Translate

Sunday, 14 September 2014

Тест по мерка на Ennio Tardini


Вистински тест по мерка на Ennio Tardini. Тест за нашиот руки тренер кој ќе го вкрсти своето досега скромно тренерско искуство со една друга Milan легенда која веќе е во тренерските води повеќе од 10тина години, тест на карактерот кој оваа нова екипа на Milan го покажа во првото коло, тест на нашите амбиции. Parma никогаш не била наивен противник, особено не на домашен терен и особено не за Milan. Во минатата сезона ги изгубивме и двата натпревари против пулените на Donadoni. Тоа треба да биде дополнителен стимул од една но и дополнително внимание од друга страна. На ова гостување нема да можеме да сметаме на веројатно најдобриот поединец од дебито против Lazio, Stephan El Shaarawy. Момчето има оток на зглобот и затоа не е ниту меѓу повиканите во тимот. Но затоа за овој меч за првпат оваа сезона во комбинација за настап се трите последни засилувања на тимот, Torres, Bonaventura и Van Ginkel.


Токму меѓу првите двајца е најголемата дилема на Pippo. Ако Torres дифолтно се очекуваше да настапи уште на првиот иден можен натпревар, сериозната комбинација за директен старт на Bonaventura уште еднаш потврдува дека момчето било повеќе од солидно на тренинзите оваа недела и успеало да го убеди Pippo да размислува дури и за стартен настап во првите 11. Едната комбинација вели дека ќе продолжиме со онаа формација која ни донесе 3 бода против Lazio односно со Menez на лажна деветка. Во ваква ситуација одличниот во последно време Keisuke Honda би настапил на AMR а токму Bonaventura би стартувал како замена за повредениот El Shaarawy на AML. Во другата варијанта почнуваме со класична 9ка во името на Torres a зад него по страните би настапиле Menez и Honda. Средниот ред би бил истиот од победата против Lazio, во одбраната конечно се формира дуото De Sciglio и Abate по страните со командантот Alex во средината. Запрепастувачки делува фактот дека при целосно здрави Rami, Zapata па и Mexes, најчесто споменувано име за партнер на Alex во срцето на одбраната е The Boner. Искрено се надевам дека тоа ќе се смени пред стартот на мечот.
Кај домакините нема да настапи несудениот росонер Biabiany а Paletta и идиотот на кој не сакам ниту името да му го спомнам се во поширокиот тим иако беа неизвесни за настап.


Ennio Tardini, 20.45. Let's make a statement! 

Forza Milan!!!

10 comments:

ReBorned said...

Оној Mexes на Navigator кој би бил стандарден првотимец во овој тим не е повикан за патувањето на Ennio Tardini. Не се повикани тој и Zaccardo а повикан е Albertazzi. Хмм? :)

Anonymous said...

Се гледа кој е вишок во тимот и Пипо не рачуна на нив. Кога сите се здрави они се тие 2-3ца кои се екстра во тимот.


Ultra

Anonymous said...

Момци само што го изгелдав натпреварот и имам да го издвојам следново.

1.Парма прими 5 гола од кои 3 по директна вина на Стефан Ристовски!
5. Дадовме дури 5 гола што е одлично ама затоа и примивме 4, од кои 1 смешен кикс, 2 немаркирање од страна на Бонера и Алекс и еден од центаршут, мада и голот што го даде Касано беше од центаршут по вина на Алекс бидејќи бразилецот не покриваше никого.
3.Судијата беше КАТАСТРОФАЛЕН! Бонера во 16та минута доби жолт картон за непостоечки фаул над Касано кој така добро го одглуми, повторената снимка покажа дека нема никаков контакт! Вториот жолт е оправдан. И по некое си нивно правило, компензираа судиите и му доделија втор жолт на Фелипе а мислам дека не ни имаше фаул!
Се на се иако имаше 9 гола, натпреварот имаше многу прекини, и беше грд. Само убавите головои на Менез и посебно оној на Хонда го разубавеа натпреварот.
4.На голот на Де Јонг ЗДИВЕВ! Значи со клизач му ја собира топката од препотетното копиле од пола терен, трча ко луд 50ина метри и финишира во манир на голем стрелец. Браво Најџел!
5.Bonaventura освен голот друго незнам што направи. Невидлив. Многу често паѓа. Последен играч што така мн паѓаше во Милан беше Бојан.

ReBorned said...

Намерно не коментирав оти гледам никој не коментира, шо ве шишам!

