Ви олесна, а? :)
Каков финиш на сезоната, убиствен за оние со послабо срце. Минути не делеа до
вистинска пропаст, до растурање не една убава приказна, на еден концепт за
поинаков Milan. Неколку
минути и само еден гол можеше да сруши се, една прекрасна полусезона и толку
напор вложен за тоа магично трето место. Но не испадна така. Тоа не го дозволи
едно момче што има способност да гледа 2-3 секунди во иднината секогаш кога
шутира пенал и едно друго момче, стопер, што обично шутира со ножички, ама
одвреме навреме знае да одигра во противничкиот шеснаесетник како да е роден
напаѓач. Екстаза! Ах да успеам да најдам видео со реакциите на виолетовите
плачковци кога дознаа дека мечот во Сиена сепак беше наместен.
Мора да признаеме
дека цела оваа радост изгледа лудо. Колку многу се радуваме на местото што води
“само” во квалификаците на ЛШ, но од друга страна ова е
вистинско чудо за една екипа што после два месеца калчо беше на третото место
гледајќи оддолу нагоре. Какво достигнување, каков перформанс, заслужена
награда. Ова беше една убава лекција за овој млад тим. Верувам дека сезонава
научија оти не се живее на стара слава, дека победата не паѓа од небо, дека и
отпишаните знаат да изненадат и дека никој не смее да биде потценет. Сега момците
нека слават, управата нека размислува како и со кого да го продолжи овој
прекрасен проект, а тренерот само нека чека што ќе решат со него. И онака
никогаш за ништо важно не одлучувал. Него, дури и со оние одлука кои се само
негови, не му оди најдобро.
Како и да е, до
Август и борбата за дефинитивен влез во големото друштво има доволно време за
некои промени и добра припрема. Дотогаш, да се фрлиме на богатото меркато кое
се најавува и секако на Купот на Конфедерации!
Бонус: За тие што можат да гледаат, еве ја реакцијата на Tiziano. Јас не се осудувам да гледам, страв ми е дека не издржал :)
COPPA CAMPIONI - IL NOSTRO DESTINO!!!
53 comments:
Сега ги гледав пак последните 10 минути оти преѓеска ми дојдоа ненајавени гости.
Радоста се однесува само на тоа што ќе одиме во ЛШ следната сезона (проектот ќе може да продолжи) и затоа што фатив одлична сума во обложувалниците. И ЗАСТАНУВА ТУКА!
- Менталниот пристап пред најважниот натпревар во сезоната против екипа која нема резултатски императив е работа на тренерот!
- Тренерот реши во натпревар во кој мора да одиме на победа, да започне без првите 2 стрелци во екипата (El Shaarawy и Pazzini) и без фудбалерот кој беше веројатно најдобриот фудбалер во тимот, последниот месец и имаше 4 гола на последните 5 натпревари (Flamini). Наместо нив, стартуваше со фудбалери кои реално не се првотимци и дури ја преседоа речиси цела сезона на клупа (Robinho).
Победивме стихијно и поради сплет на околности, тренерот беше очаен! Уште еднаш не успеа да прикаже перформанс кога тоа се очекува најмногу од него (Тотенхем, Барселона, Фиорентина, сите дерби натпревари против екипите од горниот дел на табелата). Тренерот во континуитет гори во битни натпревари! И дефинитивно не верувам дека со него можеме да одиме едно скалило погоре. Работата е во тоа што не знам дали има некои стабилни решенија во моментов. Екскурзии како Сидорф не сакам бидејки еднаш се изгоревме со вакви експерименти (Леонардо). Доколку постојат некои гаранции од Прандели дека ќе дојде после 2014та, можеби треба да го оставиме сегашниот тренер уште една сезона. Како и да е, ова беше мечот кој ја прели чашата со мојата доверба кон него! Можеби е еден од подобрите избори за ситуацијата во која се наоѓа клубот сега но никако за подобри резултати, резултати кон кои (треба да) се стреми клуб како Milan!
И Mexes со јавна поддршка за Allegri. Не знам што им става Max во водата на тренинг ама очигледно му успева..
