Дозволете ми да Ви го претставам момчето за кое веројатно ќе слушате многу повеќе во иднина. Alessandro Mastalli е актуелниот капитен на момчињата на Super Pippo и момче за кое сите се согласуваат дека поседува аура која долго време недостига во тимот, аура како онаа на Il Capitano! Секоја чест на Ambrosini, Ganz или Petagna но Mastalli е капитенот кој никогаш не гледал меч од клупата. Момчињата на Super Pippo имаат 10 различни формации и во сите нив фигурира Alessandro Mastalli. Момчето следната сезона веројатно ќе настапува за Primavera и сите се сигурни дека ќе продолжи со капитенската лента и таму. А нема причина да биде поинаку. Момчето е фудбалер кој ги прави сите околу себе подобри, вистинки спиритуален лидер на теренот.
Кој е Alessandro Mastalli? Ale е роден на 7ми Февруари, 1996 година и е син на Ennio Mastalli, бивш фудбалер кој кариерата ја започнал во 70тите и ја завршил во раните 90ти. Настапувал за Bologna, Varese, Catania, Lecce. Бил на чекор од трансфер во Milan (фан на Milan од мали нозе) но трансферот се изјаловил. Затоа неговата желба ќе се оствари преку неговиот син.
Малиот Alessandro почнува да игра фудбал на 5 годишна возраст. Набрзо неговиот талент бил забележан од скаутите на Bologna и Modena. Одејки по стапките на својот татко, се одлучува за Bologna. Во Bologna настапува 5 години и интригантно, во 1/16 финале губи токму од екипата на Milan која во својот состав ги има за тие прилики страшните Bryan Cristante и Andrea Petagna (денешни членови на сениорскиот тим). Сепак овој пораз се покажал среќен за Ale затоа што буквално ги импресионирал скаутите на Milan во настапите против црвено црните и само 2 месеци подоцна добил повик од Milan кој без размислување го прифатил. Веќе во првата сезона со новата екипа го освојува трофејот Scirea на кој е избран за најдобар фудбалер. Трофејот го добива лично од Il Capitano!
Веќе следната сезона Alessandro настапува со играчи кои се поголеми од него но одлично се вклопува во тимот и постигнува 3 гола во првите 6 натпревари. Сепак, сите слушнаа за него во сезоната која што измина, по доаѓање на клупата на легендата на клубот, Filippo Inzaghi. Големината на Mastalli не само како фудбалер туку и како личност ја сподели и самиот Pippo, во едно интервју. Убаво се сеќавам на тоа интервју кое го читав лично и во кое Pippo рече дека Mastalli ја има аурата на Paolo Maldini, дека тоа е капитен кој буквално го сака секој во тимот. Тогаш Pippo сподели една интригантна ситуација. Кога тој дошол на чело во клубот, ги натерал сите фудбалери тајно да гласат за својот капитен. Од 25 гласа, дури 24 гласале за Alessandro Mastalli. Единствениот кој не гласал за Mastalli, бил самиот Alessandro кој бил скромен и не гласал за самиот себе, туку за друг колега! Тоа кажува многу!
Super Pippo се покажа како тренер (а таков беше и како фудбалер) кој не сака да дели комплименти на индивидуи и за него секогаш тимскиот успех е на прво место. Сепак, Mister Inzaghi дели комплименти за Mastalli, на сите страни! Го споредува постојано со Maldini, харизмата која ја поседуваат и двајцата и љубовта кон нив буквално од сите во клубот.
Allesandro Mastalli има 17 години, висок е 175 цм а тежок 75 кг. Го носи дресот со број 8 и природно настапува како десна mezzala во средниот ред составен од тројца фудбалери. Оваа негова позиција не е постојана затоа што Pippo сака постојано да го шета на различни позиции и има неограничена доверба во неговите квалитети. Ale е класичен фудбалер од средниот ред, подеднакво е добар во дефанзивните и офанзивните задачи и претставува столб буквално на целиот тим. Момците на Pippo можат да се миксаат во дефанзива и офанзива но тимот не може да се замисли без Il Capitano Mastalli во него!
