По изненадувачки добрата партија на Артемио Франки и победата од 0-2 против Фиорентина, дома ни доаѓаат магарињата кои се само 3 бода над сигурната зона и секој бод ќе им биде драгоцен до крајот. Од друга страна пак, Милан може да се каже дека нема никакви амбиции до крајот на оваа сезона. Целите што ги имавме за оваа сезона не ги остваривме, тимот очигледно полека се распаѓа а единствено нешто што може да се добие до крајот на сезоната е оценување на перформансот на сите играчи во последните средби со цел да се скрати листата на играчи кои ќе го носат овој дрес и наредната сезона.
Ова е листата на повикани играчи и веројатните стартни состави. Има премногу комбинации за тоа кој ќе почне во сите делови на тимот. Сигурен може да се каже дека е само Абијати. Јас искрено нема да се замарам и да си го оптеретувам ова убаво саботно попладне со тоа кој ќе игра кој не овој натпревар туку само вечер ќе го изгледам натпреварот во една лабава атмосфера, без нервози.
Одекна денес изјава низ Италијанските медиуми дека Кака е заинтересиран за трансфер во МЛС, иако и самиот кажа дека моментално е со мислите во Милано доколку дојде до тоа да си замине од Милан, северниот континент е негова прва опција. Според мене ова е уште еден доказ дека нашиот драг Милан е во толку големи го*на, што дури и нашиот несуден син и морален капитен по нецела сезона во тимот сватил дека ова е далеку од оној шампионски тим што го напушти пред 4-5 сезони.
FORZA MILAN ?!
13 comments:
Не ми е јасно само зошто Кристанте го праќаат да игра за Примавера а комотно може да игра до крај и да билда минутажа ама ајде.
Закардо-Бонера по десната страна лудници.
Има деца што сега би требало да добијат шанса ама тоа е тоа.
Зошто дури ни во вакви натпревари не добива шанса Saponara?
Епа за ова незнам кој друг да кривиме ако не Сидорф. Он го бира тимот на крај краева. Нема да боли ако ги игра децата.
Кога ја спремаа последната измена бев спремен куќа да ставам дека циркузантот Робињо ќе влезе.
Имаше неколку контра-напади бразилчево ама он како и да е си оди на лето и Сапонара мора да добива минутажа. Ко што Шарави добиваше.
Исто ко што напоменав ми смета тоа што Кристанте не го играат и додека пола одбрана ни е у АУТ зошто некој од момциве на Пипо да не добие шанса?
Ваљда ќе се најде некое дете ко Шиљо и ќе знае да си ја искористи шансата.
Е ова ми смета кај Сидорф и очекувам да се опраи.
п.с Хонда полека полека се привикнува и го гледам ко стандарден на АМ позиција следната сезона.
Cristante имаше потешка повреда и за него е во ред тоа што не игра. Сепак Saponara треба да добива шанса. Honda веќе игра 2 натпревари на многу високо ниво. Вечерва беше одличен и во офанзива и особено во дефанзива, штета што не реализираше на чистата шанса.
Доколку успееме да победиме на следното незгодно гостување во Genoa, имаме реални шанси да продолжиме со одличната серија и да врземе уште 9 поени во серија (Genoa гости, Livorno и Catania дома) пред 2 тешки дуели со Roma на Olimpico и Derby della Madonnina.
Да заборавив да го споменам. При голот на Кака, асистенцијата на Хонда и онаа топка на тацна е она на што сме навикнати од оној Хонда од ЦСКА.
http://www.football-italia.net/47175/kaka-has-orlando-agreement
Barbara Berlusconi: "I spoke with Paolo Maldini, and he is ready to return. It would be positive and desirable if he came back."
Шпанска серија стана ова
Barbara и официјално потврди дека ќе се продаваат околу 30 % од акциите на клубот за да се обезбеди свеж капитал. Најсериозни купувачи се конзорциумот од Обединетите Арапски Емирати и руски Gazprom.
Малце по малце ќе мораат да попуштат, колку и да не сакаат нашиве. Да се квалификуваме за ЛШ немаше да видиме никаква продажба на акции.
Ете, уште една шанса за нов почеток. Ако почнеме за подготовките за наредната сезона уште од март, април ќе бидеме 2 чекора пред сите други.
http://www.football-italia.net/47419/taarabt-milan-really-isnt-fulham
Post a Comment