Уште го чувствуваме горкото од ремито во неделата, а веќе вечерва ново коло. За помалку од еден час, на гости на Сардинија, против Cagliari. Можеби поинаку ќе го дочекавме натпреварот денес ако се оствареше она што, можеби премногу го посакувавме пред три дена. Вака, атмосферата малку спласна, дури и од клубот беа тивки деновиве. Тоа веројатно е и подобро, барем тоа го зборува искуството од тековната сезона. Навистина се одиграни само осум кола, но убаво можат да се разграничат натпреварите пред кои притисокот и очекувањата биле големи и не сме успевале и оние каде во мирна атмосфера се припремале играчите и каде трите бода завршувале на нашето конто.
Во овие три дена, само пресот од на Pippo вчера можеше да се извлече некоја претпоставка околу стартерите вечерва. Inzaghi најави дека ќе има неколку промени во тимот, иако во повиканите ниту една во споредба со неделата. Не е повикан ниту Armero, иако колумбиецот веќе не е повреден. А искрено се понадевав на него како евентуално освежување после ужасниот меч на De Sciglio. Главните две промени во стартерите се на голманската позиција и во шпицот на нападот. Pippo имаше можност да се увери дека Abiatti, за жал, не е повеќе достојна конкуренција на Lopez и уште повеќе и поважно, дека без вистински шпиц во нападот, играта на тимот е коплетно различна. Да бидам подиректен, импровизирана. Затоа денес назад се враќа Torres. Honda и SES лево и десно од него. Останатите две промени би требало да се Rami на местото на Zapata и Jack на местото на Poli. Иако наместо Poli, јас би го седнал на клупа Muntari, сепак ризикот да добиеме премногу офанзивна формација, веројатно ќе пресуди во одлуката на Pippo. За Rami, лично, многу ми е мило ако го видам назад во стартерите. Останатите се стандардните NDJ, Abate, De Sciglio и Alex.
Денот започна убаво, со одлична победа на Primavera против Sassuolo, ајде уште поубаво да го затвориме денот!
FORZA MILAN!!!
3 comments:
Не сум сигурен дали заслуживме синоќа да победиме. И што е најчудно во чудново коло, никој од нас не се осеќа како да сме напредувале, напротив. А ние, оп, трети :) Може безвеза ќе звучи муабетов, ама е факт: расфрлените бодови со Viola, Cesena и Empoli, еве ти го врвот заедно со Juve и Roma. Ајде, Palermo во недела ќе плати за се.
Тие расфрлени бодови на крај може да коштаат и ЛШ.
А ако коштаат ЛШ ќе коштаат и трансфери.
А на крај забораив дека асален трансфер за нас фановите на Милан е невозможно нешто.
Срединава е лоша и се додека не се среди тоа нема да има резултати.
Тоа 3то место малку лаже. Да, сега сме 3то место (всушност 4то, Lazio е пред нас со ист број на бодови) меѓутоа од 3то до 9то место нè дели само еден бод. И да, не напредуваме во последните натпревари - напротив. Против Каљари, не само што не заслуживме да победиме туку не заслуживме ниту бод. Се плашам да не се повтори она со Сидорф односно да не завршува моментот на нов тренер и нов ентузијазам а потоа пак тимот да го фати летаргија и да се врати на климавите игри и резултати. Веќе неколку натпревари во серија немаме идеја во играта и не напредуваме. А за разлика од некои наши конкуренти, од тешки противници ние се сретнавме само со Јуве досега (и Лацио кој не е во топ 4 најсилни екипи во лигата).
Post a Comment