Иако на почетокот на својата кариера тој започнал како regista пред дефанзивците, сепак сега е се поблиску до напаѓачката линија и во моментот ја држи буквално цела десна страна од теренот. Повеќе од се, него го красат неговата брзина и неговата неверојатна тешка работа. Не знае да застане буквално ниту една минута од мечот и постојано е во движење. Прв е во дефанзива и прв во напад, неретко и пред напаѓачите. Super Pippo ги забележал квалитетите на момчето и пред се тоа дека главата му стои цврсто на раменици па му дава слободна ролја во средниот ред верувајки во неговата луцидност и интелигенција на теренот. Момчето има одличен удар, претежно ја користи десната нога но нема проблеми да шутира одлично и со левата. Сезонава постигна 6 гола (се наоѓа на третото место во тимот, веднаш зад напаѓачите) и има голем број на асистенции. На натпреварите се забележува и фактот дека момчето размислува 2-3 потези однапред со што некогаш неговите соиграчи имаат проблеми да ја прочитаат целата акција.
Друга огромна предност на Mastalli е притисокот, буквално! Момчето врши невиден притисок врз противникот во текот на целиот натпревар, се обидува секоја топка да ја одземе без разлика дали со лизгачки старт, standing tackle или едноставно со константен притисок кој ќе го натера противникот да згреши! И не застанува!
Уште една голема предност која ја потенцираат сите што го следеле, на чело со Pippo е неговата присебност. Иако станува збор за капитен на тимот кој е избран едногласно од сите соиграчи, иако станува збор за фудбалерот кој никогаш не пропушта меч, тој е многу присебно момче! Не дозволува никаква слава да му удри во глава и цврсто гази по земја! Како што самиот тој изјави во една пригода: Only the one who believe in himself can continue to grow.
Неговото лидерство извира од него на секоја педа од теренот. Оди прв да честита на секој погодок, без разлика колку е големо водството на мечот. Знае да даде поддршка и да разговара со соиграчите кои направиле неколку грешки во серија, укажува на подобрување во играта, знае да разговара и со судијата кога смета дека тој донел погрешна одлука но со голема коректност! Исто така знае и да го потчукне по глава некој соиграч кој почнува да го повлекува топката во текот на мечот и се заборава во својата индивидуалност. Поседува уникатна и огромна харизма и тимот го обожава!
Момчето како и сите професионални спортисти има некои свои хирови и суеверија за кои не сака да разговара јавно. Пред секој натпревар се втурнува буквално лице во лице со познатиот психолог на тимот, Roberto Boerci и зборуваат нешто очи во очи. Она што го зборуваат засега останува голема тајна.
Исто така, секогаш кога постигнува гол, го бакнува амблемот на клубот за кој е емотивно поврзан!
Минатата година, Aldo Dolcetti кој во тоа време беше тренер на Primavera имаше големи пофални зборови и за Alessandro Mastalli. Доколку сезонава биде се како што треба, за очекување е Il Capitano Mastalli да биде со капитенската лента на Primavera во историскиот прв настап на Primavera во еден натпревар од Лига на Шампиони за млади екипи во Европа!
Со оглед на тоа дека очите на сите во Milanello се насочени кон него, нема да биде чудно доколку Mastalli добие повик и од Allegri да учествува барем во тренинзите на првиот тим а зошто не и да чека шанса од клупата на некој натпревар од Serie A.
Сите познавачи на приликите во Milanello, се согласни во едно: Ваква капитенска харизма во Milan не се појавила од времето на Il Capitano, Paolo Maldini!
P.S Текстот беше прераскажан од статија на http://acmilanfan.ru
56 comments:
Браво за текство, браво за изборот што си го навел доле и браво за времето посветено на детево.
Само на име имав слушнато за него се до сега.
По карактеристиките кои ги прочитав на него многу ме потсеќа на Занети по неговата моторност и сестраност.
