Translate

Friday, 25 April 2014

Дерби кое ќе прекине една серија


Вечерва на Олимпико се среќаваат двете екипи кои се во најдобра форма во овој период од сезоната. И Roma и Milan се во серија од 5 победи така што барем една од тие две серии ќе биде прекината вечерва (можеби и двете, со евентуално реми). И покрај тоа што влегуваме во дуелот со 5 победи по ред, нешто што се нема случено неколку години наназад, сепак Roma е фаворит на овој дуел и тоа не само поради фактот што игра на сезонава тешкиот Олимпико за гостински екипи. Roma си создаде своја игра, лесно ги решава противниците и делува како компактен тим во кој секој си го знае своето место и секој игра за тимот. Огромна заслуга за тоа оди кај Rudi Garcia. Одлично вкомпонираниот и квалитетен тим се гледа по тоа што и покрај фактот што ќе недостига фудбалер од калибарот на Strootman (заработи тешка повреда и го пропушта дури и СП) на негово место има фудбалери како Pjanic односно Nainggolan.

Кај нас единствена непозната е дали Honda ќе добие место од самиот старт. Самурајот се врати по повредата но неизвесно е дали ќе го започне мечот од теренот или од клупата. Негова алтернатива во стартните 11 е Andrea Poli. Принудна измена има во средината, поради парниот број на жолти картони на De Jong, на негово место ќе стартува Muntari. Назад повторно Bonera се враќа на десен бек на местото на Abate за да се добие дефанзивно поизбалансиран Milan. Остатокот од тимот е познат и тоа се фудбалерите со кои ќе одиме на продолжување на серијата победи и на продолжување на бркањето на ЛЕ место.
Специфичен термин, петок 20:45.

Forza Milan!

Saturday, 19 April 2014

Milan - Livorno


Во мутава атмосфера и чуден термин денес Milan го дочекува Livorno во 15:00. Атмосферата е мутава затоа што според (прет) последните информации, скоро цело италијанско лоби во клубот (минус Balotelli) му е намерачен на Seedorf и не се разбира со него најдобро. Тука се наведени имињата на Montolivo, Abate, De Sciglio и Poli. Зад нив стои и G кој поради тоа што му наложи на Seedorf да го стартува Montolivo против Catania, ја подигна точката на вриење на повисоко ниво. Во контекст на овој муабет, изворите велат дека односите меѓу тренерот и италијанското лоби во клубот е толку лоша што тој сигурно си заминува летово без разлика на остварениот резултат. Негова најсериозна замена е Pippo во прв и Donadoni во втор план меѓутоа GDS денес излезе со информација на насловна дека Milan го сака Montella и за него ќе треба да плати оштета од 7 милиони евра која е негова buy out клаузула. Milan не дава 7 милиони за фудбалер (се обидува да добие дополнителен попуст на договорените откупни клаузули на Rami и Taarabt) а не па за тренер. Значи доколку се менува Seedorf, Pippo it is! Само да се додаде тука дека Curva Sud му дава поддршка на Seedorf и се очекува тоа да го направи и јавно денес на San Siro.

Околу денешниот натпревар кој некако оди во сенка на она што се случува изминатата недела, Abate под притисок на G веројатно ќе добие старт пред Bonera во обид да се спаси неговото стартно место во репрезентацијата летово. Се шушка и за изненадувачки старт на Robinho кој би започнал на местото на повредениот Honda односно Poli од последниот меч. Останатиот дел од тимот е идентичен со оној што настапи против Catania. Значи без грижи, Constant е повторно константен покрај левата аут линија.


Без разлика на сите претумбации, потребна е победа денес бидејќи само добри резултати можат да ја намалат тензијата и затоа што во ист термин играат Parma - Inter.

Forza Milan!!!

Sunday, 13 April 2014

Parma, Verona и Lazio кикснаа, комшиите победија


Тоа значи дека со евентуална (и очекувана) победа вечерва ќе ги прескокнеме Verona и Lazio на табелата и ќе дојдеме на само -3 од Parma и -5 од комшиите (токму тие 2 екипи играат меѓусебе следниот викенд, кога ние играме повторно дома, со Livorno). Отприлика и таму ќе завршат лесните натпревари за годинава се до последното коло бидејки до крајот на сезоната ќе играме со Roma и Atalanta нагости а имаме и натпревар со комшиите пред финишот од сезоната со Sassuolo дома.

Honda се приклучи на листата на повредени каде има еден куп фудбалери и нема да настапи денес. Негови алтернативи за старт се Birsa и Poli со тоа што младиот италијанец е во предност. Другата варијанта е да заиграат и двајцата од старт со тоа што Poli би настапил поназад, до De Jong а на местото на Montolivo. Напред Balotelli се враќа во првите 11 на местото на Pazzo.


