактички да промени (зборувам за промена што успеала, а не што само била
испробана), ниту управата повлекла потег, било каков.
Работите
изгледаат закочено, некако се е неизвесно, исто како во Јули и Август. Тогаш не
знаевме дали ќе ги продадат Ibra и TS, па потоа исчекувавме и се надевавме на трошење на тие пари
на квалитетни засилувања, а сега чекаме тимот да проработи. А скорот во
првенствотото е ужасен, историски срамен. Што е тоа што го мачи овој тим?
Ништо, се е психолошки. Екипата беше ослабена, да не речам осакатена летово, ги
изгуби сите можни предводници, а сепак се очекуваше да продолжи по некои славни
стапки од минатото. Кога младиот тим не успеа од самиот старт да ја одржува
великанската улога на клубот, многу лесно се почна да се растура. Не верувам
дека распродажбата што ни се случи летово е одговорот за оваа ситуација.
Петнаесетто место не им припаѓа на екипи што во состав ги имаат Pato, Robinho,
Montolivo, Boateng или De Jong. Ниту
тоа петнаесетто место ќе биде долго актуелно, затоа што едноставно е невозможно
се да тече вака, на овој начин. Многу наскоро треба да има промени, а сигурно
секој од нас верува и чуствува дека тие промени ќе дојдат многу, многу скоро.
Зошто да не почнат уште утре, против Malaga.Factor X моментално во клубот имаат повеќе субјекти, меѓу кои
веројатно не и Allegri. За жал, излгеда како човекот да
пробал се и нема повеќе идеи како да го дигне тимот. Испаѓа како да нема
доволно храброст да пробува уште и што е најчудно, не се однесува како давеник,
како некој што се бори со последни сили да си ја спаси функцијата. И ако
собереме се, многу лесен заклучок е неговото отпуштање, а тоа упорно не се
случува. Сега клубот делува како без идеја чија “суперсила” да ја искористи, на играчите, на тренерот или на управата.
Делува поразително кога клубот за кој знаеш дека е створен да победува, сега
сите зборуваат со потсмев. Ама ние сме навивачи, нели, па за секој следен меч
си наоѓаме по некој изговор дека овој нема да биде како последниот. Овојпат јас
имам само еден: ова е ЛШ, тоа е мотив сам по себе, а и таму се снаоѓаме нешто
подобро, немаме пораз, што би рекло... ова мора да е тој импулс што го чекаме!
Allegri многу
отворено настапи на денешниот прес. Откри скоро се во врска со начинот на игра,
формацијата и составот. Кажа дека ќе игра во 4-2-3-1 со отворена дилема дали Pato или Pazzini да биде
осамениот шпиц. Со оглед на тоа што Abate тренира
одвоен од тимот и е изоставен од списокот, De Sciglio ќе стартува десно, a Nini лево. Во
средината ќе биде интересно да видиме кој ќе стартува покрај Ambro во задната везна линија. Претпоставувам дека тоа ќе биде Nocerino, но нема да ме изненади и уфрлување на Flamini. Montolivo конечно на класичен advanced playmaker или либеро, по првото изоставување сезонава на Boateng од почетните 11. Десно од него Urby, а лево SES92. Единствено не беше ништо спомнато околу дефанзивниот двоец.
Јас лично очекувам да ги видам Mexes и Zapata. Amelia е повторно на голот, заради
бронхитисот на Abiatti. Max понатаму кажа дека пробувал и одбрана со тројца играчи, но сега не е време за тоа и е апсолутно
во право со оглед на незгодната брза напаѓачка линија на Malaga. Го објасни и изоставувањето на NDJ кој
имал мала повреда на колкот и го чува за викендот против Genoa. И уште неколку минути говор на Allegri во кој
повикува на смиреност, бара уште малку времеи помалку
зборување, сака повеќе простор и играчи на располагање, кажува дека не се чул со B една недела(божем
нас не засега колку често се слушаат) и слични веќе чуени работи од
позната уста.
Се на
се, уште една стандардна најава со стандардни очекувања дека нешто конечно ќе
тргне на добро. И пак ќе констатираме дека тимот пак ни е посилен од
противникот и дека реално е да очекуваме победа, без оглед на двете победи на Malaga досега во кампањата. Една победа сега, на гости, може да
значи многу, дури и активирање на Factor-от X на екипата. Јас верувам дека има сила за тоа, уште сега, за
да имаме време за повеќе убави моменти сезонава.