Милан е далеку од титулата во Серија А. Далеку е и од место кое води во Лигата на Шампионите, а место во Лига Европа е достижна цел, но не и приоритетна. Милан испадна од Купот на Италија, па овој двомеч со Атлетико, овие 180 минути се единствената сламка за која може да се фати за надеж дека оваа сезона може да биде барем малку успешна. Билансот против шпанските екипи ни е негативен во последно време, а тоа пред се се должи на постојаното играње со Барселона, секоја сезона. На хартија го добивме најлесниот и најпосакуваниот противник бидејќи искуството на јорганџиите во ова натпреварување е многу мало.
Нивната форма во изминатите неколку сезони секако говори нешто друго, меѓутоа кога играш против Милан на Сан Сиро и кога ќе ја пуштат химната на Лигата на Шампионите тогаш не игра оној Милан кој се мачи против Ливорно и Болоња. Тогаш не игра оној Милан кој губи од Верона и Сасуоло. Тогаш мислите на сите се на оној Милан кој доминираше во Европа во изминатите 2 децении. Кој ја газеше Барселона со 4-0. Кој во 5 години играше три финалиња. Оној Милан кој беше престар и пребавен, а сепак во 2007мата стана европски шампион.
Сезони слични на оваа имало и во минатото. двете шампионски во 2003тата и 2007мата беа сезони за заборав во домашниот шампионат. И на двата фронта играа два различни тима.
Како што може да се види по составот, средината е најкритичниот дел од тимот, а од друга страна, најверојатно најголем адут на Атлетико. Останува да видиме само колку ќе можат Де Јонг, Есиен и Поли да се справат со средината на Атлетико и борбата за превласт. Да сум јас Кларенс без размислување ќе започнам со најсилната одбрана со која располагаме: Абате-Мексес-Рами-Де Шиљо. Се друго е ризик и коцкање. Кога станува збор за нападот, тешко дека Сидорф се слага со моето мислење и тешко дека ќе ги видиме Бало и Пацо заедно во нападот. Се очекува Марио да биде најистурен напред со подршка од Кака и Таарабт. Ова се само прогнози, секако, а точниот состав ќе го дознаеме непосредно пред почетокот на мечот.
Долго време чекавме да ја слушнеме химната од ЛШ. Долго време го чекавме мечов. На Сан Сиро вечерва повторно ќе се пишува историја. Каква, останува само да видиме.
FORZA MILAN !!!
1 comment:
Штета!
Post a Comment