Иако ваков тип на натпревари кои се сметаат однапред за добиени, можат да бидат проблематични верувам дека не би требало да имаме поголеми проблеми ако ги напнеме од самиот старт (слично како што започнавме со Chievo) и дека брзо ќе го решиме победникот.
Формата дополнително го ветува тоа.

Forza Milan!

Monday, 7 April 2014

Натпревар кој може да даде некаква цел во финишот од сезоната


Тежок натпревар на гости кај Genoa но меч кој може да го направи барем малку интересен финишот од сезоната и да даде некаква цел кон која ќе се стреми тимот. Inter продолжува да тоне а Parma извади одлична победа против Napoli но со наша евентуална победа вечерва против Genoa ќе дојдеме на само 5 поени негатива до местото кое води во Европа Лига. Таму се Parma и Inter. Овие евентуални 5 поени негатива добиваат уште повеќе на значење поради тоа што после овој меч имаме 2 прилично лесни натпревари против Catania и Livorno и двата на San Siro а кога ние играме со Livorno, се среќаваат Parma - Inter во меѓусебен дуел. Подоцна и ние играме против Inter во финишот од сезоната. Многу математики за не толку важното ЕЛ место меѓутоа подобро нешто отколку ништо. Овој вечерашен меч може да даде импулс во финишот од сезоната.

А веројатно овој меч ќе го играме без Balotelli. Mario (кој конечно влезе во некоја перспективна форма) има симптоми на грип па изолирано пристигна во Genoa и имаше посебен доручек за да не го префрли вирусот на остатокот на тимот. Затоа Pazzo ќе добие шанса од првата минута а зад него ќе бидат во последно време се подобрата тројка Taarabt, Kaka и Honda. De Jong и повратникот во тимот Montolivo на двоен пивот. Во дефанзива повторно старт на францускиот тандем засилен со Bonera по десната и Urbinho по левата страна. Тоа е составот кој треба да донесе три бода во Milano. Искрено се надевам дека ќе го направат тоа. Се надевам за да се продолжи позитивниот тренд на добри игри и резултати и опипливо да се добие некаква цел кон која ќе се стреми тимот во финишот од сезоната.

Forza Milan!

Saturday, 29 March 2014

Милан - Киево


По изненадувачки добрата партија на Артемио Франки и победата од 0-2 против Фиорентина, дома ни доаѓаат магарињата  кои се само 3 бода над сигурната зона и секој бод ќе им биде драгоцен до крајот. Од друга страна пак, Милан може да се каже дека нема никакви амбиции до крајот на оваа сезона. Целите што ги имавме за оваа сезона не ги остваривме, тимот очигледно полека се распаѓа а единствено нешто што може да се добие до крајот на сезоната е оценување на перформансот на сите играчи во последните средби со цел да се скрати листата на играчи кои ќе го носат овој дрес и наредната сезона.


Ова е листата на повикани играчи и веројатните стартни состави. Има премногу комбинации за тоа кој ќе почне во сите делови на тимот. Сигурен може да се каже дека е само Абијати. Јас искрено нема да се замарам и да си го оптеретувам ова убаво саботно попладне со тоа кој ќе игра кој не овој натпревар туку само вечер ќе го изгледам натпреварот во една лабава атмосфера, без нервози.

Одекна денес изјава низ Италијанските медиуми дека Кака е заинтересиран за трансфер во МЛС, иако и самиот кажа дека моментално е со мислите во Милано доколку дојде до тоа да си замине од Милан, северниот континент е негова прва опција. Според мене ова е уште еден доказ дека нашиот драг Милан е во толку големи го*на, што дури и нашиот несуден син и морален капитен по нецела сезона во тимот сватил дека ова е далеку од оној шампионски тим што го напушти пред 4-5 сезони.


FORZA MILAN ?!

Wednesday, 26 March 2014

Без наслов и без повод


Да не се лажеме, единствената причина поради која се пишува нов пост во оваа веќе загубена сезона е желбата да се задржи неприкосновениот ритуал на пост пред апсолутно секој натпревар. Ми оди се потешко поради низа обврски и се надевам дека ќе имам пристојна помош од Вас, во финишот од сезоната.
G доби покана наместо од VIP ложата, овој меч да го следи од кабината на Sky поради заштита од повторен судар со домашните фанови (лани имаше непријатен инцидент на Artemio Franchi) меѓутоа тој го одби тоа па ќе си седи на истото место но домакинот му „донираше“ зголемен број на редари околу него.
Seedorf повторно ќе започне со 4-2-3-1 со тоа што Taarabt, Balotelli, Muntari и Abbiati се враќаат во првиот тим а Bonera ќе започне на RB.


Веројатно Марфи би бил во свој елемент ако доживееме пораз со гол (ови) постигнат (и) од Matri.

