Translate

Saturday, 30 August 2014

Почнува новата сезона!


Во генерално позитивна атмосфера го очекуваме стартот на новото првенство. После сите трансфер фрустрации, веќе видени и почуствувани од минатите неколку години, повторно возбуда пред отворањето на сезоната. И веројатно секогаш ќе биде така, без оглед на (не)успешноста на управата да го засили тимот во пресрет на новата кампања. А кога зборуваме за успехот на трансфер потезите, тоа не треба да го правиме до завршувањето на рокот. Особено не ние во Milan. Позитивната атмосфера доаѓа од најпресниот трансфер на Fernando Torres. Човекот што со години беше цел на потсмев, глобално. Сега ни е малку криво за тоа. Да бидеме искрени, послатко ни беше да ги прифатиме шалите за Torres, отколку да го одбраниме со факти. Човекот, дури и во Chelsea имаше статистика подобра од сите други напаѓачи, кои во меѓувреме станаа икони на навивачите на сините. Сега и ним не им е сеедно. Кај нас реакциите се поделени, многу слично на одлуката Balotelli да замине. Лично мислам дека El Nino ќе има голем имапкт во играта на Pippo. Ги има карактеристиките што дефанзиците во Калчото ги мразат. Ако земеш да ги споиш Torres и Pippo, веројатно ќе испадне еден од најдобите папаѓачи во историјата на фудбалот :)


За среќа, оваа година периодот меѓу првото коло и затворањето на преодниот рок е само еден ден, па нема да жртвуваме 2 или 3 кола без комплетен ростер, како во некои од минатите години. Од друга страна, FIGC продолжува со таа, барем за мене, нелогична пракса на почеток на лигата доцна во август, за само по едно коло да следува репрезентативната пауза. Очигледно е дека ниедна друга голема лига не ги сецка екипите само што почнале да влегуваат во ритам, но темата со неразумноста, конзервативноста, тврдоглавоста, па и скандалозноста со лидерите во Калчото е многу поширока и не му е тука местото, барем не во постов.

Распоред на почетокот на сезоната е тежок, што го прави мечот со Lazio уште поважен. Pippo го одржа првиот прес како главен тренер, а првиот впечаток е дека е смирен, самоуверен (повеќе во желбата на играчите, отколку во квалитетот) и дека нема намера премногу да оддава пред натпреварите. Една од изјавите се однесуваше на Pazzini, кој Inzaghi го опиша како лидер на неговиот проект. Помалку чудно, но не изненадувачки, со оглед на взаемната почит и поврзаност меѓу двајцата. Кажа дека сеуште нема одлучено кои ќе ги пополнат трите места во нападот, но најверојатно тоа ќе бидат SES и Honda странично, а Menez како лажна 9ка. На средина веројатно би биле NDJ, Muntari и Poli, а назад Abate и Armero се сигурни, бидејќи De Sciglio е суспендиран. Дилема останува стоперскиот двоец. Bonera е најавен како стартер од скоро сите медиуми. Друштво може да му прават Alex или Rami, Mexes е исто така суспендиран. Најназад Lopez.


Иако вкупната оцена за трансфер периодот ќе ја дадеме после понеделник и во паузата за репрезентативни настапи, не може да не споменеме каква е ситуацијата во последниоте 2 дена од рокот. Останаа 3 имиња кои се вртат, и тоа сите офанзивци: Taarabt, Cerci и Biabiany. Првиот отворено му се нуди на Galliani, но не е фит и ќе му треба месец дена да биде конкурентен за место во тимот. А и него му гори под нозе, ќе изгуби пола сезона. Од муабетите за Cerci верувам на сите ни дојде преку глава. Но, текот на информациите (тајминг, извор, контекст) е прав темплејт за тоа како се случуваат трансферите од и во Milan. Нели Brendan Rodgers 100% ја отфрли шансата Balo да премине во L’pool, а Galliani беше за тронка понесигурен со 99,9% и 99,8%. Многу слично, Urbano Cairo пред 2-3 дена излезе со разочарана претпоставка дека Milan никогаш не ни бил вистински заинтересиран за Cerci. А еве денес, Cerci не е повикан за мечот против Inter. Biabiany е последната варијанта, најнеинтересна и најнепожелна за сите нас. Не бива да го завршиме летото со најлошиот “in” трансфер.

