Translate

Saturday, 8 February 2014

Експерименти во Neapol

Од една страна проблемите со повредени фудбалери (Honda е во аут, Kaka не е доволно фит за старт) а од друга страна и лошите партии на некои фудбалери го предизвикаа Seedorf да настапи со своевиден експеримент на жешкото гостување во Neapol. За првпат после многу години Abate ќе добие шанса на позицијата на која го изгради своето име во Empoli а потоа тоа му донесе и враќање во Milan, ARM или истурено крило по десната аут линија. Покрај него, за одбележување е и дебито на Adel Taarabt на позиција полушпиц (Kaka ќе остане на клупа). На клупата ќе остане и првиот капитен Montolivo кој ќе му го отстапи своето место на Essien кој ќе има деби во црвено - црниот дрес. Остатокот од тимот е очекуван со потенцирање на фактот дека Mexes кој веќе некое време е во втор план, ќе добие шанса од стартот поради суспензијата на Bonera, повредата на Zapata и недоволно опоравениот Silvestre кој ќе остане на клупата. Значи француски тандем во срцето на одбраната.


Веројатно со настап на Abate пред De Scilgio ќе бидеме подобро затворени во дефанзива (Abate е фудбалер кој е неуморлив) но ќе видиме колку тој ќе придонесе во офанзива со оглед на тоа што е доста лимитиран во однос на нафрлувањата а и таков тип на игра веројатно повеќе му одговара на Pazzo отколку на Balotelli. 
Како и да е, интересен експеримент во најава.

Forza Milan!!!

6 comments:

ReBorned said...

Boban: "It's sad to see Mexes as Milan's captain. I would have given the captaincy to De Sciglio." (Costacurta agreed with Boban on this).

ReBorned said...

Одбраната ужасна! Mexes запрепастувачки лош! Essien е далеку од онаа форма на која се надевавме со неговата аквизиција. Целосно погрешен се покажа експериментот со Abate на AMR во прво полувреме. Единствена светла точка во тимот, Adel Taarabt. Ми направи ќејф Seedorf што го извади (по којзнае кој пат) незаинтересираниот Balotelli кој многу ги забавува оние малку контра напади што ни се укажуваат. Не знам дали тоа што Balotelli буквално се распадна емоционално и не можеше да престане да плаче на клупата се должи на својата лична фрустрација од лошиот натпревар или на нешто друго. Не беше бесен, беше многу разочаран.

Anonymous said...

Незнам за тебе Ри ама јас јасно си кажав уште при купувањето на Есиени дека се сомневам во неговата форма пред се поради незначајниот број на минути кој го има во изминатите 3-4 сезони. Секако тука треба и да се додае и повредите кои го мачеа.
А да не почнувам за неговата плата.

ReBorned said...

Lady B со 3 модели од кои ќе се прави новиот Milan Stadium: The Emirates Stadium (Arsenal), Allianz Arena (Bayern M) или Amsterdam Arena (Ajax). Кој модел и да се избере ќе биде модерно, спортско, забавно здание! Lady B почнува со подготовките за 1 месец, важна вест е тоа што местото ќе биде на само 6 км2 од San Siro (значи нема да биде некаде на маргините од градот и нема да биде проблем за навивачите) и се очекува сезоната 2016/2017 или најверојатно 2017/2018 да се почне на новиот стадион. Inter ќе го добие San Siro во целост (за мене далеку подобра варијанта е оваа, се залагав за тоа Milan да гради нов стадион а да го остави San Siro уште кога се шпекулираше за обратна варијанта). Се надевам дека со такви амбициозни планови од Lady B за нов стадион и ново ребрендирање на клубот (напоменав претходно, нов маркетинг директор е бившиот гуру на Ферари) ќе се вложи и во играчки кадар. Колку и да изгледа стадионот убав, ќе мора да има и резултати за да биде константно полн а за да има резултати треба да има кеш и нови сериозни засилувања.

Anonymous said...

Јас сум уште скептик околу стадионот. Не за друго туку дека во минатото сум прочитал и слушнал многу вакви најави иако оваа изгледа најконкретна досега.

ReBorned said...

Ова е некоја нова Roma...

http://www.football-italia.net/45120/roma-pole-iturbe-report