Како поинаку да се почне најава за дербито освен со зборовите дека без разлика каков тим имаме, кои играчи настапуваат за Милан, во каква и да е форма тимот дека мора да се оди на победа? Победа која не носи само 3 бода туку победа која носи престиж, победа за градот да е обоен само во црвено-црно. Победа која ќе го натера малиот Филипо повторно преку транспаренти да бара Интер да победи за да не биде зафркаван на училиште.
Составот на Милан нема да претрпи некои големи промени но на прв поглед мене во очи ми боде Хонда. Никако не се согласувам со Инзаги да стартува со Хонда на таа позиција и се надевам дека до пред натпреварот ќе се предомисли и таму ќе стартува Сусо. Детето гори за да игра и покаже што знае а има ли подобар натпревар од овој за да се докаже?
Дестро е спремен за игра(му се предвидуваше подолга пауза) но Пипо ќе стартува најверојатно со Менез како лажна 9ка а на левата страна ќе напаѓа Бонавентура. Реално сезоната Џакомо најдобри партии пружа баш таму и мислам дека Пипо прави добар избор. Средината е Ван Гинкел-Де Јонг- Поли и е најдоброто што може Пипо да го извади со оглед на тоа дека Монтоливо е повреден а Есиен и Мунтари не се вредни за спомнување. Мастали е последниот играч за врска но Пипо не би му дал шанса на ваков натпревар. Одбраната е истата веќе неколку натпревари, нема ротации како до пред некој месец и не делуваат одлично ама мислам дека се кадарни да го сопрат нападот на Интер. Ако не тие тогаш да се надеваме дека Лопез ќе има свој ден.
Кај противникот суспендирани се Брозовиќ и Гуарин и тоа е голем плус за нас кој се надевам дека ќе го искористиме. Сепак најголемата опасност ќе доаѓа од Икарди и Шаќири па се надевам дека нашите дефанзивци ќе ги сопрат.
Влогот не е голем на ова дерби, ниту едниот ниту другиот тим имаат шанси за титула/место во Лигата на Шампионите но на теренот очекувам вистинска борба бидејќи градското ривалство е поголемо од мизернава ситуација во која се двата тима.
Се надевам на победа, а потајно посакувам да биде понижен Интер па со многу пиво да прославиме победа на едно дерби и почеток на една нова ера на Милан ако се оди според планираното. Не сакам да баксузирам ама следново што ќе го постирам се надевам дека ќе ве израдува сите вас а ако некој се разбира нека искоментира околу ова.
Barbara: "I won't speak of the future of Milan, as I signed a pact that prevents me to speak and answer questions related to this issue."
FORZA MILAAAAAAN!!!!
3 comments:
MILAN: Diego Lopez; Abate, Alex, Mexes, Antonelli; Poli, De Jong, Van Ginkel; Suso, Menez, Bonaventura.
INTER: Handanovic; D'Ambrosio, Ranocchia, Vidic, Jesus; Gnoukouri, Medel, Kovacic; Hernanes; Palacio, Icardi.
Еве Pippo те послушал околу Honda vs Suso изборот. Шпанецот заслужено ќе стартува и според мене. Останатите помалку или повеќе беа за очекување. Но она што мене ме изненадува се одлуките на Mancini. Најпрво, who the fuck is Gnoukouri? Второ, го нема Shaqiri, што е повеќе од добра вест за нас. Трето и можеби најважно, нивната одбрана барем во најава делува хаотично. Двајца ултра спори стопери и Juan на бек и тоа на страната на Suso. Би требало да го искористиме тоа. На 45 минути до почетокот, јас сум голем голем оптимист. Овој Inter треба да го исплескаме убаво и лесно. Ајде момци!
FORZA MILAN!!!
Alciato (Sky): "Bee Taechaubol will arrive in Milano on April 26 and stay till April 30."
Alciato (Sky): "Mister Bee will buy 20% stake of Milan immediately then 45% in the next year. The total valuation of the club is €1.2B"
Alciato (Sky): "If Berlusconi were to change his mind [regarding the deal] he would have to pay multi-million euro as a fine."
Одлична вест, дури и ако навистина се работи за 20% од почеток. Свеж капитал е тоа што реално ни треба, а не нов менаџмент. Milan можеби го има еден од најдобрите менаџменти во светот на фудбалот, но недостасуваше кеш. И ми се допаѓа што ова веројатно ќе испадне како финансиска инјекција на рати. Milan не е Man City или PSG за да му требаат 200 милиони одеднаш во еден трансфер рок. Клубот има одлични играчи и му требаат 2-3 нови, ама квалитетни засилувања во неколку години последователно. Единствено не го разбирам ова со пеналот за Berlo. Вака испаѓа дека тој и кинезов имаат некаква форма на преддоговор, па сега доколку се попишмани стариот, ќе мора да плати казна. И тоа е одлично одиграно од страна на Mr Bee, со оглед на сенилноста на Berlusconi. Одвај го чекам 26 Април!
Post a Comment