Translate

Thursday, 1 August 2013

AUDI CUP 2013!


После првиот сериозен припремен меч против Valencia, дојде годинешнава едиција на Audi Cup-от, во организација на европскиот шампион. Форматот стандарден, полуфиналиња, меч за 3то место и финале. Останатите учесници – Manchester City и Sao Paulo. Два меча во само два дена и однапред изгледаше како преголем залак за оваа фаза на припремите. Кога на тоа ќе се додадат противниците, знаеш дека ризикуваш залудно да потрошиш неколку дена на несоодветни проверки. Но во прашање е значаен спознор, кој има интерес неговиот турнир да го направи исклучително атрактивен и не прашува кој, кога и дали е спремен.

Ждрепката рече дека во првиот ден треба да се сретнеме со Man City во очигледно поинтересното полуфинале, ама немаше во предвид дека клубот толку доцна ќе ги приклучува репрезентативци во погон. Стравот наш се зголеми кога слушнавме за пресните повреди – Binho, Bonera, Mexes... доволно беше. Испадна прилика за старт на Vergara и Petagna, за Zaccardo да биде лидер на одбраната, а Nini капитен (пак се насмевнав додека го пишувам ова). Инаку Nini играше десно. Constant лево, пред нив NDJ, Muntari и Traore, SES на стандардна позиција и Boa на false 9. Мечот во целина слаб. Не 8, туку 18 гола да паднеа, со онаа игра само испливаа слабите страни на двете екипи. Нашите за нијанса го поправија впечатокот во второ полувреме, ама пак, тоа што го видовме во првите 35 минути беше срамно. Ок, разбирам дека City е понапред со подготовки, дека за 15 дена стартуваат во лигата, но таква квалитативна разлика на терен не смее да постои, никогаш. Што е најтрагично за квалитетот на цел меч, Milan имаше прилики не само да израмни до крајот на полувремето, туку и да даде уште два гола, преку стопроцентните шанси на SES и Boa. Во глобала, одбраните на двете екипи беа трагедија, нашата нешто повеќе, затоа што комплетниот ред беше очаен, додека кај City само стоперите. Не знам дали да почнам да индивидуално да ја опишувам мизеријата на нашата дефанзива…

Ќе се обидам накратко: Nini во препознатливиот мод мува без глава, веројатно импресионоран од лентата на рака; нели Zaccardo пред 10тина дена изјави дека може да замине од клубот. Ок, слободно, зошто не замина веќе? Или не, ако размислам, така ќе требаше Pacifico да биде стартер, и тоа не по своја вина; Vergara успеа да се среди до некое пристојно ниво, ама откако прими 5 гола. Не паднаа сите голови заради негова грешка, вистина е, ама Dzeko и Jesus Navas дефинитивно не го доживуваа како респектабилен дефанзивец; Constant беше можеби најлошиот на теренот, ама тоа не е најголемиот проблем. Страшното е што тој (и веројатно само тој) мисли дека е натпросечно добар фудбалер. Кога нема да му успее финта на средина на терен (а многу веројатно дека нема да му успее) или кога лесно ќе загуби топка, тој не се враќа да покрие, да се извади”, туку се нервира, бара фаули, па често и сам прави фаул после тоа или се рчка со противниците, некогаш дури и вика на соиграчите. Редовно прави некои гримаси кои ме нервираат, а не се сеќава дека баш тогаш камерата е вперена во него и не убедува во неговата лепота :) Ај те молам смири се и искористи тоа минутажата додека не е вратен Mattia Boy. 

Во средината измешани перформанси: од сосема солидниот NDJ, до индиспонираниот Sulley кој очигледно кога игра на MLC не знае со кого си има работа позади него и многу често испаѓа при двојни проигрувања на противникот. Особено денес, кога против себе имаш убиствено брзо десно крило, не ти се пишува добро. На другата страна, што од помалку опасни фудбалери, што од помал контакт со топката, Traore немаше моменти на бламажа. Позитивни потези, уште помалку. Ама кој очекува од него, нели? Boa почна како false 9, па се повлече на AMC, ваљда по насока на Max. Очигледно дека AMC е неговата позиција и за жал, ниедна друга. Беше просечен, не креираше многу, промаши чиста шанса, после 60та минута не трчаше скоро ич, ама од друга страна беше добро позициониран и бркаше солидна работа во дефанзива. 

Напаѓачите беа најдобрите, иако комплетно невидливи во црниот период до 35тата минута. После тоа, итро одземање на SES и гол, па снаодлив гол на Stephan, после предноста што ја даде судијата при фаулот за пенал над Petagna, па гол на Petagna и уште по една шанса на двајцата до крајот на полувремето кои можеа да го направат комплетно лудо. Барем јас, не сум видел меч што од 5-0 стигнал до 5-5. 

