Уште многу малку остана до крајот на оваа сезона. Рано е да се прават заклучоци за истата иако повеќето од нас си ги имаме донесено, но со цел сезоната да се смета за успешна Милан мора да го добие последното место кое води во квалификациите за Лигата на Шампионите.
На три кола до крај разликата изнесува 4 бода од најблискиот ривал зад нас и со победа против фенерџијата ќе бидеме чекор поблиску до целта. Во исто време пак, доколку Виола киксне против Сиена или Палермо во наредното коло (тимови кои грчевито се обидуваат да ја фатат последната сламка за спас) тогаш работата ќе ни биде значително олесната.
Околу составот, Макс рече дека средината нема да претрпи промени и дека Амбро ќе биде на распололаѓање но нема да го искористи освен ако нема потреба за тоа. Де Шиљо ќе биде на располагање и можно е да влета во составот по една од бочните позиции. Во нападот Бало стартува напред а СЕС лево, останува прашањето дали Нианг или Робињо ќе делуваат по десната страната иако за мене нема дилеми помладиот дефинитивно треба да стартува. Боатенг е суспендиран како што веќе знаете и мислам дека веќе добивме сите една слика како ќе изгледа тимот.
Најверојатно нема да има пренос на тв така да ќе мора да се снаоѓаме со шити стримови.
FORZA MILAN !!!
38 comments:
Дефинитивно нема да има стрим иако ова е единствен натпревар од 18:00, сепак Телма нема да прави фудбалски маратон. Allegri на по којзнае кој пат истото прашање дали ќе остане во Milan, одговори да го прашаат после 10 дена. Очигледно прво чекаат да го потврди третото место па да му дадат амин и за следната сезона. Не би требало воопшто да дискутираме за победата, не би требало да си играме со оган и да застанеме кога ќе го отвориме резултатот (без разлика дали тоа ќе биде рано или подоцно во мечот). Pescara ја има убедливо најсмешната одбрана во Calcio и тоа мора да го искористиме со неколку гола во нивната мрежа за да не тресеме во финишот ако имаме минимално водство и да им дозволиме да ни поматат некои сметки. Значи изразито напаѓачки од самиот старт и што побрзо да ја начнеме нивната мрежа. Очекувам после и математичкото излегување од лигата, тие да бидат и психички паднати но ние мораме да си го одработиме нашето.
Пујол? Не, благодарам.
Туѓа легенда е тоа нека си заврши каде токму таму, а и најискрено сигурен сум дека е само голема медиумска глупост без разлика што има изјавено дека го сака Милан како клуб.Ако за еден натпревар бев сигурен дека ќе го добиеме сезонава тоа е токму овој не стравувам ни најмалку,едноставно по нашки кажано Пескара се ДРВА.
п.с Каква чудна екипа се овие Рома да видиш да не веруваш
Roma скроена за нас, сезонава :)
Pescara воопшто не личи на италијанска екипа. Во Италија колку и да се очајни екипите во напад, ги краси некоја дисциплина и пристојна игра во одбрана. Pescara се село без кучиња :)
Нема многу муабет околу исходот, се сложуваме. Победа и ништо друго против екипа што веќе размислува за Serie B и единствено околу тоа што може да продаде од тоа малку што вреди во тимот, освен ако нема relegation клаузула. Pescara е екипа што добро се изрезили сезонава во елитата и една од ретките со вака лош скор ќе го напушти друштвтото. Самото тоа дава не само императив на победа, туку и нешто повеќе. Јас не се сеќавам на екипа со толку примени голови, барем 10тина сезони наназад. Иако влегоа со малку поразлични амбиции. Затоа е многу јасно дека ваква екипа се решава во првите 30 минути. Milan има добар старт скоро на секој меч и веројатно тоа ќе одлучи дали мечот ќе биде лесен или полесен :)
Јас не гледам причина Max да менува нешто во нашиот состав. Со Balo, SES и Boateng напред, иако убаво ќе беше да ги видиме Balo и Pazzo како единствени напаѓачи, со Boa позади нив. А и не сум сигурен дека SES ќе добие старт и денес. Или ќе му ја враќаат самодовербата со фенерџијата... Muntari на DMC беше интересно да се гледа во неделата, иако во ниедна друга ситуација освен оваа, со толку повредени везњаци за мене не е прифатлива. Сакам до крај на сезоната да го гледам Flams стандарден како во поголемиот дел од пролетниот дел. Сакам да го видам и Abate десно, за да се увериме дали е моментален позитивен период за него или конечно покажува напредок. Лево Constant, на средина Mexes и Zapata, стандардно. Ако дозволува резултатот, убаво ќе биде да го видиме и Cristante.
За Allegri... ај нека заврши сезоната, ќе видиме. Засега има дозвола од мене да продолжи :)
За римјаните... Roma, the glorious misery!
FORZA GRANDE MILAN!!!
