Нови ветришта почнаа да дуваат во Милано. Конечно по долго натегање сменет шефот на стручниот штаб. Голема благодарност до Макс поради титулата која ја освои во неговата прва година како тренер на Милан, и за неговото трпение да не пукне под сите притисиоци и критики кои беа насочени кон него. И толку. Заврши за него приказната со Милан. Ние почнуваме нова, со еден од најхаризматичните џентлмени во фудбалот кој нема ни еден ден тренерско искуство. Но неговата фудбалска интелегенција, годините во фудбалот, клубовите во кои играл, фудбалските работници со кои соработувал а и секако морам да го спомнам и фактот кој сите го спомнуваат деновите - Кларенс говори шест јазици.
Хаосот во кој се наоѓа Милан повика на очајни и итни мерки. Враќањето на Сидорф во Милан значи обид на Берлу и Барбара да се стабилизира моменталниот тим, да застане цврсто на нозе па да почне да се надградува. Очигледно е дека Барбара има голем удел во бркањето на Макс кој си ги истроши сите кредити. Сега за сега доста за нашиот нов тренер кој официјално екипата треба да ја превземе од четврток, а утре Тасоти ќе не предводи против Специја. Кога сме кај мечот ќе има доста промени во стартниот состав:
Рами, Силвестре, Поли, Хонда и Пацини во стартниот состав. Освежување кое дефинитивно ни треба и воедно еден тест за тоа што можат дел од овие играчи да направат во моментот за овој Милан. Пацо ќе го има првиот старт после којзнае колку време, Хонда и Рами ќе дебитираат од почетокот, а Кристанте ќе го има третиот старт во серија. :) Ова е дефинитивно информација која ја пишувам со насмевка на лицето бидејќи пред нецели 2 недели Брајан беше скоро испратен на некоја позајмица. Кога сме кај позајмици и добри вести, денес се потврдија две. Првата е дека крлежот Матри го испративме кај Виолетовите до крајот на сезоната без опција за откуп. Ако ништо друго, барем нема да го гледаме до лето толку често, па дај боже да се излажат овие и да го купат.
Другата добра вест е свиткување на опаш и наведнување на глава односно е директно поврзана со оваа првата. Андреа Петања се враќа во Милан од 4 месечната позајмица во Сампдорија. Ова е нешто што не ни требаше да се дискутира доколку нашата управа беше разумна и не го направи киксот во август, ама еви им сега шанса да се поправат малце од малце. Важен детаљ тука е што само што се опорави Пацини, Матри беше испратен од клубот што укажува на тоа кој по ред напаѓач во тимот бил Алесандро. Како и да е, подобро е да гледаме како младо дете се развива, па макар и мачи и не му оди отколку истрошен, недокажан и неквалитетен влекач кој губи топки.
Јас лично по подолго време сум мноогу возбуден за меч на Милан. Бидејќи очекувам нешто ново, нешто свежно. Очекувам желба за докажување, за надигрување и за победување, сите овие работи кои ни фалеа во изминатиов период.
GRAZIE MAX E FORZA MILAN!!!
















