Translate

Wednesday, 28 August 2013

Кога работите (навидум) излегуваат од контрола!


Сезоната почна многу поинаку од она што го посакувавме или се надевавме. Иако веќе сме навикнати да имаме очаен старт под водство на Allegri (кој подоцна не може да се рехабилитира со одличен финиш) ние повторно почнуваме лошо против противници со кои не би требало да имаме поголеми проблеми. Ако нерешениот резултат нагости против PSV беше солиден од резултатска смисла, оние што го гледаа мечот знаат дека ние бевме посреќните со конечниот исход и дека одигравме натпревар под нивото на ЛШ гигант и доколку домакините имаа барем малку повеќе среќа, ќе бевме во многу поочајна ситуација пред реваншот. На тоа се надоврза и очајното деби во калчото каде што дозволивме новопечен прволигаш да ни направи целосен пресврт после наше водство. Во тој меч уште повеќе болеше фактот што вториот гол го примивме некаде околу 60тата минута (а не во финишот од мечот) и ние бевме соочени со пораз цели 30 минути а сепак не успеавме да направиме ниту една посериозна шанса до крајот на мечот. Напротив, домакините беа далеку поопасни и со позитива па само расположениот Abbiati нè спречи од поголем срам! Кога еден тим кој е сметан за гигант, не може да наметне своја игра и да создаде притисок и (барем) шанси за гол цели 30 минути против новопечен прволигаш, тоа е одраз на очај, немоќ, психичка неподготвеност и пред се, недостиг на водство од клупата. А од клупата освен никаква идеја во играта се добиваат и нелогични замени:

1. Се брка резултат а се вади од игра El Shaarawy (сетете се на последниот натпревар од минатата сезона, повторно против прежален противник и соочени со елиминација од ЛШ).

2. Во игра се внесува Petagna и формацијата се менува драстично од 4-3-3 во 4-4-2

3. Менувањето на формацијата не е толкав проблем колку што беше распоредот на фудбалерите, Urby кој е класично лево крило, беше пуштен во игра да делува по десната аут линија а Nocerino кој е десничар, играше на левата страна?!

Очигледно таму некаде Berlu се сити а тактиката Dai Dai е се повеќе неразбирлива за фудбалерите на теренот.


Јас лично верувам дека вечерва одиме по тенок мраз. Резултатите а пред се играта од претходните 2 официјални натпревари и не ми ветува нешто повеќе. Чудната логика на тренерот и неговите константни падови во најважните натпревари, уште помалку. Наместо Poli кој го даде својот деби гол во првиот официјален меч во дресот на Milan и кој беше една од ретките светли точки против Verona, веројатно повторно ќе стартува Muntari кој беше воопшто незабележлив на првиот меч во Ајндховен. Веројатно целиот тим ќе биде оној истиот кој беше надигран во Ајндховен, освен рековалесцентот De Sciglio кој ќе ја заземе болната лева бековска позиција на која имаа неуспешни и трагикомични авантури најпрво Urby со PSV а потоа и Constant со Verona. PSV мора да падне, од овој меч зависат (какви такви) засилувања, од овој меч зависат барем 30 милиони евра, од овој меч зависи дигнитетот на клубот!


И збор - два за човекот за кој CL значи апсолутно се! Лигата на шампионите не значи баш се за екипи како Fiorentina, Lazio, Roma или Cardiff (летово потрошија преку 30 милиони евра влегувајки од втора лига и се на 5то место на најголеми потрошувачи во Premier) ама ете, значи апсолутно се за него! Секоја сезона се ценкаме апсолутно до самиот крај. Се ценкаме со се и сешто па дури и со местото во CL. Honda речиси сигурно ќе дојде дури во Јануари. Ljajic беше перфектна замена која можеше да го покрива она болно AMC до Јануари но не, ние моравме прво да осигураме пласман во CL. Нудевме некои 8 милиони, Adem на крајот замина во Roma според последните информации за само 10 милиони. Да, за само 2 милиони повеќе од она што го нудеше Mr G. И да обезбедиме пласман во CL и да купиме нови засилувања (кои би биле силувани) на нив им треба време за да се инфилтрираат во тимот. Тоа време се рефлектира преку лоши резултати во Калчо. А и што би купиле? Се шпекулира со имињата на Matri и Astori, фудбалери кои во најдобра рака не го подобруваат моменталниот квалитет на тимот. Во најдобра рака! Ангажманот на Matri е непотребно правење на услуга на Juventus затоа што на тоа место во тимот, Balo е неприкосновен стартер а Pazzo кој имаше одлична сезона лани, се враќа следниот месец! Astori е најмногу замена на Mexes и Zapata. Astori не го прави подобар и посигурен тој дел од тимот, го прави само поброен. И Matri а и Astori го прават само поброен тимот и даваат опција плус а никако не го зголемуваат квалитетот и не се загарантирани стартери.