Дефинитивно ќе читаме повеќе за него во иднина а најверојатно и ќе гледаме.
Одличен пост, одличен. Браво Ри, секоја чест за трудот. За Mastalli не знам премногу, иако не ми е анонимен. Следев што се пишуваше за него, најчесто на twitter. Уште тогаш ми падна во очи една работа, а тоа беше начинот на кој известуваа или раскажуваа за него. Ми беше многу чудно за дете од allievi некој во секоја реченица користи il capitano пред неговото име. Од почеток си реков дека се работи за навика, па за некоја симпатија кон него, ама кога веќе почнав да забележувам дека секој, секогаш пишува il capitano Mastalli, очигледно беше дека има јасна причина за тоа. Од текстов веќе разбирам која била позадината. Вака на прва, не се сеќавам дека сум гледал видео од Ale, ама сигурно дека сезонава ќе видиме куп материјали. Му посакуам многу среќа и успешни моменти со клубот.
FORZA ALE, FORZA MILAN!!!
Абе, ова денес може да испадне најсреќниот ден за нас летово, а? :) До вечер чекам официјализација на Poli и Honda.
http://www.football-italia.net/36053/flamini-disappointed-milan-offer
Конечно се ослободивме од Фламини.
Некој камен од срце ми падна.
Требаше јас да напишам толкав пост за веднаш утредента да се смени со пост за добредојде на нов фудбалер :)
Poli веројатно вечерва или утре но за Honda ќе си почекаме. Или летово или Јануари но ако ме прашувате мене, ќе дојде при крајот на овој месец. Тоа е така затоа што CSKA сака да го има на располагање на 13ти Јули кога играат Супер Куп на Русија против Zenit. CSKA првично бара 7 милиони но и на нив им е јасно дека не можат да добијат таква сума за фудбалер на кој договорот му истекува во Декември. Згора на се, CSKA си купи и замена, 21 годишен полушпиц од Бугарија. Јас лично сметам дека Honda ќе игра на супер купот и потоа ќе биде продаден во Milan за 2-3 милиони. Логиката го вели тоа затоа што CSKA секако ќе го загуби безпари во Јануари и само сега има шанса да заработи некое милионче на него. Плус сите знаеме дека не е добро сезоната да се почне со фудбалер за кој се знае дека веќе ќе го напушти тимот. Мислам дека крајот на Јули или почетокот на Август, Honda ќе биде во Милано. Ќе бидам екстремно разочаран ако дојде дури во Јануари!
Бонус: Денес во Via Turatti дошле претставници на Verona, веројатно да се разговара за Jorginho. Тоа би било баш бонус!
P.S Јувентус го зема и Zaza и веројатно ќе го позајми во Sassuolo.
Борусија Дортмунд го ангажира „нашето“ дете Pierre Erick Aubameyang како замена за Getze. Пропуштен бисер на Milan.
Го продадовме за 1м а по 2 години Сент Етјен го продаде за 18м.
Кога го продадовме пред 2 години или додека го позајмувавме пред тоа имавме напад кај што тој немаше да добие 90 минути вкупно, цела сезона. Во St Etienne беше прв избор година и пол. И не може да се каже дека изгубивме потенцијални 18 милиони, затоа што кај нас никогаш немаше да достигне таква вредност.
А добро, со Ambro мораше ли вака да испадне? Од сите тимови Fiorentina ли ја најдоа?
Свесен сум за тоа и не сакав да кажам дека изгубивме пари од него, пред се зошто момакот немаше да добие ни време за играње кај нас па да се продаде за нешто поскапо.
А Амбро го стера некој инает.
Беше малце револтиран во официјалното соопштение дека ќе го напушта Милан имаше еден дел баш каде што рече: "Во прв момент несакав да зборам бидејќи ќе кажев многу лоши работи кои ќе ставеа црна дамка на овие 17 години во Милан".
Разочаран бил што Абијати и Бонера беа повикани на продолжување а тој не и тоа го погодило највеќе начинот на кој (не) му било кажано дека Милан нема да продолжи со него.
