Translate

Sunday, 12 April 2015

Најава: Милан - Сампдорија


После две врзани победи што е реткост сезонава ја пречекуваме одличната Сампдорија на Сан Сиро и ќе имаме можност да се доближиме на 4 бода од местото кое носи квалификации за Лига Европа. Паднат е стандардот секако но мислам дека тоа натпреварување може да им донесе многу искуство на помладите играчи што се кај нас. За мечот се опоравија Бонавентура и Ван Гинкел кои беа под знак прашалник и сега се на поширокиот список а според Газета можно е и да стартуваат и да му прават друштво на Де Јонг во средниот ред.


Очекувам фудбалерите и пред се Инзаги сериозно да го сфатат овој натпревар и уште од самиот старт да тргнат по трите бода бидејќи смачено ми е а верувам и вас од тој беден обид за постигнување голови од контра напади. Пред недела-две испадна податок дека Инзаги негува таков стил а Милан постигнал два погоди од контра напади што говори за тоа колку лошо играчите го спроведуваат она што им го кажува тренерот.

Мала статистика околу натпреварот:
  • This will be the 130th meeting between AC Milan and Sampdoria in Serie A: the Rossoneri have won 63 times, losing 30.
  • AC Milan have not conceded in three out of their last four league games against Sampdoria (W2 D2).
  • AC Milan have won nine of their last 12 home games with the Blucerchiati in the league (D1 L2).
  • Milan are unbeaten at home since January 18th (against Atalanta): three wins and two draws for the Rossoneri since that game.
  • Milan have the highest shot conversion rate (16.8%) in Serie A this season.
  • Mattia Destro's last Serie A brace came in February 2014, against Sampdoria.

Се надевам дека Сусо ќе добие денеска шанса бидејќи моментално влегува во форма и жал ми е да дреме на клупа а во 80та минута да се прави измена напаѓач-дефанзивец и сите назад. Тоа не е начин на игра кој доликува на Милан. Но не е се така црно бидејќи Ел Шарави доби зелено светло за да почне да тренира, Армеро си потпиша во Фламенго а можеби и е смешна шпекулацијата но Милан дава напори да го врати Ибра.

Вчера Нианг постигна уште еден гол и само ги зголемува клубовите заинтересирани за да позајмат од Милан па ете Каљари сакаат да пуштат понуда но предноста според медиумите е кај Џенова од многу очигледни причини. За крај мораме да продолжиме со победите, мора да се освојуваат бодови бидејќи на Сан Сиро едноставно Милан не смее да испушта бодови! 

ФОРЦА МИЛАН!

4 comments:

Unknown said...

Работата е посериозна од било кога.

Fu Yixiang, the vice-president of Italy-China chamber of commerce, was interviewed by Newspaper @Libero_official.

Fu Yixiang: "Why has China chosen Milan? Because it is a great club. All the companies in the consortium are connected to football."

Fu Yixiang: "Each company has the option of buying the club, but no one is determined to conduct the deal in an individual process."

Fu Yixiang: "The 1 billion needed would be collected through popular shareholding, which is the thing that will make the difference."

Fu Yixiang: "In Italy there would not be enough fans willing to pay, but in China it is possible. When it comes to numbers our country.......Always win. It wouldn't be hard to find 500,000 fans available to invest. A Milan built by Chinese people can become a star in no time."

Fu Yixiang: " 'Il Diavolo' is an old glory that needs great players, but also a marketing based action need to be revived."

Fu Yixiang: "To return being competitive you need continuity in bringing few players, but on high level, every year."

Fu Yixiang: "Milan could lead Italy around the world with little 'real' money spent well."

Navigator said...

Не ја гледав утакмицата, не ни имам прочитано вести околу клубот последните 10тина дена, постојано сум по патишта. Одлично што имаш можност да напишеш некоја реченица пред натпреварите и фала ти што го одржуваш блогот овој период. Периодов би требало да имам повеќе време и да бидам поактивен. Плус, доаѓа дерби, потребна е мобилизација :) Сакав да ти речам слободно да ги постираш работите што ги пишуваш на ФБ страната. И не само тоа, туку и ако налеташ на фина вест, слика, иконограф... Се читаме наскоро момци!

Navigator said...

Fu Yixiang во денешно интервју:
"As I said before in several interviews, surely there is a great interest from China to buy Milan."
"Several Chinese businessmen have sent me written mandates to express their interest in acquiring Milan."
"Entering Milan as a consortium doesn't mean that we aren't planning for a flourishing future for Milan."
"We would like to buy Milan with keeping Berlusconi as an honorary president and also all the executives."
"We cannot manage Milan without it's Italian 'heads', because Milan has always been Italian."
"We want Milan to return to its glorious past, to return being a top club in the world."
"The problem is not to buy a club like Milan, but to keep it [under your ownership]."
"You need to have great financial resources to acquire a club like Milan. Clubs are always at loss, not profit."
“…If we can have a more direct conversation with the Berlusconi family, we can hope to bring immediate investments for the next season."
"Our project is to bring 10,000 Chinese fans for Milan in every game."

Unknown said...

Таман ќе спремам и најава за дербито па се надевам активноста ќе се зголеми.

Му пишав и на Жаре али не ми изгледа дека има време да пише нешто па се надевам дека кога тогаш ќе пише.

Реално блогов е единствено нешто што вреди у Македонија а е поврзано со Милан и не би сакал да згасне.