Forza Milan!

Sunday, 23 March 2014

Одиме кај што нè носи ветрот


Реално или не многу брзо почнаа шпекулациите за отпуштање на Seedorf. Холанѓанецот сè уште не  направил вдлабнатина во фотелјата со мерки на својот задник а веќе почнаа муабети низ кулоарите дека му се заканува отказ. И сето тоа наводно е врзано со следните 2 меча (Lazio и Fiorentina). Не знам колку има вистина во овие муабети но едно е очигледно, тимот после првичната еуфорија (која ја носи речиси секоја смена на тренерската клупа во било кој спорт во светот) се врати на претходната летаргичност и тешко излегува од таму. Clarence се обидува ментално да го крене тимот, се обидува да делува заштитнички кон Balotelli и се обидува да форсира некоја своја филозофија но ништо од тоа не носи резултати. Деновиве GDS излезе со колумна за тоа што (според нив) се најголемите проблеми во начинот на Clarence Seedorf:

1. По доаѓањето на Seedorf на клупата, тренинзите се извршуваат во попладневните часови а тоа според GDS е особено проблематично кога во тимот имаш многу млади фудбалери кои ги влечат ноќните вибрации на град како Milano. Најголемиот дел од тренерите во Европа практикуваат да имаат тренинзи во претпладневните часови.

2. Seedorf пред секој натпревар има посебни разговори со секој дел од тимот (одбрана, среден ред, напад) а нема разговор со тимот во целина па затоа (според GDS) тимот има проблем да делува компактно на теренот и тоа особено се гледа при спречување на противничките контра напади.

3. Неискуството на тренерот кое најмногу било видливо во гости против Napoli кога Milan одлучи да игра со висока одбранбена линија и лоши додавања меѓу дефанзивците, против една од најдобрите офанзивни екипи во Италија.

4. Според GDS, некои фудбалери во тимот не се задоволни од повластениот третман кој Mario Balotelli го ужива кај Clarence Seedorf. Balotelli упорно не игра ништо (не само во однос на она за што е платен т.е головите туку буквално најчесто се шета по теренот или се расправа со судијата и противниците) и упорно добива нови шанси. Надополнување, пред некое време (мислам дека беше еден од Costacurta или Boban) изјави дека Milan делува многу поопасно и игра подобро со Pazzini во тимот, отколку со Balotelli.

5. GDS има замерки и за (како што велат) играњето на Seedorf на фудбалерите на сосема неадекватни позиции. Abate стартуваше на AMR против Napoli за првпат после неговите тинејџерски години, Honda кој беше одличен во CSKA на AMC упорно е форсиран на AMR а Montolivo шета низ позиции. Кога сме кај шетањето низ позициите веројатно најшетан досега е Poli кој единствено нема одиграно како централен дефанзивец и напаѓач. Играше бек, во средина, на AMC и по двете крила.

За тоа дали и со колку точки ќе се сложите од она што е претходно напишано, оставам на Вас (ако некој го интересира мојата маленкост, јас повеќе или помалку се сложувам со точките број 2, 3, 4 и 5). Сум рекол неколку пати и ќе повторам, не сакам да го судам Seedorf со фудбалери кои „не се негови“ и во ситуација во која што е. Сепак, очекував некаков напредок (кој беше видлив на почетокот но како што реков, после секоја смена доаѓа до тој психолошки момент кај тимот).

Според последните шпекулации околу денешниот тим, конечно Pazzo ќе добие старт пред Balotelli и веројатно Honda ќе добие старт пред Taarabt (ако се прашувам јас ова е смешно, нема потреба Honda да зависи од неиграњето на Taarabt и обратно. И сакам Honda да игра на AMC неколку натпревари па после да донесеме заклучок дека не може да се снајде во тимот. Дури и ако тоа значи неиграње на Kaka). Urby повторно ќе стартува на LB (има ужасни, УЖАСНИ натпревари во дефанзива веќе неколку мечеви по ред и најголем дел од головите во последните неколку натпревари ги примаме по таа негова лева страна кога или директно греши и „излегува од игра“ или него никаде го нема па мора централниот дефанзивец да оди налево за да покрие и противникот постигнува гол токму во дупката која се создава во центарот на одбраната).

Веќе заклучивме дека сезонава е отидена во неповрат. Затоа и не одвоив многу време на конкретниот натпревар со Lazio. Ме интересира што Вие мислите за шпекулациите и тренерскиот (не) квалитет на Seedorf? Доколку се прашувате исклучиво Вие, дали би му ја дале следната сезона? Дали повеќе би сакале да го видите Pippo, Donadoni или некој трет на негово место? Сличните прашања можат да се употребат и за G...
Каде мислите дека оди Milan?