Лично, сакав да го гледам Petagna барем уште 20-30 минути, ама Max се реши за Niang, кој имаше забележлив настап. Желен е за минути, за игра, не сака да биде пратен на позајмица и тоа беше толку очигледно денес. Дури имаше и еден фаул над него каде во 95% од случаите, играчите би побарале измена. Овој напротив, продолжи да прави спринтови. После него, од измените, за мене, најдобро одиграа Poli и Noce. И кај нив силна желба, повидлива за нијанса кај Poli. За почеток, ми се допаѓа дечкото. Gabriel, за разлика од Amelia имаше три одлични одбрани. Многу е едноставно ми се чини – глупаво е да Amelia биде избор пред момчево. Дај му шанса, зошто да не, сигурно нема од Amelia да правиме голман допрва. Urby по пола година назад и повторно истата приказна. Во 25 минути, три пати менуваше позиција. Почна на лев бек, кратко на DMC, па се премести на MLC кога влезе Cristante. Го користат за пополнување на празни места и веројатно така ќе биде. Најдобро за него, може не и за нас во оваа ситуација, да си замине. Ама не во Fulham овојпат и не на позајмица. Сепак заслужува нешто повеќе. Останатите измени, Pacifico, Pinato, Cristante, Kingsley Boateng, сите со преодна оцена. Без поголеми искушенија, ама и без грешки. Уште еднаш ќе речам, без да се залажуваме од големиот број голови или тоа што поразот не делува убедливо, ова денес беше еден поприлично лош натпревар. Знам дека нема место за некој паника, но сепак, не е убаво да гледаме ваква претстава  на 3 недели од двомечот што може да вреди колку колку една цела сезона.


Наспроти сето ова, утре (во истиот термин) имаме противник од друго квалитативно ниво, кој можеби и прав спаринг партнер за оваа ситуација. Денес беа тврди против Bayern едно полувреме, второто да бидам искрен не го гледав, но тогаш паднале двата гола. Без Ganso, Luis Fabiano и со модифициран стартен состав, не се на нивото на останатите три екипи на турнирот. Среќен бев што Bayern помина и нема да игра против нас. Ќе беше тоа уште едно мачење, а можеби и срамење со оглед на тоа што баварците се во поодмината фаза на подготовки и на располагање е целиот состав. Не можам да знам и да проценам преку ТВ кој е колку одморен/уморен после денешниот меч, но ќе кажам кој сакам да видам на терен утре. Дефинитивно сакам одново да ги гледам SES и Petagna напред. Го сакам и Niang, ама прво, ми прави проблем во вметнувањето во оваа 4-3-1-2 формација кога на терен е Petagna и второ, веројатно веќе се пожалил на таа, се надевам ситна повреда од денес. Сакам да ги видам Poli и Noce, заедно со NDJ од старт. Назад немаме никаков избор, за жал. Ќе стартуваат повторно истите. На голот, дефинитивно Gabriel. Ајде да видиме малку поинаков меч, поквалитетен Milan.

FORZA MILAN!!!

14 comments:

ReBorned said...

City е во понапредна фаза од подготовки но ние треба да го играме мечот на сезоната за 20 дена! Каков е планот дотогаш? Друга работа, имаме еден куп повредени но ова е очигледен доказ дека тие што се замени за нив не се на нивото на Milan. И тоа не само еден или двајца туку речиси целиот втор тим.
Од една страна жал ми е за Vergara. Момчето добива шанса по само неколку дена од доаѓање во Milanello (дојде пред нецела седмица) и веднаш игра против противник како City со партнери во дефанзива како Zaccardo и Nini. По примените голови и по првичниот шок, одигра солидно. Се надевам дека овој тимски дефанзивен дебакл (во кој има удел но можеби најмал од сите четворица назад), нема да му влијае на самодовербата. Ако одбраната мораше да биде ваква, средниот ред не мораше! Не сфатив зошто стартуваше Traore. Ќе разберев старт и на Nocerino но зошто Traore?
Можеби Max сака денес да одигра со најдобрите расположливи сили за да имаме барем една победа :)
Petagna е интересен квалитет, SES ја батали психозата со голови, се надевам ќе биде подобро. Денес Cristante и Poli сакам да ги видам од старт.

ReBorned said...

И уште нешто, во овие подготовки најголем губитник е Sappnara. Дечкото влече повреда и пропушта огромна шанса да си ги заработи минутите во сезоната (како што тоа го прави Poli), особено во така хаотичен тим преполн со повреди и извонредна неинвентивност на средниот ред, особено на AMC.