И сега по правило треба да го затворам постот се некакво резиме, а приликата ич не е таква. Во исчекување сме премиерата на првенството, а уште повеќе на она што сега веќе цел свет го знае како Galliani Day. Pippo и момците нека отворат, ќелавиот нека затвори со стил!

FORZA MILAN!!!

45 comments:

Anonymous said...

Тооо бе Навигаторче ПОСТ!
Едвај чекам да почне сезоната.
Дали сме со Торес, или било кој во нападдот гајле ми е, Милан игра!!
Ако успееме да го земеме Черчи до утре тогаш овој трансфер пазар би го оценил со некоја висока 8мица, 8.5 вака не би можел да кажан затоа што на еден ден до завршетокот на пазарот не му е остварена желбата нашиот тренер за позицијата за која бараше играч.
FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

Бидна и Ван Гинкел. После толку молење јас не сум сигурен дека треба да молиме 21 годишен играч што не ни сака да игра за Милан да дојде тука ама ај. Пример: Алекс Сонг отиде во Вест Хем на позајмица. ВЕСТ ХЕМ.
Пандев и Џемаили заминаа во Галатасарај и мене ми олесна искрено, барем знам дека нема кај нас да дојдат.
Черчи си се договори со Атлетико, нашиве абер немале да понудат ништо.
Ако останеме вака имаме 28 играчи во составот од кои 4ца се голмани, и 5мина се вишок и главната трансфер цел односно позицијата која ја бараше нашиот тренер од кога дојде не беше исполнета.
Лошо, доста лошо.
Само некое заминување од Агаци, Закардо, Мексес, Есиен во последен момент може да ме расположи.

Navigator said...

Agazzi или Gabriel, еден од нив мора да замине инаку нема смисла ниту за клубот, ниту за нив. Логично е клубот да сака да го даде Agazzi, затоа што се надева на некои 2 милиони, а на Fiorentina одлично би им дошол. Ако не, позајмица на Gabriel во Pro Vercelli. Zaccardo е исто вишок, но од него не мора да се ослободиме до утре. Преодниот рок трае до 7ми во Турција/Русија, а интерес за него имаше, барем досега, од Турција. Според мојата меморија, ќелавиот рече дека 25 е таман бројка, така што би останало да се ослободиме од уште еден играч. Најлогично би било од средината и тоа Essien, ама ова доаѓање на van Ginkel, иако е само позајмица без откуп, ме плаши дека би избркал некој од NDJ или Cristante. NDJ не сакам да го дадеме, ама пак, би го преболил. Ама Cristante... ме плаши варијанта каде ќе го убедат Pippo на позајмица во Benfica да речеме, ама ќе стават и клаузула за откуп. И ќе го јадеме.

Anonymous said...

Не не. Категоричо НЕ доби Бенфика на пати од страна на Пипо. Дури и Берлу наводно застанал на негова страна. Кристанте не смее да си замине од Милан!!
Агаци и Закардо ги одбиле Сасусоло, а вториов и некои турски екипи. Едноставно несакаат да си заминат а само плата за џабе земаат.
Мексес ќе остане по се изгледа и годинава а веќе наредната му истекува договорот.
Есиен не само што ќе биде последна опција во средината туку и зема преголема плата! околу 3 милиони ако не се лажам.
Да се ослободевме од овие 4ца, и плус да дојдеше играчот што ни треба (десно крило) тогаш ќе имавме совршено трансфер лето ама вака...

ReBorned said...

Bonaventura! Браво!

Unknown said...

За Кристенте се осеќам исто ко Де Шиљо да го дале.

Толку од мене.

ReBorned said...