I rather say Rome the glorious mystery :D
Последните муабети велат дека Јепес е можно да застане во дефанзива од самиот старт. Боатенг не може да игра оти има суспензија а последните информации велат дека El Shaarawy ќе започне на клупата а Niang заедно со Robinho ќе стартуваат покрај Balotelli.
Одличен старт, барем 2 гола до полувреме за мирен финиш и деби на Cristante и/или Salamon.
Читај го постот Ивче, Боа е суспендиран :)
Не дека има многу за читање во него :)
Инаку во сезоната 2003/2004 кога бевме шампиони, деби сезоната на Кака, во Серија А играше и Анкона :)
Тие го држат рекордот за најлоша екипа која некогаш играла во лигата и не верувам дека некогаш ќе се појави некоја екипа полоша од таа.
Само за потсетување Анкона на тогашни 34 натпревари (златно време) оствари 2 победи и 7 порази и дури 25 порази со гол разлика 21-70 :)
Ова само да ви го освежам сеќавањето бидејќи некој тука тврди дека не видел полоша екипа во последните 10ина години :)
За стрим за Милан убеден сум дека ќе се снајдеме барем на haha sport и firstrow гледам дека уште од сега има, само работата е да бидат барем солидни и со Италијански или Англиски коментар.
http://www.football-italia.net/33966/sir-alex-ferguson-versus-serie
Еве еден одличен текст по повод заминувањето на Сер Алекс.
Во текстот се спомнуваат и 2 помалку заборавени натпревари од групната фаза. Пред се бидејќи кога ќе ни спомне некој Милан vs Манчестер помислуваме на 2-3 на Олд Трафорд и 3-0 на Сан Сиро и силувањето што тогаш Кака им го приреди на ѓаволите. Или пак срамните 4-0 на Олд Трафорд и 1-3 на Сан Сиро и 4те гола на Руни на 2та меча од 2010тата година.
http://www.youtube.com/watch?v=0C0sTYGQcYs
http://www.youtube.com/watch?v=DmoBIXv4R_A
До ден денес неможам да сватам зошто не беше откупен Хернан. Веќе летото беше донесен Џилардињо за 24 милиони евра и важеше за најдобар млад италијански напаѓач за тоа време со 48 гола за Парма во Серија А во последните 2 сезони. Џила кај нас имаше една добра сезона (06 во тандем со Шева)и тоа беше тоа.
Забегав малце ама текстов што го прочитав ме однесе натака.
Во мојата „кариера“ во Милан сум се радувал најмногу на два трансфери, на Неста и на Џилардино. Џилардино го визуелизирав како реинкарнација на Super Pippo. Тешко промашување! Неста од друга страна беше и остана икона во секоја смисла, играчка и човечка.
Како што прогнозирав, тимот е тој
Abbiati; Abate, Zapata, Yepes, Constant; Flamini, Muntari, Nocerino; Niang, Balotelli, Robinho
Ај облог дека Niang денес крши клетва :)
Ме уби Драгане :)
Стримче добро? Во неделата двата што ги ставивте беа одлични...
Одличен стрим
http://www.firstrow1.eu/watch/185439/1/watch-pescara-vs-ac-milan.html
http://lsh.streamhunter.eu/static/popups/149972854341160.html
Почнавме.
Ај честито ЛШ.
И сега Ри ќе ти рече: Не брзај, ќе видиме... :)
Не брзај, ќе видиме :)
Allegri yelled to Abbiati "Don't pass the ball to Muntari" after Muntari misplaced a pass. Then Muntari yelled "No, keep on passing it here"
Шундовски? :)
Идеален меч за Cristante, слаб противник, нема притисок од резултатот... Сепак, Max нема да го пушти се до евентуални 3-0 или 80та.
И Саломон и Кристанте а не Траоре да го гледаме како се влечка по терен. Тој е минато никогаш не ни бил во Милан само една прошетка до Милано додека другиве двајца имаат иднина пред себе.
Нека се лечи идиотов! Цела кариера не направил правилна измена, зошто би напрабил сега?
Ете зошто некогаш едноставно ме вади од кожа и не знам како да се поставам спрема него! Некогаш нешто толку очигледно и очекувано, не го остварува! Не знам дали ова го прави на инает (воопшто не ми делува на таква личност, барем вака оддалеку) или поради тоа што едноставно се губи. Неговата најстара болка, измените. Или ги греши во тајминг или ги греши во имињата. Некогаш и двете ситуации. Денес ги згреши апсолутно сите измени!
1. Traore за Flamini! Flamini го испратив и јас со аплаузи (уште еден одличен меч, зачинет со гол + асистенција) ама зошто Traore?!?! Типот едноставно нема иднина во клубот, голема е веројатноста да го напушти тимот а остануваат уште 2 кола! На клупата ги има Cristante и Salamon! Па цел клуб фрчи со пофални зборови за Cristante, сите веќе го сметаат за нов член на сениорскиот состав во следната сезона и за природна замена за Montolivo. Едноставно не постои подобра можност за вкус на Калчо од ситуација против последниот тим на табелата кој веќе е излезен од Серија А, нема резултатски императив и не знае што прави!! Истото важи и за евентуална шанса за Salamon! Па како тие деца да се мотивираат и да веруваат во своја иднина во тимот!
