На два натпревари до крајот на сезоната Милан се наоѓа на 1 бод од посакуваното 6то место, и со победата на Интер вечерва тие си го заверија пласманот во Лига Европа а најверојатно и 5тото место бидејќи дури и да го победиме и двата натпревари до крај на нив ќе им треба само бод за да го задржат истото.
Клучен за нас ќе биде и дуелот помеѓу Торино и Парма кој се игра утре во исто време со нашиот. Торино има 55 бода, Парма 54 како и нас. Совршено сценарио би била наша победа утре, а Торино и Парма да одиграат нерешено. Доколку Парма победи тогаш ќе имаме ист број на бодови а гол разликата моментално е +2 во нивна полза (не сум сигурен дали меѓусебниот дуел или гол разликата се главен фактор тука), а доколку по некоја случајност победи Торино тогаш ќе треба да чекаме нивни кикс во последното коло за 7 дена. Се се ова големи теории и математики но нашата е едноставна, со победа утре и наредниот викенд против Сасуоло ќе имаме 60 бода што би требало да бидат доволни за тоа 6то место, зависно од Парма и Торино.
Листата на повикани играчи е голема и тренерот Сидорф ќе има многу избор за стартните 11.
Мора да се победи утре, се друго би било збогување со Лига Европа, па макар и да ремизираат нашите ривали. Се на се, испадна дека финишот на оваа сезона за нас е интересен и може да се добие нешто на крај.
FORZA MILAN!!!
6 comments:
Не е лоша играта досега, ама не разбирам зошто Taarabt не игра. Honda е поприлично добро чуван, а на Kaka не му денот. Ова е измеслиена ситуација за Adel - ќе има многу простор за игра, противникот не е агресивен, а од друга страна ниту играат бункер. Колку порано влези, толку побрзо ќе направи разлика.
Тоа е тоа момци. Јас лично се опростив од Европа. Шансите се минимални, ќе ни треба реми на Торино-Парма денес, и нивни кикс (реми/пораз во последното коло) а и наша победа. Чисто сумљам дека се ова ќе се случи тоа е тоа.
18ти мај, наредната недела. Тоа е нашата шанса за крај и нов почеток.
Скоро пола тим треба да се продаде, потребна е свежа крв, ново раководство, нови финансии...
нов Милан.
Жално е како противниците одиграа за нас, буквално, до утакмица ни погодија се. Само ние не одигравме за нас. И со реми ќе бевме во одлична позиција, бидејќи Toro во последно коло оди на Fiorentina, а ние со Parma со исти бодови ќе бркавме подобра гол разлика (Parma ќе имаше 2 гола предност). Вака ќе очекуваме чудо - Livorno да скине бод кај Parma. Ама пак, што ако сите други киксаат кога ние не добиваме добиени натпревари. Најмногу од се, дури и повеќе од поразот како резултат, ми е криво што ова дава муниција за "бркачите" на Seedorf. Ајде уште еден меч момци, ајде!
Гледав симулкаст од сите натпревари и морам да признаам дека за Италијански фудбалски прилики беше доста возбудливо.
Следниот викенд на еден сопкаст линк ќе ја гледам Милан-Сасуоло, а на друг линк симулкаст.
Торино-Парма 1:1
Ова е резултатот кој во последното коло ни дава какви такви шанси да се надеваме на Лига Европа иако за тоа треба чудо. Ситуацијата е ваква сега:
6.Торино 56
7.Парма 55
8.Милан 54
9.Верона 54
Последно коло:
Милан-Сасуоло
Фиорентина-Торино
Парма-Ливорно
Наполи-Верона
1.Рачунајќи дека го добиваме Сасуоло (кој си обезбеди опстанок)
2.Фиорентина го добие Торино или во најмала рака изигра нерешено.
3.Парма киксне со отпишаниот Ливорно (ова е најмалце изгледно бидејќи играат дома а Ливорно има дури 24 порази сезонава и никаков мотив за играње)
4.Верона што и да направи не ни менува многу, пред се затоа што имаме исти бодови но тие имаат полоша гол разлика од нас.
Тешко сценарио во кое јас искрено не верувам, ама барем ќе биде интересно последното коло за гледање бидејќи уште тоа 6то место е последното нешто за кое може да се игра а за него се во игра дури 4 екипи.
Forza Milan
Очекувам Фиорентина U-15 тим да пушти само за да пати Милан :D
Иначе океј текма денес тоа е тоа, настана сеа некоја фама со тоа дали Галијани кажал дека Сидорф е луд или не кажал па ќе видиме што ќе биде. Видов дека целото тоа тврдење се базира на некоја снимка и мене ми е смешно ама ајде...
Има логика муабетов на Фичо, нема што :D
Post a Comment