Сите добро знаете какво е моето генерално мислење за Cristante и што сметам за неговата техничка поткованост, неговата човечка страна и неговиот талент. На мене ми е веројатно најтешко. Сепак, малку полесно го проголтав тој трансфер после веста дека го потпишавме Bonaventura и ОСОБЕНО после информациите дека самиот Cristante инсистирал да си замине од клубот (му било понудено да биде позајмен но инсистирал на целосен трансфер) и неговата желба да игра надвор од Италија. Тој го направи истото и некаде на почетокот на летото но тогаш беше разубеден бидејќи му беа дадени гаранции за поголем број на минути. Потоа повеќе се играше со Saponara дури и со Essien. Се донесе и Van Ginkel. Тоа е тоа.

----------------------------------

Зошто не коментирате ништо за аквизацијата на Bonaventura и особено за првиот натпревар сезонава? Јас бев во странство и намерно не бев online за да не го видам резултатот од мечот и да можам да го гледам на раат дома. Она што го видов синоќа ми влева оптимизам. Не знам дали ние бевме толку подобри или Lazio толку лоши но гостите притиснаа само на 3:0. Ја контролиравме играта, го контролиравме резултатот и што е уште поважно, немавме некои големи екцеси во дефанзива. El Shaarawy покажува дека веќе во првото коло е во топ форма, Alex покажува дека е вистински столб и дека особено на високи топки му нема рамен. Diego Lopez одигра на високо ниво, одбрани пенал и имаше само една сомнително проценета ситуација но се на се одличен. За примениот гол не можеше да направи ништо повеќе. Во следното коло би требало да биде уште подобро затоа што De Sciglio ќе се врати во првите 11 а веројатно ќе стартува и Torres бидејќи има репрезентативна пауза па ќе може Torres да добие дополнителни 7 дена за воигрување со најголем дел од тимот.
Интересно ќе биде дали и каде ќе се вметне Bonaventura. Во секој случај, first team material кој може да покрие на AMC, AMR ама јас мислам дека ќе се обидеме со него на местото на Muntari или Poli односно на позицијата каде што играше Saponara во подготвителниот период.

ReBorned said...

И уште една работа ме интересира, што мислите за интересното и помалку неочекуваното вметнување на Zapata во стартните 11? Јас сметам дека Pippo се плаши дека со Alex + Rami ќе бидеме премногу бавни во срцето на одбраната (исто и јас) а од друга страна Bonera и Mexes се премногу лабилни за во срцето на одбраната па Zapata му доаѓа некаде помеѓу. Постабилен од Bonera и Mexes а побрз од Rami. Дали мислите дека треба да се продолжи со овој двоец или да се прави измена? Pippo на 3-1 со влегувањето на Armero ја промени формацијата од 4-3-3 во 5-3-1-1 или 3-5-1-1, како сакате. Armero е лабилен на лев бек, тој цел живот игра wingback. Abate/De Sciglio или De Sciglio/Armero во дефанзива?

БОНУС за Ultras: Bonaventura ќе носи дрес со број #89. Во Atalanta носеше #10 но тука тој број му припаѓа на Keisuke кој е се повеќе самоуверен и со форма во константна нагорна линија.

Navigator said...

За Bonaventura и меркатото: Треба да бидеме реални и приземни и признаеме дека со овој буџет и во споредба со претходните 2 лета, ова е далеку подобро. И не се работи само за пари, туку и за бројот на натпревари што ќе го имаме годинава. Најискрено ви кажувам и се надевам дека некој од вас дели исти чувства, малку ми олеснува што нема да играме во Европа. Во Мај тоа ми изгледаше трагично. Сега го гледам како одлична прилика за враќање во врвот. И не претерувам, верувајте, кога помислувам на Скудето. Roma е единствената екипа што драстично се засили. Napoli и силен, но не многу различен од лани. Juve назадуваше, а Inter сеуште недоволно спремен. Ако го изземам продавањето на Cristante, сите трансфер потези беа оправдани. Донесовме бек, двајца везњаци, осигуравме и купивме стопер, светски голман, светски шпиц и одлично крило кое го познава Калчото. Го продадовме најталентираниот и најпроблематичниот играч и се ослободивме од куп потрошени платоземачи :) Единствено криво, на in страната, ми остана осигурувањето на Taarabt. Мислам дека перфектно би се вклопил во овој Milan. Bonaventura не го запознав вчера, но не знам премногу. Искрено кажано, сум го гледал само против Milan. Но тој е од оние играчи, еден или двајца од малите екипи што паѓаат во очи. Се сеќавам на еден продорен во напад и досаден во одбрана играч. Особено се сеќавам на мечот минатата година, колку беше тешко да се пробии таа средина Bonaventura-Cigarini-Carmona. Одлична зделка, во секој случај.

