Translate

Sunday 31 August 2008

Среќа во несреќа

Се случи и тоа, по долгото очекување се одигра првиот натпревар од сезоната. Нормално, по активното лето на Галијани се очекуваше почетна победа и старт на долгиот пат кон скудетото. Но се случи тоа што се случи и остана само да се анализира и да се вадат поуки од натпреварот. Првото нешто што го прочитав денеска на светските фудбалски сајтови, или поточно на шпекулаторскиот светски фудбалски сајт гласеше вака: "new season, same old milan". Е тука авторот на насловот направил "мал" превид и за вториот дел од насловот гадно се заебал. Значи целата среќа во оваа несреќа што ни се случи беше тоа што Дињо им ги затна муцките на сите злонамерници кои веќе го отпишаа од светскиот фудбал. Дињо беше феноменален. Милан одамна не создал толку шанси на еден натпревар, а при тоа да не дозволи противникот да помине половина во 80% од натпреварот. Но, едно невнимание на Каладзе(И ПОТВРДАТА КОЛКУ НИ ФАЛИ НЕСТА) и веќе беше о-1. Во второто полувреме по израмнувањето Милан тргна многу офанзивно и Дињо влезе во елемент. Поминуваше играчи како дечиња во маало, нафрлуваше, подаваше...но, тоа немаше кој да го искористи, од Инзаги и неможе многу да очекуваме, едноствно неможе да го прати Роналдињо, секогаш како да е чекор поназад. Шева беше видно вон натпреварувачка форма, што е и логично затоа што нема играно фудбал од самитот на НАТО во април, но затоа и требаше да си остане на клупа се додека не си го поврати фитнесот со напорни тренинзи. Пато имаше само 20 мин. и неможеме да го цениме. Се на се, треба да сме задовлни, затоа што го добивме Дињо, онаков каков што го знаеме од најдобрите денови, затоа што Милан создаваше шанси и беше конкретен и опасен, затоа што Замброта покажа дека е три класи подобар бек играч од Одо, затоа што Сидорф по подолго време повторно го видовме мотивиран, затоа што Фламс одигра натпревар на високо ниво, итн...

Ова не е утеха, ова е реалноста, изигравме добро, едноставно среќата не беше со нас, а без неа не се може. Дечкото со име и презиме Francesco Valiani едноставно имаше еден од оние денови кои никогаш не се забораваат. За несреќа го имаше против нас. Дечкото постигна евро-гол на првиот свој настап со Серие А EVER со свои 28 години и тоа со третиот шут кон голот на Абијати од вкупно три! Значи едноставно некогаш против некои работи не се може.

Но по подолго време после еден пораз може слободно да кажам дека имаме причини да останеме позитивни!

Следна станица, Џенова, 14 ти Септември...

FORZA MILAN!

Friday 29 August 2008

Рекапитулација

На само 2 дена до затворањето на популарниот трансфер "прозорец"дојде време и да ја согледаме и проанализираме работата на ќелавкото за овој транфер период или прозорец. По неуспешната ланска сезона како на домашен така и на меѓународен план алармот засвире кај раководството. По поразот од Наполи и неуспехот да се избори место во првите четири на табелата беше јасен знак дека нешто мора да се менува. Обично во таква ситуации прв на листата за клоци е тренерот, но во нашиов случај тоа не беше така од едноставна причина што тренерот имаше сосема логично и за многу фанови оправдано објаснување за таквиот резултат, а тоа е немањето на доволно добри човекови ресурси или таканаречени фудбалери. Тоа очигледно му беше јасно и на Галијани, па и на Берлускони и затоа веднаш не посегнаа по главата на Анчелоти туку се потрудија да најдат соодветни засилувања и на Карло да му дадат уште една шанса.

Се тргна некаде во Мај, кога ќелавкото успеа да ги договори услугите на Матие Фламини од Арсенал и при тоа да го искористи моментот дека на Фламс му истекуваше договорот и не беше платено никакво обештетување. Значи високо квалитетен defensive midfielder за "без пари". И тука тргна караванот на засилувања...
-Матие Фламини(Арсенал),24 , без обештетување
-Марко Бориело(Џенова), 25, откупена другата половина од договорот која ја поседуваше Џенова, околу 7 милиони евра
-Џанлука Замброта(Барселона), 31, околу 8.5 милиони евра
-Гаучо Роналдињо(Барселона), 28, 21 мил. евра
-Андриј Шевченко(Челзи), 31, необјавена сума
-Кристијан Абијати(Атлетико Мадрид), вратен од позајмица
-Лука Антонини(Емполи), вратен од позајмица
-Филип Сендерос(Арсенал), едногодишна позајмица
-Матијас Кардачио(Национал Монтевидео,Уругвај),21, необјавена сума
-Табар Виудез(Дефензор Спортинг, Уругвај),19, необјавена сума

Ова се засилувањата за претстојната сезона, со можност за промена во наредните 60 часа.

