Translate

Saturday, 4 October 2014

Победа, за враќање на самодовербата.


Статистиката вели дека дома со Киево имаме ремизирано само 2 пати и победено дури 10 пати, а немаме изгубено никогаш. Подобар противник не ни можевме да посакаме. Пипо и момците знаат што можат да направат, и дека со противник како Киево треба да се притисне додека стигнеме до првиот гол, понатаму ќе им се распадне цел систем и победата може да биде и поубедлива.

За првпат во одбраната ќе бидат нашите најдобри стопери Рами и Алекс кои не знаеме колку се компактни за да играат заедно. Кичо ќе биде на голот а Де Шиљо и Абате по страните. Де Јонг и Поли стандардни во средината, и најверојатно Бонавентура што за мене е изненадување. Во нападот Менез, Торес и Хонда ќе се обидат да го скршат отпорот на летачките магариња.

На другата страна ќе ги имаме незгодниот Палоши кој Пипо сакаше да го потпишеме летово како бекап, и нашиот млад талент кој е пратен да се надоградува во Киево, Словенскиот Кројф - Валтер Бирса.

Шала на страна, мора да се стегнеме во одбраната конечно ако сакаме да не гледаат другите екипи сериозно и овој меч е совршеното место за почеток. Искрено се надевам дека ќе дадеме 3 гола, дека Де Шиљо и Абате ќе се изнатрчаат по страните а дека Рами и Алекс ќе бидат ѕид кој не ќе може никој да го пробие.

Малце ќе го скратам постот во недостаток на време и идеи, и би сакал да ве известам дека најверојатно во иднина се помалце и помалце ќе бидам дел од овој блог и се што е поврзано со Милан, пред се затоа што ќе се селам во друга земја, и работното место ќе ми биде такво што незнам колку време ќе имам и да ги гледам самите натпревари на Милан а не па да коментирам и слично.

FORZA MILAN !!!

15 comments:

ReBorned said...

Среќно дечко, малку ми е жал што нема да контактираме почесто но сигурен сум дека тебе ќе ти биде подобро а со тоа и мене ми е подобро. Се надевам дека некогаш повторно ќе седнеме на кафе и ќе ги дискутираме сите оние киксови и добри страни на клубот што го сакаме :)
Среќно!

Anonymous said...

Не ми се допаѓа што толку доцна го затворивме натпреварот. Од друга страна го контролиравме резултатот и играта, ама онаа грешка на Мунтари пред вториот гол кога ја подари топката на противнички играч и имавме ситуација Де Шиљо против 3ца напаѓачи можеше да биде кобно за нас и натпреварот да има сосема друг тек. Не ми се допаднаа и доцните замени на Пипо и мислам дека на тоа може да се поработи. Позитивно е тоа што бевме многу трпеливи во градењето на акциите и што Абате повторно беше многу опасен напред. Ама да не се лажеме, неможеме секогаш да се потпреме на волеј на Мунтари или на слободен удар на Хонда.

Unknown said...

Другарче се најубаво и многу успех, тоа е најбитно!

Натпреваров не сум го гледал, бев на РК Вардар ама ми се допаѓа што сме победиле и не сме примиле гол.

Уште резултативе вака да си останат на последниве две средби и топ сме.

Не чека гостување кај Верона и таму мора да се изборат за 3 бода и уште од сега да си ствараме разлика кон конкурентите.

ReBorned said...