Navigator said...

За натпреварот: Многу слатко отворање на сезоната. Убаво навестување. Најмногу ми е кеиф за Pippo. Претсезоната беше неуспешна и многумина почнаа да се сомневаат за неговата тренерска зрелост. Почнаа да го едначат со Seedorf, во смисла повторно иста приказна во Milan. Но после она во неделата, човекот слободно може да каже: Полека, видете убаво, ова е друг тим. Тим направен од мене, со мој манјдсет, со желбата и борбеноста што ја имав јас, ама со свои мотиви.
Реков и претходно, Pippo не излажа кога на пресот во саботата рече е уверен во гладта и желбата на играчите. Останува да се оствари и вториот дел од реченицата, дека оваа глад ќе ја гледаме цела сезона.
Конкретно за играчите, не можам да се сетам на слаба партија на ниеден. Многу радува формата на SES. Очигледно, максимално го искористил отсуството од СП. Тоа е правиот начин на кој примаш така важна негативна вест. Затоа сега, уште на првиот меч после СП и главен конкурент во нападот на репрезенатацијата. Браво SES! Многу слично, во однос на формата и кај Honda. Многу посигурен во себе, во потезите. Почна често да постигнува голови и видете колку е среќен додека ги прославува. Menez ме изненади со физичката спремност. Во второ полувреме, во последните 15 минути што ги одигра (65-80мин) имаше 3 спринта, а во еден од нив претрча тројца. Иако не играше на негова позиција, одлично се вклопи. Сигурно е свесен дека играчи има многу повеќе од места во тимот, а дечкото има богами силна конкуренција за неговата позиција. Во средината, Poli беше несвојствено агресивен и продуктивен, de Jong и Muntari блиску до сопствените граници. За Alex не можам да речам дека ме зачуди, тоа е потврдена класа. Само би сакал да продолжи во тоа темпо. Логично, муабетот не води на темата - ротација на 5 стопери. За мене, први стопери се Rami и Alex и не мислам дека овој тандем е драстично поспор од оној во неделата или некоја друга комбинација. Долгите нозе на Zapata не го прават брз играч. Се ми се чини дека кај него најголема разлика прави инаетот и мотивот. Завчера беше непробивлив, осоебено на почетокот. Имаше убава синхронизација со Alex. Но веќе од наредното коло очекувам одбраната биде: De Sciglio - Alex - Rami - Armero. Да не заборавам, Abate имаше точен центаршут и асистенција! И можеби уште поретката појава, Bonera одигра без значаен кикс!
Задоволен сум, среќен за Pippo, да ја почекаме глупавата пауза, па одиме на Parma. Forza Milan!!

Navigator said...

Морам да кажам дека GdS ме изненади: https://flic.kr/p/oKfW1d

ReBorned said...

Не знам зошто гледаш на Bonaventura како на крило? Да, играше на крило во минатото но тоа е универзален фудбалер кој може подеднакво добро да игра и во средината, малку поофанзивно. Во некоја 4-2-БОНАВЕНТУРА-2-1 формација. Ама ако веќе менуваме во ваква формација веројатно би било фер и правилно прво да му се даде шанса на Honda таму (Menez на AMR).

