За годината која помина уште многу ќе се зборува. Два комплетно различни
периоди, две различни полувремиња. Од еден од најголемите играчки пресврти со
триумфална завршница, со изборување на третото место буквално во последните
минута од сезоната, до најлошото отворање на сезоната во модерната ера на
клубот. Тоа беше годината кој ретко може да ја сумира, а во истиот текст да не искористи
зборови и фрази кои имаат сосема различно значење. А тимот ист, тренерот и
луѓето околу него исто така. Од успех и еуфорија, до очај и агонија. Во секој
случај, неверување. Прво беше неверување дека изгубеното може да се надомести, потоа
неверување дека момците можат вака да разочараат. Ги знаеш, а не можеш да ги
препознаеш. И сега одново истата ситуација, овојпат уште покомплицирана – да се
надоместат цели 17 бода!
Ама ај за промена веќе да не викаме дека секој нареден меч е многу важен
или дека баш од мечот што следува треба да се почне една позитивна серија. Не
сум суеверен, туку досадно е. Се’ ист муабет пред секој еден натпревар сезонава. Очигледно дека не оди, а
момците се сигурно свесни за тоа, па очекувањата дека конечно ќе се скрши лошата
аура сигурно ги прави уште понервозни. Ај да речеме дека сезоната е отидена во
неповрат и дека се што ќе сторат од утре до крајот на Мај може да донесе само нешто
подобро, позитивно. И со ова што го кажав погоре не значи дека го оправдувам
лошото функционирање на клубот во есенскиот дел на сезоната. Напротив, но ова е
време за промена и за менување кон подобро.
Првите промени се случија деновиве. Расположение и позитивни импулси
пристигнаа од Токио вчера. Keisuke San е првиот јапонец во дресот на Milan. Еден од најдобрите азијски играчи, лидерот на јапонската репрезентација.
Доаѓа во најзрелите фудбалски години, после четири бааги успешни сезони во
Русија. За него клубот спреми перманентен договор, додека Adil Rami овие шест месеци ќе настапува како
позајмен играч од Valencia,
сигурно без опција да се врати во Шпанија, каде помина неколкумесечна суспензија
од сопствениот клуб. Засега последната промена е во обратен правец – M’baye Niang замина на полугодишна позајмица во Montpellier, за кој викендов одигра натпревар, дури
постигна и гол од пенал. Французите имаат опција за откуп во Јуни за која ќе
треба да платат 10 милиони евра. Во најава уште неколку излезно-влезни
трансфери, кои рака на срце беа и се логични заради ситуацијата во која се
наоѓа тимот и императивот на комплетно различна фудбалска пролет.
И сега, односно утре, повотрно пред нашиот најголем проблем. Како
позитивните случувања да се трансформираат во позитивни резултати и бодови.
Противникот повторно далеку од нивото и реномето на Milan. Нема да речам дека тоа ништо не значи, затоа што
тоа значеше и годинава повторно ќе значи полна мрежа за противникот. Затоа што
знам дека Balo и Kaka ќе имаат одлично попладне утре, Matri или Binho или
Saponara или било кој што ќе
стартува во нападот ќе има милион мотиви да се наметне во остатокот на
сезоната, затоа што de Jong
не сака да го отстапи приматот на најдобар играч што го имаше есенва, Montolivo да ја оправда капитенската лента по
серија глупости, а Poli нема
да дозволи да е жртва на формацијата по вклучувањето на Honda во тимот, затоа што Rami ќе нема подобра шанса да го импресионира San
Siro, а Mexes ќе побрза да покаже дека другар му Adil е правиот партнер за формирање на бедемот
(иако утре Zapata и Bonera веројатно
ќе докажуваат слична работа), затоа што Urby само напредува од меч во меч, Mattia уште повеќе, а Abiatti како најискусен ќе го набљудува мечот без
многу работа, оти едноставно Milan ќе доминира и комотно ќе победи. Затоа што сите ќе сакаат да одиграат
минута повеќе во новиот Milan кој ќе победува и за кој сите ќе зборуваат, овојпат во позитивен контекст.
Горе-долу, играчите од претходниот пасус ќе бидат стартери утре од 15 часот
против Atalanta. :) Одиме на
првата победа во 2014!
FORZA GRANDE MILAN!