Milan не ги заслужува овие потези од управата а најголем дел од фудбалерите (па и тренерот) не го заслужуваат Milan како бренд! Работите (навидум) излегуваат од контрола.


19 comments:

Navigator said...

Ако досега сме зборувале за натпревари кои мора да се добијат, ова е најголемиот меѓу нив (освен ланскиот со Siena). Јас би поднесол и неуспех, сме го осетиле тоа пред неколку сезони, ЛШ почна и заврши без нас, но сега е поинаку. Сега зборуваме за иднината на клубот. Оваа сезона управата ја сведе на еден единствен меч. Сега имаме две патеки: или ќе биде продолжување од минатите две сезони со игра на принципот топло-ладно или комплетен пропаст, без соодветна екипа и соодветен мотив на екипа со реноме како нашето. Тешки се овие ситуации каде играш под огромен притисок, која може да донесе, слободно можам да кажам историски промени, нормално негативни. Од другата страна имаме противник кој нема што да изгуби. Подмладени, без преголеми очекувања од нив, ама со огромни мотиви да се посрамоти големиот Milan. И тоа, сакале ние да признаеме или не, не е многу нереален исход. Не сакам коментарот да звучи многу негативно, туку само да ја доловам опасноста од неуспех. Нормално, јас очекувам пролаз и конечно ослободување од тие стеги на плејофот на ЛШ. И затоа веројатно сите бевме толку трпеливи. Но по мечот вечер, што и да се случи, нема да биде исто. Се надевам G е спремен за двете сценарија.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Се на се, полесно од очекувањата иако не сакам како на моменти целосно ни паѓа концентрацијата во дефанзива. Доколку постигнаа гол прво Matavs само минута пред првиот гол или Winaldum на почетокот од второто полувреме, многу работи можеа да бидат поинакви.

Mister G, имаш 5 дена!

Anonymous said...

Многу усти затвори Боатенг вечерва. Ова е оној Боа што ни треба!!
Него да може да гледате како се слави пласман во групи на Селтик Парк! Ауу да се наежиш.
Сега почнува летото за нас! Едвај да дојде петок! Едвај чекам да потпишеме барем едно добро име на трансфер пазарот.
Осеќам дека ќе биде бурно до Понеделник.

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Не сакам да ви го кревам притисокот ама 80 % го потпишуваме Matri и тоа за цена за која можеме да го доведеме Eriksen, на пример (цели 11 милиони евра).

Ова меѓу зборови го призна G веднаш по мечот кога рече дека тренерот не барал дефанзивец, не барал фудбалер од среден ред туку барал напаѓач поради тоа што не се знае кога ќе се врати Pazzini од повреда. Кога Allegri бара напаѓач, се знае кој го сака. Тоа уште повеќе му годи и на G кој многу полесно ќе може да го донесе Matri (и притоа да каже дека му ја исполнил желбата на тренерот) отколку да донесе некое навистина квалитетно име. Ние за Matri ќе даваме 11 милиони а тие го земаа Tevez за 8...

Navigator said...

Ау ау ау, Mourinho може да ни направи проблеми од Англија. Потпишува со Eto' и многу веројатно дека Torres го праќа во Inter. Тоа би било екстра потег и за Inter и за првенството. Уште на нас се чека. И ние ќе пукаме голем трансфер изгледа - Sandro Fucking Matri! Ми се плаче...

CurvaSud_Milan said...

Момци за почеток ако го интересира некој, тука сум, знам дека можеби не сте мн засегнати кај сум, ама јас да си кажам. :) Повторно во улога на велики брат само читам, читам буквално се но слабо се одважувам со коментари, со срам ќе констатирам дека последниот бил некаде на крајот на сезоната. Криво ми е што од тие две-три средби не успеав да дојдам на ниедна и да се запознаеме, посебно мислам на Ри затоа што со Иван и Драган веќе се знаеме иако помина долго време од кога се немаме видено. Се надевам во блиск иднина ќе има некоја нова средба.

Што се однесува до тимот, што да кажам, се имате кажано, во голем дел од работите се сложуваме, посебно го мислам ова во однос на трансфер политиките. Дуелот со ПСВ ги истакна сите слабости во тимот. Нафрлените топки се необјаснива мистерија, живци кинам како во тој дел од дефанзивата наместо да се подобруваме ние константно се влошуваме. Нормално ова е само дел, играме во групна фаза поради Абијати, доза на среќа и искуство, никако поради надигран противник. За Верона и не ми се коментира. Да не должам сега мн, се враќам во МК во недела, од понеделник очекувјте и постови од мене, доста беше пост :)

Поздрв момци

Forza Milan!