А читајќи го интервјуто со Фламини ми станува јасно дека во последно време Милан не се грижи баш многу за играчите кој го напуштаат тимот.
Тоа е можеби бидејќи ги испративме сите легенди и староседелци па сега не треба многу да ги тинтраме другиве.
Првичните изјави на Амбро беа дека сигурно нема да оди во клуб во Серија А издвојувајќи ги Вест Хем и МЛС лигата како најсериозни кандидати, но очигледно револтот и фактот што повеќето Италијанци несакаат да ги завршат карирерите далеку од дома играше тука голема улога.
-Вечер се очекуваат лекарски прегледи на Поли.
-Ако купуваме дефанзивец летово тоа најверојатно ќе биде Астори за кој сме најзагреани.
-Читам шпекулации и имам некое лошо чуство во стомакот дека можно е да ни го подметнат зебриве Матри на нас а нашиве мутави ќелави директори да го пречекаат со раширени раце.
-Сериозен интерес има за Ljaic (што мене ми се допаѓа) и бидејќи договорот му истекува наредно лето Фиорентина несака да го изгуби како што го изгуби Монти и ќе се обиде да искешира на него, а Галијани со неговата вреќа од трикови ќе се обиде да го земе кило боранија и 1 бостан.
Дечко, бостанот е сè уште скап. Ама добро, G може дс чека до средината на Август кога ќе биде 3 денари килограм.
http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/2013/07/05/4094460/ten-things-to-expect-if-ac-milan-inter-merge
Има некои стварно смешни работи :)
Галијани изјави дека го гледа Хонда како trequartista и дека сме ја намалиле цената на Робињо под 10м и додаде дека ќе купиме млад напажач а не некој 32-33 годишен :)
Еве го целото интервју на Галијани кое е доста интересно
http://dailymilan.com/our-model-is-similar-to-arsenals-galliani/
Одлично е ова напишаново за Мастали и ме радува што имаме таков играч.
Е сеа да ви кажам зошто толку многу го сакам ПИПО ИНЗАГИ
Galliani: "Pippo Inzaghi chases me asking for players. I told F.Galli to talk with him about it, because I am not able to say "no" to Pippo"
Ај кажете ми како да не го сакате?
Од овој ќе биде тренер еден ден, да знаете!!!
Нека е со среќа Поли па се надевам на уште еден трансфер до крајот на јули.
Околу напаѓачот, there is a catch:
"Млад напаѓач, не некој стар од 32 или 33 туку некој под 30 години"
Тоа слободно може да се протолкува како Matri.
Се ослободивме од уште еден крлеж.
Таиво потпиша 3 годишен договор со Бурсаспор.
Официјална презентација ќе има утре најверојатно и тогаш ќе се змаат финансиските детали бидејќи моментално незнам ништо.
http://www.rossoneriblog.com/2013/07/07/reports-ljajic-agrees-terms-milan-want-honda-now/
Ајде конечно да се поздравиме денес со Binho...
http://videochat.gazzetta.it/index_Live01.shtml?c=H24_04
Детали го делат строотман од Рома. околу 16м.
Ај баш да видиме што ќе биде.
Огбона за 13 милиони во Јуве +2м за бонуси.
Останува ние да вратиме со Астори сега.
Виола си го лапна Гомез и го замени сеуште незаминатиот Јоветиќ за кого богато ќе се офајдат.
Сити ќе биде најверојатно неговата станица.
Се очекува вечер официјално соопштение од Сантос со цел да се даде јасна слика до каде е работата со Бињо.
Се шушка дека прифатил годишна плата од 700.000 а дека оштетата ќе биде околу 7м.
Љаиќ наводно сака во Милан и ги договорил личните детали(2м годишно) исто како и Хонда и сега се очекува разврската со Робињо па да се тргне посериозно кон Адем.
Цифрите се околу 7-10 милиона.
И сега останува прашањето кој од нив двајца всушност ќе дојде? Бидејќи како што знам јас и двајцата се NON-EU играчи.
