Translate

Wednesday, 25 September 2013

BOLOGNA vs MILAN - PREVIEW!


После разочарувачкиот меч во неделата и сите овие фрустрирации последниве неколку дена, денес следува нов предизвик за момците. Гостувањето во Bologna не е во рангот на оние условно најлесните, особено не во вакви ситуации. Преполовен, разоружан, прочитан Milan е огромен мотив за екипите како Bologna. Тешко е кога екипата е во ваква позиција, а трите боде се понеопходни од било кога. Додуша, да бидеме реални, ова е стандарден старт за Milan под водство на Allegri последниве 4 сезони. Податокот што го прочитав денес вели дека овој почеток е всушност многу близок до најуспешните од првата и втората сезона на Max во Милано. Нашиот трнер никогаш немал повеќе од една победа во првите четири натпревари во сезоната откако го води Milan. Да бидеме докрај коректни, после вакви стартови на сезоната, клубот и освојувал титула, ама и одвај фаќал последен воз за ЛШ. Што ќе рече дека, разликата е во тоа како останатите екипи ќе ја почнат и како ќе одиграат во остатокот на сезоната. Годинава, конкурентите и не се баш солидарни кон нашата немоќ. 

На кадровски проблеми им нема крај, веќе позната приказна. Balotelli ќе си одлежи три меча, клубот нема да реагира, дури и во ситуација кога може да добие намалување на казната и ослободување на Mario за гостувањето кај Juve во 7мото коло. Тоа ми кажува дека Balo навистина сериозно престапил, претерал, па нашиве се решени да го превоспитаат. Не коментирам одредни шпекулации во врска со тоа што стварно упатил кон судијата. Allegri беше строг деновиве кон него, а ниту играчите, ниту управата не излезе со поддршка за него. Напротив, многу веројатно дека ќе следи и одредена казна, во форма на редукција на плата. Нема друго, или ќе пробаат и (делумно) успеат да го доведат во ред, или наскоро ќе замине од Milan и никогаш нема да стане човек. За среќа, нема други новоповредени или казнети, па во Bologna од вчера е група од 20 играчи:

Abbiati, Amelia, Coppola. 
Abate, Constant, Mexes, Iotti, Zaccardo, Zapata. 
Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Muntari, Nocerino, Piccinocchi, Poli. 
Matri, Niang, Robinho.

Allegri ги откри своите намери и дилеми во пресрет на мечот вечерва. Не зборуваше конкретно за одбраната и нејзниот состав, но очигледно е дека Abbiati, Abate, Mexes и Zapata се сигурни стартери. За очекување е Constant да се врати во првиот тим по неубедливите изданија на Urby. Во средината, конечно добра вест во најава: Max размислува да го одмори Muntari, со тоа што Nocerino ќе стартува на MLCNDJ и Poli на DMC и MRC. Најголемата дилема е како да ги распореди тројцата напаѓачи – дали со Birsa на AMC во 4-3-1-2 или со Niang на RW во 4-3-3. Robinho и Matri се сигурни напред. Зборувавме за Matri, еве шанса за него, да докаже дека е вреден барем половина од тие 12 милиони и дека оваа бледа форма беше резултат на сенката на Balotelli во нападот. Сега ќе има простор и слобода, поддршка од Robinho само засебе, особено ако Allegri се одлучи за 4-3-1-2 каде сите останати играчи би играле за Matri.

Од клубот најавуваат уште неколку добри вести околу заздравувањето на дел од повредените. Така, за El Shaarawy и Montolivo се знае дека ќе бидат фит против Ajax за една недела од сега, Balo исто така ќе игра во Амстердам. Saponara денес ќе биде прегледан од лекарскиот тим и ќе се знае дали ќе може да биде во комбинација за викендов, после ситната повреда на коленото што ја имаше и за негова жал, не ја искористи можноста што му се отвори со повредата на Kaka. За бразилецот прогнози ќе се даваат следната недела, за Pazzo на почетокот на Октомври.


Гостувањето кај Bologna минатата година беше во второто коло, веднаш по домашниот шок од Sampdoria. Годинава доаѓа во петтото коло, но по подеднакво лош(и) резултат(и). Тогаш во составот го имавме Pazzini, кој на дебито постигна хет-трик и донесе победа по пресврт. Сега очите на многумина ќе бидат насочени кон Matri. Ќе се очекува да блесне и да почне вистински да се бори за место во тимот. Се ближи враќањето во погон на комплетната конкуренција во нападот и ќе биде ѓаволски тешко за него, со ваква форма да конкурира за минутажа. Очекуваме многу и од Binho, да помогне да се разбие противничката одбрана од самиот почеток. Очекуваме продолжување на блескавите индивидуални перформанси на de Jong и Poli, ама најмногу од се, очекуваме од одбраната конечно да одигра стабилен натпревар без примен гол и без проблеми во маркирањете при прекини. Ако половина од ова се исполни, за очекување е Milan да го напушти dell’Ara со три бода. Ние веруваме во тоа!

