Translate

Saturday, 18 October 2014

Ќе ни годи ли Bentegodi?



Нема ништо послатко од клупски фудбал после репрезентативна пауза. Веројатно никогаш нема да сме почувствувале колку недостига клупскиот фудбал ако не постојат репрезентативните паузи. После паузата која изгледаше како цела вечност, се враќаме во Калчо и се надеваме дека ќе ни годи Bentegodi. Паузата помогна да се рехабилитираат некои фудбалери (во прв план Diego Lopez а потоа Bonaventura, Saponara и Van Ginkel) но го загубивме Menez кој заработи непријатна повреда од која половично се рехабилитираше, довоно само за клупата за резервни фудбалери. Тоа значи дека повторно ќе го гледаме Toress како најистурена напаѓачка игла во нашата игра, поткрепен од Honda и El Shaarawy (по подолго време) по крилата. Дотука изгледа сосема во ред. Сепак, проблемот е зад нив. Nigel De Jong ќе мора да го одмори овој меч поради жолти картони а кога на тоа ќе се придодаде и долгото отсуство на Montolivo, ситуацијата во средината е далеку од идеална. Затоа Pippo се одлучи повторно да се врати на 4-3-3 за да добие малку повеќе на сигурност во средината која ќе биде составена од фудбалери кои не се баш најдоброто решение за стартери особено кога покрај нив нема ниту еден од De Jong односно Montolivo. Лобито од Ghana ќе биде присутно (Muntari + Essien) а на нив најверојатно ќе им прави друштво Poli (резервната и помалку веројатната варијанта е Bonaventura како mezzala). Ова значи дека креирањето на играта во средината ќе биде сведен на некоја позитивна нула иако некогаш и слепа кокошка може да погоди зрно. Јас лично би бил задоволен доколку средниот ред барем одигра пристојно во дефанзива и не прави некои камикази потези како оној на Muntari против Chievo. Во одбраната и на голот ќе настапиме со најдоброто што го имаме во тимот. Тоа значи од лево кон десно De Sciglio, Rami, Alex и најдобриот бек асистент во лигата, Nacho Abate. Зад нив се враќа Diego Lopez кој на последниот натпревар на кој настапи прими 4 гола и се повреди при комичен автогол. Се надевам дека ќе продолжи онаму каде што застана против Lazio а не против Parma. Сето ова убаво илустрирано би изгледало отприлика вака:


Од она што паѓа во очи кога станува збор за противникот можеме да го издвоиме Luca Toni. Бардот на италијанскиот фудбал (заедно со Toto Di Natale) и во својата 37ма година од животот повторно прилично често ја врти раката околу глава кога постигнува голови. Дури и кога нема да постигне гол, Toni вреди злато за играта на Verona. Во суштина нивната игра (кога не се тоа нафрлања од корнер) се состои од тоа да стигне топката до Toni, тој да ја смири, загради додека не пристигне едно од двете крила, потоа ја проследува топката во простор до крилото и оди напред во срцето на петерецот и чека повратна топка од истиот фудбалер. Нема многу филозофија но носи резултат. Сепак, со оглед на нашиот одбранбен тандем (Rami и Alex) мислам дека Toni нема многу да се изнаигра бидејќи и двајцата важат за одлични фудбалери во воздух а Toni е фудбалер кој во спринт не би успеал ниту да ја престигне 74 годишната баба Рада од Богданци а не пак некој како Rami или Alex. Сепак со нашата одбрана секогаш постои тој Х фактор за ултра смешен blunder па ќе треба да почекаме 10 минути по последниот свиреж на судијата за да бидеме сигурни во конечниот резултат.

Имам уште доста да пишувам меѓутоа го чекаат постов на твитер па ќе морам да привршувам. Verona важи како ултра тешка екипа за да се игра против неа на Bentegodi но би требало веќе да почнеме да собираме бодови на вакви мечеви кога веќе изгубивме против Empoli и Cesena. Овој меч е уште поважен од аспект на тоа што во овој викенд настапуваат Printer и Napoli меѓусебе па би можеле да бидеме големи добитници после ова коло. Само да не подлегнеме на жестоката атмосфера на Bentegodi и да не направиме некој ултра смешен потег на кој би можел да ни позавиди дури и Стиви Џи.