Не се буни, очигледно пак не си го сфатил правилото со Non EU. Доколку фудбалерот којшто доаѓа во клубот, доаѓа од друга Калчо екипа (значи од Италија) не се брои како Non EU. Значи Milan може комплетно летово да купи цел нов тим NON EU фудбалери (Hernanes, Ljajic, Jovetic, Cavani, Muriel...) ако тие доаѓаат од останатите калчо екипи. Non EU се смета само ако доаѓа од друга лига а нема EU државјанство (значи држави кои не се членки на Европска Унија).
Е сега, работата со Бињо во последно време станува крш. Santos пред малку рече дека се повлекува од него. Не знам, можеби играат G style против G но времето потиска. Проблемот е во тоа што работите се запнаа повеќе кај неговата плата отколку кај нашата оштета. Ако е за оштета ние можеме да намалиме уште (тој е на 4 милиони плата кај нас па со која оштета и да го продадеме заштедуваме 4 милиони на плати а на пример Ljajic ќе зема 2, значи заштедуваме многу). Ама Milan не може никако да му помогне на Santos ако работата запне кај неговите лични примања. Се надевам дека Santos само игра hard ball и дека работите ќе се средат до 20ти Јули. Binho аут i Ljajic ин е извонредна варијанта. Да видиме дали на крајот ќе биде предобра за да биде вистинита.
Добро бе не ме карај :)
Ако сум го постирал тука текстот со NON EU правилото незначи дека и сум го прочитал хаха :)
Јас сум малце напизден.
1.Милан сака да си оди Робињо.
2.Робињо сака да си оди од Милан
3.Сантос сака да го купи Робињо
4.?????
Не знам, ама ако не успееме да го продадеме во овој преоден рок сме наебале.
Иначе баш ме интересира и мило ми е од друга страна што ќе можеме да ги видиме Рафаел и Фелипе Андерсон токму против нас сезонава.
Па макар и флопови големи да се, да видиме зошто во Јануари не сме прифатиле варијанта каде што ќе дојдат тие 2ца, а Робињо би отишол во спортивен правец.
Хонда е дефунитивно наш.
Само останува прашање на време дали сега или во Јануари.
Доколку ги продадеме Бињо и Боа тогаш ќе дојде уште сега.
Во меѓувреме Јуве многу блиску до Коларов. Се очекува да ги чини 10ина милиони а има и опција за позајмица.
Го продадоа Гиачерини за 8 милиони и со тие пари го купија Карлитос :)
Сега за сега Јуве има најдобро лето, па виола, па наполи, па 4-5 празни места па сите останати меѓу кои и ние.
Јзс би ги сместил и Lazio веднаш после Viola и Napoli особено ако не го продадат Hernanes. Ги донесоа Lucas Biglia и Felipe Anderson и ако успеат да го задржат и Hernanes, тоа ќе биде one hell of a midfield!
Би го продале Abate во Arsenal за 12 милиони евра? Договорот му истекува следното лето.
Пфффф и те како. Одма! И Раниери слушам бил заинтересиран за Антонини (овојпат вистина да ти било).
Парите од продажбата на овие двајца одма ќе се инвестираат во уште еден наш навивач Сантон.
Можно заинување на Амелиа.
Ако не Ви беше доволно мака претходно еве уште малку сол на раната
http://www.sportklub.info/obaamejang-brzi-od-bolta
http://www.youtube.com/watch?v=GmvfRbzovv4&feature=youtu.be
Одличен талент, одличен трансфер за целото калчо. Штета што ние го пропуштивме и штета за него што се приклучи веројатно на најхаотичниот Калчо клуб во моментот (заедно со Интер).
De Laurentiis ладнокрвно на твитер си твитна дека сега, по продажбата на Cavani, Napoli располага со буџет од 124.5 милиони евра!! Ќе купуваат доста а и досега имаат одличен тим. Се шпекулираат Leandro Damiao и Higuain. Одлично трансфер лето на повидок во цело Calcio, лигата ќе биде многу пожива, поубава за гледање и понеизвесна (особено во делот за местата во евро-куповите) во следната сезона.
