Натпревар помеѓу две екипи кои разочараа сезонава. Можеби лацијалите и немаа некои големи очекувања сезонава, но фактот дека имаат само една победа повеќе од нас доволно говори во какви проблеми се западнати. За нашата ситуација незнам повеќе што да кажам. Tонеме или тапкаме во место? Единствени топли ветришта се оние кои ги ветуваат засилувањата Рами и Хонда во Јануари кои се надеваме дека барем малку ќе не стоплат во оваа се чини студена зима за нас.
Во последните 7 лигашки дуели на Милан и Лацио гостинската никогаш не победила, минатата година Пацо со 2 гола се погрижи да не ни создаваат многу проблеми лацијалите. Но сега ситуацијата е многу поразлична. Пацо и Ел Шарави не играле фудбал одамна, Балотели само што се врати од суспензија и повреда, а неефикасноста на Робињо и Матри (кој конечно го скрши мразот) не ветува многу. Недавањето на шанса на младите сили кои се желни да се докажат (Нианг и Сапонара) исто така не е причина за радост. И пак се вртиме во круг и на овој натпревар ќе очекуваме магија на Бирса или Кака. Абијати се враќа во тимот, но не се очекува да го започне мечот. Прогнозираниот стартен состав е следниот:
Gabriel, Abate, Zapata, Zaccardo, De Sciglio, De Jong, Montolivo, Muntari, Birsa, Kaka, Balotelli.
Gabriel, Abate, Zapata, Zaccardo, De Sciglio, De Jong, Montolivo, Muntari, Birsa, Kaka, Balotelli.
Управата во меѓувреме беше активна низ медиумите. Најпрво онаа чудна жалба за слободниот на Parolo, потоа пресови на Allegri и денес на Galliani. Најинтересна тема беше "Balo во Chelsea" покрената од Raiola, кој очигледно ја користи истата финта за многу од неговите фудбалери кога сака да издејствува повисока плата. Се започнува со муабет дека играчот Х одлично би се вклопил во тимот Y, новинарите почнуваат со шпекулации, се створа притисок врз клубот и најчесто завршува со нов договор и секако, повисока плата. Управата веднаш реагираше и отфрли опција за трансфер. Max вчера зборуваше за вечерашниот меч, за формацијата и стартерите, но и индивидуално за некои од играчите. Нашиот "coach without ideas or character" вети дека со враќањето на повредените играчи, клубот ќе се најде значително повисоко на табелата до Божиќ. Ако не почнеме да се искачуваме уште вечерва, ќе биде едноставно невозможно. Затоа веруваме дека можеме до победа, барем ние навивачите!
16 comments:
Се надевам не се лутиш што го дополнив малку постот. Почнав и јас да пишувам, па да не ми оди во по ѓаволите, искористив еден пасус :)
За мечот ќе искоментирам малку подоцна.
Арена спорт се дефинитивно Анти Милан. Викендот од 3 натпревари, не одеше пренос Парма Милан (а на пример одеа пренос Киево - Фиорентина и Јувентус - Џенова). Вечерва пренос ќе оди Фиорентина - Наполи а Милан - Лацио ќе оди во мултипренос со други мечеви.
Ништо ондак ќе бараме сопкаст заедно :)
Јас мислев дека ти е јасно тоа "анти-милан" кога ми кажа пред некој ден. Јас забележував секогаш кога ќе најдев стрим од Арена. После тоа и прочитав по форуми дека тоа ти биле пола јуве, пола интер навивачи. Нешто ко Телма, само поескплицитно :)
Требаше да ми кажеш пред да активирам пакет на 1 година :)
Де Шиљо стартува. Ете нешто добро.
http://www.8bongda.com/2010/11/link-xem-sopcast-cac-tran-bong-da-nh.htmlЖ
Скролајте надоле на страната кај Милан Лацио, јас го гледам првиот руски линк во HD е супер е сега за сега.
Одлично полувреме, штета што не водиме. Сме изиграле подобро полувреме? Не сум сигурен, ама барем ова е најдоброто издание кога не бркаме резултат. Kaka можеше уште до полувреме да ја обележи утакмицата како негова. Веќе се наредија 5-6 негови шанси вечерва и во неделата, мора да погоди. Рака на срце, дел од нив беа бааги изгледни. Мило ми е што цел тим се движи по теренот како целина, тоа изгледа добро. Што порано постигнеме гол, тоа полесно ќе го затвораме мечот. Lazio немаше шанса, немаше шут. Заслуживме да водиме и мора така да продолжат момците. Ќе мора да влезе еднаш.
DAI RAGAZZI!
Подруго е со De Scigli лево место Constant а?
Немам идеја како би можеле да дадеме гол, единствено ако се изроди нешто индивидуално од Kaka и/или Balotelli. Се надевам дека нема да се најдеме во ситуација во која Zaccardo би морал да спринта во дефанзива против било кој противнички фудбалер.
8 шутеви накај гол, од кои 4 во рамки наспроти 0. 59% наспорти 41% итн. Одамна ваква "доминација" немало. Не е тоа некоја вистинска доминација и притиснат противник да не може половина да помине, но заслуживме да водиме. Криво ми е за Кака, една мораше да влезе.
Ако и овој меч не го добиеме....не знам, не коментирам.
Да споделам еден сон :) Сме изгубиле 8:1 во гости во Серија А, и Алегри добил отказ на пат накај соблекувална од Галијани пред сите фудбалери :) ...ако продолжи вака мислам дека со СМС на сред утакмица ќе го добие отказот :)
Одиме на победа!
FORZA MILAN!
Можеби една замена Poli за Muntari некаде до 60та минута ќе даде нова димензија на мечот и ќе го прекрши. Poli знае да одигра 1-2 и знае да се уфрли зад противничката линија и да реализира, нешто што не оди баш лесно со Muntari.
...и плус има жолт картон. Сите знаеме како може да заработи два жолти за 5 минути, а не еден за 45.
КАКАААААААААААААААААААА
ауууууу радости!!!! па како искрено се радуваше Кака!!! да се најежиш!!!
Што да се прокоментира? Да правиме анализа кој како изиграл? Кој го подигнал нивото, а кој потфрлил? Да бараме светли точки? Во ситуација да имавме барем 22-23 бодови, после вакво реми можеби и ќе проанализиравме нешто, вака, во ваква ситуација ова е пораз, еден голем пораз! Мора нешто под итно, но под итно да се превземе! Не е решение да се промени тренерот, но во Ноември на сред сезона друго средство, друг механизам за да промениш нешто и не постои. Алегри пријателе, благодариме за се, но време е...
Sega se pribiram doma...ke pisam nesto nabrzina ako nekoj veke ne pocnal.
Post a Comment