Среќа тогаш што му пишав на Иван тогаш порака наместо на тебе, ќе ме утепаше :)
А реакцијава на Тицијано не е ништо во споредба со мојата. Такво трескање од земја во стилот на Пипо само 2 или 3 пати во животов имам приредено.
На клипчето интересен ми е исечокот накаја 2:55 со агра :)
Заврши сезоната, заврши многу успешната полусезона каде што бевме поразени само 1 и тоа од Јувентус во Серија А, не сметајќи ги уште оние 2 пораза од Барса и Јуве во куповите. 3 пораза за 5 месеци не е лош исход за тим што на почетокот на сезоната се наоѓаше во опасната зона.
Сега следи продолжувањето на договорите на играчите и одлуката околу тренерската позиција.
Па цело лето е пред нас за нови засилувања.
FORZA MILAN !!!
http://www.football-italia.net/34420/milan-deny-berlusconi-statement
http://www.football-italia.net/34422/biscardi-berlusconi-message-real
http://www.football-italia.net/34410/ambrosini-west-ham-talks
http://www.football-italia.net/34438/pasqual-fiorentina-paid-penalty
Не престанаа да плачат од Претседателот, до дела вале па и капитенот сега.
Многу брзо заборавија како беа поштедени од пораз на домашен терен
Сум напишал коментар а не ми се постирал, дури сега гледам.
Накратко, веројатно ќе дојде Seedorf и јас лично очекувам тоа да биде преодна варијанта до Prandelli. Дај боже Clarence да донесе трофеи па да остане и понатаму.
Јас лично не сум баш отворен кон оваа варијанта со неискусни момци, Seedorf сè уште игра фудбал for god sake!
P.S @UltrasMilano Зошто не дојде ти денес наваму? Едвај се снајдов со карти, продажбата почна во 12:00 а во 12:40 веќе беа продадени 1.500 карти.
Можна комбинација со Seedorf на тренер и Il Capitano како помошник (лично не верувам во оваа варијанта поради тоа што тој секогаш потенцираше дека нема желба за влез во тренерските води) или Seedorf како тренер и Il Capitano како технички директор (далеку пореална варијанта поради испразнетото место по заминувањето на Leonardo а и Il Capitano порано се согласуваше со ваква функција). Il Capitano назад во клубот?!? Il Capitano?!! Потпишувам со 2 раце, во било која варијанта!! Il Capitano!!!
Лично не верувам дека ќе дојде Сидорф и мислам дека тоа е медиумски напумпано до степен што веќе почнуваме и самите ние да веруваме во тоа.
А како ќе бидеме подобри со активен играч и 0 минути тренерско искуство стварно незнам.
Било која функција за Капитенот е добредојдена.
И сега го прочитав ова за Бонера и некоја мачнина во стомакот ми дојде....ај за џабе само чќе мудрувам и пцујам.
И ако не се одлучат да го продолжат договорот со Амбро Вест Хем е најзагреан за него.
Ри. ДМ на твитер.
http://www.curvasudmilano.it/
“We have to have our say on the latest situation that could be detrimental to the future of our beloved and glorious Milan and which, because we love these colours, we can not accept,” it read.
“Let's start from last year. In July we find ourselves supporting the club’s new project of focusing on youngsters to balance the books, seeing us say goodbye to some of the biggest champions of the last few years and the two best players from recent seasons,” referring to Thiago Silva and Zlatan Ibrahimovic.
“We found all of the Rossoneri support against us, but we decided to embrace the forward-thinking line realising that there is a serious project behind it, made up of strong youngsters and a club with solid accounts.
“The championship starts with great difficulty and Allegri’s Milan seems to be in a hole. We, aware that contesting would be detrimental to the environment, take a stand and decide to support Milan in the most difficult moment.
“The choice works – a sort of tacit agreement between the Curva, Coach and the team to row in the same direction is made and, despite a team that in comparison to the Ferrari of the big European clubs is comparable to a 500, we begin to reap the benefits with the explosion of Stephan El Shaarawy and careful management of the players from Coach Allegri, who we recognize as having been the driving force of this project, and that with only one valued addition, Mario Balotelli in January, gave us the satisfaction of going from penultimate to third place.