Ни треба глад за успех и љубов кон боите на клубот, момци!

Segna per noi!

22 comments:

Anonymous said...

Ми се допаѓа одбраната, делува цврсто вака и имаме добри шанси за клин шит. Средината мн ме плаши. Бидејќи го нема Менез целиот креативен сегмент ќе падне на Хонда и Ел Шарави. 0:2 точен рез е моја проценка. Forza Milan !!!

Ултра

ReBorned said...

Веќе неколку кола во серија типуваме сигурна победа со барем 2 постигнати гола и без примен гол и редовно ни ја полнат мрежата :) Само со Киево дочекавме клин шит и тоа не поради тоа што бевме многу сигурни туку поради тоа што фудбалерите на Киево прописно се обрукаа во неколку шанси (особено во 3 на 1 контрата која се случи благодарение на Мунтари)

Anonymous said...

Абе имаме капацитет за тоа, и момците се свесни. Ова коло можеме многу да добиеме

Navigator said...

Средниот ред е страшно ризичен. Или ќе имаме натпревар без проблеми, или ќе биде жива смешка. За оној дел каде што ја објаснуваш единствената идеја во играта на Verona, нашиот одговор би морал да биде помош на офанзивните крила за бековите. За SES не се соменвам дека ќе помага назад, се надевам истото ќе го прави и Honda.

Момци, мене ќе ми извините овие последните 10тина дена. Го менувам операторот и сум без интернет и тв, така што многу малку пратев што се случува. Настрана интензивните работни обврски последните 2 недели. Веројатно некаде на средина на следна недела добивам приклучок и се враќам информиран :)

Forza Milan!!

Navigator said...

И уште нешто... забележав дека последните 3-4 поста од блогов ги "шеруваат" разни фанпејџови на ФБ :)

ReBorned said...

Каде тоа?

Anonymous said...

Одлични два паса, и одлични 2 гола на Хонда! Без автоголот и оној што го примивме голот на крај ќе беше 0:2 :D
Кој шерувал што?

ReBorned said...

Голот што го примивме на крајот мене и другар ми не чинеше 200 евра

Navigator said...

Шеруваат некои од македонските фан-страни за Milan. Оние со предзнак "официјална" :) Нема врска, нека се чита.

Ако има некој од вас време и желба, нека го опише натпреварот во 10тина реченици. Јас гледав прво полувреме, ама комбинран пренос и тоа во кладилница. Ги видов головите до паузата, пасот на SES до Honda и завршницата беа ко од видео игра. Па и автоголот беше ко од игра, додуша повеќе како bug :) Видов и 1-2 тешки и убави интервенции на Кичо. Претпоставувам дека беше еден од најдобрите и најзаслужните денес. Ах да дојде среда, да се средам со интернетов...

Navigator said...

Сега гледам и дека дербито вечерва завршило 2-2. Фино коло... Четврто место, 5 бода минус од лидерот, само еден од третото место не е воопшто лошо. Додуша распоредот во овие 7 кола не беше воопшто тежок. Сега следуваат неколку поцврсти противници.

Kole.22 said...

Противникот тргна многу панично уште од старт и кога се ке се собере, немавме тешка задача. Тие 2 атрактивни одбрани на Абијати во голема мера го насочија натпреварот, па кога ке се покаже сигурност на голот, целата игра оди во нагорна линија. За наши стандарди немаше поголеми грешки од четворицата позади. Алекс и Абате (на кого ке му броиме асистенција) одлични. Не можам да си верувам на очите каква трансформација доживува Абате сезонава, не само што асистира, десната страна 2 натпревари по ред е буквално непробојна, не паничи и не греши пасови. Мислам дека потпишувањето на новиот договор е само прашање на време(како и на НДЈ). Деструктивниот среден ред солиден, без преголем напор си ја заврши работата како што треба. Од Торес иако не видовме скоро ништо, константно влече барем 2ца противнички играчи и мислам дека ке проработи и тој. Хонда покажа што знае и може. Од ЕлШа најдоброто допрва доага.
Богами 16 голови на 7 натпревари и не е така лошо. Вистински момент за дочек на раздрманата Виола. Рано или не, мора да се создава победничкиот менталитет за ЛШ следна година :) Чекор по чекор

Kole.22 said...

