Или поточно, скок до 8-мото место. Со евентуална победа вечерва против Roma
ќе стигнеме до 8-мо место а воедно
овие бодови ќе се бројат како 6 затоа што ќе бидат извојувани против директен
конкурент за евро настап. Roma започна фуриозно во оваа сезона но кога еднаш се лизна, следуваше речиси
слободен пат. Доколку ние вечерва успееме да ѝ го нанесеме првиот пораз
сезонава, сметам дека бледата форма на римјаните ќе продолжи и после ова коло.
Кога сме веќе кај бледата форма, Milan продолжува со бледата форма. Извојувавме многу
значаен пласман во елиминациите за ЛШ но пропуштаме многу шанси за приближување
кон врвот во Италија. Како и да е, како и сите досегашни натпревари така и ова
е „натпревар кој мора да се добие“. За жал Stephan El Shaarawy нема да биде на располагање до крајот на
оваа календарска година а само што се врати. Формациски веројатно нема да
менуваме од она X-mas tree кое
го негуваме во последно време со тоа што по повредите на El Shaarawy и Birsa, веројатно вечерва покрај
Kaka ќе застане Montolivo на AMC, фудбалерот кој нѝ должи одлична претстава после
она што го направи во првата половина од првото полувреме против Ajax! Дупката која Montolivo ќе ја остави во средината ќе биде
пополнета од Muntari кој ќе
игра рамо до рамо со De Jong и Poli. Во дефанзива би
требало повторно да добие старт Bonera кој би играл заедно со Mexes, Urby и De Sciglio кој по
брилијантната партија против Ajax повторно ќе стартува на позиција десен бек. Другата варијанта е да се игра
со Saponara или Niang а Montolivo да се врати во средината. Третата варијанта е да
се започне со 2 класични шпица па Matri да добие шанса покрај Balotelli. Кога сме кај Matri, една
разочарувачка вест за него лично а одлична за сите rosso nero фанови, Pazzo е на клупа вечерва! Нѝ фалеше многу!
Ждребот за елиминацискиот дел од ЛШ се одржува во овие моменти. Milan
го доби својот противник, тоа е Atletico Madrid. Веројатно на хартија најдобриот ждреб заедно со Man Utd. Нè очекува
интересен двомеч во кој се надевам дека ќе проработи таа CL аура која овој тим историски ја поседува
во себе. Поголема анализа на противникот и на нашите шанси во овој двомеч кога
ќе дојде време за тоа.
FORZA MILAN!!!
15 comments:
Од сите опции, некако најлогична, па и најпосакувана за мене е втората. Montolivo му треба на средината, без него може многу да изгубиме. Нападите не почнуваат од туѓат половина, така што со Muntari, NDJ и Poli не сум сигурен дека може премногу да креираме. Ова малку и заради мојата желба да го видам Saponara на важен натпревар. За Niang ми е жал, не не се вклопува во формацијата што денесе каква-таква промена во играта.
Верувам дека можеме до победа против Roma, особено што играме на San Siro. Искоментирав и претходно, не сакам да зборувам отпосле, но мене Roma не ме застрашуваше дури и кога поставуваше рекорди. Сега уште помалку, откако видовме дека тоа е таа старата екипа што знае да победи голем ривал, ама и да се лизне кај аутсајдер. Не дека ние имаме константа форма, но пак, квалитетот верувам дека е на наша страна. Со ваков Kaka, со сталожен Monti, со инспириран Balo, со убиствен de Jong и координирана одбрана, сигурно можеме до три бода, со кои ќе навестиме приклучување.
Секогаш сме велеле дека ова е меч за 6 бода. Ако тоа го имаат на ум момците во текот на цели 90 минути, може да очекуваме добра партија и конечно победа. Добрата страна на изгледот на стартните 11 на противникот е што во напаѓачката линија немаат крупен напаѓач. Верувам дека NDJ може да се погрижи за Totti, а нашите брзи бекови да конкурираат на Gervinho и Florenzi. Освен на младиот Florenzi, Urby ќе мора да се трка и со Maicon, кој знае да импресионира против Milan. Она што најмногу ме плаши кај Roma е компактната средина. Многу се цврсти, се надополнуваат, ама и знаат да влетаат во шанса, особено Strootman и Bradley. Сигурно ќе имаат многу шутеви оддалеку и Abbiati ќе мора да е концентриран. Одбраната не им е којзнае што. Balo мора да им направи големи проблеми. Очекувам многу провокации кон него, особено од Benatia - типичен провокатор.
Наш нов проблем сезонава е што не знаеме добро да чуваме резултат. Веќе не важи она што го зборувавме неколку сезони наназад, дека најдобро е да дадеме ран гол, а после тоа не ни можат ништо екипите што одат на реми. Сезонава често постигнувавме голови уште до 30та минута, но и брзо примавме. Затоа, сталожено да наметнеме наша игра и полека да ја градиме победата. Знам дека можеме да бидеме првата екипа сезонава што ќе ја победи Roma. Па после помирно да се спремаме за Дербито.
