Тежок натпревар на гости кај Genoa но меч кој може да го направи барем малку интересен финишот од сезоната и да даде некаква цел кон која ќе се стреми тимот. Inter продолжува да тоне а Parma извади одлична победа против Napoli но со наша евентуална победа вечерва против Genoa ќе дојдеме на само 5 поени негатива до местото кое води во Европа Лига. Таму се Parma и Inter. Овие евентуални 5 поени негатива добиваат уште повеќе на значење поради тоа што после овој меч имаме 2 прилично лесни натпревари против Catania и Livorno и двата на San Siro а кога ние играме со Livorno, се среќаваат Parma - Inter во меѓусебен дуел. Подоцна и ние играме против Inter во финишот од сезоната. Многу математики за не толку важното ЕЛ место меѓутоа подобро нешто отколку ништо. Овој вечерашен меч може да даде импулс во финишот од сезоната.
А веројатно овој меч ќе го играме без Balotelli. Mario (кој конечно влезе во некоја перспективна форма) има симптоми на грип па изолирано пристигна во Genoa и имаше посебен доручек за да не го префрли вирусот на остатокот на тимот. Затоа Pazzo ќе добие шанса од првата минута а зад него ќе бидат во последно време се подобрата тројка Taarabt, Kaka и Honda. De Jong и повратникот во тимот Montolivo на двоен пивот. Во дефанзива повторно старт на францускиот тандем засилен со Bonera по десната и Urbinho по левата страна. Тоа е составот кој треба да донесе три бода во Milano. Искрено се надевам дека ќе го направат тоа. Се надевам за да се продолжи позитивниот тренд на добри игри и резултати и опипливо да се добие некаква цел кон која ќе се стреми тимот во финишот од сезоната.
Forza Milan!
7 comments:
Лига Европа? не фала.
Освен ако не мислам да атакуват да ја освојат нема поента да ја играат.
Составот вака силно делува освен 2те бековски позиции кои може да ни бидат проблем. X2 дефинитивно.
Момци, нема да бидам во можност да ја гледам утакмицата. Како беше она со симнувањето на цел меч? И колку време после мечот е достапен торентот?
FORZA MILAN!
Јас ги избришав тие неколку торент сајтови кои ми беа букмаркирани и од кои се симнуваа мечеви. Не се сеќавам, обиди се на zamunda утре или заудтре
повелете
http://www.fullmatches.net/
Зависно од натпреварот одприлика еден ден по натпреварот.
Giovanni Galli "I met with Galliani and I'm ready to say yes to Milan" Regarding Sporting Director.
Фала за помошта дечки. Денес го изгледав мечот. Ми се бендиса. Многу жив, во високо темпо комплетните 90 минути. Нашите не многу убедливи, иако резултатот се движеше баш онака како што ни одговараше. Имаше неколку критични периоди, особено на крајот од првото полувреме и после примениот гол. Ни висеше голот, ама Abbiati извонреден. За мене, заедно со Taarabt, тој беше играч на мечот. Е сега, по 3 победи со ред, дали можеме во овој ритам и дали можеме до ЛЕ. Еве една добра слика за тоа како ќе изгледа борбата за ЛЕ - https://www.facebook.com/photo.php?fbid=644080688978879&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1&theater. Во недела, веројатно најлесниот од преостанатите 6 натпревари до крајот. Јас би сакал во ЛЕ, зошто да не...
И ако некогаш сакате да гледате цел меч без симнување, пробајте ја странава. Има неколку различни снимки со коментари на англиски, италијански, руски, арапски... Кој како милува :) http://livefootballvideo.com/fullmatch/italy/serie-a/genoa-vs-ac-milan-2
Post a Comment