бонус: Монтоливо и G во елемент

http://sportmedia.mk/wp-content/uploads/2014/10/galijani322036020141019182110.png

ReBorned said...

Ова беше веројатно најдобро одиграниот натпревар во досегашниот тек на сезоната. Уште од самиот почеток ги преземавме конците во свои раце и иако автоголот доста помогна, дотогаш Verona и така не можеше да ја помириса топката и сметам дека дури и ако не беше автоголот беше прашање на време (и тоа во прво полувреме) додека го отвориме резултато. Огромна работа заврши Кичо со тие 2 одлични одбрани веднаш после 2-0 за да не дозволиме домакините да се понадеваат на враќање во игра. Повторно паѓа во очи таа несигурност која настапува при примен гол. Фудбалерите едноставно одеднаш стануваат преплашени! Имавме игра, имавме резултат, имавме 3-0 и ние бевме поблизу до четврт гол отколку тие до прв. Но постигнаа еден гол и веднаш следната минута за малку ќе постигнеа уште еден и ќе искомплициравме. Таа болка со самодовербата се појави во самиот финиш. Се додека не примаме гол на натпреварите не верувам дека ќе завршиме 0-0, во 90 % од натпреварите ќе постигнуваме гол. Но примен гол многу нè пресекува, се виде тоа против Lazio, се виде против Parma, се виде и на останатите мечеви. Сè на се одлично одигран натпревар особено ако се има во предвид дека ова е тешко гостување, дека сите големи екипи нема да си заминат од Bentegodi со 3 бода! Домаќините некако беа панични уште од самиот старт и тоа одеше во наша полза. Сигурен сум дека барем две екипи од Juve, Roma, Napoli и Printe нема да си заминат со 3 бода од Верона. Ова се гостувања каде можеме да направиме разлика со конкурентите (тука мислам пред сè на Napoli и Printer кои одиграа натпревар со резултат по наш вкус синоќа).
Ако треба да бирам најдобри на мечот, Honda и Abbiati (не поради тоа што имаше којзнае колку работа но тие беа клучни и тешки одбрани а тој успеа да ги неутрализира противниците) а веднаш зад нив Alex. Единствено ми е жал што не издржавме да не го примиме тој гол во финишот ем за да имаме клин шит ем за да фатиме 200 евра (од 2 до 3 гола ја имав).
И за Фиорентина, сега е одличен момент да им зададеме удар и да освоиме 3 бода. Екипата се наоѓа во криза и првиот напаѓачки двоец е во аут поради повреда. Има шпекулации дека Gomez се враќа против Milan ама тој вчера не беше ниту на клупата па и да се врати прашање е колку ќе биде спремен после толку долга пауза. Сега мора да освоиме 3 бода против нив затоа што по враќањето на Gomez и Rossi тие пак ќе бидат тврд орев и ќе се консолидираат па нека се расправаат со нив другите екипи.

Kole.22 said...

https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/hphotos-ak-xpa1/v/t1.0-9/10649761_837936442896337_5617138867413532679_n.jpg?oh=833d07e78c6a0770c2d5bc42acdfdccf&oe=54AA5EC7&__gda__=1421710463_c99b2ddbfe959a375b75187a1719e0fa


Најмалку што ни се потребни се проблемативни аквизиции.
Разбирливо е дека миланистите го бараат назад, но верувам дека речиси завршената работа со Сусо ке ги предомисли...

ReBorned said...