“Today we find ourselves with a project which has just started (one year in certain sectors is only a small step) which will soon be dismantled because of the choice of the President.
“We understand, but do not share the idea, that who invests may decide to change Coach for personal reasons, but if we are talking about a project then you have to at least start with an affirmed Coach and not with people like Seedorf or others who have no experience and will take over a young side which is a month away from its first official engagement such as the difficult Champions League preliminary round.
“We, at the very least, ask that Milan and its fans are respected, with decisions which are not made in the moment but with the continuation (if not with Allegri who we strongly support, then at least with a real Coach) of a project which a year ago we supported against everything and everyone.”
Читнав ДМ :)
Муабетот е на место, екстремна ситуација е да се дозволи на неискусен тренер првите натпревари во кариерата да ги има во елиминациски дуел за пласман во ЛШ...
Значи писмото е точно во секое негово зборче. Одлично кажано од момците. Кој би рекол дека ќе прочитаме нешто толку реалистично и смирено искажано од најверните, најжестоките навивачи. Браво!
Ама на крајот на краиштата пак ќе си помислиш на 4-0 Арсенал па со судни маки 3-0 реванш. Ќе си помислиш на Тотенхем. Ќе си помислиш на Фиорентина 0-2 со играч повеќе до 2-2. Ќе си помислиш на Сиена. Ќе си помислиш на реваншот со Барселона. Ќе си помислиш речиси на секој дерби дуел во калчото (имаме поразителен скор со екипите во горниот дел на табелата)...
И Last but not least, ќе си помислиш на сите тие промашени измени (како во тајминг така и во имињата) и ќе си помислиш на сите тие промашени позиции на одредени фудбалери (Boateng на AMC и AMR, едно време дури и Muntari па и Nocerino на AMC или воопшто, на офанзивна страна од средниот ред, одбивање да се игра заедно со Pazzini и Balotelli, финиш на сезоната со фудбалери кои најголем дел од сезоната ја преседоа на клупа на сметка на првите 2 стрелци кои останаа на клупа, на тој меч...
Еве го податокот, Allegri има освоено САМО 8 од 24 поени против останатите ПЕТ најдобри клуба. Тоа е само една третина од поените против најдобрите 5 (а знаеме дека освен Juventus нема други најдобри или подобри).
Во вториот дел од сезоната е можно да ни се случи Balotelli. Се сеќавате и кога играше Zlatan во клубот, стилот на игра беше - сите топки кон Zlatan. Размислувам гласно, дали во вториот дел од сезоната ни се случи Allegri или ни се случи Balotelli.
Се обидувам да создадам brainstorming, извинете за спамот
Allegri was outscored 11-7 in those KO matches, and only could manage 1 away goal in 3 years .. is that Milan class?
Продолжувам...
Allegri во последните 3 години против 6 најдобри тимови во лигата има скор од:
7W-13D-10L
А кога ќе почнете да гледате какви сè екипи спаѓаат во тие ТОП 6 во Калчо, овие резултати се уште повеќе поразителни.
Мпжеме да најдеме 100 за и 100 против но најважно во моментот е со кој тренер ќе бидеме подобри доколку Макс си оди, и дали можеме воопшто да најдеме во моментов таков.
Статистиката многу не ми значи зошто колку што е негативна толку можеме да ја гледаме и од позитивна смисла.
Останува управата да решава
pazzini out for 6 months!!!
Ова со Пацини удри ко гром од ведро небо !!
Дефинитивно неаме среќа, сеа ќе бараат нов напаѓач и пак нема да појачаат она што треба да се појача.
Тоа е тоа. Нема среќа Пацо. Мислам дека нема потреба да се купува, доаќа Рики Сапонара уште малце а ова е можност Нианг да игра малку поцентрално.
Ако размислуваат исто ко и ти тогаш супер ама ако им текне пак да бркаат напаѓач и цело време да го потрошат таму...тогаш тапа.