2. Pazzini за Niang. На Niang му е ужасно потребен гол! Момчето гори од желба, чувствува притисок поради тоа што е офанзивец а цела година нема постигнато гол а и му тежи на грбот стативата од Барселона! Ако веќе сакаш да ја пробаш комбинацијата Balotelli + Pazzini (го поздравувам тоа), извади го Binho! Niang беше апсолутно скршен кога забележа дека го вадат од теренот во 63та минута, беше убеден дека денес ќе постигне гол! Ова беше извонредна шанса за вакво нешто, веќе на следниот меч се враќа Boateng и Niang нема да игра!
3. El Shaarawy за Robinho. Тука наоѓам логика во тоа што сакаше да му овозможи на El Shaarawy малку да се разведри со евентуален гол но пак ќе кажам, мораше барем еден од Cristante или Salamon да добие шанса! El Shaarawy ќе биде стартер веќе викендот!
---------------------------------
Од добрите страни на тимот илузорно е било што да се коментира затоа што противникот едноставно не беше ниту на просечното ниво на Калчо аутсајдер. Буквално сите голови беа по нивни трагикомични грешки во дефанзивата.
P.S Дајте му 2 годишен договор на типот! Апсолутно го заслужи! Браво Flams!!!
Настрана мечот, чисто информативно судот за жалби ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА за даночно затајување на Berlu која гласи 4 години затвор + 5 години забрана за мешање во политика. Сепак, има и трета последна инстанца за жалба пред потврда на пресудата.
Си остана на зборот Галијани околу дресовите :)
Лошото само (верувам прочитавте кај Миланело) е дека многу ретко ќе има можност да се носат.
Фини дресовите, него видете ова:
Two defenders and a striker. That's the plan of Milan to strengthen the squad for the commitments of the next season (Serie A, Champions League and Italian Cup).
The newest and hottest name for the attack is Jackson Martinez. Robinho probably will be sold in Brazil (Santos or Flamengo) and the money collected will be invested to buy the fort of Porto striker. However, the deal was ruled out by Giovanni Fiore, player's agent in Italy.
"Milan? I prefer not to speak of names, I confirm that there are many European clubs on him. We talk about a player of great value who has excellent season in Porto. Probably it would be like this in Italy too, but I would not mention any names."
For the defense there are negotiations for Vasco Regini which is considered the best defender of Serie B, by the experts. But not only the central defender from Empoli is in the loop. Milan are also negotiating with Davide Astori from Cagliari. Astori is within the national pool for the "Nazionale" of Cesare Prandelli with very high average rating.
Milan is also thinking of two investments in defense because the Rossoneri management are not satisfied with the performance of Philippe Mexes and Cristian Zapata. One of them or maybe both could be sold at the end of the season.
Пак нема средина? :)
Повеќе би бил задоволен со по еден фудбалер кој е зрел за стартер во сите три линии од тимот отколку со двајца дефанзивци + напаѓач.
Јас утре доаѓам во Скопје и ќе бидам таму цел викенд (ќе трчам на маратонот). Има некој заинтересиран за да скршиме пак еден лаф - муабет и доколку сте заинтересирани, кога Ви одговара?
Со Ри и Фичо размислувавме да биде во сабота околу 17.00. Чини или имате друг предлог?
Може како не може :)
И мој другар ќе трча на маратонот од 42км ќе возам изгледа со него па ќе се видиме викендов :)
Владе е на потег :)
1.25 дека ќе не шитне пак :P
1.25 a?! :)) немам ништо прочитано деновиве, и затоа што е 4:40 и немам ни сила да читам, отварам и само вртам најдоле да видам што е најактуелно и гледам коефициенти :)) 17:00 каде? да видиш Драгане како ќе се лизнеш на 1.25 :)
Драган веројатно ќе го крка на дупла шанса...
Инаку може како и минатиот пак ( Инфо за Фичо и Владе, минатиот пат се чекавме спроти мекиците па после фативме накај локал). 17:00, продадено?
Само јас можам да заборавам дека денес во 5 сум на мекици кај братучетка, вчера добив внука. Така да ако можеме да одложиме и да се погодиме сите за порано накај 15:30-16:00 убаво ќе биде, ако не Драган е добитен :) ...и ќе чекам трета среќа во тој случај.
Мене ми пдговара и вака и така, кажувајте навреме
Фичо е на работа до 5, јас сум на плоштад во моментов.
Ок, останува во 17.00
Момци сега се будам едвај спиев и тргам за накај маратон сега.
Ивче ако можеш ти пиши нешто јас не успеав да најдам време а дома ќе се приберам сигурно после 2 попладне.
Ова важи и за Владе или друг кандидат ако има.
Post a Comment