И како изгледа, на кинески :)
Translate
Tuesday, 25 December 2012
Saturday, 22 December 2012
Меч за трасирање на сезоната
Круцијален меч во круцијален дел од годината! Мечот на Olimpico ќе го трасира патот во понатамошниот дел од сезоната. Со евентуална победа во Рим, ќе бидеме на одлична позиција (со оглед на тоа како почна сезоната) во пресрет на зимската пауза. Roma е екипа која многу напаѓа но прима премногу голови во дефанзива. Доколку успееме да ги неутрализираме назад, мислам дека во контра напад ќе бидеме убиствени!
Во дефанзива повторно De Sciglio му го зема местото на Abate (на моја огромна радост). До него ќе настапи Mexes а лево Constant. Најверојатно Yepes ќе го пополни останатото место во дефанзива. Пред нив, во недостиг на De Jong ќе настапи Ambrosini заедно со Nocerino и Montolivo. Нападот ќе биде формиран од најдобриот стрелец во калчото, Binho и веројатно Boateng кој ќе игра повторно како лажна деветка и ќе го ротира своето место со Binho. Amelia добива нов старт на сметка на Abbiati.
Внимателна и концентрирана игра во дефанзива верувам дека ќе ни донесат победа поради екстремно лошата игра на Roma во одбрана и големиот број на примени голови. Milan знае да биде немилосрден во контри и полуконтри преку El Shaarawy, во прв план!
E Andiamo!!! Forza Milan!!!
Sunday, 16 December 2012
113 години!
На денешен ден пред точно 113 години, Herbert Kilpin го формираше клубот Milan foot-ball and cricket club. Во време многу поразлично од денешново, време каде не постоеше маркетинг и пари туку само љубов кон бубамарата. Kilpin ја одбрал црвено-црната комбинација како блиска на Milan поради тоа што: "We are a team of devils. Our colors are red as fire and black to invoke fear in our opponents!"
Кога денес ќе се осврнеме наназад, Kilpin во наследство го остави клубот со најмногу интернационални трофеи во светот!
Различни етапи, различни херои и различни резултати. Сепак, љубовта кон клубот останува секогаш иста! Вистинските навивачи на овој клуб се секогаш зад него, кога сме на врвот на светот и кога сме во втората половина на Италија! Секој фудбалер што ги поминал вратите на Milanello, оставил дел од себе во клубот и дел од клубот, во себе!
Мечот против Pescara наметнува императив победа најмногу поради два моменти, јубилејот на клубот и тоа што мораме да го продолжиме одличниот момент во кој се наоѓаме во моментов. Тимот е речиси комплетен, освен стандардните повредени, кои се во аут подолго време. Остануваме на 4-3-3 формација која дава најсолидни резултати, во дефанзива и офанзива.
Постојат само две дилеми во составот, дали Mexes ќе успее да се опорави за старт и дали Pazzini или Boateng како лажна деветка, во нападот. Constant се враќа во составот исто како и Montolivo, Ambrosini ќе ја покрие дупката по лошата повреда на De Jong а De Sciglio го истисна на клупа Abate, на десната бековска позиција. Напред, повторно сите очи ќе бидат вперени кон најдобриот стрелец во Италија.
Одиме на сигурна, убедлива победа! За бодови, за повисоко место на табелата, за историјата, за Milan!
Forza Milan!!!
Wednesday, 12 December 2012
Coppa Italia - Ottavi di finale: AC Milan vs Reggina
Средина односно
крај на Декември, период резервиран за возбудувања од Италијанскиот куп кој
Милан последен пат го подигна во 2003тата (истата година кога беше освоена и
Лигата на Шампиони.)
На Сан Сиро ни
доаѓа Реџина, тим кој со Верона се единствените преостанати претставници на
Серија Б во купот, и тешко дека ќе се појават со бело знаме. Таму играат Коми
и Ели но само вториот од нив е повикан и со сигурност ќе настапи.
