Translate

Sunday, 1 September 2013

Нов почеток или?


Во сенка ќе падне натпреварот кој е на програма за нешто помалку од 3 часа со потезите кои не само последните неколку дена туку целото лето ги правеше нашата управа. Многу прашалници висат врз главите на верните Миланисти и повеќето од нас го имаат оној WTF момент. Зошто беа потрошени 11 милиони за 29 годишен просечен тотално непотребен напаѓач чија најдобра особина е неговата прекрасна девојка никој не знае.

Како ќе се уклопи истиот заедно со Балотели, Пацини, Ел Шарави, Нианг, Робињо, Сапонара не знаеме. Не знаеме ни зошто упорно се форсира доведување на 31 годишен истрошен Бразилец кој последен пат видел првотимски фудбал пред 4 години. Иако сакав да си замине, имам измешани чуства околу Боатенг. Неконстантна форма во 3 години со моментални блесоци како оној против ПСВ. Прочитав интересна работа, а тоа е дека ќе може да игра во Лигата на Шампионите годинава иако играше и за нас. Најверојатно некое ново правило на УЕФА за кое сеуште не сум информиран.


Во добрите вести, конечно се ослободивме од Лука Антонини кој продолжува кај нашите добри пријатели во Џенова. Во спротивен правец доаѓа Валтер Бирса, а уште малку остана да видиме дали ќе успееме да се ослободиме од Траоре.

И конечно и нешто за мечот. Доаѓа во многу чуден момент за нас. По исцрпувачкиот двомеч со ПСВ и гостувањето за заборав во Верона,  ни доаѓа Каљари кој во последните 9 натпревари на Сан Сиро секогаш губел и не успеал да освои ни бод. Најновите аквизиции Бирса и Матри се во тимот и можно е да добијат шанса од клупата.


Во моментов незнам што друго да извдојам. Уште сум во конфузија и мини шок со последните потези на нашата управа. Само победа вечер може барем колку толку да го поправи впечатокот. Во текот на наредната недела може да очекувате и еден пост со оцена на нашите нови аквизиции, бројки, интересни факти и сумирање на ова лето.


FORZA MILAN!!! 

14 comments:

ReBorned said...

Околу Kaka кко што реков и претходно, обидот за донесување на Kaka на San Siro е исклучиво играње на емоционална карта. Со доаѓањето на Bale, конкретно на Bernabeu има други фудбалери кои ќе бидат вишок и кои ќе бидат на излезната врата а можат многу повеќе да придонесат за клубот, на сегашен и на иден рок.

Околу Matri, немам проблеми со Matri како фудбалер. Интересен податок, Matri има најдобар просек на гол/натпревар од сите напаѓачи на Juventus во последните 3 години. Тоа е типичен гол играч кој доколку добие доволна шанса може да понуди двоцифрен гол ефект по сезона. Проблемот е во неговото вреднување т.е цената која ја плаќаме за него. Таа цена боде во очи уште повеќе поради тоа што Juventus веќе има еден куп напаѓачи и токму тимот од Torino е оној кој треба да форсира продажба и да намалува трансфер сума.

Околу мечот, Allegri изјави дека сезоната за Milan почнува од овој натпревар. Веројатно ќе се промени и формацијата, ќе се игра 4-3-1-2 со Montolivo зад напаѓачите. Тоа е уште еден нов момент и уште еден проблем за тимот, вакви работи треба да се дефинириаат во претсезоната и кога сезоната ќе започне, тимот треба да има јасна визија за стилот на игра. Ние секоја сезона во текот на натпреварите лутаме од формација до формација и бираме наша идеална форма на игра а така губиме бодови. Тој проблем би го поделил меѓу тренерот и управата поради тоа што доколку управата (G) си ги заврши своите обврски на почетокот на Август на пример, тренерот ќе може тимот да го сумира и да го дефинира составот. Вака и тој не знае на што е, фудбалерот кој му донесе пласман во ЛШ пред само неколку дена, веќе не е дел од тимот. Од друга страна се преговара за друг фудбалер за кој тренерот сè уште не знае дали и кога ќе го има на располагање и во каква форма ќе пристигне во Milano.
Очекувам и пред се верувам (да не кажам убеден сум) во прва победа во Calcio. Друг избор и немаме!

