Translate

Sunday, 6 October 2013

Вистинското Дерби на Италија!


Пред нас е вистинското Дерби на Италија. Дуелот на екипите со најмногу трофеи и најбогата историја. Дуел што не остава незаинтересиран ниту еден вистински фудбалски фан, било каде во светот. Обично овие дуели одлучувале за титула во минатото. Затоа и она што го гледаме на терен е вистинска војна. Не дека и вечерва нема да биде така, ама да бидеме искрени пред себе, денешниот дуел не е дуел за врвот, барем не моментално. Juve има шампионски амбиции, а нашите се се помали во последните три сезони. Дека тоа е така, доволно зборува мислењето на обложувалниците – не се сеќавам, некогаш во домашното првенство, Milan да има коефициент од 6 за победа! Овојпат нема да кажам дека тоа е потценувачки, најмногу заради нашата конфузност во играта, глобално зборувано.

Во пресрет на мечот, се изначитав одвратни статистики. Дечките на кои животот им поминува во броење пресметале дека ако Milan не даде гол вечерва ќе изедначи негативен рекорд од сезоната 1998/99. Или дека ако не победи вечерва, ќе ја повтори лошата серија од 6 гостински натпревари по ред, без победа, од 2010 година. Ни збор за победа, три бода, изненадување... И во таква атмосфера, веројатно најтешко им е за играчите. Ретко кој сеуште верува дека сезоната не упропастена, дека има снага за минатогодишниот пресврт во играта, резултатите и позицијата на табелата. По уште еден неповолен резултат вечерва, шансите би биле минимални. Само тренерот изгледа дека не е загрижен, а неговата меланхолија максимално иритира. За мечот во Торино, се одлучи за ги води следниве 18мина:

Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Constant, Mexes, Zaccardo, Zapata,
Emanuelson, De Jong, Montolivo, Muntari, Nocerino, Poli, Saponara 
Matri, Niang, Robinho.


Milan и Juve во долгата историја имаат одиграно 156 Serie A натпревари. Денешниот домаќин е нешто подобар, со 6 победи повеќе. Во Торино, скоро половина од натпреварите ги добил домаќинот. Но овој меч не смее да заврши така. Robinho вчера на пресот уверуваше дека екипата е многу мотивирана, дека оди на победа. Montolivo кажа дека е свесен оти Milan не смее повеќе да испушта бодови и дека од Торино ќе се вратат со цел плен. Вети дека многу наскоро ќе го видиме вистинскиот Milan. Јас се надевам дека тоа ќе биде уште денес. Затоа што поинаку не ни може, ќе биде доцна. Веројатниот состав за вечер е составен од Abiatti на голот, Abate и Constant на бековските позиции, стандардно, Mexes и Zapata на стоперските. Пред нив Poli, de Jong и незаменливиот Sulley, Montolivo на trequartista, а Binho и Matri во шпицот.

Иако во далеку потивка атмосфера од противникот го дочекуваме Дербито, и настрана сите муабети дека гледањето на Milan сезонава е мачење, а не уживање, одново не можам да дочекам да почне мечот. Јебига, љубов е, една е, вечна е.


DAI RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!

21 comments:

ReBorned said...

Пред почетокот на оваа сезона според моите математики верував дека Juventus и Napoli ќе ја завршат сезоната пред нас а ние ќе се бориме грчевито за тоа последно место во ЛШ со Fiorentina, Inter и Roma. Сепак, после ужасниот старт а извонредно лесната игра и резултати на Roma се повеќе сум загрижен дека додека ние ги консолидираме нашите редови, додека се вратат повредените и додека конечно се загрее diesel моторот на Allеgri, Roma (покрај Juventus и Napoli) прилично ќе се одлепи и потоа дури и серија одлични резултати, налик на претходната сезона нема да ни гарантираат ТОП 3 поради тоа што се прашуваат и другите а конкретно овие 3 екипи се во одлична форма. Ќе мораме негативата да ја надоместуваме во меѓусебните дуели а дури и тоа успеа да го расипе Allegri, по своето доаѓање. Ако Milan важеше за екипа која апсолутно секогаш имала најдобар меѓусебен скор против големите (дури и во сезоните кога сме завршувале на 4то место), по доаѓањето на Allegri, тоа се смени и изгледа
ВАКА.

Тоа уште повеќе форсира за што побрзо книжење на позитивни резултати (победи) и тоа во серија, со или без повредените и суспендираните! Би било добро да се фати торинскиот воз, на пример.
Повторно ќе настапиме без еден куп повредени + суспендиран Balo што значи Matri ќе стартува против својот поранешен тим. Дури и еден Birsa се повреди и не е на располагање. Очајна ситуација! Атмосферата и летаргичноста која го зафати тимот (со исклучок на De Jong и Poli) уште повеќе добива на тежина на секој натпревар. Реално, имаме послаби први 11 од Juventus, полоша атмосфера во тимот и немаме воопшто тренер на клупата. Сето тоа алудира на неуспех. Но Milan токму во вакви ситуации се издигнувал над своите проблеми и забележувал резултати и игри за восхит. Сепак, така беше во некои други времиња со некои други фудбалери кои крвавеа за дресот! Денес тоа го има само кај фудбалери кои се бројат на една рака а половина од нив се повредени. Единственото позитивно нешто во сите оние претходно наброени проблеми е во тоа што пред вечерашниот натпревар Milan е прежален од речиси сите неутрални и пристрасни спортски аналитичари, експерти и навивачи. Во ваква ситуација тимот нема што да загуби. Сигурно нема да го загуби Allegri.

