Конечно постот кој го ветував и кој се пролонгираше малце повеќе одколку што требаше. Сумирање на трансакциите кои Милан ги направи ова лето. Во летото во кое се случија најгомите движења на најголемите играчи во светот и најголемите клубови ги сменија своите тренери ние не направивме значителни промени. Пишував за ова на почетокот на летото дека ќе се случат многу големи трансфери. Бејл, Озил, Кавани, Фалкао, Игуаин, Нејмар, Виља, Тевез, Иско, Ето... и многу многу други беа дел од едно од најјактивните лета од кога јас гледам фудбал. Се на се купивме 8 нови играчи + Кристијан Запата кој иако беше на позајмица минатата сезона од ова лето е играч на Милан и не чинеше околу 6 милиони евра. Од клубот си заминаа 10-ина играчи, на повеќето од нив им истече договорот, а некои заминa на позајмица.
Си заминаа:
Марио Јепес - Аталанта (крај на договор)
Масимо Амброзини - Фиорентина (крај на договор)
Метју Фламини - Арсенал (крај на договор)
Бакаје Траоре - Ерцеиспор Турција (позајмица)
Дидак Виља - Бетис (позајмица)
Андреа Петања - Сампдорија (позајмица)
Кингсли Боатенг - Катаниа (позајмица)
Родни Страсер - Џенова (препуштен на Џенова како дел од трансферот на Констант)
Бартос Саламон - Сампдорија (продаден 50% како дел од трансферот на Поли)
Лука Антонини - Џенова (замена за Бирса без паричен надоместок)
Таје Таиво - Бурсаспор (продаден за непозната сума)
Принс Боатенг - Шалке (продаден за 10 милиони евра)
Тотална сума на играчи кои си заминаа: околу 15 милиони евра.
*Не ги вклучив сумите и играчите од Примаверата, како и оние кои често се влечеа по позајмици поради тоа што се тотални неважни, и погоре ги вклучив само играчите кои имаа допирна точка со првиот тим.
Дојдоа:
Кристијан Запата - Виљареал (откупен за 6 милиони)
Кевин Констант - Џенова (50% од Ачерби, и 50% од Родни Страсер)
Рикардо Сапонара - Емполи(3.8 мил. евра)
Џерсон Вергара - Депортиво Кинто (2 мил. евра)
Андреа Поли - Сампдорија (1.5 + 50% од Бартос Саламон)
Матијас Силвестре - Интер (позајмица 1 мил. евра. со можност за купување на 4м)
Фердинандо Копола (слободен играч)
Валтер Бирса - Џенова (замена за Лука Антонини без паричен надоместок)
Рикардо Кака - Реал Мадрид (раскин на договор)
Алесандро Матри - Јувентус (11 мил.евра)
Тотална сума на играчи кои дојдоа: околу 20 милиони евра
* Кејсуке Хонда од ЦСКА Москва ќе дојде во Јануари како слободен играч.
Можеби и не беше толку бурно ова лето како што очекувавме, пред се затоа што се се сведе на последната недела од преодниот рок кога и бевме најактивни. Ова секако се должеше на пласманот во ЛШ кој моравме да го загарантираме па потоа да купуваме играчи. Добра работа од ова меркато е што се ослободовиме од играчи кои беа вишок во тимот: (Антонини, Фламини, Траоре,) од играчи кои се во залезот на кариерата (Амброзини, Јепес) како и на оние на кои местото не им е во тимот (Таиво, Дидак,Страсер). Позитивна работа е што го продадовме Принс Боатенг кој не беше константен и имаше големи падови во играта. Можеби лошо е тоа што не извадивме добра сума за него бидејќи ни се брзаше во продавањето.
Од друга страна пак Кингсли Боатенг, Бартос Саламон и Андреа Петања ќе добијат значајни минути во најквалитетната лига во Италија (нешто што немаше да го добијат во Милан). Лошо е тоа што не успеавме да се ослободиме од Робињо иако беше скоро 99% сигурно дека ќе си замине, и на крај тој го продолжи договорот но со помала плата. Од играчите кои дојдоа за поздрав е купувањето на Запата за ефтино, Констант скоро за џабе, младите Вергара, Сапонара и Поли кои ќе добијат шанса да докажат дека се иднината на овој проект. Матијас Силвестре како заврши во Милан најверојатно ни самиот незнае. Јас би рекол едно купување од очај, но за ефтино и доколку по некоја случајност дечкото се покаже и си ја поврати старата форма тогаш имаме еден добар бекап со мала инвестиција.