25 comments:
Горе долу, играчите од тој пасус нема да играат на денешниот меч :)
Знам дека овој пост (кој патем речено е одлично резиме и вовед во новата година) е пишуван синоќа ама денешните информации не се баш розеви и велат дека Balotelli е неизвесен поради тоа што има треска а Montolivo обнови повреда и на негово место е можно Cristante да добие старт! Matrinho ќе стартува сигурно а остатокот од тимот е тој. Rami ќе почне на клупата, седејки до Mexes кој ќе го учи италијански затоа што и тој нема да стартува. За разлика од San Honda, Rami има статус сличен на оној на Thiago Silva поради тоа што тој не е баш нов каков што е Honda туку веќе тренира со клубот скоро 2 месеци. Значи тој ги има поминато сите тие смешни маркирања и уште потрагикомични бранења на нафрлени топки од прекини. Се надевам и искрено очекувам тој да помогне особено во тој сегмент, Rami важи како одличен фудбалер со глава како во сопствениот така и во противничкиот шеснаесетник.
Очекувам добар меч а другото само ќе си дојде.
Сега читам за Monti, ама за Balo не видов ништо. ОК, Cristante е супер опција, нема да изгубиме премногу, а ќе добие одлична шанса од друга страна. Е сега, дали играњето на Bryan значи откажување од зделката со Cagliari каде и тој беше вклучен? Таму веќе има силна конкуренција, од никаде Napoli и Roma станаа главни фаворити за потпишување на Nainggolan.
Шанса и за двајцата. Дури и да ја искористи Матри не верувам дека многу ќе смени, додека пак Брајан ќе си ги добие минутите кои ги заслужува. Сакам и Сапонара да го гледам повеќе, посебно во ваква ситуација, во ваква сезона.
Осеќам дека и Рами е тука за да остане. Не велам дека ќе биде на ниво на Неста, ама во споредба со тоа што ни е на распологање мислам дека ќе биде вистинско освежување.
Недостатокот на мотивација за пишување кој сите не прати сезонава е само резултат на едно нешто: повторување. Буквално сите го мислиме истото, сите го знаеме истото, и сите го пишуваме истото. Таква ни е сезонава, таков ни е преодниов период. Ако гледаме на подолги патеки можеби подобро е ваква транзиција да се случи колку и да е болно тоа во моментов. Нешто слично како болно раскинување со саканата :)
Како и да е, ние пак ќе си се радуваме на секој бод како што треба, па играчите колку можат нека направат. :)
Еве одма sopcast и acestream линкови на кои им верувам.
http://sopcast.ucoz.com/news/ac_milan_vs_atalanta_italy_serie_a/2014-01-06-1360
Еве и дефинитивно без Balo и Monti. Balotelli е огромна загуба. Кај баш сега да му се невиди...
Ептен мерак ми направи голот на Cristante, ама ептен!!!
Одлично прво полувреме, нереално лоши 20тина минути во вториот гол и повторно лесен финиш по вториот гол на Kaka. Тоа уште еднаш покажува дека на тимот му фали самодоверба, токму моментот кога Atalanta нè притисна на почетокот од вториот дел, беше најлошиот период од мечот. Ricky со приказна која сè уште трае. Совет до G и компанија, продади го барем Nocerino (ако не и Muntari) зимава и остави го Cristante да игра во вториот дел од сезоната. Реално, мислам дека сезонава е веќе завршена а играњето на Cristante во Milan може да биде од многу поголема корист веќе на среден а сигурно и на долг рок. Момчето поседува со одлични карактеристики и движења (да потсетам, висок е 188 сантиметри) а сè уште нема ниту 19 години. Навистина е штета да се повтори уште една ситуација како онаа на Verdi, Ely, Petagna и еден куп други. Cristante има чист, недопрен талент а што е уште поважно има физикус за настап во сениорите (за разлика од Verdi, на пример). Тоа што средниот ред е преполн со деструктивци а тој има одлична пас игра е уште еден огромен плус во негова полза. Ајде G, ајде Allegri, цела Италија го сака малиот на позајмица и на трансфер, зошто не му дадете вистинска шанса во клубот?!
Мунтари аут, Ноче ин.
Констант аут Д'амбросио ин.
Ако и по ова денес (не само голот) пак сакаат да го пратат негде Кристанте треба да си пукаат у тил нашиве.
И онака Наинголан е на пат за главниот град незнам што фајде ќе имаме од заминувањето на Брајан.
Radja замина што замина, сега интересно ми звучи враќањето на Lamela во Италија. Веројатно многу би помогнал кај нас до крај на сезона, иако ако се сложиме дека сезоната е загубена, не знам која би била логиката во позајмица од 6 месеци без опција за откуп. Зошто би му ја плаќале англиската плата кога немаме амбиција. Или имаме?