Штета што Napoli ја сврти во 2 полувреме но Inter повторно беше прегазен па можеме да кажеме дека колово во глобала беше позитивно за нас. Да не фрлавме без врска бодови против Empoli и Cesena сега ќе бевме уште повеќе одлепени од оние зад нас ама и така е добро. За Sampdoria и Udinese многу не се замарам затоа што е прашање на време кога ќе паднат во ритам и резултати.
Околу мечот, во прво полувреме немавме некоја изразита офанзива меѓутоа создадовме 4-5 добри шанси од кои можевме да реализираме. Одбраната дотогаш ни беше стабилна.
Во вториот дел бевме поефикасни но и пораздрмани назад и тоа по исклучиво трагикомични грешки на поединци. Muntari одлично ја закачи за 1:0 но Muntari не би бил Muntari ако веднаш потоа не изгубеше топка на средината и тоа обидувајќи се непотребно да дрибла и овозможи контра 3 на 1 (против De Sciglio) и само смотаната реакција на фудбалерот со топката спречи да продолжиме од егал резултат и многу мачење за победа. Потоа имаше уште неколку слични несфатливи грешки во дефанзива (Rami, Menez) кои не беа казнети. Кога сме кај Menez, очигледно полека но сигурно добрите игри почнуваат да му удираат во глава и многупати претерува со солирање кога има слободни фудбалери за додавање. Како тоа да не беше доволно се закачи со Honda сакајќи тој да го изведе слободниот удар по кој Honda го постигна голот. Bonaventura полека но сигурно се претвора во клучен фудбалер за овој состав пред се поради неговата флексибилност. Започна како mezzala во 4-3-3 и кога не играта не одеше како што треба, Pippo ја промени 4-3-3 во 4-2-3-1 со Bonaventura на AML без притоа да троши измена за менување на модулот. Многу вреди да имаш таков фудбалер во тимот. Доби и повик од Conte во репрезентацијата.
Со Verona ќе биде потешко. Очигледно имаме проблеми со гостувањата а ќе бидеме и без De Jong во тимот (жолти картони). Од друга страна веројатно на голот ќе бидеме посигурни бидејќи се најавува враќање на Diego Lopez меѓу стативите. Имаме 2 недели пауза за да се средат впечатоците, формата и повредените фудбалери.

Anonymous said...

Премногу слобода му е дадена на Менез. А се помине средината му даваат сите топка на него и после он што сака прави, тоа е кул ама почнува честопати да ја тупи многу и да ја успорува акцијата.
Голем минус ќе биде ова со Де Јонг и ќе биде пеколно тешко на нивни терен да ги победиме Верона. Имаат исто бодови со нас и нема така лесно да се откажат од победа па и нерешено. Во право си за Џек, неговата желба и посветеност максимално да ја искористи шансата која му се пружа ја гледаат и Пипо и Конте. Баш ми е мило што имаме "млади" Италијанци како Бонавентура и Поли во првиот тим кој се многу борбени и мотивирани. За Сапонара ми е криво. Се плашам дека нема уште долго да чека шанса од клупа.

Anonymous said...

И еве во контекст на тоа што говорев само што го видов ова на твитер:

Agazzi
Albertazzi
Mexes
Zaccardo
Montolivo
Saponara
Mastour

Ова се 7те играчи кои досега не добиле шанса од Пипо.

Агаци,Закардо и Мексес се вишок во тимот и тоа се подразбира. Албетраци и Мастур се сеуште незрели за првиот тим, Монти е повреден ама боде очи Сапонара! Како што тргнала работава ништо чудно на зима да отиде некаде на позајмица. Нема да ми се допадне ако испуштиме УШТЕ ЕДЕН домашен талент без да му се даде шанса.

ReBorned said...

Не си во тек, Saponara имаше операција и е во аут до крај на Октомври...
За Мастур Пипо рече дека имаше повреда и му ваделе умници.

Unknown said...

Еве го и Бонавентура со ситна повреда од тренинг центарот на Италија...аман веќе!

Менез премногу почна да солира и да дава ризични пасови кои овозможуваат брзи контри на противниците па се надевам ќе се среди.

Го прати некој Кристанте во Бенфика?
Да не е повреден нешто пошо глеам слабо шанса добива.
Знам дека е рано и ништо не значи тоа и скоро сигурен сум дека во Бенфика ќе го исполни потенцијалот што сите го гледавме ама ме интересира да не се повредил нешто.

Anonymous said...

Го изигра првото полувреме против Леверкузен во ЛШ минатата недела.

Unknown said...

И како ви се чинеше ако сте гледале?

Сум го пропуштил тој момент...

ReBorned said...

Јас не го гледав ама забележав дека бил стартер и го извадиле на паузата од полувремето. За да бидеш стартер и да те извадат на паузата на полувремето треба или да имаш катастрофален меч или да бидеш повреден. Бенфика губеше 2-0 на полувреме и Cristante беше заменет заедно со Taliscа на полувремето. Вие извадете заклучоци...

Unknown said...

Малдини пак критички настроен кон раководството на Милан...

http://www.football-italia.net/56921/maldini-milan-need-target

Anonymous said...

http://www.football-italia.net/56946/liverpools-suso-set-milan

ReBorned said...

http://www.football-italia.net/57215/alex-inzaghi-has-great-desire

Anonymous said...

http://www.iene.mediaset.it/puntate/2014/10/15/corti-lello-l%E2%80%99amico-dei-calciatori%E2%80%A6_8838.shtml

Не само што нема смисла за хумор, туку е и некултурен сељак. Нашиот Сулеј. Каков гангстер wannabe човече