Јас уште летото го зборував ова, летото дилемата беше меѓу него и Menez. Menez зема поголема плата од него но дојде без обештетување, тој можеби ќе земеше нешто помала плата но ќе платевме барем 4 милиони евра за него, значи отприлика ќе ни дојдеа исто меѓутоа придонесот на Menez е неспоредливо подобар од оној што лани го имаше Taarabt (а летото веќе беше со вишок тежина и не тренираше). Се сеќавам добро на изјавата на G, Taarabt му се јавил во последните денови од преодниот рок и го молел да го земе во Milan буквално со зборовите: Ти одлучуваш, земи ме!
G му вратил: Драг Adel, јас те сакам во клубот но не сум сигурен дали истото го сака и Pippo. Pippo уште по доаѓањето беше црвсто решен да ги исчисти лошите момци од тимот, затоа дури го продадоа и Balotelli по дисконтна цена, го баталивме и Robinho а со сите сили се трудеа да го мавнат и Мexes но не успеаа. Сигурен сум дека доколку не се случеше повредата на Montolivo и Muntari ќе си заминеше од клубот. Pippo сакаше да ги исчисти лошите момци и верувам дека нема да го сака Taarabt назад. Единствено може да го земат ако не најдат друга замена (ако Suso не дојде во Јануари) па да се покриваме оти Honda ќе оди на куп на Азија.

Unknown said...

Читав два твита прееска со најсочното од изјавата на Хари и сакав да ги пишам ама заборавив.

Таарабт е страшен дриблер ама не е за овој Милан кој ќе пробува во наредните 2 трансфер периода да ги доисчисти таквите играчи а и Пипо не ги мириса таквите, нормално со право бидејќи освен тоа што му штетат на угледот на Милан можат и да му ја закомплицираат кариерата.

Мексес еве скоро ноември е а трева нема помирисано.

Иначе двајцата b2b играчи што ги користи Пипо во 4-3-3 имаат конечно своја улога и знаат што треба да праат ама Мунтари и Поли не се толку квалитетни за тоа да се покаже толку добро и да има поголем бенефит од тоа.

Стај ги Видал и Погба таму и ќе видиш каков страшен Милан ќе биде тоа.

Мислам дека во следните трансфер периоди треба да се фокусираме баш на ова, Кедира е опција ама многу тешко да го земеме бидејќи во игра се повеќе клубови ко Арсенал,Челзи,Баерн а ние го изгубивме чекорот со нив кога станува збор за трансфери.

Наиголан како ќе ни дојдеше по по по...

Инаку во неделата пред утакмицава со Верона се играше и дербито со Интер Примавера и имав прилика колку толку да го следам мечот и можам да издвојам само еден играч а тоа е Мастали.
Дечкото покриваше на лев бек,десен бек, централен бек, се враќаше да земе топка и да организира акција а беше прв во противничкиот 16тник кога имаше контра и слично.

Ми изгледа ко одличен б2б играч што на Пипо очајно му треба за да се зацврсти средината а го имаме во младинските категории.

Шанса знам дека ќе добие пошо хајпот околу него настана баш додека Пипо му беше тренер во помладите категории а и Пипо го обожава. Сите го памтиме постот на Жаре, така?
И он е заслужен за тоа што уште од тогаш знаеме каков талент имаме у тим.

Се надевам само дека детево нема да ни избега во Бенфика ко Кристанте.

ReBorned said...