Fiorentina веќе има одличен тим, Napoli е добар а допрва ќе купува и тоа проверени имиња, Lazio направи одлична средина а Inter веројатно по средувањето на купопродажбата ќе тргне силно на трансфер берзата.
Претераната самодоверба може да ни се удри од глава! Се надевам дека ќе се разбудиме од летаргијата и ќе одговориме соодветно.
Сите го знаеме Де Лаурентис и сите знаеме дека нема да потроши 100 и кусур милиони за засилувања меѓутоа ќе потроши значителна сума на пари и осетно ќе го засили тимот.
Ние сега за сега тапкаме во место, да не речам наназад одиме.
ОФИЦИЈАЛНО: Robinho го продолжи договорот со Milan до 2016 година.
Ако стварно го земат Наполи Игуаин ќе му пружам рака на Де Лаурентис.
Макар и за астрономската сума од 40м.
+Хигуаин,Мертенс,Калехон,Албиол,Рафаел и Реина/Цезар осетно ќе се засилат и многу паметно ќе ги потрошат парите од продажбата на својот најдобар играч.
ЧИТАШ ЌЕЛАВИ? Не го слушам лудаков Наполитански да збори за balance the books и други срања за пред новинари.
Лацио ги имаат моментално Кандрева,Биљиа,Хернандес,Едерсон и Фелипе Андерсон во средината.
За Фиорентина да не отварам уста пошто заедно со Наполи се обидуваат да му парираат на Јуве кој е уште посилен.
А ние и хаосот кој го има во Рома и Интер можеме само да се надеваме на трето место кое реално во моментов ќе биде многу тешко да го добиеме, посебно со ваква стратегија.
Имаме вишок од 10 влекачи во тимот.
Мањак сме на 2-3 позиции во тимот за кој требаат 4-5 играчи.
Траоре папакот зема 1.2 милиони!!!
За што?? Не можеле купувачи да најдат за Робињо, Боатенг, Дидак и остали!
Уште една сезона каде што 1/8 финале во ЛШ и 3то место ни се предизвик не ни треа.
Ни треба победнички менталитет, ни треба квалитет во тимот.
Неможе играч што не го бива многу со сила да стане супер стар НЕМОЖЕ!
Се мољакавме толку време за 50% од Поли за 1 мочан милион. И тоа не знаеме уште што играч е, реално нема ни голем ризик дури и флоп да биде.
Астори ни е прескап за 12 милиони а реално е на нивото на Бонера.
5 милиони ни се многу за Хонда па бараме помош од спонзори????!!!
Ова чисто онака да истурам фрустрација, разбијам монотонија и да го кажам она кое верувам го мислите сите на блогов.
Ќе кажам само две кратки работи:
1. Лошо е кога повеќе и почесто ти доаѓа да зборуваш за политиките на другите тимови, отколку за твојот.
2. Napoli нема ни да го осети замунувањето на Cavani. Браво за Napoli, тоа е одговорот на лудото трошење пари на арапските идиоти. Направи еден преценет, купи 6 (над)просечни играчи. Така бре De Laurentiis!
Viola би ја ставил веднаш рамо до рамо, ако не и пред Napoli. Сосема слична ситуација, Jovetic никако не вреди толку колку што City плати за него!
Првата точка на Иван е сумирање на нашата ситуацијаво моментов.
Пред некое време го напишав ова, ќе Ве замолам повторно:
ВНИМАВАЈТЕ кога кликате like на FB сајтот дали сте најавени од MilanFansMkd или од Вашиот личен профил (се гледа горе на страната и лесно се променува тоа). Навистина е детски и несериозно кога јас ставам слика или линк преку MilanFansMkd профилот а одоздола има like пак од MilanFansMkd (знам дека тоа не сум јас, тоа е некој друг но останатите фанови на сајтот не го знаат тоа и делува ептен несериозно и детски). Потоа јас кога го гледам тоа давам unlike. Прво променете во Вашиот личен профил па потоа давајте like. Ова е втор пат, следниот пат кога ќе се случи ова Ви упаѓам на блогот со шмајзер!