Вкупно на број се 10, 4ца од офанзивниот ред, 3 од дефанзивниот, плус 1 голман, и 2ца од средниот ред.

Мое согледување е дека ова се сосем солидни, да не речам одлични засилувања какви што заслужува клуб од рангот на Милан. На голманската позиција го добивме Абијати, кој според многумина, а најбитно според Анчелоти конечно го достигна она ниво кое е потребно за да се биде прв голман во Милан. Имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид и тоа очигледно Анчелоти знае да го цени.
Во средината го добивме Фламини, орач по теренот, многу слични карактеристики со оние на Гатузо, но мора да се признае дека техничките можности му се на многу повисоко ниво од Џенаро.
Во одбраната Масимо Одо кој е пратен на позајмица во Баерн го заменивме според мене за многу поквалитетен играч, Замброта. Антонини исто така е одличен бек играч и нешто слично како Замброта може да игра и лево и десно, плус има 25 години и заедно со Јанкуловски прават одлично трио од бекови кои Карло ќе ги има на располагање за следната сезона.
Марко Бориело ланската сезона беше трет стрелец во калчото и конечно го истакна квалитетот и талентот кој несомнено ги има, но кој заради X причини до сега не излегоа на виделина. Но никогаш не е касно, еден Лука Тони блесна во светскиот фудбал со полни 28 години, нешто слично како и Фабио Гросо.

И така полека стигнавме до двете најконтроверзни засилувања. Андриј Шевченко и Гаучо Дињо. И двајцата имаа лоши периоди во своите претходни клубови. Шева не беше ни 10% во Челзи од тоа што беше во Милан. Но тоа никого не го загрижува затоа што сите знаеме дека сигурно Шева не заборавил да игра фудбал и со соодветна физичка подготовка наскоро ќе треба да очекуваме повторно ќинење на мрежите од украинската машина ширум Италија. Проблемот лежеше во неговото таканарачено "предавство" и напуштањето на клубот во кој постигна се. Од една страна тоа може и да се каже дека е така, но од друга страна ќе видиме дека Шева не замина поради финансиите, заради тоа што и Милан му понуди договор приближно ист како оној Челзи што го понуди, целата поента лежеше во тоа што Шева ја послуша желбата на жена му, децата да им растеле во англиско говорно подрачје. Глупост од невидени размери. И така Шева слушајки ја жена му си упропасти 2 години од неговата фудбалска кариера. Но пред него претстојат уште минумум 2-3 сезони квалитетен фудбал, а ако веднаш почне со неговата работа односно давање голови, и оние најзапалени навивачи против неговот враќање(иако се минорен број:) мислам дека ќе омекнат.
Гаучо Дињо е второто контроверзно засилување. И тој имаше многу лоша сезона во Барселона, при тоа доживувајќи "мистериозни повреди" секој месец , кои очигледно беа едно бедно покритие за неиграњето на Маестрото. Вистинските причини за неиграњето на Роналдињо најверојатно се тоа што Дињо си "играл" со ќерката на Рајкард. Тука настанал личен конфликт кој никако двајцата неможеа да го надминат. Иако Барселона доби нов тренер, многу пред тоа Дињо веќе имаше решено дека ќе ја напушти Каталуња. Значи фудбалските квалитети на Дињо неможе никој да ги оспори, и ако има таков, тогаш тој е сериозен случај за набљудување, затоа што нормален човек со здрава свест такво нешто неможе да каже.
Значи како што кажа Галијани, It's Ancelotti's turn, или редот е на Анчелоти да донесе резултати. Во превод, ДА ГО ДОНЕСЕ СКУДЕТОТО!

FORZA MAGGICO MILAN!!!

Saturday 23 August 2008

Шева се врати дома!

Шева се врати дома! Во сензационален пресврт на настаните кога на интернет кружеше интервјуто на Карлито пред само два часа дека поглавјето „Шевченко“ е завршено во следниот момент официјално соопштение на веб страната на Челзи дека Шевченко се враќа во Милан и дека само лекарските прегледи го делат Украинецот од враќање на Сан Сиро.