Кај нас пак
ситуацијата е компликувана но за еден куп натпревар со противник од ваков калибар
овие 19 играчи би требало да бидат доволни:
abate,de
sciglio,zapata,yepes,mesbah,antonini
flamini,strasser,nocerino,muntari,emanuelson
bojan,el shaarawy,pazzini,robinho,niang
Мексес е
суспендиран, а Боатенг добил некој удар против Торино и нема да биде ризикуван
за овој натпревар. Алегри отиде дури
и до таму што не ни остави и многу да погодуваме и го најави составот кој што 99%
ќе го видиме утревечер:
Abbiati
Abate-Zapata-Yepes-Antonini
Flamini-Strasser-Urby
Robinho-Pazzini-Bojan
Без ниеден повикан
младинец, јасна е пораката која ја испраќа Макс, а тоа е дека Милан си зацрта за
цел да атакува на овој трофеј кој најверојатно е единствениот на кој можеме посериозно
да сметаме.
Токму затоа Габриел
и Нианг ќе почекаат малце за својот прв старт , и токму затоа Абате и Антонини ќе
ги гледаме по бековските позиции со цел Де Шиљо малце да земе воздух. Истото важи
и за Ночерино и Фараонот кој добиваат заслужен одмор, а Страсер ќе го добие првиот
старт сезонава. Урби е логично решение како единствениот креативен играч за врска,
додека пак Мунтари е спремен за настап и сигурно ќе добие некоја минута игра ако
резултатот и околностите го дозволат тоа.
Има доста интересни
детали околу последното интервју на Алегри кои ќе ги споделам во вид на коментари.
Четврток 21:00 СпортКлуб+ подобриот од овој дуел оди на Јувентус во 1/4 финалето.
Sunday, 9 December 2012
На тест во Торино
После натегањето околу тоа дали ќе се игра овој натпревар (заедно со уште неколку „критични“ поради временските услови во Италија) последните информации велат дека веројатно ќе се игра. Можеби доколку мечот се одложеше тоа ќе одеше во прилог на Milan (повредени се Montolivo и Constant) но за Нас фановите, тешко ќе се свареше викендот без Milan. Одиме на гости кај збудалениот Torino кој сè уште е под импресии на високиот пораз од најлутиот ривал а најдобар начин да се заборави вакво нешто е добар резултат против голема екипа. Со тимот на Torino имаме пријателски односи, барем на играчки/трансфер план (Verdi, Odumadi, Comi) но тоа не значи ништо на теренот.
Milan (како шот беше претходно наведено) ќе биде ослабен за неиграњето на единствената креативна алка во тимот и одличниот лев бек кој конечно пружа партии достојни за еден лев бек на Milan. Освен нив, ќе недостига (или не) Boateng кој има црвен картон. Ситуацијата налага на некои промени во тимот но тие ќе бидат од играчка но не и од тактичка природа. Формацијата ќе остане 4-3-3.
Спефицичната 4-2-4 формација на Torino може да направи големи проблеми во нашата дефанзива но со враќањето на Abate на позиција на десен бек и мигрирањето на De Sciglio на левата страна, очекувам да се потстегнеме во дефанзива, по бочните позиции. Urby кој е најблиску до креативност во средниот ред во отсуство на Monto ќе игра како лева mezzala. Напред Binho (кој е ужасен по враќањето од повредата) заедно со Pazzo и најдобриот стрелец во калчото. Иако Abbiati се врати по повредата, сепак Allegri изјави дека Amelia кој е добар во овој период, ќе остане на голот.
Тежок меч кој се надевам дека ќе заврши со 3 бода за Milan. Се надевам заради уште поголем скок кон врвот на табелата и заради ливчето на Navigator (и моето, допрва).
Внимателно по бочните позиции и континуирано притискање на нивниот среден ред, мој рецепт за победа.
Forza Milan!!!
P.S Малиот Maldini во овие моменти игра во првите 11 за Allievi Nazionali против Varese, на позиција лев бек, исто како татко му. Моменталниот резултат е 2-1 за Milan. (Fabbro и Yaffa)
Tuesday, 4 December 2012
Champions League: Group Stage Final Fixture AC Milan vs Zenit St. Petersburg
Кога во топлата летна вечер на 30ти Август се влечеше ждребот, многумина мислеа дека токму овој дуел ќе биде решавачки за тоа кој ќе ја освои не така слабата група Ц.
