Видно возбуден од приновата дома го пречекувам ова дерби. Не се сеќавам кога пишав пост последен пат, а оправдание не треба да биде кризата во која се наоѓа нашиот тим. Дерби си е дерби и не е важно кој во каква форма е, какви се амбициите на двете екипи кога се среќаваат сино-црната и црвено-црната страна на градот.
Шест бода не делат од градскиот ривал, а амбицијата е иста. Лига Европа и не е некој успех, но е каква таква утеха за може да се оцени неуспешната сезона. Ел Шарави по којзнае колку време се враќа во тимот и ќе биде во комбинација да игра.
Капитенот Monti е објективен кога вели дека еден
позитивен резултат во Дербито не може да ја поправи сликата за комплетната
сезона, но може многу да помогне во целта што се наметна, а тоа е пласман во
Лига Европа. Тука нема простор за калкулации, иако има премногу комбинации и
екипи што се во трка за 5тото и 6тото место. Победа денес е задолжителна, затоа
што во спортивно, веројатно и дефинитивно се оддалечуваме од европските купови
догодина.
Се очекува спектакл на трибините, одлична игра на теренот, и победа за Милан на едно градско дерби по подолго време!!!
FORZA MILAN !!!
22 comments:
Незнам кога последен пат се радував на гол на Милан како овој на Де Јонг. Па градско дерби е или што е?!
Еден бод не дели од посакуваното место, а сега само два од Интер.
Браво за победата, очигледно беше дека повеќе ја посакувавме. Редно беше да се радуваме на дерби после цели 3 години. Штета што нема in game access како во NBA, баш сакав да ја чујам конверзацијата помеѓу тренерот и капитенот.
FORZA MILAN !!!
Богами и ние на блогов да се израдуваме на нешто, а тоа нешто е прилично слатко во моментов. Искрено мислев ке ни се повтори јуве и атлети на полувреме, но драго ми е што погрешив. Штета за шансата на Рики, и огромни пофалби на Сидорф конкретно за натпреварот.
Победа во Дерби е секогаш убава. Уште повеќе кога не си ја почуствувал цели 3 години. И покрај тоа што на денот на Дербито Juve славеше титула и покрај тоа што на две кола пред крај бркаме место во ЛЕ и покрај тоа што ќе имаме околу 40 бода заостаток зад првакот. Како што рековме пред мечот, оваа победа не може да ја поправи сезоната, но може многу да помогне во моменталната цел. И помогна. Сега имаме исти бодови со Parma, еден помалку од Torino и два од Inter, два повеќе од Lazio и Verona, кои имаат по натпревар помалку, но вечерва играат меѓу себе. Вака изгледа до крај:
INTER: Lazio (H); Chievo (A)
TORINO: Parma (H); Fiorentina (A)
PARMA: Torino (A); Livorno (H)
MILAN: Atalanta (A); Sassuolo (H)
LAZIO: Verona (H); Inter (A); Bologna (H)
VERONA: Lazio (A); Udinese (H); Napoli (A)
Со оглед на тоа што Verona има убедливо најтежок распоред и со тоа најмалку шанси, би било одлично да му откине бодови на Lazio вечерва и да ги остави сините зад нас. Друга позитивна работа е што во последните две кола има доста меѓусебни дуели на нашите конкуренти. Им посакуваме многу ремија :) Особено на Parma и Torino. Така би обезбедиле 6то место, иако го посакуваме 5тото заради одбегнување на квалификациите за ЛШ. 5тото место и плејофот заштедува 3 недели летен одмор.
Ајде момци! Ајде Seedorf!
Заборавив да прашам: знае некој што е со позадината на блогот? и кај вас е бела или само мене така ми ја покажува?
Си пишал квалификации за ЛШ :)
Знам дека е ненамерна грешка, ама навика јбг.
И кај мене е бело.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=657049997681948&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1&theater
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=657050341015247&set=a.396383597081924.94030.394696360583981&type=1&theater
Лацио - Верона 3-3 :)
По два црвени на двете страни, Маури промаши пенал во 93та минута.
Си ја гледал на flashscore изгледа :) Ги изгледав последните 20тина минути, лоша утакмица, Lazio малку понапаѓачки расположен. На резултат 2-3 имаше за мене непостоечки пенал над Klose и уште посмешен црвен за нашиот Albertazzi. Mauri шутираше, голманот одбрани, ама Mauri ја дотурна од втора. Нерешено е одличен резултат, иако и победа на Verona немаше да биде лошо со оглед на нивниот распоред до крај. Ајде сега ние нашето да си го завршиме, па Lazio слободно нека го тепа Inter, а Parma и Toro нека си поделат бодови :)
На резултати ја гледав да. А ти голем ентузијаст си сеуште изгледа штом си гледал Лацио-Верона :D
Сум, да бидам искрен :) И како ни се поклопуваат туѓите резултати, ќе биде греота да не стигнеме таму каде што сме зацртале.
Нешто друго, primavera шампионатот заврши со регуларниот дел. Знаете, по 2 екипи од трите gironi играат директно на Final8 турнирот. Нашите дечки завршија како трети во групата, па ќе разигруваат за учество на финалниот турнир. Прва пречка ќе биде Udinese, екипа од нашата група која заврши 5та (со нив имаме 1 победа и 1 пораз годинава). Ако го поминат Udinese, одат на победникот од дуелот Novara-Palermo. Мечот со Udinese се игра денес од 15 часот, а евентуалниот нареден на 10ти Мај. Финалниот турнир ќе биде некаде во втората половина на месецот. Браво за Pippo и дечките!
