Translate

Sunday, 23 February 2014

Најава: Sampdoria vs Milan!


Ако во првиот дел од сезоната нашиот проблем беше како да одиграме квалитетен натпревар, во последно време вистинското прашање е како добриот настап да го претвориме во победа. Во средата против Atletico загубивме меч кој по сите фудбалски критериуми требаше да го добиеме. Претходно, против Bologna фалеше малку да не ги добиеме трите заслужени бода, баш како што се случи против Torino. Ова зборува за напредокот и свежината што дојдоа заедно со Seedorf како тренер, но исто така потврдува дека резултатски, нема поместување. Ние сме свесни дека сезоната одамна е загубена, но сакаме да веруваме дека идејата на поставувањето на Clarence за лидер на овој Milan е далеку подолгорочна. Морам да спомнам, забележувам дека најголем дел од навивачите не го доживуваат новиот тренер како амортизер на неуспехот сезонава. Сепак, ние навиваме за клуб со гигантско реноме и педигре и логично е очекувањата да не се сведуваат на просечни резултати против просечни екипи. Кој и да седи на клупата, кои и да се играчите што ќе истрчаат на терен, каква и да е ситуацијата во клубот, оваа агонија мора да прекине. Може немаме рестарт копче па да тргнеме од ново, но впечатокот може да се поправи. Всушност, мора да се поправи!


Дека самодовербата ја нема сезонава, доволно зборува пристапот кон утрешниот меч и очекувањата од него. Стигнавме дотаму што гостување кај Sampdoria е сериозен тест, а можеби и голем залак за нашите момци. Букмејкерите потврдуваат: 2.8 за кец, а 2.5 за двојка. Дури и Seedorf на пресот пред натпреварот беше доста резервиран. Многу малку зборуваше за нашите шанси за позитивен резултат. Преовладуваа пофалбите за противничките играчи, за Mihajlovic, за клубот во кој ја одигра првата сезона надвор од Холандија. Seedorf е паметен човек и знае како да симне пресијата, но не може да ги намали очекувањата, особено по неусехот во ЛШ. Таму ги загубивме Balo и De Sciglio, со што се прават големи дупки во составот, одново. За Џенова отпатуваа следните играчи: Amelia, Coppola, Gabriel, Abate, Bonera, Constant, Mexes, Rami, Zaccardo, Emanuelson, Essien, De Jong, Honda, Kakà, Montolivo, Muntari, Poli, Saponara, Taarabt, Pazzini, Petagna.


За пополнување на местото на Balotelli има еден сериозен кандидат. Тоа го прави Pazzo сигурен стартер утре. Зад него, многу веројатно ќе се појави тројката Taarabt, Kaka и Honda. Капитенот е назад после суспензијата во ЛШ и многу извесно ќе биде стартер. За второто место во задниот дел на средината има најмногу конкуренти. Мој избор би бил NDJ, но довербата на Clarence кон Essien и односот што го има со Muntari ме прави несигурен. Дури и Poli е во игра. Во одбраната ќе стартуваат Abate на десен бек, Rami како еден стопер, веројатно Bonera како негов партнер и Urby лево. На голот дефинитивно е Amelia, откако Abbiati е со грип и оставен во Милано.

Момците имаат ужасно тежок распоред во следните 20тина дена, така што победа против Samp одлично ќе делува враќање на самодовербата и билдање на позитивна атмосфера пред дербито со Juve следниот викенд. Не сакам да зборувам за алибиа, но со оглед на противниците што следуваат (Juve дома, Udinese гости, Atleico гости), трите бода од Џенова ќе донесат мир во куќа и дополнителна желба да се докаже дека кога Juventus доаѓа на San Siro, доаѓа на најтешкиот можен терен во Италија. Тоа што до лани го пишувавме пред секој меч против ваков противник, дека знаме оти имаме поквалитетен состав, повеќе и подобри индивидуалци, сега ќе го задржам за мене, исто како и вербата дека можеме до победа на Marassi утре. Ајде момци!

FORZA MILAN!!!

8 comments:

ReBorned said...

Sampdoria е тежок противник на домашен терен особено по доаѓањето на Mihajlovic. Ние од друга страна имавме одличен натпревар против Atletico и се надевам дека таа пасија што ја видовме тогаш не замре по несреќниот пораз. Верувам дека можеме до 3 бода или да парафризирам, верувам дека можеме до гол а само се надевам дека ќе успееме да извадиме clean sheet. Одлична шанса за Saponara исто како и за Pazzo кој по подолго време добива старт. Ќе биде интересно да се види дали Ricky Saponara ќе стартува буквално на местото на Kaka т.е на AMC или сепак Honda ќе биде ставен во средината (каде што тој лично се чувствува најсигурно) а Saponara би почнал на AMR (го има играно и тоа).

Anonymous said...