Фердинандо Копола е дојден само поради повредата на Габриел така да од него многу нема да видиме. Валтер Бирса е помалото од двете зла заедно со Лука Антонини и јас искрено не очекувам да блесне во Милан, а ниту пак да има некоја значителна минутажа. И за крај двајцата играчи кои го одбележаа ова меркато за нас.
Рикардо Кака кој конечно по 4 годишна пауза се врати во Милан. Добрата страна на овој трансфер е што дојде за без пари и нема да прекршуваме многу од лимитот со неговата плата (4 мил евра.) Од емотивен аспект неможев ни јас да останам рамнодушен на овој трансфер но од формациски аспект траснферот е еден голем прашалник. Дај боже да го видиме стариот Кака кој и самиот рече дека во Милан е навикнат да победува па да се затворат устите и на најголемите скептици како што сум јас. Неговата улога во Милан ќе биде сосема различна со онаа што ја имаше пред четири години пред се затоа што сега ќе биде еден од најискусните во тимот и сигурно во неколку наврати ќе ја носи капитенската лента кога Монти, Кичо и Бонерот нема да можат да го сторат истото.
И за самиот крај енигмата на летото. Алесандро Матри!
1000 зошто, 0 затоа. Наводната голема желба на Макс Алегри и причината поради која ултра талентираниот Андреа Петања беше потапкан по рамо и пратен да се "развива" во Сампдорија.
Можеби и самото доаѓање на еден искусен голгетер од Серија А кој има пораснато во Милан не е лошо само по себе но она што боде очи е сумата. 11 милиони евра за 29 годишен неконстантен напаѓач за кој не знаеме каде ќе има место во тимот. Не дека јас, некој од блогов или ти читачу сме ги дале од џеб тие 11 милиони но фактот дека Адем Љаиќ, Хонда или некој солиден дефанзивец можеше да пристигне е она што ми става сол на раната.
Фактот што првиот голман на Холандската репрезентација како низ магла си замина во Фулам за само 5 ипол милиони евра е она што ме боли. Не е некој преголем ризик да купиш солиден голман за малце пари, па и ако се исплати ризокот ќе си ја обезбедиш стартната точка во тимот наместо да се плашиш дали на Кичо ќе му биде денот, или зошто Амелија сеуште е во Милан и до каде е со талентот, талентираниот Габриел? За нашите конкуренти и нивното меркато зборувавме и премногу можеби, затоа сега ќе оставам простор на вас, да читате, сумирате, да се согласувате со мене, да ме контрате и да коментарите.
Јас на ова меркато му давам оцена од некој 6.5 можеби 7 а вие?
Честит роденден Македонијо и FORZA MILAN !!!
5 comments:
Доколку Pazzo не заработеше тешка повреда, немаше да го доведеме Matri. Pazzo веројатно ќе биде во аут најмалку до Ноември а веројатно до нова година. Тоа со себе носи обврска за носење на класичен ST и Matri е сосема во ред за таа позиција. Интересно, Matri има најдобар просек гол по минути во Juve, во 3те сезони. Matri е ок, сумата не е! Тој беше во најдобра варијанта, само 4та опција во нападот на Conte па веројатно можевме да одиграме далеку подобро за цената инаку Matri е сосема ок гол играч и верувам дека ќе го покаже тоа.
G сезонава беше 2 насамарен. Освен за Matri, G изигра лошо и во трансферот на Boateng. Иако Prince беше неконстантен, верувам дека можевме да извлечеме уште некој милион за него особено што и Dortmund и Klopp јавно беа заинтересирани. Како и да е, среќен сум што си замина. Му благодарам за неколку фантастични партии (Lecce, Barcelona и сл.) и особено за двата гола во реваншот против PSV но тој нема иднина а ниту сегашност во овој тим на Milan.
Poli веројатно беше најдобрата аквизиција летово во однос пари и квалитет кој се добива за потрошеното. Момчето е вистински универзалец, веројатно фудбалерот со најдобар баланс напад/одбрана во тимот и може да покрие неколку различни позиции. Уште поважно, игра со срце и на секој гол се радува како мало дете што уште повеќе ја покажуве неговата глад за фудбал во Milan. Уфрлувањето во противничката опасна зона и добрата пас игра му се особен квалитет а финишот му е далеку поклинички од сите други фудбалери од средината на теренот. Се надевам дека многу брзо и целосно ќе го отстрани Muntari од првите 11 и ќе си го зацементира своето место таму затоа што со него добиваме одличен box to box со прекрасно чувство за длабока пас игра и One - two на работ од 16никот.