Вест на која искрено незнам како да изреагирам! Незнам дали да се радувам или не! За многумина Шева е веќе излитена роба но од друга страна треба да се потсетиме дека Супер Пипо има 35 години а на Берлускони трофејот постигна гол по првото влегување на терен после 4 месеци и му требаа само 6 минути да го направи тоа! Истиот тој Супер Пипо во финишот на претходната сезона (без разлика дали ние ќе го признаеме тоа или не) буквално на свои рамења го носеше тимот во трката за ЛШ со Фиорентина! Значи не постојат стари и млади фудбалери, постојат само добри и лоши!

Враќањето на Шева ми стои како добар потег особено сега кога е се поизвесно дека повредата на Рики ќе го одалечи од терените на неопределено време! Вака Дињо ќе има уште еден освојувач на златната топка покрај себе, искусен фудбалер кој знае како дише Сан Сиро. Кога сме веќе кај златните топки, Милан е единствениот тим во светот кој во своите редови моментално има 3 освојувачи на златната топка!

Пристигнувањето на Шевченко воопшто не сакам да значи ослободување од обврските за Бориело или намалена минутажа за Але Пато! Шева ни е голем должник за начинот на кој си замина од Миланело и се чини дека треба да биде презадоволен што Милан го враќа назад и да заборави на својот статус на суперѕвезда и фудбалер кој мора да има загарантирано место во стартните 11. Впрочем мислам дека сезонава нема да постои фудбалер во Милан кој ќе има загарантиран статус во стартните 11 (освен Пирло).

Само со ваков однос на Шевченко ќе има обострана корист од неговиот ангажман!

Од друга страна, интригирачки е фактот дека воопшто не се знаат условите под кои е пристигнат Украинецот на Сан Сиро. Ова се повеќе ме наведува на фактот дека Милан им ветил прва опција на Челзи при евентуалната продажба на Рики! Доколку остане на тоа во ред! Таа прва опција може никогаш да не се реализира нели?! Се чини следното лето ќе даде добар одговор на оваа теза! Тогаш ќе се забележи дали Силвио и Галијани имаат валкани алишта!

На овој или на оној начин со Шевченко Милан доби докажан голгетер и стрелец!

Сепак аквизацијата на Шева воопшто не треба да значи заборавање на најболната точка во тимот на Росонерите... одбраната! Едноставно мора да се реализира уште една аквизиција во централниот одбранбен ред во текот на следната недела! Само тоа ќе ја комплетира сликата и тимот кој може да се носи со предизвиците во текот на новата сезона!

Monday 18 August 2008

Почеток на убава приказна или...



Ете сум и јас после малце подолг одмор од предвидениот назад во нашата "метропола". Иако во последните 15 дена не бев спречен да ги следам сите настани, односно имав активна врска со светот преку свемрежјето(интернет на хрватски) во ни еден момент не најдов доволна инспирација за пост. И така денеска се враќам дома отоворам свемрежје и гледам на страницата на шпекулаторите(гоал.ком) "MILAN SMASH JUVENTUS". И да сакав поубав дочек назад неможев да добијам, уште кога видов дека сме играле со истиот оној состав кој прими 5 комада од Челзи, тогаш ми стана јасно дека работите тргнале во друга насока. Милан играше отворен фудбал, што се гледа и по резултатот. Шанси имаше и на двете страни но Милан беше поконкретен. Полека почнаа и да се враќаат повредените фудбалери, Инзаги и Каладзе ги санираа повредите. Тие се само дел од оние кои треба допрва да се опорават, пред се се мисли на Кака и Бориело. Не треба ни да спомнам дека Инзаги по враќањето веднаш даде гол, тоа си оди по default. :)