Unknown said...

Не знам за вас но јас денеска сум импресиониран од Пацифико.

Не е форсиран по медиуми, ама еве добива шанса и ја искористува многу добро според мене.

Има квалитет.

ReBorned said...

1. Pacifico е измислен за Vergara (барем според овој меч). Ако за тоа вчера против City можеше да се бара изговори за Vergara дека му беше прв меч и против страшни напаѓачи, ова денес беше катастрофа. Имаше повеќе киксови, делува многу тромаво и несигурно. Pacifico од друга страна, изблокира еден куп шутеви и беше сосема солиден. Всушност, целата игра во одбрана се смири по излегувањето на Vergara.

2. Cristante имаше неколку одлични топки со очи во офанзива и неколку добри дриблинзи на мал простор но некако делува премногу лабаво со топката, особено во нашата опасна зона и кога блиску до него има противнички фудбалер.

3. Petagna е сосема солиден, во секој случај делува далеку покорисно од Niang.

4. Kingsley мајсторе! :) Ладнокрвно и со манир на голем стрелец. Без мислење, без перипетии! Подоцна имаше уште неколку добри потези и еден одличен шут. Момче со прекрасен чист талент кој за жал минатата сезона повеќе ја помина низ болници отколку на терен. Очекувам годинава да блесне под палката на Pippo. Куриозитет: Kingsley бил спринтер до 14 години и освоил злато на речиси сите регионални натпревари на 60 метри.

Освен малите, за одбележување е настапот и на Zaccardo кој буквално остана без душа, константно влечеше напред и назад и одигра повеќе за 2 дена отколку во цела сезона лани :)

Traore не можам да го гледам!

Navigator said...

Момци, ако некој од вас има време, нека пише пост за мечот вечер, односно за International Champions Cup 2013 во целина.

Anonymous said...

Na odmor sum, izvinete za latinica. Pozdrav

ReBorned said...

Не можам и јас ама не е проблем ако нема пост. Мечот е одбележан со пост на ФБ па не е проблем ако нема тука. Сепак станува збор за натпревар кој нема некое "официјално" значење

Navigator said...

Патувам за Скопје попладнево, затоа рекова ако некој од вас има време. Ќе стигнам во СК околу 22.00, така да ако имам време ќе чкртнам нешто пред мечот, онака кратко.

ReBorned said...

Добар натпревар и одлично прво полувреме! Напаѓачкото трио беше перфектно! Poli со нова асистенција (втора на овој турнир, после онаа за Binho против Valencia) а второто полувреме го одигра како десен бек. Urby се претвора во сериозна конкуренција за Constant. Montolivo одлично диригираше со средината и ја ширеше играта по двете крила (Niang и El Shaarawy). Niang беше перфектен!

Navigator said...

Мечот сношти беше добар, веројатно најдобриот досега ова лето. Првото полувреме особено. Niang најдобар и ептен ми е мило за него. Одбраната во глобала делуваше фино, а за Urby се сложувам, дури и ќе речам дека без De Sciglio, тој е моја прва опција лево. Од Poli и Nocerino сум задоволен, Poli за нијанса подобар. А Noce се труди и гризе за останување, тоа не може никој да го негира. Monti ми беше исто одличен, Balo стандардно добар, SES се движеше добро, ама има голем минус за реализацијата. Мораше да даде барем еден. NDJ мора да биде првиот избор на DMC, а тоа го сместува Monti на MRC. Очигледно дека цела останата битка ќе се води за MLC, норамално, зборувам за 4-3-3 формацијата. Од младиве, би ги задржал Petagna и Cristante. За Kingsley, жалам, ама нема простор. Од голманите, засега, Кичо прв, Gabriel втор, Amelia нека дреми :)

Navigator said...

Утре на ждрепката ги имаме следниве екипи:

Fenerbahce (Turkey)
Metalist Kharkiv (Ukraine)
Pacos Ferreira (Portugal)
PSV Eindhoven (Holland)
Real Sociedad (Spain)

Anonymous said...

Будење.
Ќе има нешто што ќе не размрда деновиве осеќам.
Матиа Перин ќе биде прв голман на Џенова за претстојната сезона.
Можеби најдоброто место на кое сакавме да биде, затоа што доколку го достигне својот потенцијал ние ќе бидеме првото место каде што Џенова ќе погледне за продажба.

Navigator said...

Долга пауза направивме, време е да се вратиме во форма, а и утре е мечот. Ако имаш инспирација, напиши еден пост и полека да ја почнуваме сезоната.

Anonymous said...

Ај на работа сум до 6 ќе пишам до вечер нешто.