Ricky Saponara дојде како голем талент но со себе донесе и повреда која долго време ја влечеше лани а ја игнорираше поради важните натпревари од финишот на сезоната (најпрвин плеј оф дуели за Empoli а веднаш потоа и натпреварите за младата репрезентација на Италија). Од она што го видов лани од него (а гледав 7-8 натпревари) можам да кажам дека споредбата со младиот Kaka држи место пред се поради стилот на игра и одличната акселерација. Неговото забрзување со топката во нозе многу потсетува на неговиот имењак од најдобрите денови. Верувам дека Ricky Saponara може да има експлозија во квалитет налик на она што го дочека El Shaarawy. Веројатно не годинава но очекувам тоа да се случи во следните 2 години. Со отстранувањето на Boateng сега тој е единствената природна замена на Kaka во 4-3-1-2 и тоа значи дека би требало да добива шанса. Со евентуалното доаѓање на Honda во Јануари би можело да губи малку од минутите на AMC но момчето во репрезентацијата на Италија покажа дека може да игра и на други позиции па би можело да се прилагодува на AMR (која што ја играше и порано) во евентуална 4-3-3 или 4-2-3-1.
И сето претходно напишано нè води до него, Ricky Kaka. За мене 70 % емотивен потег (кој веќе даде резултати, со бум во билетите за ЛШ само 1 ден по неговото доаѓање) и само 30 % фудбалски причини. Овие 30 % би можеле да бидат многу поголеми но тоа зависи од него. Како сите да заборавивме дека Ricky има хронична повреда која ја влече цела кариера. А хронични повреди и Milan Lab одат во иста реченица само од негативен аспект. Кој гарантира дека тој сега ќе се ослободи од таа хронична повреда и дека ќе биде барем 60 % од оној стар Ricky Kaka кој владееше со Калчо и Европа? Сепак, Ricky со себе носи визија која ја нема никој во овој тим (со исклучок на Balotelli и Montolivo). Нормално е тоа што Ricky ја загуби брзината но од неговата визија и подобрата пас игра би требало да профитираат Balotelli, Matri и Ел Shaarawy. Allegri дискутираше за неговата позиција и рече дека Ricky го гледа како четврт фудбалер од средината на теренот односно како AMC кој пред се ќе креира за соиграчите. Оној Kaka пред неколку години беше атипичен AMC кој беше подоцна трансформиран во Second Striker од страна на Ancelotti. Нормално е денес да не може да ја игра таа игра која тогаш целосно се потпираше на неговата брзина. Со Ricky на AMC би требало да добиеме повеќе универзалност и повеќе динамика во офанзивната линија. Со Ricky на AMC би требало да ја разбиеме монотонијата со високи топки кон Balotelli па после да чекаме тој да измисли нешто. Се надевам дека пред се Ricky ќе остане здрав а потоа и дека ќе се врати во некоја пристојна форма за Калчо услови. Затоа што желбата не му недостига. И затоа што веројатно тој ни е единствениот адут кон позитивен резултат на крајот од сезоната. А позитивен резултат низ призмата на раководството е 3то место, за жал.
Единствено нешто што ме теши и ми дава надеж е дека ова е дел од тригодишниот план. Или 3+1 годишен план сеедно. Очигледно дека сезонава нема да се атакува на трофеј, но одвреме навреме напад на Купот на Италија не е на одмет, воопшто не е на одмет за едни млади играчи да кренат трофеј.
Повторно очајна состојба со повредените фудбалери уште на самиот старт од сезоната. Milan ќе биде подолго време без Abate (се повреди за Италија) и без De Sciglio (иако се врати на тренинг, ќе оди на операција на коленото и ќе биде во аут барем 1 месец). И двајцата ќе го пропуштат првиот натпревар од ЛШ. Bonera и Silvestre се повредени па единствена опција на десен бек во моментов е Zaccardo. Веројатно Pedone ќе биде прекомандуван во сениорскиот состав, сметаат дека може да одигра добро како full back (игра одлично во младите но таму игра како фудбалер од средниот ред). Лево ги имаме Urby и Constant.
http://www.rossoneriblog.com/2013/09/09/de-sciglio-set-for-surgery-boneras-rehabilitation-continues/
Мислам дека добро се поклопува враќањето на Кака со моето враќање на блогов :) ќе пишувам...освен ако некој нема веќе нешто спремно и е пред објавување?
Post a Comment