Агентот на Иличич денеска го нудеше клиентот негов на Милан па не знам искрено пошо го неам глеано многу него.
Вие коментар некој околу тоа?
Иличич или Черчи?
Најконкретно од тие два муабети се само тие муабети.
Милан не преговара ни со Иличич ни со Черчи, а доволно беше Галијани да боцне дека сакал десно крило и одма откритието на сезонатра Черчи го префрлија во Милан :)
Искрено незнам, и берзата на напаѓачи и офанзивни играчи од средниот ред ќе ја пратам рекреативно пред се бидејќи ни предстои едно од најжешките трансфер лета во последната декада.
Ако се остварат повеќето од најавите топ 5 клуба менуваат тренери и топ 3-4 напаѓачи во светот менуваат средина.
Треба да се внимава и на Монако, како што читам на добар пат се да станат ПСЖ vol.2 и ако остане Раниери или пак отиде таму Манчини (и Наполи му е опција) тогаш очекувајте шопинг во Серија А и Палермо кој штотуку испадна може да биде главен пазар.
Мене лично ме интересираат барем 2 квалитетни дефанзивци и 2 квалитетни играчи од средниот ред, за се друго во свое време....
Еве добра вест.
Milan и официјално го откупи Zapata од Villareal и тој потпиша договор со клубот до 2016та година.
детали околу договорот? 5 милиони или?
Иначе почна Монако 2014, Мутињо и Џ.Родригез за 70 милиони отидоа.
Нема официјална цифра но се шпекулира дека сме го исценкале за нешто помалку. Како и да е, одличен потег за веќе проверено име, фудбалер кој веќе играше цела сезона и нема да му треба период на аклиматизација. Плус има 26 години.
Zapata е одличен потег, нема тука многу филозофија!
Цела Европа ќе пазарува летово се очекува најраздвижено лето до сега ама битно Бони не мрда од кај нас, направивме исклучок и покрај тоа што е 30+ му го продолживме договорот.
#јебиганекојморашедакаже
The Boner!
Иако е рано да се каже, моја претпоставка е дека ние највеќе ќе профитираме од трансферот на Нејмар во Барса. Сантош нема да може да се вади дека нема средства да го врати, и сумата за да си замине би била во висина од 8-10 милиони евра.
Ако се сеќавате во Јануари Милан бараше 15 и претседателот на Сантош цело време даваше изјави дека немаат толку пари за пред крајот на преодниот рок да се засилат со некојси Аргентинец Монтиљо зса дури 7 милиони евра. Очигледно е дека не се спремни да платат толкава сума за играч што наближува кон 30ката и од кој реално неможат да направат некој профит во иднина. Јас лично би бил задоволен со 9-10 милиони со оглед на формата во која се наоѓа Бињо и фактот дека пред 3 години го купивме за 18 милиони.
Би го дал Boateng во Monaco за 20 милиони без да размислувам ни секунда! И Binho со истиот авион, кај сака нека замине, само нека остават 12-13 милиони. Ајт таму!
За Binho нормално дека сите се согласуваме а ова за Boateng баш денес го дискутирав со еден пријател. Истата сума, наводни тие првично нудат 15 но ова е Monaco, ова е златен рудник и можат да си дозволат да дадат 20. А за 20, воопшто не размислувам, веднаш продавам.
Оваа сага со тренерот многу влијае и на трансфер пазарот. Тимот не може ниту да продава ниту да купува додека не се реши таа дилема бидејки евентуалните продажби и аквизиции би требало да бидат во корелација со желбите на тренерот. Затоа сакам што е можно побрзо да се расчистат овие глупости. Berlu веројатно е максимално иритиран од Allegri и постојано ги одложува состаноците а со тоа и му го стега јажето околу врат затоа што Roma станува нестрплива и почнува да му диригира ултиматуми на Max. Можеби Berlu очекува Max самиот да си даде отказ и да замине во Roma а со тоа клубот да не му плаќа пенали за предвремен раскин на договорот. Како и да е, најдобро за сите засегнати страни ќе биде што побрзо да се решат сите дилеми. Кога веќе работата дојде до оваа точка, мислам дека најдобро за сите ќе биде ако Allegri си замине. Не може после вакви моменти да остане во клубот а се да биде идилично. Денес гледам шпекулации и за Rijkard...