CurvaSud_Milan said...

Трета "среќа" е ова ако ме држи паметот, така? Овој пат мислам ќе успее, за среќа или не ќе видиме, како и да е, ќе биде емоционално враќање. Се надевам дека нема да биде Шева втори дел.

Anonymous said...

Ако стварно го земеме Матри и евентуално Кака тогаш посакувам да не се квалификувавме во ЛШ.
Греота.
Не даваат пари за Адем,Тевез,Ериксен,Сако даваат за Матри.
Буквално му правиме услуга на Јуве собирајќи им го вишокот и во истовреме финансирајќи им го трансферот на нивниот прв напаѓач во моментот.

Anonymous said...

И Петања на кој толку му се ветуваше уште од зимото ќе биде испратен во Џенова на позајмица.
И што треба да мисли сега дечкото кога неговиот матичен клуб несака да инвестира во него?
Лошо.

ReBorned said...

Колку си очаен од 0 до, ќе бапнам 11 милиони за Matri и ќе го вратам Kaka на 31 година, истиот оној Kaka за кој до пред неколку месеци се изјавуваше "тој не се вклопува во нашата политика на млад тим".
Тоа што никој не ја коментира групата од ЛШ (која патем кажано е ептен блесава) туку сите коментираат за овие тн потези на управата, доволно зборува. Поочаен потег од носење на Matri за 11 милиони е само носење на Matri за 11 милиони и молење на Карлито да ни го даде Kaka. Да се обидат нешто на емоционална жица, оти немаат на било каква друга.
Мене не ми пречи трансферот на Matri (особено ако Pazzo е подолго време во аут), мене ми пречи сумата која ја даваме за него. Верувам дека тријадата ќе ја заокружиме со Astori и на здравје просечноста! Од тренер до фудбалери преку управа, просечност насекаде!!

ReBorned said...

P. S Синоќа си порачав дрес Home kit 2012/2013 за 18.33 фунти (21.5 евра) со бесплатна достава. Уникатна понуда, ако некој е заинтересиран ќе му кажам сајт и финеси (се регистрираш па правиш subscribe на newsletters и ти дава 5 фунти намалување).

Navigator said...

Очаен до очаен потег. Јас не знам кога ова ќе заврши. Убаво рековте, ако ова е наградата за ЛШ, ако ова се активностите што ги чекавме цело лето, подобро да не се пласираме. Вака само се правиме помизерни. Не ни треба ваков скап Matri, не ни треба никаков Kaka, Astori барем за мене, ќе зависи од цената. Matri не смееме да го платиме повеќе од Pazzo, инаку која е логиката. Па да му се сневиди, не може G да е толку глупав. Нели знае колку Juve плати за новите напаѓачи и каква треба сега да е цената на последниот избор во нападот. Чудно е, дете од 15 години ја разбира оваа едноставна ситуација, а не човек што 25+ години го работи ова. Ок, еве нека цената на Matri е 12 милиони. Ама дечкото нема да има минутажа, нема да игра, бара трансфер, уште 3 дена до рокот има... и наместо тој што продава да е во фрка затоа што ќе плаќа солидна плата за некој што ќе изигра 3 стотинки сезонава, тој ја влечи сумата на трансферот на најдобриот напаѓач и тоа скоро пута 2! Па еби се бе Galliani! Allegri е изгледа единствениот човек што го сака Matri и баш сега се слуша тој. Три години никој ништо не го прашал за трансфер желби, сега градат тим по негов вкус. Работата изгледа сосема излезена од контрола, барем вака однадвор. Немам веќе нерви. Размислувам викендов да не отворам никакви вести, сајтови поврзани со клубот.

Home kit 2012/13 ич не ми се бендисува, иначе е одлична прилика и понуда. Away kit for the same price, maybe?

Navigator said...

што викате, за колку ќе го дадат Boateng? 5 милиони или 7?

CurvaSud_Milan said...

А што е со цифрите од 11-12? Или со бонуси е тоа? ...и тие 11 за Матри се со бонуси ако не се лажам, што во ниеден случај не го оправдува трансферот, едино ако не се 5 мил. фиксни плус 6м ако даде 25+ голови :)))

ReBorned said...

И Nini во Genoa. Чистка

Navigator said...

Конечно добар потег!

Navigator said...

Има некој пост во план?

CurvaSud_Milan said...

И онака не сум пишувал до сега, па не значи и да кажам дека не можам за утре :) ...со повторување на ветувањето дека од понеделник се приклучувам повторно :)

Anonymous said...

Почнувам да пишувам.