Искрено верувам дека во некој период од сезоната Bonaventura ќе стартува на mezalla во линијата од тројца фудбалери во средината. Дали тој тоа ќе успее да го искористи или не, ќе покаже времето. Искрено верувам дека аквизацијата на Bonaventura наместо на Biabiany е 3 пати подобра! Biabiany е експлозивен и брз фудбалер кој во даден момент може да направи разлика меѓутоа таму десно на крило веќе ги имаме Menez, Niang и Honda па не гледам причина зошто да дуплираме уште повеќе. А и ако треба да ги дефинирам, Bonaventura ми е фудбалер со мозок а Biabiany (со цел респект затоа што сметам дека повторно ќе одиме по него во Јануари) ми е фудбалер ала Ibrahim Ba. Bonaventura ќе ја добие шансата што ја доби Saponara. Ќе видиме дали и колку ќе се снајде.
Од вкупно постигнати 14 гола во Калчо, 4 има постигнато против комшиите.
Околу Taarabt, Pippo сакаше да го исчисти лошото и полупрофесионалното во тимот. Taarabt е негова одлука.

Taarabt: I told Galliani "You're the boss, sign me" but he replied "Adel I want you, but I don't know about Inzaghi...".

---------------------------------

Интересен момент од пресот на Pippo после мечот. Цел прес е одличен и вреди се да прочитате меѓутоа мене ми падна во очи ова:

As for Van Ginkel, he is a wide midfielder and a has a big desire to do well. We ask our wide midfielders to run a lot. Along with the wingers, they will be changed during matches and more players I have in that role the easier it will be to do so.

Нормално тука не алудирам на Van Ginkel туку воопшто на стилот на игра, wide midfielders се мисли на mezalla. Значи на секој меч најмногу трчање очекува од MRC, MLC, AMR и AML. Трчај додека имаш сила ако треба после ќе те заменам. Интензитетот мора да постои. Затоа и излегоа Muntari и Menez.
Верувам дека нема да има „најдобри 11“ во овој тим на Pippo и верувам дека ќе има доста ротирања во текот на сезоната дури и да нема несакани повреди. Со стартот на Bonera на лев бек нашиот тренер сакаше свесно да го загуши Candreva по таа десна офанзивна страна и затоа не стартуваше со класичен бек. И после првите 20тина минути кога Candreva го помина 3 пати Bonera, после беше загушен. Ова покажува дека Pippo ќе прави ротации во стартните 11 и според потребите во конкретни натпревари и против конкретни противници. Сигурен сум дека кога ќе играме со Чезена на пример, ќе стартува Armero лево.

Anonymous said...

Тоа е муабетот што го правевме вчера Ри. Нема стартни 11, ќе има некои 5-6 столба во тимот и другите играчи кои постојано ќе се ротираат.
Д.Лопез, Рами/Алекс, Де Шиљо, Де Јонг, Хонда, СЕС. На овие ќе падне најголемата одговорност во тимот.
За Кристанте нема што да додадам, сеуште сум разочаран што си замина, и најискрено ќе ви кажам не му посакувам некоја кариера зошто ако стане играчиште или направи голем трансфер ќе ми биде ептен криво.
Бонавентура мислам дека ќе биде мотивиран до небо. А тоа и ќе го увиди Пипо и ќе му дава шанса. Нешто слично како Таарабт минатата сезона.
Видов за дресот и одма искоментирав. Претпоставувам дека Ван Гинкел ќе го земе дресот со број 21 на пример а не 91.
Рејтингот на Газета е нереален.
Јуве го доби тој рејтинг затоа што не ги продаде Погба и Видал, а не се засилија нешто многу, напротив со Алегри мислам дека се ментално ослабени и дека таа екипа на Јуве го доживеа својот зенит. Најверојатно и Конте го знаеше ова па затоа побара нов предизвик во репрезентацијата.
Интер, Наполи, Фиорентина.... не се засилија нешто осетно. Дури и Роси пак се повреди и пак ќе го нема долго време со што се знае дека тешко дека виолетовите ќе атакваат на местово ЛШ. Сметам дека освен Рома никој не купуваше подобро од нас летово.
Одлично око Ри, си приметил битна ствар што ја рекол Пипо додека зборувал за Ван Гинкел.
Трчање. Ротација. Ми се свиѓа што ги направи сите 3 замени, ми се свиѓа што горе доле беа добро темпирани, сега треба да видиме како ќе менува Пипо кога губи тимот на пример.
И за крај.
Хонда - Ел Шарави
Ломотев тука долго време како овие двајца ќе дојдат до израз по заминувањето на Бало и веднаш се случи тоа. Милан играше во неделата како тим, а тоа е тоа што го сакаме ние, и тоа што го бара Пипо.
Незнам за вас, јас веќе го обожавам овој Милан без Балотели :)

ReBorned said...