Forza Milan!!!

ReBorned said...

За одбележување е фактот што Saponara добива прв повик сезонава и се надевам дека веќе од следното коло (сега е ровит а следува репрезентативна пауза) ќе добива многу поголема улога на теренот.

Anonymous said...

Зошто пишува дека постот е објавен во 3 часот? Некој мајндфак ми се дешава и се мислам дека се искиксав што прашав дали има намера некој да пишува пост.
Како и да е, дерби си е дерби и е натпревар каде што најмногу ќе очекуваме од Бало, Бињо и Монтоливо. Доколку не видиме моментален блесок од првите двајца или феноменална ол араунд партија од последниов како онаа минатата година кога победивме со голот на Бињо од пенал црно ни се пишува.
Лошото што кога капитенот почнува зад напаѓачите е тоа што Ноче и Мунтари се тоталн без идејни кога станува збор за пренесување на топката на противничката половина или креирање акција и затоа или Де Јонг ќе треба да оди малку понапред и да остава дупка зад него која дотичните двајца немаат ментален капацитет да ја покријат или Монтоливо ќе треба да се враќа назад да ги побрзува одбраната, средината и нападот!
Растур систем, што да ти кажам. Да беше малце маж алегри ќе ги играше Де Јонг, Монтоливо и Поли, и ќе почнеше со Нианг, Робињо и Бало напред па што биде нека биде. Ко божем имаме што да чуваме па многу да не ни биде офанзивна формацијата.
FORZA MILAN и уште еден апел до сите што го отвараат блогот да пишат барен по еден коментар кога веќе не пишуваат постови.

ReBorned said...

Многу си запнал со Balo :)

Anonymous said...

Е ајде де. По навика наместо златен Матри бало.
Дојдовме на дереџе Мунтари да ни е најдобар стрелец.
Игравме со играч помалку и со 10 ина повредени или казнето и резултатот беше "само" 2-3.
Мексес го доби црвениот поради приговор после жолтиот така? бидејќи како што знам немаше претходно жолт картон.
Матри импотентен. Ни се згази од смеење цела Јувентус арена зошто им дадовме 11 милиони за тоа дрво недоделкано.

Kole.22 said...

Малку проблеми имаме, па мора и Мексес да добие ЧЕТИРИ утакмици казна, утакмица дома без публика, и што ли уште не.

ReBorned said...

Mexes се однесуваше како вистинско говедо и дури и ско не беше исклучен во текот на мечот ќе добиеше 3 меча суспензија по видео снимката врз ударот над Chiellini без топка, по наш корнер.

ReBorned said...

Колку треба да си очаен за да тврдиш цело лето дека одбраната е одлична и да не реагираш на тоа поле а после само 1 месец од сезоната и просек по 2 примени гола на натпревар, да договориш дефанзивец кој од Јануари ќе може да настапува за клубот...

Зошто секоја година чекаме да заглавиме до гуша со лоши резултати и да почнеме од Јануари да носиме засилувања за да се бориме за 3то место?

Оваа сезона не го добиваме тоа 3то место!

Navigator said...

Сузпензијата на Mexes е на место, така му треба. Чист непрофесионализам!

Друга приказна е она со меч без публика. Тоа е смешка. Пази, територијална дискриминација оти пееле "ние не сме наполитанци". Здрави се овие во FIGC? Не постои лига во светот каде нема анимозитет меѓу навивачите, најчесто од главниот град и другите поголеми градови. Очигледно дека клубовите строго ќе се спортистават на тоа, како што впрочем и го направија уште во првиот ваков случај, нашиот. И не само што првата казна е еден меч без публика, повторениот испад ќе се казнува со одземање на бодови. Galliani одлично опиша колку лудо звучи тоа. Вели: Ако правилата се тие, на секој клуб во Италија му прети волјата на навивачите. Ние би зависеле од добрата волја на навивачите. Една мала група од 50тина навивачи може да го уништи клубот. Доволно е двапати да се повтори инцидентот и да му одземат бодови на некој клуб. Немаме механизам за заштита.