Би сакал да го делам оптимизмот со тебе Навигатор ама по голот на Диего Коста и оние последните надежи дека ќе извлечеме нешто од сезонава умреа.
До крајот на сезоната натпреварите ќе ги гледам без оптеретување, лабаво па што сака нека биде. Нема што да изгубиме ама и не гледам што има многу да добиеме.
За некои одлуки на управата на ми се ни зборува па затоа молчам во последно време, затоа што цел ебан свет може да види дека Бонера ги лаже дека е фудбалер а они упорно го играат.
Толку.

Navigator said...

Нема многу оптимизам во постот, само желби за добар резултат се :) И засега добро оди. Taarabt одлично го валоризира одличниот перформанс неколку меча наназад. Ептен ми се допаѓа засега. Никогаш не мирува, постојано со офанзивни мисли и задачи. Уште еден гол до полувреме (а имаме убави акции) и се ќе биде поразлично.

Navigator said...

Taarabt и Rami убедливо најдобри во првиот дел. Adel е постојана главоболка за цела десна страна на Samp, Rami е ѕид, буквално ниедна топка не помина. После нив веројатно се Honda, Pazzo, Monti, па и Zaccardo. Constant има добри излети, ама и неколку грешки назад. Abate и Muntari стандардни топло-ладно. Морам да кажам дека не сум задоволен од Saponara. Некако ми игра со страв, по малку во грч. Имаше многу простор, ама не искористи. Добро нафрлување од Constant, добар пас во празно од Honda, неколку 3 на 3 акции, но успорува, не создава играч вишок. Ама сакам да одигра цел меч, затоа што еден добар потег, асистенција или гол ќе го опушти, сигурно. Уште повеќе што на ваков меч Seedorf може да си дозволи 90 минути за Ricky, против ваква импотентна Sampdoria.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Taraabt има полувреме за паметење! Настрана голот, внимавајте на сите оние "ситни" детали, настрана тоа што не мирува во офанзива момчето константно гризе во дефанзива, константно удвојува по нашата одбранбена лева страна и постојано игра пресинг кога противникот ја има топката по таа страна на теренот. Едноставно како да го гледам El Shaarawy по таа лева страна! Се надевам дека Taraabt ќе успее да игра приближно исто и на AMR затоа што со враќањето на El Shaarawy и со ваков Taarabt во дефанзива, конечно може да се игра она што го сака Seedorf!
Constant на неколку пати го откачи Seedorf :)
За Saponara нема да се согласам дека толку еве лош, момчето на неколку пати одлично се уфрлување во празно ама не доби топка, еднаш од Taarabt а друг пат од Muntari.

ReBorned said...

Многу позитивен меч, многу позитивни индивидуи во тимот и одлично водење на мечот од страна од Seedorf од клупата. Направи извонредно интелигентна измена со Poli со која што го прекрши мечот, ја смири играта и го затвори мечот. Воопшто сите 3 измени ги направи во одличен тајминг и со одлични позиции/фудбалери. Со Poli добивме цврстина и смиреност, со Essien го извадивме Muntari баш во моментите кога стана непресметлив а со Urby го извадивме Constant кој имаше лоша вечер а и згора на се имаше жолт картон а судијата беше под голем притисок од трибините во тие моменти од мечот. Единствената дамка на целиот меч ја направи оној вештачки произведен притисок од трибините особено што тоа се случи после 100 % чиста интервенција на Amelia а не на пример при вториот гол на Milan. Навивачите реагираа како Milan да го добил мечот поради судиски грешки а тоа не беше така. Однесувањето и црвениот картон на Maxi Lopez беше само иницијална каписла.
Taarabt малку застана во офанзива во вториот дел (нормално после толку голема активност во првото полувреме) но пак си ги извршуваше своите дефанзивни задолжувања во целост. Rami беше повторно одличен, постигна 1 гол а за малку ќе постигнеше уште еден. По долго време (ако сакате попрецизно, по натпреварот против Spezia) повторно видовме живост од страна на Honda кој имаше некои одлични топки во првиот дел и не беше така добар во вториот дел. Сепак, како целосен заклучок, сè уште е далеку од она што навивачите на Milan го очекуваа(т) од него.
Constant беше лош иако имаше неколку добри продори во офанзива (одлично беше проигруван од страна на Taarabt). Zaccardо беше навистина на ниво. Amelia исто така заслужува посебен акцент поради тоа што иако немаше многу работа, во оние неколку тешки ситуации беше на висината на задачата. Се на се, одлично прво и рутинско второ полувреме, омилена формула на секој тренер.
И да, Seedorf полека но сигурно навистина го исфрлува оној “Allegri mindset" од тимот.

Anonymous said...

http://www.football-italia.net/45657/sentence-milan-owned-niang

Navigator said...

Ќе пишува некој? Јас треба да патувам од Битола за Скопје, тешко дека ќе имам време.