Translate

Saturday, 1 February 2014

Милан - Торино, и сумирање на меркатото.


Може да се каже дека ова беше една од побурните зими кога станува збор за транфери кај нас.Добивме нов тренер, дојдоа 4ца и си заминаа 4ца фудбалери, а да се оствареа некои оптимистички најави и еден наш играч да беше малце разумен (Констант) тогаш ова меркато ќе можевме да го споредиме и со она легендарното од 2011.

Си заминаа:
Ночерино - позајмица до крајот на сезоната во Вест Хем
Матри - позајмица до крајот на сезоната во Фиорентина
Нианг - позајмица до крајот на сезоната во Монпеље
Вергара - позајмица до крајот на сезоната во Парма.

На првите двајца им посакувам се најдобро, и да блеснат во своите нови клубови па да може да ги продадеме целосно во Јуни. Додека пак за Нианг и Вергара ова е деликатна ситуација кадешто станува збор за млади играчи на кои им требаат минути кои не ги добиваат моментално во Милан.

Дојдоа:
Хонда - слободен играч од ЦСКА Москва
Есиен - слободен играч од Челзи
Рами - позајмица до крајот на сезоната од Валенсија
Таарабт - позајмица до крајот на сезоната од КПР/Фулам
*Петања - враќање од позајмицата од Сампдорија


Хонда и Рами се логични и разумни потези кои апсолутни ги подржувам, скептик сум околу перформаност кој може да ни го понуди Есиен со оглед на неговите години, форма и повреди. А за Таарабт кажав и повеќе од колку што треба и сега за сега ќе си молчам (ама прва лоша партија и одма го хејтам да си знаете). На хартија, квалитетен млад офанзивец кој може да ги покрие скоро сите позиции во нападот но во исто време сеуште недокажан играч кој се мачи да го реализира неспорниот потенцијал кој го поседува.

Секако тука треба да се спомене и заминувањето на Макс Алегри на кого веќе му се заблагодаривме, и му посакавме добредојде на легендата на клубот Кларенс кој веќе со неколку потези почна да ги освојува срцата на навивачите. За мене лично 2 потега кои посебно ме израдуваа е тоа што Брајан Кристанте и Рикардо Сапонара останаа во клубот и покрај сите најави за нивно заминување на евентуални позајмици или како дел од некои 50% дилови тие останаа и тоа наводно по барање на коуч Сидорф.

Доста за меркатото, затоа што имаме натпревар пред нас! Торино, заедно со Парма и Верона се на 4 бода од нас и се израмнети со по 32 бода, што значи дека наша евентуална победа нема да значи напредување на позиција напред туку доближување кон Лига Европа.


Копола, Силвестре, Запата, Поли, Бирса и СЕС се повредени додека пак Марио е суспендиран за овој натпревар. Најновите аквизиции, Есиен и Таарабт се во составот и доколку има потреба или се укаже шанса може да изиграат дел од овој натпревар. Кај гостите, Черчи и Имобиле се очекува повторно бидат напаст за нашата разнишана одбрана и само со добра тимска игра, и залагање во сите 90 минути ќе ги добиеме биковите.


FORZA MILAN!!!

10 comments:

ReBorned said...