Се надевам дека едногласноста и заканата на сите 20 клубови од Serie A ќе ги премисли идиотите во федерацијата. И нешто што постојано ми паѓа в очи последните неколку години. Италија станува смешна кога е во прашање редот, мирот и културата на стадионите. Полтроните на функција во FIGC превземаат мерки (и тоа драстични) исклучиво откако ќе се случи некоја беља или трагедија. Така беше при убиството на полицаецот Raciti, при првото поголемо разоткривање на местење натпревари, првиот поголем расистички инцидент. Не работат на превенција на аномалиите во фудбалот, толку разбираат. И после тоа, нивната нестручност и некреативност се обидуваат да ја скријат со закани за огромни казни. Ама тие никогаш не се криви. Еве запазете, секогаш се криеле позади CONI и бившиот претседател Petrucci. Тој нека ги решава проблемите, божем тие не се само фудбалски, туку му се закануваат на целиот спорт.

Италија сама си го уништува фудбалот, тоа е жално за гледање, особено ако си вљубен во фудбалот во Италија воопшто, како мене. Почнувајќи од скандалите со местење, преку крутите даночни политики кога спортот е во прашање, сомнителни и ексцентрични претседатели на клубови, обидите за воведување на премногу правила на трибините, преголемата критичност кон нациолната репрезентација и многу, многу други фактори. Жално.

Navigator said...

Во однос на Rami, мислам дека добро би ни дошол, во најмала рака. Секој нов потег во одбраната мислам дека може да донесе позитивни работи. Едноставно, полошо од ова не може. А и Rami ми изгледа сосема солиден. Тоа дека би било позајмица... не ни очкувавме повеќе од управата.

ReBorned said...

Ете Калчо на MaxTV. ArenaSport 1 ќе оди за сите корисниици на MaxTV бесплатно а сите други ќе одат за 200 денари месечно заедно со SportKlub.

ReBorned said...

Ова со трибината на San Siro станува фасцинантно! Сите клубови од Серија А застанаа зад Милан (на чело со навивачите на Интер) а сега се добива поддршка и од претседателот на La Liga!!

Anonymous said...

Значи бидна тоа. Ри ти макс тв имаше или грешка сум?
Први во ред застанаа навивачите на Јуве и ги "охрабрија" сите навивачи на сите клубови да пеат песни каде што има "територијална претензија" и целта е да видат дали сите клубови ќе бидат казнети без публика и да се игра цело коло во Серија А пред празни трибини за да си ја чукнат главите тие изгубените во федерација.
Рами е добар потег, ама требаше ли да чекаме да примаме по 2.5 гола на утакмица и да се искара со управата и соиграчите за да направиме потег?

Anonymous said...

Момци размислувам за сопкаст. Вака некој од вас да сподели искуство зошто досега никогаш не сум гледал натпревар така.

ReBorned said...

Ништо сложено. Си ја снимаш програмата (sopcast) и бараш линк кој оди преку sopcast. Има една добра руска страна со sopcast линкови ама во bookmarks ми е а сега сум на телефон. И Иван ја има истата, ако не ти ја пише тој до после, јас ќе ти ја копирам кога ќе седнам на компјутер. Сликата е далеку почиста на sopcast отколку на обичен линк. Ако се погоди линкот (ако не кочи или ако не прави коцки, оти бараат поголема брзина) можеш комотно да го гледаш на фулскрин на ТВ. Јас така направив против Јувентус.

CurvaSud_Milan said...

Ако имаш добар нет Sopcast ти е најдобра опција. Сезонава сите утакмици ги изгледав така. Линкови барам преку wiziwig.tv. Си го селектираш мечот после си филтрираш да ти даде само sopcast линкови и тоа е тоа. Претходно нормално ќе си го симнеш приграмчето, 3 мин работа.

Anonymous said...

Фала за инфото момци, ќе се обидам сега еве :)

ReBorned said...

Јас го користам и ова http://livefootball.ws/

ReBorned said...

Allegri: "I'm not referring to anyone in particular, but you can't ask for more playing time and then deliver a performance like that."

Niang? Zaccardo? Nocerino? Matri сигурно не е, тој не се жали на времето поминато на терен...

Navigator said...

Zaccardo не верувам дека е влијателен за да му посветуваат изјава. Со него се решава интерно. Niang или Nocerino... може да е за некој од нив, може е и за двајцата, а може и да не е за никого. Ова последното во смисла дека Max знае што прави, кого бира, кого му дава минутажа, дека не грешел во кадровските одлуки. Сам себе си ги фали одлуките, кога веќе никој друг не го прави тоа. Мечот со Caen го гледав едно полувреме (во поприлично лош стрим) и не видов ништо ново. Истото влечење, мачење, неубава игра, многу грешки и пропусти. Не се утешив со тоа дека тимот е составен од нерепрезентативци. Сеедно ми е, па и пријателска нека е, еве нека не е резултатот важен. Сакам да видам добра игра, мотиви... Ништо од тоа.
Вечер со Ерменија, Monti и Abate во први 11. Што се случи со Balo? Не е во старетери заради добриот меч на Osvaldo или уште е сомнителен со таа ситната повреда?

Anonymous said...

Бало нема да игра со Удинезе. Проблеми со мускулот