Berlu го одложи состанокот со Allegri за следната недела, овој викенд заминува во Tbilisi за прошталниот меч на Kaladze а „случајно“ во Tbilisi во тој момент ќе се наоѓа и Seedorf, исто за прошталниот меч на Kakha.
И не само што нема да плаќа пенали за договорот со Max, туку и нема воопшто да биде крив, нели. Тренерот си даде самиот оставка, што да правам, морам да го донесам Seedorf и да ја решам ситуацијава :)
Марсело Биелса?
Од каде го извлече ова? :)
Инаку има некоја дискусија со еден дечко што испратил барање до Милано за формирање на официјален фан клуб во земјава, му стигнале документи и треба да се соберат 30 луѓе кои би дале по некои 5 евра за регистрација. Уште е во почетна фаза, јас скршив некој муабет (Фичо ме поврза) и ќе се договориме подетално кога текстот ќе биде преведен од италијански. Дечкото е од Гостивар а студира во Белград.
Ова вака како сижè :)
Како одат Вашите размислувања?
Од визба :)
Онака ми текна како идеја ама премногу опортунистички би било тоа (не дека назначувањето на актуелен играч без тренерско искуство не е .)
Позитивно дефнитивно мислење имам за дечкото иако не го знам. Штом успеал да стигне до Милано ондак озбилно е за разлика од некои полу обиди што ги имавме ние и обиди од страна фејсбук фан пејџови.
Count me in а и верувам повеќето што читаме тука.
Според тутоспорт сме го таксале Жоргињо ама ќе остане уште една година на позајмица во Верона.
Читав и јас за тоа ама ТутоСпорт може да ни прави финта за да се олабавиме па Јуве да ни го грабне, тој весник е торинска мафија :))
Се очекува и средба во блиско време со челните луѓе на Самп а тема на разговор би бил Поли.
Иначе за ова говорев.
Професор Марсело држи предавање
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Ds9TT30U3y0#
Хммм...
Silvio Berlusconi "I'm sorry for Adriano, but I have to agree with Barbara. It can not be that he chooses who coaches Milan"
Barbara Berlusconi wanting to replace Adriano Galliani as Milan CEO (Silvio agrees), and to create a role for Paolo Maldini. End of Galliani
http://www.youtube.com/watch?v=qjgFQ0JPFu
Еве хајлајтс од прошталниот натпревар на Какабер.
Верувам ова е моментот кој ќе ни остане во меморијата кога ќе го споменеме неговото име:
http://www.youtube.com/watch?v=J176Ufd7kVw
Убаво беше да се видат повторни Паоло,Сержињо,Шева,Пипо во ист тим...Убаво е да се види дека иако поминаа 4 години од кога последен пат играше фудбал, за Малдини изгледа како да поминале 4 часа. Ист. Непроменет.
И нешто што е жално да се спомене... Пензионираниот веќе 36 годишен Масимо Одо има подобар центаршут од Абате!
Аман бе, сите видеа што ги ставаш не постојат :) Инаку Oddo цел живот ќе има подобар центаршут од Abate, исто како што Abate цел живот ќе биде побрз од берберот Oddo. Индивидуални квалитети се во прашање... А мечот беше уживање за секој росонер. Убави спомени и на моменти малку фрустрација од тоа што сме имале до скоро, а со што се соочуваме сега.
Заборавивте да го споменете можеби најважниот потег на мечот: Super Pippo беше во офсајд во 43тата секунда од почетокот на мечот :)
http://www.youtube.com/watch?v=qjgFQ0JPFu0
Се комплетира првенстовото и во Шпанија. Одлични вести за нас од последното коло. Real Sociedad излезе четврт на крај.