Јас сум прилично (да не кажам многу) задоволен од овој трансфер маркет.
Да расчистиме нешто, Јануари никогаш не е идеален месец за трансфер поместувања, не само во Milan, воопшто во светскиот фудбал. Фудбалерите кои веќе се етаблирани во своите клубови многу ретко (речиси никогаш)не менуваат средина на сред сезона. Затоа мора да имаме разбирање за тој аспект.
Essien. Essien е добро засилување. Јас не можам да знам каква е ситуацијата со неговото колено но знам една работа, Montolivo ќе отсуствува и на двата меча против Атлетико Мадрид а Muntari ќе отсуствува на еден меч. Тоа значи дека De Jong е осамен на MC и на Milan му беше потребен фудбалер од средината на теренот кој ЌЕ ИМА ПРАВО ЗА НАСТАП ВО ЛШ. И тоа не само со право на настап туку буквално фудбалер кој ќе настапи во стартните 11, барем на првиот меч (освен ако не заработи некоја повреда). Во ваква ситуација не може да се оди со играч кој буквално ќе дебитира во ЛШ на елиминациски натпревар (пример Parolo). A останатите фудбалери или се cup tied или немаат воопшто играно во ЛШ. Essien е баш на средина од тоа, со искуство а и со можност за настап. Затоа сум задоволен со оглед на опциите. Кои други опции ги имавме во моментов за DMC со право за настап во ЛШ ама и со искуство таму?
За Rami и за Honda не сакам да дискутирам затоа што тие дојдоа малку порано и за нив веќе неколку пати сме разговарале.
За Taarabt го кажав своето мислење пред некој ден, сум го гледал неколкупати во Tottenham и QPR и момчето го чувството. За проблемите во главата, имавме и Cassano и Zlatan а еве имаме и Balotelli во тимот. Значи ова не е некој нерационален ризик.
Taraabt е win win ситуација за клубот. Доколку експлодира (досега никогаш немал шанса да заигра покрај вистински ѕвезди па можеби тоа ќе го натера да тргне за првпат по вистинската насока во својата кариера) ние имаме buy out опција фиксирана на пристојни 7 милиони. Доколку се глупира, го картираме назад во Јуни. Едноставно и практично.
Единствената замерка за овој трансфер период е недостиг на централен дефанзивец ама сепак, Rami дојде во овој трансфер период па веројатно ќе беше премногу уште еден. Плус Mexes остана, а верувам дека Seedorf планира на лето да тргне по Doria па затоа сега ќе остане на она што е. Значи ова беа имиња кои пристигнаа во клубот на сред сезона и тоа во сезона која повеќе или помалку е прежалена. Затоа сум доста задоволен.
----------------------------------
Околу мечот, иако не игра Balotelli верувам дека ќе оствариме нова победа и дека Pazzo ќе даде гол. Torino игра извонредно атрактивен и офанзивен фудбал и ќе имаме доста проблеми со Cerci и Immobile. Сепак, очекувам на секој следен меч се повеќе да гледаме пресинг од нашиот тим и диктирање на темпо, работи кои новиот тренер ги сака а не можат да дојдат преку ноќ. Montolivo изјави дека Seedorf сака висока последна линија и пресинг на противниците за да се освои топката во рок од 5-6 секунди. Тоа се постигнува со тренинзи па очекувам да го гледаме се почесто во иднина.

ReBorned said...

Одлично второ полувреме, штета што не крунисавме со победа.

Bonera повторно покажа дека не смее да го помириса теренот, позитивна вест е тоа што ќе паузира поради жолти следното коло, против Napoli.

ReBorned said...

Продолжуваме со половични решенија, го договоривме Agazzi од лето до 2018 година. Нормално, слободен агент. Веројатно тоа ќе ни биде првиот избор на голот. Тој не е лош голман ама не е калибар кој ни треба. За резервен голман е сосема ОК. Ни треба Perin за прв голман, млад е, талентиран и што е најважно, игра за Џенова! Таа шанса не смееме да ја пропуштиме.

Anonymous said...

Јас искрено не сум толку загрижен околу евентуалното доаѓање на Перин затоа што мислам дека ако дечкото го заслужи тоа и го покаже целосниот потенцијал тогаш се ќе си дојде на место. Повеќе сум загрижен дали момчето е наследникот на Буфон или барем играч што ќе биде на негов ранг.

ReBorned said...

Niang веќе со 4 гола во 6 натпревари за Montpeiller. Викендот покрај голот (кој беше лесен tap in) имаше и асистенција.

Anonymous said...

Таман додека се врати нека го продадат Робињо :)

ReBorned said...

Атлетико Мадрид во насилен состав изгуби убедливо со 3-0 на првиот 1/2 куп натпревар против Реал. Натпревар со многу провокации па дури и физички дуели (буквално тепање). Посакував ваков убедлив пораз на Атлетико, пораз кој може да ги извади од колосек и да им ја разниша огромната самодоверба.

Anonymous said...

Богами во ситуацијата во која се наоѓаме секој кикс или сопка на противникот може да значи нешто позитивно за нас :)

Anonymous said...

Фернандо од Порто што наводно ќе го продолжеше договорот на крај на сезоната како слободен агент во Сити :)

ReBorned said...

Цел ден сум преполн со обврски и немам шанси да напишам пост, преземете.