Forza Milan!!!

ReBorned said...

Само уште една работа, се надевам дека нашите дефанзивци (пред се Zapata и Mexes) ќе имаат далеку посигурна вечер отколку онаа во Verona затоа што Cagliari има извонредно незгодна напаѓачка линија со Pinilla и посебно Sau.

ReBorned said...

Добар резултат но никако не сум задоволен од играта. Повторно лабилни во дефанзива, повторно неинвентивни во средината. Дозволивме Cagliari да нè притисне на San Siro и имавме неколку трагикомични дупки во дефанзивата. Binho беше добар. Montolivo беше лош на AMC и веројатно никогаш повторно не треба да заигра таму. El Shaarawy доби шанса во 88ма минута, тука нешто мириса...

И да, се договоривме со Real за Kaka, сега уште да се договориме со стариот познаник Bosco Leite.

Navigator said...

Синот се врати назад! Добар или лош потег?
Емоционално, најдобриот потег што можеше да го направи G.
Финансиски, сигурно добар. Барем од иноформации досега, не гледам фиксна сума што нашите ќе ја платат на Real. Се е опција.
Квалитативно, не сум убеден во издржаноста. Не верувам дека Ricky може да ја врати формата од пред 4 години. Ете, не мора баш таа форма, ама сепак, во прашање се 31 година и долг, долг период на неконстантност, недоверба на различни тренери, измешан со поситни повреди. Kaka сигурно не заборавил, ама веројатно изгубил дел од осетот. Освен тоа, може нема да се сложите, ама јас не го гледам во стартните 11 од почеток. Можеби, ако во текот на сезоната покаже и докаже.
Се на се, не можам да се одлучам за оцената на трансферот. Веројатно ќе зависи и од тоа што ќе се дообјави довечер.

Anonymous said...

Ништо од Астори. Скап ни е.
Еве нешто од Крис за доаѓањето на Кака.
Во доста работи се слагам со него.

http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/2013/09/02/4230533/stuck-in-the-past-kaka-return-exposes-ac-milans-backward?ICID=HP_FT_1

Kole.22 said...

Може во кратки црти околу нарачката на дресови? дури трае еуфоријава...

ReBorned said...

www.kitbag.com. Прво се регистрираш па одиш долу десно на subscribe за да добиеш 5 фунти намалување па одиш на дресови, го бираш Milan kit 2012/2013 и истиот го имаш за 18.33 фунти (21.5 еур) без дополнителни трошоци односно доставата е бесплатна. Попустот од 5 фунти го добиваш автоматски на финалната цена, не треба ништо посебно да правиш додека ја правиш нарачката. Мојот е shipped од 29ти Август и го чекам да пристигне.

Navigator said...

Кога ќе го добиеш, те молам пиши дали е тоа што очекуваше во смисла на квалитет. Јас сум заинтересиран за away kit од лани, ама овде гледам 27,5 EUR http://www.kitbag.com/stores/kitbag/products/product_details.aspx?pid=103736

Anonymous said...

http://www.football-italia.net/39122/milan-apologise-uefa-error

И ај сеа??

ReBorned said...

Аматеризам!!!

ReBorned said...

@Navigator, кога ќе се регистрираш и кога ќе одиш на купување, кога ќе треба да платиш ќе ти покаже 18.33 фунти односно 21.5 еур за плаќање. Таму ти ги пресметуваат оние 5 фунти попуст.

Kole.22 said...

Мене и без тоа subscribe, односно со самата регистрација на сајтот ми дава попуст од 5 фунти, ама не на сите производи.

Веројатно ке изберам away kit за 18.33 или можеби некоја од маичките на Алегри ако соберам уште некој денар.

ReBorned said...

Дресот веќе стигна, одличен е и ги има сите патенти и сертификати од AC Milan и од Clima Cool на Addidas.

Anonymous said...

Со здравје да си го користиш.
Мене искрено годинава ни еден дрес не ми се свиѓа, за разлика од минатите 2 кога белиот беше мн убав.
Иначе цело време го одложувам постот што го ветив ама ќе биде најдоцна до викендов. И онака има пауза поради репрезентативни обрски