FORZA MILAN!!!
Јас верувам дека на крајот на сезоната токму Roma ќе се бори за тоа трето место кое води во ЛШ, со екипите зад неа. Верувам дека Juventus и Napoli ќе им избегат прилично на останатите екипи а Roma ќе се брка со Fiorentina, Milan, Inter за тоа трето место. Затоа оваа евентуална победа вечерва ќе значи многу и во смалување на разликата меѓу нас и нив и во евентуалниот подобар дуел со ист број на бодови во финишот од сезоната. Знам дека многу гледам однапред но мора да се смета и на вакви комбинации. Доколку ги победиме вечерва, верувам дека ќе паѓаат уште повеќе.
Сите сме на исто околу Рома но факт е дека се доста незгодна екипа и како за беља во последните неколку години немаме баш најсјаен скор со нив.
За да не го должам околу тоа што веќе да кажавме, само да искоментирам дека прва желба на мене а верувам и на вас ви беше ПСЖ, а после Атлетико Мадрид. Далеку од слаба екипа се јорганџиите, посебно поради тимот кој го имаат, формата во која се наоѓаат и цврстиот фудбал кој го играат, но реално тешко е да се споредат Атлетико со Реал, Ман Ју, Челзи, Баерн.М, Дортмунд.... или другите гиганти кои можеа да ни се паднат. Токму таа аура за која зборува Ри може да биде клучна доколку сакаме да се пласираме во следната фаза
sop://broker.sopcast.com:3912/144379
http://www.wiziwig.tv/broadcast.php?matchid=233547&part=sports
http://www.sportlemon.tv/20131216/vv52af53b8d31e07.54868933-707598.html
http://www.sportlemon.tv/20131216/vv52af53e5dea4c9.24301028-707601.html
Стротман, Љаич, Дестро.
Тројцата играчи за кои бевме екстремно заинтересирани и ќе не направеа подобар тим. Ете.
А G уште плаче по медиуми дека многу сме го сакале Стротман но не сме имале пари за да го купиме. Барем нека молчи, срамота е!
Верувале или не, Zapata е човекот после првото полувреме. Не само заради голот туку беше и брилијантен во дефанзива, одличен во секоја смисла. И повторно дава гол од прекин :)
De Sciglio слаб, малку нема среќа (се лизга по терен), малку се губи.
Всушност, речиси целиот тим повторно не е на ниво, стандардно De Jong е одличен а тука е и Zapata, Bonera и Urby кој не е доволно користен во нападот. Monto и Kaka просечно, останатите под тоа. За примениот гол, повторно аматерски одигравме во дефанзива и го оставивме Destro во позиција во која сигурно не се нашол ниту на тренинг. Јас тој гол би му го препишал на Urby иако потфрли цела одбрана. Bonera мораше да покрие, немаше среќа (топката му се пикна под нозе) но кога Zapata беше далеку поназад, токму Urby требаше да се престрои и да ја покрие дупката која ја остави Bonera кој тргна да брани надесно.
Се нервирам затоа што упорно форсираме некој контра-напад стил на игра (не само овој меч, цела сезона) а реално немаме фудбалери за тоа. Им дозволуваме тие да ја диктираат играта а се обидуваме да развиеме контри со Muntari. Тоа не оди така. Се надевам дека ќе се раздрмаат во одбраната по излегувањето на Castan иако овој што влезе може да биде незгоден при прекини.
имаше една песна од Елена..."а можевме"...
Само да се надоврзам со нашиот капитен, поради глупоста од мечот со Ajax нема да игра на првиот натпревар против Atletico а поради жолтиот за вербална расправија со судијата, нема да игра на дербито против Inter.
Не многу капитенски од негова страна.
Наводно веќе е договорен и D'Ambrosio од Torino на кој договорот му истекува во Јуни. Сега се работи на тоа да се убеди Cairo да го пушти фудбалерот уште зимава. Му се нуди Zaccardo во замена за да не го загуби за ништо, на лето. Доколку D'Ambrosio дојде сега нема да ме чуди да го продадат Abate во Јануари затоа што и нему договорот му истекува во Јуни.
А се спомне бековска позиција, или Абате одма ми светнува едно име во главата: Сантон !!
Мене ми светнува уште едно име, Danilo од Porto. Вистински Dani Alves на млади години и новиот десен бек на репрезентацијата на Бразил. Го гледав некни против Rio Ave (сум го гледал и порано), вистински ѕвер! Постигна 1 гол, за малку уште еден (голманот парадираше) и беше вистинска напаст по десната страна. Шизикот го знам уште кога откачи на FIFA Club World Cup во 2011 ама веднаш потоа Porto си го стави под суво. Го купи за 13 милиони и му опна клаузула од 50 милиони. Страшен фудбалер а така млад.
Пост никој нема да пишува??
Јас денес нема да можам. Преземете.
Пишувам
Post a Comment