Околу натпреварот, чувствата ми се измешани. Вака изледа одлично кога се гледа само резултатот. Еден другар што ја гледал ми искоментира дека можело дури и со повеќе гола разлика да заврши. И стварно, можеше, ама можеше да биде како и голем дел од натпреварите сезонава. Можеше да примиме гол многу лесно во првите 15-20 минути од второто полувреме, па одново мачи се, притискај, како во еден куп случаеви есента. Во глобала можам да речам дека сум задоволен, скоро од секој играч. Нормално, неколку од нив се издвоија е вчера - Kaka, de Jong, Cristante, а за мене и бековите беа во оваа група. Среќен сум некако што Urby напредува од меч во меч. Би било добро да одигра во овој ритам барем до крајот на сезонава. И воопшто, одбраната вчера многу доби со тоа што не прими гол. Matri беше интересен за гледање вчера. Во првите 20тина минути беше исклучително активен, па и опасен на моменти. После тоа, стариот Matri кој беше тежок за гледање. Среќен сум што не повратив пред да го сменат со Balo. Останатите беа просечни, налик на перформансот на цела екипа, со подеми и падови. Сега кога веќе победивме, можеме да речиме - ај да врзиме неколку победи, време е.
FORZA MILAN!
Оп, оп... "Libero reports that Forza Italia are considering to ask Galliani to be one of their candidates to run for mayor of Milano in 2016."
Незнам дали сонувам или неколку екипи се заинтересирани за Матри и Констант.
Моментално сме во ситуација каде од реалното европско место не делат 10 бода, а од она посакуваното цели 17.
ЛШ место - сакаме, но свесни сме дека годинава ке биде неизводливо, а
ЛЕ место - реална опција меѓутоа не го задоволува нашиот апетит и реноме од разбирливи причини.
Средина од Калчо-сезоната каде како да немаме цел освен да играме за малубројната публика и да го поправиме целокупниот впечаток, па во некоја лежерна атмосфера ке се чека летото и најавените крупни промени.
Алегри во една прилика изјави дека Coppa Italia би била убава прилика, и иако не сме навикнати на тоа поле да нижиме добри резултати поради потценувачкиот карактер итн итн сепак би бил добар boost за наредната сезона.
#1 Хонда многупати ја спомнуваше ЛШ во текот на презентацијата, а ве прашувам дали ке смее да игра поради тоа што играше за Цска или нешто е сменето?
#2 Спалети? Некако најмногу накај него се покажува со прст како летна замена
- Еден фудбалер нема право да игра за два различни тима во иста сезона во ЛШ. Тоа значи дека Honda сезонава нема да игра за Milan во ЛШ.
- За Matri е заинтересирана Sampdoria но го сака on loan со опција за откуп. Ова би ослободило само дел од неговите плати но пак ќе ни се врати назад летово. Во спротивен правец би се вратил Petagna. Далеку поинтересна е втората варијанта, Lotito ги сака во тандем и Matri и Constant а Milan за тој двоец го бара Senad Lulic + одреден финансиски бенефит. Ова е далеку поинтересна варијанта, од една страна се ослободуваме од два фудбалери кои немаат никаква иднина во клубот а на сето тоа го добиваме и Lulic кој не е воопшто фудбалер за потценување и дечко кој може да покрие неколку различни позиции во тимот. Мене ми изгледа привлечно.
- Денес излегоа информации дека G го договорил Fernando од Porto да дојде летово. Популарниот O Polvo е на крај на договор и би дошол бесплатно. Fernando е специфичен фудбалер за врска кој ги користи своите долги нозе за сечење на противничките топки и токму затоа го доби својот прекар кој значи Октопод. Fernando е добар фудбалер ама пак имам впечаток дека се засилуваме на принцип „што има поквалитетно за беспари“ отколку на принцип на задоволување на реалните потреби во тимот. Milan веќе има еден куп деструктивци во тимот а Fernando колку и да е добар, игра на местото на сезонава веројатно најконстантниот фудбалер во тимот. Fernando никогаш не би играл во првите 11 со здрав De Jong освен доколку играме формација со двоен пивот (и тогаш би имале проблеми со дистрибуција на топката напред) или како некој хибриден box to box во среден ред со тројца фудбалери во линија, веднаш до De Jong. Да не се разбереме погрешно, сум го гледал Fernando и навистина ми се допаѓа неговата игра но сметам дека повторно ќе заглавиме со фудбалер кој прима 3 милиони по сезона а нема да биде стартер. На нас ни требаат технички префинети фудбалери во средниот ред. Инаку Fernando е далеку подобра замена на клупата за разлика од Muntari, Nocerino или Traore (кој пак ќе се врати на лето), на пример.
Кога веќе правев паралела меѓу De Jong и Fernando, еве уште еден податок
Ако може зимава да се ослободиме од барем 2ца вишок играчи во тимот јас ќе бидам задоволен. Кристанте ќе остане според последното интервју на Галијани.