Тоа на Navigator, немој на мене :)

И јас очекувам El Shaarawy да има повеќе простор со играњето на Torres затоа што El Nino е класична 9ка и секогаш гледа да биде што е можно поблиску до противничкиот гол. Со тоа се отвора доста место за маневар на оние зад него (во прв план El Shaarawy но и останатите офанзивци).
Натпреварот со Parma ќе биде многу голем тест. Реално ние и лани имавме добри игри и резултати на домашен терен, гостинските натпревари беа проблем. Оваа Parma не е онаа ланската, составот што загуби во првото коло не делува воопшто импресивно а згора на се Cassano е пак во свој елемент и е суспендиран од клубот. Мораме да освоиме нови 3 бода со кои ќе дадеме печат во калчото после првите 2 кола и максимално мотивирани и самоуверени ќе го дочекаме Juventus во трето коло!

ReBorned said...

Gazzetta - From 4-3-3 to 4-4-2, the 4-2-3-1 through here all the tactical Inzaghi

After the market, in which Milan have changed a lot, now the time has arrived to coach Inzaghi to think about how to maximize the features of all the players of AC Milan pink, especially in the offensive. The Rossoneri will have several strikers between them that will enable you to deploy different modules.

TWO ALTERNATIVES - As reported in this morning's La Gazzetta dello Sport, the tactical system is the basic 4-3-3, which can be exploited in two ways: on the one hand, Inzaghi will field a trident of rapid contropiedisti (El Shaarawy, Torres , Menez) against teams that leave room to counterattack, on the other SuperPippo, when he will be forced to make the game, you can use three setters, such as Menez (or El Shaarawy) to the left, Torres in the middle and Honda on the right.

MILAN chameleon - But Milan coach does not want to fixate only on the 4-3-3 and is ready to adapt according to the opponents: if teams arrive at San Siro closed, the Rossoneri could also take the field with the 4-4 -2, with Pazzini and Torres forward and Bonaventura and Poli wide to give balance (in this form will be crucial to the thrust of the full-backs). Against the big, however, the tactical system ideal for Pippo could be 4-2-3-1, with two "hounds" in front of the defense (de Jong and Muntari) and three players (El Shaarawy, Bonaventure and Poli) behind Torres good for both roofing and in the entry.

ReBorned said...

Или истото илустрирано

https://pbs.twimg.com/media/BwmDZpYCAAAfCBv.jpg:large

Anonymous said...

Мене од сево ова најинтересно ми е што Поли се спомнува во секоја комбинација. Браво, за момче што пред година дена го сакавме во тимот тоа е одлично.

ReBorned said...

За бројот на Bonaventura сакав и јас да напоменам :)
Енио Тардини ќе биде опасен натпревар! Иако е почеток на сезоната може да значи многу и да влијае многу во кој правец ќе продолжи тимот. Кога се правеше распоредот се плашевме како ќе поминеме во првите 3 кола затоа што имаме многу непријатен распоред но со евентуална победа против Parma нагости, ќе го пречекаме Јуве дома со 2 победи од 2 меча, со 6 бода во џеб... тоа би било извонредно!

Anonymous said...

Уште Ел Шарави и Мастур да се опаметеа и да земеа некој нормален број: 22,24,26,29,30,31 супер.
Планирав да пишам некој пост пошто ќе не чека долга пауза а сезоната само што почна.

Unknown said...

Пак иаме ростер од 28 играчи...

Закардо,Есиен,Албертаци и Мексес можеа комотно да напуштат ама одбиваат.

Не треба секогаш да глумиме клуб фамилија зашо ваквиве крвопијци не коштаат некад трансфери.

Anonymous said...