Да резимираме кои се можните противници на Milan во последното, четвртото квалификациско коло од ЛШ. Постојат две групи на екипи: оние што заедно со Milan (вкупно 5 екипи) веќе се во последното претколо и оние екипи 10 на број што меѓусебе ќе вркстат во третото претколо и од нив ќе излезат 5 победници, кои заедно со 5те од групата на Milan играат двомеч за групната фаза.
Екипи што директно играат четврто претколо: Milan (ИТА), Real Sociedad (ШПА), Schalke 04 (ГЕР), Arsenal (АНГ) и Pacos de Ferreira (ПОР).
Екипи што ќе играат во третото претколо: Lyon (ФРА), Nordsjælland (ДАН), Zenit Saint Petersburg (РУС), Fenerbahçe (ТУР), Grasshopper (ШВА), PSV Eindhoven (ХОЛ), Zulte Waregem (БЕЛ), Red Bull Salzburg (АВС), Metalist Kharkiv (УКР), Atromitos/PAOK (ГРЦ).
Да повторам, од овие вторите 10 екипи, треба да излезат 5 победници. После тоа, победниците, заедно со групата од 5 екипи кај што е Milan се делат на seeded и unseeded екипи. Milan дефинитивно ќе биде во seeded, така што нема шанси да вкрсти со Arsenal, Schalke, Zenit или Lyon. Тоа ќе рече дека во најлоша варијанта ќе играме против PSV или Fenerbahce. Ако го поминеме квалификациското коло, сигурно сме во втор шешир и нормално повторно ја посакуваме Barca, евентуално Real :)
А гледам дека вечерва на Footbal Italia излезе ова што го пишував. И сега ми е криво што чекав цела недела да го напишам ова, а ко да сум го превел испадна :/
Да не заборавите, вечерва во 21.00ч се игра нашето четвртфинале во плејофот на primavera campionato. Играме против Catania, еден натпревар. Победникот оди на победникот од Atalanta/Fiorentina во полуфинале кое ќе се одигра во четврток на 6ти Јуни, исто во 21.00ч. Вчера во првите две четвртфиналиња, Chievo го победи Juventus по продолженија, а Lazio го победи Torino. Тие две екипи ќе го играат првото полуфинале во среда. Според сите во Италија, Milan заедно со Atalanta ги имаат најсериозните тимови, а особено по испаѓањето на Juventus (го освоија Купот годинава), евентуално полуфинале Milan-Atalanta би било вистинско финале пред финалето. Одиме на победа!
FORZA PRIMAVERA!
Ти реков дека нема шанси да се паѓаме со Германска или Англиска екипа :)
Ја би Пакос Фереира одма.
Иначе повторно не поврзуваат со Алесио Черчи и се повеќе се пишува дека сме блиску со Поли.
Ваши ставови околу овие двајца играчи и нивната адаптација во овој Милан?
И на гореспоменатиот меч на Јуве во примавера имало расистички испади!! Према Балотели кој не ни бил присутен! Ојјј мајко моја што ти значи комлекс значи нели сваќаат Италијаниве до сега дека со секој нов испад (кој минува благо казнето) уште повеќе се уназадуваат во однос на останатите лиги.
Иначе не би требало да има повеќе одложувања и поместувања. Вечерва, Берлу,Галијани и Алегри ќе вечераат и ќе знаеме дали ќе остане акутелниот тренер или не.
Мој тип, Алегри останува со преку 90 % сигурност. Не велам дека тоа е мојот омилен избор, велам дека така јас сметам дека ќе биде. На крајот, сета оваа рашомонијада ќе биде само залудно трошење на време од трансфер берза, расипување на атмосферата во тимот и кинење на нервите на навивачите. Крајот ќе биде сосема ист и ќе нема никакви промени.
http://www.football-italia.net/34905/aubameyang-i-want-milan
Ова е помалиот од браќата, подобриот (постариот е Willy) и го паметам момчето како да беше вчера. Беше најдобар стрелец на млад турнир на кои играа најдобрите екипи од светот (Ajax, Man UTD, Inter, Boca...) а тогаш играше нешто како офанзивно крило и AMC. Не беше напаѓач
Како што очекував, Allegri веројатно со продолжување на договорот до 2015та.
Post a Comment