Еве за посликовито: http://www.legaseriea.it/it/campionato-primavera-tim-trofeo-g.-facchetti?p_p_id=BDC_risultati_calendario_gironi_WAR_LegaCalcioBDC_INSTANCE_Een2&p_p_lifecycle=0&p_p_state=normal&p_p_mode=view&p_p_col_id=column-1&p_p_col_pos=1&p_p_col_count=3
Лига Европа ми е супер шанса за млади играчи да добиваат шанса и да добиваат на искуство. НАЈВЕЌЕ поради тоа сакам да сме таму!
Мастали,Петања па можеби и Мастур да добијат некоја шанса таму.
Кристанте мора!
Лига Европа ми е супер шанса за млади играчи да добиваат шанса и да добиваат на искуство. НАЈВЕЌЕ поради тоа сакам да сме таму!
Мастали,Петања па можеби и Мастур да добијат некоја шанса таму.
Кристанте мора!
Јас имам чуство дека Мунтари, Есиен и други "младичи" ќе имаат солидна минутажа во Европа Лига ако се квалификуваме таму.
Како одиграа Пипо и екипата?
Поведовме 1-0 со голот на Petagna па 1-1 до полувреме и изгубивме 1-3.
Го имаме Rami кој беше еден од најдобрите во тимот откако дојде и кој успеа самиот да ја консолидира смешната одбранбена четворка во последните неколку месеци и фудбалер за кој неколку екипи (во прв ред MAN UTD) отворено искажаа интерес и се подготвени да платат големо обештетување за него. Ние имаме фиксирана оштета за него (околу 7 мил. евра). И што правиме? Бараме попуст и на таа сума од Valencia(која нормално нема да се согласи кога веќе има екипи кои нудат и повеќе од тоа, напротив ќе се моли да не го откупиме) и одиме кон Alex од PSG како резервна варијанта само затоа што договорот му истекува летово и ќе дојде без оштета (но тоа значи поголема плата на годишно ниво, види Mexes). Значи размислуваме да го баталиме столбот на одбраната кој веќе се етаблираше во тимот, ги знае соиграчите и системот на игра во своите најдобри фудбалски години за фудбалер кој e 3 години постар и на кој ќе му треба време за да дојде до нивото кое веќе го видовме од Rami (и немаме никаква потврда дали тоа воопшто некогаш ќе се случи). Тоа што Mexes ќе си оди и со себе ќе ги елиминира оние 4.5 милиони евра по сезона (9 милиони после оданочување) не се смета како олеснителна околност за да се земе Rami? Не може малку да се размислува out of the box на Milan? Не може да се задржи Rami а повторно да се оди по Alex како негов партнер во срцето на одбраната? Или тоа е премногу сложено? Или ако имаме еден добар дефанзивец, мора другиот да биде ужасен? Ете затоа сме на вакво дереџе! За 7 милиони! Повелете, предложете било кој дефанзивец на светско ниво кој е приближно квалитетен колку Rami а може да се купи за 7 милиони евра.
Слично се однесуваме и околу Taarabt и QPR со тоа што тука веројатно ќе добиеме некој попуст бидејќи QPR го продава цел тим затоа што е во финансиски проблеми.
Ќе се знае многу брзо, за едниот имаме deadline за користење на клаузулата до средината на месецов а за другиот до последниот ден од Мај.
Убеден сум дека ќе бидеме сведоци на уште едно трагикомично трансфер лето!
Батали фрустрациите Ри, игнорирај. Во последно време не ни читам работи поврзани со Милан бидејќи на се ја гледам само негативната (за жал) реалната страна. Во таква позиција сме и во таква ќе останеме се додека раководните луѓе не одлучат да направат нешто околу тоа.
Доколку Conte си замине од Juventus, се спомнуваат неколку замени а во прв план се Spalletti, Mancini и наводно Allegri. Од друга страна наголемо се зборува дека Milan веќе остварил контакти со Spalletti за тој да биде нов тренер на Milan (заеднички избор на B & G) меѓутоа се натегаат со оштетата која треба да се плати на Zenit (иако Spalletti не е веќе тренер на Zenit).
Многу го ценам Spalletti и сакам да го видам на клупата на Milan но да бидеме реални, доколку Juventus навистина му понуди место на нивната клупа, сигурен сум дека без размислување би ја прифатил таа а не нашата понуда. Реално, во овој момент секој би го направил истото.
Berlusconi и официјално со шлаканица во лице за Seedorf. Значи точно е, тренерот не го сака најголем дел од тимот. Пред неколку дена на прашањето за судбината на тренерот, Berlu политички одговори дека: Тој има договор со нас на 2.5 години но ќе ја разгледуваме ситуацијата по крајот на сезоната.
Сепак веќе вчера, по првиот поминат ден во дом за стари лица каде што ја извршува општествено корисната работа која му ја наложи судот, сурово рече:
Тука во домот за стари лица, сретнав повеќе луѓе кои можат да ја држат ситуацијата во соблекувалната на Milan под контрола и воедно да бидат сакани од фудбалерите.
Ова веќе е дефинитивен крај, се бара ново име летово.
Спалети и никој друг!
Post a Comment