Сега се поставуваат повеќе прашања. Дали ова е само моментален блесок или е почеток на крајот на постот од 4 години без Скудето? Кога ќе размислам дека успеавме да постигнеме 4 гола, а при тоа во тимот да ги нема главните офанзивци како Кака, Дињо, Пато и Бориело тогаш си помислувам дека го имаме тимот спремен после неколку години повторно да атакува на скудетото. Имаме одлични бекови, Замброта, Јанкуловски, Одо... го имаме можеби најдобриот среден ред во Италија, Пирло, Сидорф, Кака, Дињо, Фламс, Џенаро... го имаме најнадежниот млад напаѓач во светот, плус третиот стрелец од ланската Серие А. Е така полека полека дојдовме до најболната точка која ако Галијани не ја реши може да не чини скапо, а тоа е дефанзивата односно потребата од нов централен дефанзивец. Само со Неста, Каладзе, Бонера(кој се повеќе ме разочарува) и Малдини неможе да очекуваме дека ќе имаме цврста одбрана. Неста е беспрекорен и тука нема дилеми, само Господ да го чува од повреди, Каладзе е ок момак али и он знае да затаи на моменти, за Бонера кажав што имав да кажам, а за ИЛ КАПИТАНО ќе кажам дека со сета должна почит и респект кон неговото дело во Милан неможе да се очекува дека ќе биде стандарден и секогаш 100% подготвен во оваа сезона. Значи очајно ни треба дефанзивец и да го комплетираме тимот кој ќе ја стартува битката за Скудетото. Доаѓањето на Дињо ја зголеми и самодовербата кај другите играчи, плус играчите како Фламс, Замброта и Абијати ги пополнија оние позиции кои беа слаба точка лани. Памтите како само лошо играше Одо лани , а лев бек ни беше Фавали!!! Додека оваа сезона се заменети со Замброта и со повторно "in form"Јанкуловски!

Значи се на се, мислам дека ја имаме добитната комбинација. Анчелоти е човекот кој што сакав да остане и остана, затоа што сметам дека голем дел за ланските резултати не беа негова вина, туку едноставно немање на човечки ресурси. Годинава му е сервиран тим спремен за успеси, сега Карло е на потег. Може сум претеран оптимист, но тим со двајца најдобри играчи во светот од кои едниот моментално, плсу со искусна и многу квалитетна екипа околу нив едноставно неможе да не успее!

ФОРЦА МИЛАН!!!

Sunday 10 August 2008

Очекуван пораз!

Уште еден очекуван пораз на Росоњерите на градскиот стадион во Манчестер против Сити! Конечни 1-0 со одличен гол на Валериј Божинов! По многу долго време повторно застана на голот Нелсон Дида. Голот што го прими од Божинов не оди на негова вина. Дида беше во некоја нормала со едно испливување кога Замброта ја извади топката од самата гол линија! И покрај враќањето на Дида, сеуште сум на мислење дека најдобар избор за прв голман во новата сезона е Абијати! Милан играше во формација 4-4-1-1. Во одбраната беа Замбро, Ил Капитано, Бонера и Јанкуловски. Средниот ред беше наполнет со деструктивци во имињата на Гатузо, Амбро и Фламини а заедно со нив беше и Пирло. Сидорф беше поддршка за осамениот во нападот Палоски. Токму младиот Палоски ја имаше првата шанса на натпреварот по одличниот длабински пас од Пирло но голманот на домакините ја исфрли топката во корнер. Веднаш потоа шанси имаа уште еднаш Палоски и Сидорф кога за неколку сантиметри не го погоди долниот лев агол на Харт. И тогаш се случи бомбата на Божинов, гол многу сличен на оној на Суарез против Арсенал. По водството на домакините немаше убав фудбал, се играше со многу грешки на средината на теренот. Сити имаа уште една 100 % шанса (Замброта ја исчисти топката од гол линијата) и тоа беше се. Милан ниту толку!

Во второто полувреме на местото на Палоски во игра влезе новата аквизиција од Уругвај Табаре Вуидез. Дечкото е роден 1989 година и има ветувачка техника и брзина. Иако не покажа ништо посебно синоќа (немаше топки за него) сепак може да биде одличен во иднина. Најверојатно сезонава ќе ја заврши или на позајмица или во Примавера. Другиот уругваец, Матиас Кардачио остана на клупата во текот на целиот натпревар.

Како резиме, очекуван пораз на Милан. Сепак тоа не е она што најмногу ме загрижува. Најмногу ме загрижува тоа што имаме едно чудо повредени фудбалери а Пато и Дињо од Олимпијадата директно ќе се вратат за прво коло. Значи без ниту еден заеднички тренинг со целиот тим. Големо прашање е каква ќе биде кохезијата помеѓу Дињо и Рики (ако успее да се рехабилитира дотогаш) и воопшто помеѓу целиот тим. Рики, Неста, Бориело, Пато и Дињо ги пропуштаат целите подготовки.