Mastalli е одличен дечко со одлични манири и капитенска аура. Сепак, реално сè уште физички е недоволно конкурентен на Калчо натпревари, сепак станува збор за момче кое има скромен физикус ако го споредуваш со фудбалери кои можат да му бидат родители. Иако во летниот подготвителен период беше повеќе од добар (постигна 2 или 3 гола и 1 асистенција) сепак му треба уште некое време за bulk up во Primavera.
Кога сме кај Primavera дербито, не го гледав (не можев да најдам линк) но после мечот читав фрлање со дрва и камења по судијата од страна на Brocchi и Galli (нешто што речиси никогаш не се гледа кога станува збор за младите категории) но веројатно судијата имал свое шоу. И Brocchi и Galli потенцираа дека барем вакви дерби натпревари треба да ги судат поквалитетни судии и имаше коментари за некој фудбалер на Inter кој најпрвин со старт буквално разнесол наш фудбалер и нашето момче пробал да игра но изгубил свест и бил однесен во болница (за ова фудбалерот на Inter не добил ниту жолт картон) а подоцна истиот фудбалер остро стартувал врз друг наш фудбалер и го повредил. Подоцна судијата сомнително исклучил наш фудбалер баш во моментите кога сме имале целосна офанзива кон голот на Inter и со тоа ни ги пресекол шансите барем за изедначување.
Инаку вреди да се напомене дека нашите играа без првиот голман, 15 годишниот Donnarumma кој сè уште нема примено гол во Primavera (брани за репрезентацијата U17) и без Di Molfetta (повреден). За репрезентацијата уште играат и Cutrone (постигна 4 гола на последните 2 меча за репрезентацијата и мислам дека постигна уште еден на третиот меч), Llamas (капитен на U17 и тој постигна гол сега за репрезентацијата. Запаметете го ова момче, вистински лев full back/крило), Locatelli и Ludica но овие момци играат повеќе за Allievi nazionali. Кај Inter Недостигаше првиот напаѓач на Primavera, Bonazzoli кој беше повикан од Mazzari за мечот со Napoli затоа што беа куси со напаѓачи.
Cutrone има страшен goal ratio, како во младите категории на Milan така и во репрезентацијата на Италија. Вистинска казнена експедиција пред противничкиот гол. Многу очекуваат од него во иднина.

Доколку некој нè чита а го нема прочитано постот што го посветив на Ale Mastalli пред речиси година ипол, повелете во продолжение. Досега се е погодено, момчето е капитенот на Primavera дури иако Pippo не е на чело на Primavera :)

http://milanfansmkd.blogspot.com/2013/07/maldini.html

ReBorned said...

http://www.sportski.mk/tarabt-se-razgole-za-da-mu-pokazhe-na-rednap-deka-ne-e-debel

Unknown said...

Иначе Жаре да не се разбереме погрешно сакав да кажам дека за сезона најкасно две би сакал да биде стандарден првотимец пошо играч со тие негови карактеристики ни фали многу.

Сезонава потполно се согласувам дека не е спремен за Калчото и може само да го изгориме ако го форсираме а гледам дека и Инзаги го знае тоа.

Кристанте да не побараше трансфер ќе си беше стандарден под Пипо ама јбг.

Иначе видовте што асистенција напраил малиот?

http://videos.sapo.pt/7iZBAsSzNvuPUaFeFjPC

криво ми е искрено...

Anonymous said...

И мене ми е криво, посебно тоа што на негово место го гледаме Есиен како игра.

Kole.22 said...

Одлуката на Кристанте беше да си замине и тоа го почитуваме. Од негов аспект сосема оправдано. Момчето има 19 год но е доволно зрел за да знае дека сега му е моментот на кариерата - дали ке го биде или не, и едноставно нема време за чекање. Португалија е идеална за развивање во играчка смисла. Другата опција беше да седи на клупа и да гледа како пред него играат Мунтари,Есиен и разноразни отпадоци што не заслужуваат да го носат дресот (в.Гинкел на пример).
А во Италија општо кај везните играчи прво се гледа искуство, а второ квалитет. Еве побарајте некој податок колку млади играчи играат на таа позиција. Бројот е минимален. Нема поента да ја ризикува кариерата знаејки дека може во секој момент да биде заменет од некој понеквалитетен.
Ако не се лажам успеавме да земеме околу 7м што и не е така лошо. Јасно е дека е дете на Милан, но кога некој сака да си замине, а особено со причина, нема потреба да му се стои на патот. Искрено се надевам дека ке го видиме назад за неколку години.

Kole.22 said...

Mario Fernandes од Цска? МОЖЕ