FORZA MILAN!!!

4 comments:

ReBorned said...

G застапува една теза која вели дека не е добро да се отпушта тренер на сред сезона. Не знам дали уште ќе се држи до таа теза при евентуален неуспех и вечерва. Веројатно и на тимот потајно му одговара тренер без сопствен идентитет и без сопствен глас во однос на засилувањата. Тешко дека ќе најдат друг таков послушник. Верувам дека дури и еден Super Pippo не би бил толку тивок YES man како што тоа е сега Allegri.
Нема многу филозофирања, победата е потребна сега, победата беше потребна и досега. Bologna не е воппшто наивна напред но доколку го премостиме психолошкиот момент на ништожност, недоверба во своите квалитети и mindset на однапред изгубени натпревари, ќе бидеме добро. Проблемот кај нас не е во периодот кога играме добро (па нека бидат тоа и 20те минута од секој меч). Кај нас е проблемот кога ќе дојдат лошите минути во мечот. Едноставно кога е лошо, ние делуваме уште полошо, паничиме, правиме аматерски грешки и едноставно и самите не веруваме дека можеме да позитивен резултат. Кога таа психоза ќе ја поминеме и ќе научиме да се извлекуваме без резултатски и играчки крах во лошите моменти во мечот, тогаш ќе бидеме добро. Е сега симптоматично е тоа што не можеме да се снајдеме во вакви моменти кога тренерот и најголем дел од играчите се истите од претходните неколку години. Грешката е на тренерот на прво место.
Како и да е, настрана повредите и лошата форма, времето и противниците нè газат, мораме да почнеме да собираме бодови. Веќе имаме ужасни резултати и игри зад себе а имавме прилично смешен распоред досега. Единствениот тежок натпревар ни беше тој против Napoli. Тешкото допрва ќе дојде!

Forza Milan!!!

ReBorned said...

Ужас!

Navigator said...

Вчера во 70та минута го исклучив стримот! Не се сеќавам дека тоа сум го направил порано. Моите дома постојано ме прашуваа дали сум во ред, да не ми е лошо. Не ги ни видов головите после тоа, не читав коментари, само знам дека заврши 3-3. Она синоќа беше премногу, дури и за мене. Само една работа ми се врти: подобро да загубевме, ќе имаше поголем притисок за смена на Allegri. Вака, пак изгледа "спасен", а нас еден бод не ни брка работа. Ептен сум разочаран!

Anonymous said...

Огромно извинување што ме нема момци, дури ни со коментари.
Не го ни отварав блогот нит па седев на интернет со цел да не ги видам резултатите за да "уживам" во натпреварите.
Ако ви се верува вчера вечер додека играа Болоња-Милан јас ја гледав утакмицата со Наполи!!
Во неделата неможев да најдам добар стрим и се откажав. А дури сега го изгледав натпреварот со Болоња.
Со ставовите горе-долу на исто сме.
Де Јонг и Поли отскокнуваат пред сите. Абате и Мексес имаат доста сигурни натпревари и ќе се исклучат на минута, две, ќе кикснат во една или две ситуации и толку.
Нианг има доста желба и жар во него. Ги засклужува минутите во моментот наместо оние што го добива Бирса.
Никој не го спомна Запата. Ужас е од почетокот на сезонава! Ни оној среќниот гол против Селтик не го поправа впечатокот.
Редовно секој натпревар прави погрешен пас на 30 метри од својот гол! Ало, дечко на пес не се прават такви грешки а ти ги правиш 3-4 натпревара по ред. Многу лесно поминуваат противниците покрај нашите дефанцивци. Кога гледам некој просечни играчи како прелетуваат низ нашата одбрана човек да си мисли дека Меси и Роналдо во слалом влегуваат.
А да, и се надевам дека Берлускони, Галијани и Алегри убаво ги анализираа последните натпревари и се одлучија дека во Јануари ќе треба да ги бркаме Кваљарела и некој друг просечен играч од типот на Бирса.
FORZA MILAN