За Албетраци не би рекол, колку и да е ужасен млад 23 годишен италијанец е и дете на Милан, си ја заслужува шансата.
Закардо, Мексес и Есиен. Тие се вишокот. И Агаци, ама тој одбиваше трансфер па затоа моравме Габриел да го пратиме на позамица.
Јас уште се надевам дека некој турски-руски клуб ќе ги земе тројцава за без пари, и ослобување од нивната плата е голема работа реално.

Anonymous said...

Кога сме кај Албетраци.
Не ве потсеќа на Абате?
Плав е, дете на Милан, бек е само игра на другата страна и нормално е левак. Се прошета по позајмици пред да се врати во Милан на 23 години (Абате се врати на 22) и има подпросечен центаршут?

ReBorned said...

Мексес е петти избор на CB (пред него се Alex, Zapata, Rami и Bonera) а зема 4 милиони евра по сезона нето плата односно го чини клубот околу 8 милиони евра по сезона заедно со даноци.

Navigator said...

Albertazzi не е бек, туку е стопер. Никогаш не играл бек уствари. Само по потреба, како Bonera кај нас на пример. И затоа не барам добар центаршут од него. Мене никогаш не ми фаќал око Albertazzi. За разлика, Comi, Petagna, Zigoni, Merkel, Strasser, Paloschi, Verdi, од дефанзивците Ely или Romagnoli, скоро сите мислевме дека ќе станат врвни играчи. Мислам дека нема да добие шанса сезонава, ама очигледно Pippo сака back-up дефанзивец што нема да бара минути. Zaccardo е најлогично да си замине во Јануари. И него не му одговара да остане Јуни. Сега го сака Parma, во Јуни без 3 цела натпревари нема да го сака ни Reggiana. Кај Essien е малку поразлична ситуацијата. Тој очигледно ќе добива минути против "касапските" екипи. За Mexes не се сложувам дека е петти избор. Да не беше казнет против Lazio, ќе беше стартер, ќе беше дел од победата и убавиот старт и немаше вака да се размислува за него.

ReBorned said...

Albertazzi не е баш класичен CB а уште помалку лев бек. Тој е еден од оние дефанзивци кои веројатно најдобро се снаоѓаат во одбранбена формација со 3 штопери каде тој би бил некој CBL ако ме разбирате.

@Navigator, според твојата логика на следниот меч против Parma, Mexes треба да стартува заедно со Alex затоа што сега ќе биде достапен. Ајде да видиме.

P.S Наводно веќе е договорен Suso од Liverpool и или ќе дојде на лето беспари (му завршува договорот) или ќе дадеме нешто ситно за да дојде во Јануари (ова веројатно би се случило доколку во Јануари Pippo се најде некаде близу до или на врвот од табелата и бара фудбалер повеќе за евентуално скудето или пласман во ЛШ). Искрено не сум го гледал многу но од она што го видов низ нет станува збор за извонреден универзален млад фудбалер. Може да игра буквално секаде во нападот (AMR, AMC, AML и CF), игра подобро со левата нога и е исто висок колку и SES. Ќе полни 21 година сега. Пред да потпише за Liverpool ги одбил Barcelona и Real и редовно настапува во сите младински селекции на Шпанија. Само што заврши преодниот рок а веќе правиме комбинаторики за следното лето. Pippo ги размрда сите :)
Така се прави екипа, Juve така го лапна Pogba (сега вреди барем 50 милиони), така го лапна Coman а прилично сум сигурен дека така ќе го лапне и Rabiot на лето.

Unknown said...

Niang worked on his finishing this morning while the other players were in the gym. Hopefully it pays off soon.

Интересен предлог начекав и на твитер за тоа што треба Пипо да направи со Нианг.

https://twitter.com/Milanello/status/493647763222310912

Unknown said...

Инаку се распрашував кај ливерпулци за Сусо и го фалат ептен. Потенцијален играч во секој случај и добро е што приоритет за следните трансфер периоди му даваме него а не на Биабиани.

Инаку мораше Мексес,Есиен,Закардо да заминат дефинитивно. Тотално непотребни се според мене ама ајде.

И да напоменам дека многу ја мразам паузава ради репрезентации.

Anonymous said...

