Translate

Saturday, 19 October 2013

Шоуто продолжува!


Шоуто во Milanello продолжува! Единственото шоу во кое нема главни ликови, сите се споредни улоги, а нема ниту режисер! Секој прави што сака, а сето тоа на скалата за доволно од 1 до 10 е некаде на -3. Balotelli кој едвај го дочекавме да ја заврши суспензијата, се повреди и вечерва сигурно нема да настапи, а огромна е веројатноста да го пропушти и мечот против Barcelona. Embrace yourself, Matri is coming! Ale Matri заедно со својата гол форма веројатно доаѓа каскајќи на едноока мазга со 3 нозе. Во ситуацијата во која сме, не верував дека некогаш ќе го кажев ова ама добро е, се враќа Birsa! Дечкото ќе стартува во дупката зад напаѓачите а на клупата ќе се врати и Kaka. Montolivo веројатно ќе стартува како regista, на местото на De Jong. Од двете негови страни ќе бидат Poli и Sulley. Нападот веројато ќе биде најстерилниот напад во историјата на Milan со оглед на тоа дека рамо до рамо ќе застанат Robinho и Ale Matri. Ама шоуто не би било комплетно ако не ја начнеме и одбраната, нели? Одбраната која досега има бројки за „почит“ зад своето име, овојпат и на тие бројки ќе биде без Mexes кој си реши да одмори малку (кога можел Balo, зошто не и тој) па ќе паузира неколку меча. Тоа значи дека најужасната одбрана ќе остане да ја води оној кој беше најужасниот дел од неа сезонава, Zapata. До него ќе застане еден од Zaccardo или Silvestre кој е рековалесцент и се враќа во тимот по пауза од 1 месец а нема одиграно ниту еден официјален натпревар за новиот клуб. По страните ќе делуваат Abate и Kevin NoConstant. На голот повторно ќе застане Abbiati, а херојот од поразот од 3-0 против Caen (да, херојот) Gabriel ќе остане на клупата. Одлично инфо за Di Natale, Muriel и компанија.


Епа стегајте ги каишите! Allegri рече дека ова бил денот. Не беше докрај концизен, денот за што?

Forza Milan!!!

5 comments:

Navigator said...

Не очекувам ништо специјално вечерва. За жал, очекувам да продолжи таа летаргична игра, на моменти иритантна. Веќе не можам да очекувам дека одбраната ќе се консолидира и ќе престане да прима голови од прекини. Ако тоа беше нешто што се поправа, досега ќе се поправеше. Затоа Rami го чекам како спасител, не дека е world-class стопер. Во право си со констатацијата дека трагично е што враќањето на Birsа го дочекуваме како голема добра вест. Ама навистина е така. Од нападот не можеме да очекуваме многу, реално. Ги знаеме нивните можности. Индивидуално потези, на тоа се сведува нашиот напад. Се надевам дека ќе ги има повеќе вечерва.

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

1.65 е за милан кец да се смеам или да плачам.
У ваква заебана ситуација во која сме не ми останува ништо друго освен да се зезам, пошто ако почнам да се нервирам кај ќе ми биде крајот.
Каков таков Милан си е Милан и си го сакаме.
Па и оној Бирса кој сеуште неможе да му се освести што му се случува или Матри кој јава едноока мазга со 3 нозе хахаххах.
Смешки, само очекувајте некое панично исфрлање на топката од страна на запата дирекнто во нозете на Ди Натале.
FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

И официјално дебитираат Gabriel и Silvestre.

ReBorned said...

Убаво е да имаме една чиста победа без поголеми претумбации во нашиот 16ник. Не игравме ништо особено но можеби текот на мечот и брзиот гол тоа и го диктираше. Gabriel немаше работа, во тие неколку ситуации во кои требаше навремено да реагира (особено при истрчувања и пресекувања на долги топки кон напаѓачите) беше без грешка. Единствено беше ставен на вистински тест само еднаш при слободниот удар на Di Natale и одлично реагираше, ја закачи топката со прсти, доволно за таа да удри во пречката.

Одличен денес беше и Silvestre кој исто како и Gabriel, дебитираше во тимот. Одигра без грешка, беше фудбалерот со најмногу изблокирани удари во нашиот тим и одигра сосема добро во дефанзива најпрвин против Di Natale а потоа и против Muriel. Ме прави далеку посигурен од Zaccardo на пример.

Одличен меч одигра Montolivo! Одамна не сум го видел во вакво издание, не се криеше од топката и од одговорноста, играше лесно и одлично ги поврзуваше нашите редови а во дефанзива беше извонредно константен и борбен. Одигра на ниво на капитенската лента на Milan!

Birsa! Не знам дали излезе од игра поради тоа што падна физички во вториот дел или имаше некоја ситна повреда па беше повлечен ама во првите 45 минути беше убедливо нашиот најдобар поединец на теренот. Супер гол + сите акции одеа преку него. Почна на AMC, после голот се префрли на AMR и одлично влечеше навнатре. Одличен меч!

Сосема солиден натпревар имаа и Binho и Poli. Штета за Poli што не влезе во гол оној шут по одличната соло акција и карактеристичната борбеност за него кога буквално извади од копачки 3-4 противнички фудбалери.

Ricky :) По неговото влегување во игра веднаш се забележа поголема течност во последната третина од теренот, тој, Niang и Binho одлично вкрстуваа и играа од прва. Уште ги има свои first touch движења со кои го исфрла противникот од игра и тоа е добро!

Niang. Доби пристојни 25 минути (веројатно и Allegri не памети кога последен пат направил толку рано измена) и одигра сосема солидно. Борбен во дефанзива, трча напред, одлично одигра неколку пати со Kaka и внесе живост во играта. Сепак, МОРА да почне да ги погодува рамките од голот! Не мора да е гол, за почеток нека почне да ја погодува рамката од голот. Нишанските справи му се очајни и тоа не е од сега! Другиот дел му е сосема добар.

Matri. Морав да го споменам. По неговото излегување од игра веднаш се забележа живост и течност во нападите, со тоа што константно се вкопува во место и се обидува само да спушти топка на соиграч многу го забавува нашиот напад. Знам дека тоа му е стилот на игра но негов стил на игра треба да бидат и головите и влегувањето во шанси па вечерва првпат шутираше кон противничкиот гол во 30та минута и тој шут беше изблокиран.

Се на се, полесна победа од очекувањата. Веројатно од една страна дал ефект карантинот и репрезентативната пауза а од друга страна и Udinese не беше на висина на задачата.

Со Barcelona ќе брани Amelia (Gabriel не е регистриран). Веќе следниот викенд со Parma јас пак би одел со Gabriel! Штета ако по евентуалната рехабилитација повторно на голот го застанеме 36 годишниот ветеран кој веројатно ја игра својата последна сезона а на клупата го оставиме момчето кое можеби ќе ни заштеди пари за нов прв голман во тимот. Баш сега, кога нивото на самодоверба му е високо до небо!

Anonymous said...

Се газев од смеење кога камерманот се фокусираше на 2-3 пати кон Бирса кога излезе од игра и буквално со кренати нозе на клупата си го ладеше.
Смешки. Ви викам траги комедија сме.
Среќа Удинезе направи денес повеќе грешки од нас иначе тешко ќе беше.
Среќа имавме и неколку расположени играчи и еден одличен гол на Бирса.
Против Барса ќе ни треба мнооогу повеќе од среќа за да извлечеме барем достоен резултат.