Последните неколку денови се врти една вест која искрено ме радува и се надевам дека ќе доживее своја реализација. Бранислав Ивановиќ е името што се поврзува со Милан. Член е на Челзи каде што дојде од Русија во Јануари за 13 милиони евра но сеуште не дебитира за лондонскиот тим во конкуренција на Тери, Карваљо и Алекс. Иако е висок 188 цм одлично се снаоѓа и на позиција на десен бек и DM. Значи еден универзалец кој сепак ни треба за болната централна позиција пред голманот. Неста е повреден и не се знае кога ќе се врати а проблеми со коленото има и Каладзе. Значи повеќе од потребен ни е еден млад дефанзивец. Се шпекулираат имињата на Ивановиќ и Алекс Силва од Сао Паоло (за него пишував во еден претходен пост). Моја лична желба е Ивановиќ. Најверојатна опција е позајмица до крајот на сезоната (2 милиони евра) со опција за целосен трансфер за 10 милиони евра. Факт е дека ни е потребен ваков фудбалер во тимот. Со евентуалната негова аквизиција и добар здраствен билтен мислам дека може да се случи...

П.С Нашиот Јоан Гуркуф со извонредно деби за Бордо! Одличен гол со шут надвор од шеснаесетникот + асистенција до Кавенаги за пресврт на неговиот тим и победа од 2-1.

Monday 4 August 2008

Петарда или не


Тешко ми е да дефинирам што е у ствари пријателска утакмица или колку е пријателски некому да му натепаш 5 парчиња, онака, како од шала. После Челзи, веќе ни пријателските утакмици на кои играат моите клубови не се тоа што беа. Активни на трансфер пазарот, ентузијасти за претстојната сезона, со оптимистички став за Скудетото, но покосени од една петарда. И наеднаш молк. Никој незнае што беше тоа што имавме можност да го видиме во Москва, но тоа секако повторно ги активираше сомнежите за тоа дали и колку Милан паметно пазареше сезонава, и дали беше исправна довербата кон голманите во клубот и дел од старите и просечни играчи и најважното, дали е Анчелоти се уште правиот човек за Милан.

Дали да го земам како оравдување фактот што не играа Пато, Кака, Роналдињо (кој сеуште нема минута во дресот на Милан), Бориело, како причина за ваков драматичен пораз? Секако дека нема. Нема никакво оправдување. Челзи играше пријателски и со екипи од англиската прва дивизија, па не победуваше така убедливо, а примија и гол. Само нашиве пулени не престануваат да изненадуваат со порази и лоши игри. Еееее, а како само се ударавме у груди, леле, кого донесовме, се попара има да направиме, ама... Веќе почнав да забегувам... Да не се разбереме погрешно, не го лоцирам проблемот во новодојдените играчи, кои фала богу не ни имаа можност да настапат ( освен Фламини и Абиати на по еден меч и Антонини на едно пола саат ). Проблемот е во (не)квалитетот на староседелците, во пристапот кон играта на поединци, во неможноста Милан да профункционира како тим, во ужасот што е задолжен да ни го чува голот, во тренерот и на крај - во тврдоглавоста на оние што треба да ги согледаат овие работи и да реагираат на време. Да вадиш позитиви по пораз од 5-0 за мене е најоткачена работа на светот. Добро, можеби не е пооткачено од тоа да добиеш црвен картон на пријателски меч (Броки вс Севиља). Некако на погрешни мечеви ја покажува својата борбеност. А тек Калач..... Леле луѓе кого се држиме во тим. А бе пријателска или непријателска, после таква партија он сам треба да се спакува и да го фати првиот авион за Австралија и да заборави дека воопшто бранел некаде. А во Милан е главен кандидат за прв голман. Не знам за другите навивачи, ама јас веќе одамна го имам изгубено трпението со одредени играчи, не е прв пат да пишувам вака. Се прашувам дали сум единствен. Мене ми е наподносливо ова, јас навивам за Милан и го знам Милан како тим кој победува или ако не победува, барем не дозволува да биде понижен. Ова е веќе болно за мене. Ајде некако и проголтав што ни избега Лигата на Шампионите, ама ако ова треба да е увертира за претстојната сезона, веќе е премногу за мој вкус.

Ако треба да го повторам мојот рецепт за (по)успешен Милан, тоа би било минус Анчелоти, минус светото голманско тројство (иако Абиати доби прелазна оцена), минус, Фавали, Броки, Шимиќ, а плус двајца-тројца добри и млади одбрамбени фудбалери, Есиен секако би го сакал, Ето или Дрогба и уште еден енергичен и експлозивен играч од среден ред... и нормално, комплетно ново голманско трио, а откако Мурињо отиде во Интер, немам идеја за нов тренер. Се си мислам дека со него ќе бевме мноооогу појаки.



Форца Милан!!!