ЛЕ за мене не е никаква опција и многупати го имам образложено својот став со кој мислам дека сите се слагаме.
Алегри изминативе 3 сезони во исто време го дава истиот коментар за Coppa Italia така да и оваа година нема да му верувам.
Треба да се спомене дека Боатенг играше во баражот од ЛШ за нас за веќе наредниот ден да замине во Шалке и да игра во ЛШ за истиот тим. Како ова се случи сеуште не дознав а прашав неколку луѓе.
Ми се допаѓа аспектот на кој Ри гледа на евентуалниот трансфер на Фернандо. И апсолутно си во право, од од друга страна кога ќе ги видиме нашите алтернативи на тоа место, и вољата на управата да скаутира и притоа да купува играчи тогаш Фернандо би бил бонус.
За мене интересни опции за налето се и Видиќ и Чаби Алонсо. За вториот тешко дека имаме шанси бидејќи пола Европа ќе го брка, има шанси да остане во Реал, а и мислам дека не би сакал да дојде кај нас. Видиќ па од друга страна е играч кој мислам дека може да ја врати стабилноста во нашата одбранбена линија. Вистина е дека има 32 години, но со неговото искуство и квалитет мислам дека може да ни пружи 2 добри сезони. Дефинитивно си заминува од Јунајтед како слободен агент, па ако нашиве гледаат на таа опција треба уште веднаш да се фатат за работа.
Факт е дека нашата одбрана би изгледала каде каде по комппактно со Видиќ и Рами него со Запата и Бонерот.
И чисто онака да ви ја позанимавам фантазијата.
Еве листа на најдобрите free-agents ова лето
Валдес
Акинфеев
Сања
Видиќ
Теру
Кабул
Хејтинга
Фернандо
Пирло
Чави Алонсо
Керик
Камбијасо
Матуиди
Росицки
Менез
Ола Тоивонен
Јанузај
Левандовски
Дел од нив веќе си најдоа нов клуб: Валдес, Левандовски... но затоа поголемиот дел од нив се многу интересни опции.
1.Акинфеев
2.Видиќ
3.Кабул
4.Хеитинга
5.Фернандо
6.Матуиди.
7.Росицки
9.Менез
Акинфеев е дефинитивно интересна опција за голманската позиција, има 27 години мада ќе биде премногу ако уште еден клучен играч им земеме за без пари на ЦСКА.
Видиќ,Кабул и Хеитинга се сите добредојдени со оглед на хаосот кој ни владее во одбраната моментално.
Фернандо и Матуиди се доста квалитетни играчи во вистински фудбалски години и мислам дека одлично би дошле како замена за некои просечни истрошени играчи кои ги имаме моментално во тимот.
Росицки е во поодминати години а и има проблеми со повреди и не верувам дека би бил реална опција за нас. Јуве и Интер се заинтересирани за Менез а со оглед на многубројните опции кои ги имаме ние во нападот а недостигот кој го имаат нашите ривали сметам дека тој е нереална опција.
Кои се вашите ставови околу ова?
Денес информации дека Fernando сепак го продолжил договорот со Porto и дека Milan ќе го продолжи договорот на Abbiati за уште една сезона а ќе го донесе и Perin летово на San Siro.
уште една сезона? -.- сериозно?
А еве читам дека Габриел и Вергара пратени во Реџина на позајмица до крајот на сезоната.
Нианг пак голче жбрц.
Дај нека наоѓаат купци нашиве за Матри и Робињо да си се врати момакот летово кај што му е место.
А да.
И Амелија потврди на твитер пред околу 3 часа дека си заминува.
Ова (се поизвесно) ангажирање на Сидорф за нов тренер не ви делува како мачо предавство кон Пипо? Овој вториот барем веќе има 1 сезона зад себе, Сидорф уште игра фудбал. Ама па од друга страна ако добро се сеќавам Пипо велеше дека сака барем уште една година во Примавера за да ја дочека новата генерација.
друштвото за заем што ми дава заем од 5.000.000,00 УСД Кога другите инвеститори за заеми ја занемаруваат мојата понуда, но г-ѓа Бенџамин ли ми даде кредит за успех.Тие се директно во финансирање на заем и проект во однос на инвестициите. тие обезбедуваат решенија за финансирање на компаниите и поединците кои бараат пристап до фондовите на пазарот на капитал, можат да ви помогнат да го финансирате вашиот проект или да го проширите вашиот бизнис .. Контакт преку е-пошта :::: Исто така Lfdsloans@outlook.com или напишете на whatsapp Број на + 1- ( 989-394-3740)
Post a Comment