P.S Вечерва TIM трофеј, одлична шанса да видиме како му личи црвено-црната боја на Poli и да ги видиме на дело Cristante и Petagna :). Штета е тоа што Saponara има незгодна повреда и ќе биде отсутен вечерва како и на натпреварот против Valencia. Се враќа дури следната недела.
И збор-два за TIM
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=524379680948981&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1
- Della Valle рече дека Gomez не е последното големо засилување и дека Fiorentina нема да застане тука! За одбележување е дека во пријателскиот меч денес кој Viola го доби со 7-1, освен Gomez, два гола постигна и G. Rossi кој ќе биде комплетно нова аквизиција на тимот.
- De Laurentiis ладнокрвно рече дека аквизациите на Higuain и Reina нема да бидат последното од Napoli и дека „работиме на уште еден ТОП трансфер но ги средуваме деталите...“
Не дека некој чита ама утре доаѓам во Скопје, ќе ги гледам Турново на Филип II и ќе си одам во Петок. Чисто информативно.
Може кафе да прајме јас сум до 6 на работа, утакмицата од колку е ?
17:45 :) Можеби утредента, јас си одам во 16:00. Или исто до 18:00 си и во петок?
Исто. Ај ќе ги побараме и другиве ако не само ние ќе си прајме муабет
Исто. Ај ќе ги побараме и другиве ако не само ние ќе си прајме муабет
Му кажав на Жарко, јас сум на одмор до понеделник. Рековме дека ако пројде Турново денес, заедно гледаме следно коло :)
Ве пратам што пишувате, јас сум во Охрид, здравје следна прилика.
Ola John?
Абе ајде...
Пак праи некои дубари Галијани...
Не може чоек него у трага да му влезе, за Хонда и Љаич знаеме пошо тој така изјави.
На крај секогаш доаѓа некој никогаш што не е спомнат.
Ola John e крило и тој:
1. Никако не се вклопува во 4-3-1-2, ако веќе сакаме да играме така
2. Не сум го гледал ама од тос што го гледам од YouTube, игра слично како El Shaarawy односно игра лево крило и прави drift навнатре па одлично шутира со десна. Значи буквално исто како El Shaarawy т.е не може да игра спроти него односно како десен AMR во евентуална 4-3-3 или 4-2-3-1. Тоа десно AMR што ни правеше проблеми во текот на целата претходна сезона.
Мајко мила што дочекавме! Силвестре да ти бил замена за бонерот. Сите се засилуваат ние ослабнуваме! Се мољакаме за Хонда а може да биде недостапен за ЛШ ако уште малце почекаме. Јас стварно незнам зошто Алегри остана. Проектов на хартија ни е супер, се е испланирано уште играчи да купиме само!!
Ништо од Silvestre, ние сакаме слободен заем а Inter сака да ни продаде 50 % од него. Веројатно ќе го земеме Granqvist од нашето складиште (Genoa).
http://www.football-italia.net/36976/allegri-silvestre-great-player
Видете што му рекле да каже.
Ќе си пукам у колено. Дај боже да ме демантира дечкото и да се изнаигра сезонава ама чисто сумљам.
Нели сваќаат нашиве дека наместо 5 просечни играчи подобро е да се донесат 2ца одлични. Квалитет ни треба, квантитативно сме покриени.
Катастрофална игра, никаква, срамна. Не ми се гледа!
Само голот на Петања го видов и толку.
Вреди да ја гледам цела пошто сите голови паднаа во прво полувреме, или да гледам само extended highlits.
Vergara, Poli и Petagna ме интересираат.
Пишувам пост за Audi Cup-от. Ќе раскажам како ја видов денешната утакмица и ќе ја најавам утрешната.
Post a Comment