Сусо ме потсеќа на Иско. А ако го покаже својот целосен талент тогаш ќе биде играчиште. Во било која форма да дајде кај нас (а не ќе биде лошо да се одврзе ќесето уште во Јануари и да се направи притисок) би било одлично.
Кажав, пак ќе кажам. Чекам некој Руски или Турски клуб да испрати некоја понуда за Есиен, Мексес, Закардо. Посебно Есиен кој зема 3.5м плата и Мексес 4. Рами, Алекс и Запата се пред него во тимот. Мексес е тука негде со Бонерот.

ReBorned said...

Проблемот во Mexes не е во недостиг на понуди, понуди имаше и летово. Проблемот е што никој заинтересиран клуб не сака да му ја израмни платата која тој во моментов ја добива во Milan и тој нема намера да си замине за помала плата. Затоа не очекувајте негово заминување.

Anonymous said...

Наредно лето му истекува договорот :) Ваљда не се до толку нашиве па да му го продолжат, макар и за помала плата.

Navigator said...

Не знам, може сте знаеле, ама јас сега дознав и не можам да поверувам: Daniele De Rossi е најплатен играч во лигата!

http://www.rossoneriblog.com/2014/09/08/ac-milan-20142015-player-salaries-chart/

Navigator said...

И уште едно прашање :) Го гледавте Simone Zaza против Холандија? Никој италијански играч не ме воодушевил толку на прво (посериозно) гледање после SES. Сакам да го гледам против Норвешка утревечер и тоа како стартер.

Anonymous said...

http://sportmedia.mk/revolutsija-vo-italijanskiot-fudbal-serija-go-namaluva-brojot-na-klubovi-na-18/

Anonymous said...

Знаев дека зема некоја плата од околу 5-6 милиони ама не бев свесен дека е најплатен.
Остај тоа комшииве се најчудни!
На плати за играчи добро штедат изгледа бидејќи видиќ со 3.2 годишно е најплатен, што е ок ама Мацари делка скоро 3 ипол милиони годишно!
Апсурд!
Не го гледав натпреварот, ама сигурно пак ќе почне Заза.

ReBorned said...

Колку да не биде сè така розево, Zaza е во (ко) сопственост на Juventus...

Navigator said...

Не е повеќе. Од ова лето. Sassuolo му плати на Juve 7мил или така нешто и го дооткупи. Само Berardi е на Juve сега од тандемот. Инаку Zaza денес одново импресионираше. За малку двоен стрелец. Ќе биде голема борба за него.

ReBorned said...

Ако Јуве запне, нема да биде воопшто проблем,Сасуоло е своевидна филијала на Јуле, нивен втор клуб. И зад аквизицијата на Врсаљко од страна на Сасуоло се крие Јувентус.
Околу евентуалната аквизиција на Сусо, читав и искоментирав тука порано. Доколку навистина се случи ќе бидам пресреќен, не толку поради неговите квалитети туку повеќе поради тоа што тој потег ќе значи дека конечно после долго време веќе изгледа како да имаме план на трансфер берзата.

Navigator said...

Ако Juve запне... А ако запне PSG или City? :) Ок тоа за Sassuolo како филијала, ама како да ги објасниме 7-8 милиони што ги плати летово вториот на првиот тим? Договорот за Suso ептен ми прави кеиф!

Unknown said...

Леле еј паузава со репрезентации ми е смрт!

ReBorned said...

Van Ginkel: "I’m focused on Milan, but I’m happy about the fact that Chelsea didn’t include a buy-out clause in the transfer."

...

Unknown said...

Подјебавање.

Anonymous said...

Телефонски го молеа да дојде. Па нормално и јас да сум Кристанте ќе си одам.

ReBorned said...

Juventus & Abate reported to have reached a verbal agreement for next season, for a 3 year contract at €2 million + bonus per season.

Со моменталниот договор тука заработува 1.8 милиони, наводно бараше 3 милиони по сезона за да го продолжи.

Kole.22 said...

Што е со Ел Шарави ?

ReBorned said...

Има незгодна повреда на зглобот и не е сигурен против Parma. Наводно не е ништо претерано сериозно но може да одмора за да не се ризикува со него.