Натпревар кој го добивме со срце и на мускули. Знам дека воопшто не е добро да се примат 4 гола но одлично е да се постигнат 5 гола кога се игра без најдобриот офанзивец во тимот и човекот на натпреварот против Lazio (El Shaarawy) и без фудбалерот кој треба да биде прв напаѓач на тимот (Torres).
Искрено јас не знам (а не верувам дека било кој друг освен Inzaghi) знае зошто Bonera стартуваше особено кога буквално сите други централни дефанзивци беа здрави и подготвени за игра. Во прво коло настапот на Bonera на лев бек го оправдав поради 2 причини:
- De Sciglio беше суспендиран од лани
- Во офанзива на таа позиција напаѓаше Candreva.
Завчера не можев да најдам ниту една валидна причина зошто стартуваше Bonera пред Zapata, Rami па дури и Mexes.
Тоа го мислев уште пред самиот почеток на мечот и потоа се забележа што прави или не прави Bonera. Директен виновник за 1 гол, јас би му го препишал и оној на Cassano на негова душа затоа што буквално луташе низ петерецот на долго и на широко при тој гол (забележете во видеото). Згора на се успеа и да заработи црвен картон а милиметри го делеа и од „заработен“ пенал на наша штета. И сите знаеја уште однапред дека нешто слично ќе се случи со него! Не знам зошто игра!
Повредата на Alex не е добра бидејќи навистина е командант на одбраната а и станува збор за доста солиден додавач и чувар на топката (само 1 промашено додавање во цел меч) но сметам дека неговото отсуство достојно ќе се покрие со Rami + Zapata. Проблем е што со повредата на Diego Lopez. Abbiati немаше натпревари ниту во претсезоната а сега треба директно да брани против Juventus. Ако го поминеме Juventus после ни следува релативно полесен распоред па би требало побезболно да се покријат оние што ќе отсуствуваат.
Menez остава срце и душа на терен. Веќе на 2 меча по ред буквално измислува пенал врз него (не во смисла дека го глуми туку дека пеналите ги добива единствено на негова борбеност, пожртвуваност и брзина)! Трча насекаде, се жртвува за тимот и игра фантастично. Неговиот втор гол беше нешто брутално. Тоа не се размислува, тоа се прави. Или го имаш или го немаш!
И на крајот на краиштата, со здрави Honda, Menez и El Shaarawy реално Torres е вишок засега. За да игра Torres треба да се извади еден од овие тројца:
1. Menez - Има 3 гола, 2 пенали врз него во 2 кола.
2. Honda има 2 гола и 1 асистенција во 2 кола (или веќе 4 гола на 4 меча во серија заедно со претсезоната).
3. El Shaarawy - Има асистенција за голот на Honda во прво коло и беше најдобриот фудбалер на теренот против Lazio пред да се повреди.

Горенаведените тројца се флексибилни и можат да се менуваат со позиции со евентуален старт на Torres но не гледам кој би извисил ако тој настапи.

ReBorned said...

И како мислиш ништо друго за Bonaventura?
Постигна гол на дебито (и одлично се снајде околу тој гол), имаше уште еден опасен шут со глава, тој му ја спушти топката со глава на Menez при последниот гол и многу повеќе покриваше во дефанзива? Don't touch The Jack!! Ова му беше деби и искрено сметам само привремена позиција. Сметам дека неговата иднина е на mezzala и тоа веројатно на местото на Poli затоа што Muntari игра одлично во првите 2 кола и го наместил нишанот за долги топки, делеше топки ala Pirlo.

Anonymous said...

Значи со оглед на фактот дека играше на позицијата на СЕС очекував во офанзива многу повеќе од него. Да, инстиктивно реагираше на за првиот гол и доста покриваше и трчаше ама му фали нешто за да го има оној килер инстинкт, барем на таа позиција на која играше која очигледно не му прилега воопшто.
Значи не го критикувам, само очекував многу повеќе.
Менез и Хонда играат одлично и тоа ме радува многу. Мислам дека ова е добро за Торес да се мотивира и да си го заслужи местото во тимот. Во Челзи додека играше не ни имаше многу конкуренција па сакаа нејќеа го играа него. А вака кога нов играч во тимот дава 3 гола на 2 меча тогаш знае дека треба да се помачи за да влезе во првиот тим.
Колку се сериозни повредите на Алекс и Лопез и колку долго ќе отсуствуваат?
Можеби за тим како Јуве и напаѓачи како Тевез и Љоренте подобро е да имаме поподвижни играчи како Рами и Запата.

ReBorned said...

Отприлика по 1 месец ќе бидат во аут (Alex можеби нешто помалку).

ReBorned said...

http://www.licencetoroam.net/analysis-keisuke-honda-ac-milans-master-craftsman/

ReBorned said...

http://football-italia.net/56125/milan-juve-personal-pippo

Anonymous said...

Еј, ќе пишувам пост да знаете.