Но 3 месеци подоцна фудбалот уште еднаш ни покажа зошто е еден од најнеизвесните спортови каде што големи нешта може да се случат во краток временски период, период во кој Милан сега гледа на Зенит како еден спаринг партнер, додека пак Русите ќе се обидат на еден чесен и достоинствен начин да ја завршат овогодинешната одисеја во ЛШ, со надеж дека напролет истата може да продолжи во најмасовното Европско клубско натпреварување.
По серијата од 3 победи во серија (конечно можам да го кажам ова!!) тимот може малку полабаво да гледа на овој дуел со оглед на неговата важност. Но така не мисли нашиот тренер, кој вели дека ќе излезе најсилниот расположлив состав во моментов со цел да оствари победа која добро би ни дошла за да се развлече таа победничка серија.
Галијани искрено, кратко и јасно кажа: "Важно е да победиме поради моментот во кој се наоѓаме, но и поради парите кои ќе ги добиеме при евентуален триумф".
Еве ја и листата со повикани играчи (20) :
Abbiati, Amelia, Gabriel,
Acerbi, De Sciglio, Mesbah, Yepes, Zapata,
Ambrosini, Boateng, Cristante (n.36), De Jong, Emanuelson, Flamini, Nocerino,
Bojan, El Shaarawy, Pazzini, Petagna (n.37), Robinho.
Абијати тренираше нормално со остатокот од тимот, додека пак на Монтоливо и Констант им е даден заслужен одмор. Абате и Антонини иако тренираат со тимот сеуште не се спремни за старт. Мексес е суспендиран, додека пак сагата околу Пато доби свое ново продолжение: Макс најави дека нема да биде во составот ниту против Торино во недела поради минатото со повреди кои го мачат и дека нема намера да избрзува со него. Но на нас упатените навивачи ни е повеќе од јасно дека ова е еден вид воспитна од страна на управата за изјавата која ја даде Патињо по натпреварот во Белгија.
Кристанте и Петања се единствените повикани од Примаверата која одсега ќе можеме да ја следиме и на нашиот ценет блог благодарение на Навигаторот и неговата упорност :)
Брајан минатата година против Плзен во натпревар сличен како овој доби некоја минута играње додека пак за Петања ова е прво вакво искуство. Вреди и да се спомене дека покрај Кристанте, Де Шиљо беше другиот младинец кој заигра во Чешка тогаш. а гледајќи една година подоцна каде се наоѓа истиот можеме само да му посакаме иста судбина и на Кристанте.
Ова е очекуваниот тим со тоа што ќе се одлучува утре дали Абијати ќе го започне натпреварот (според мене нема да има дилеми и Марко е стартер).
Во одбраната се повикани само 5 играчи и најискусниот од нив, шефот Јепес најверојатно ќе се чува за в недела, додека пак Ачерби и Запата ќе сакаат да се истакнат и да докажат дека можеме да сметаме на нив. Месбах изигра 50ина минути за младите изминатиот викенд и со оглед на тоа што Анте сеуште не е спремен за старт, а на Кевин му треба одмор нормално е да се очекува Џамиел да почне кога веќе е на тој список на ЛШ.
Средината и нападот ми делуваат баш онака како што треба, спој на играчи кои во последно време не беа стартери и овие минути ќе им бидат многу значајни и секако Боатенг кој ќе биде суспендиран на наредните 2 натпревара во Серија А против Торино и Пескара.
Очекувам и се надевам на победа, но и на солидна минутажа на нашите 2 бисера од клупа како и прво сефте (какво такво) за Габриел.
FORZA MILAN !!!
Thursday, 29 November 2012
CATANIA v MILAN preview!!!
После секоја голема победа во вакво мега дерби како минатиот викенд и
смирувањето на страстите, доаѓа онаа мисла дека тие три бода можат да не значат
многу ако не се продолжи победничката серија. И како по правило, барем за нас,
после сите вакви победи, следува екипа од категоријата најнезгодни. Catania не
е голем клуб, ама им прави сериозни проблеми на големите, особено дома. По
седум натпревари на Massimino, имаат пет победи, а во нив и она демолирање на Lazio со 4-0. Единствено загубија од Juventus во оној срамен меч полн со нерегуларности
и одиграа 0-0 со уште еден конкурент за Скудетото - Napoli. И сега не
знам како и колку ќе биде сметан Milan за изразит фаворит, кога до пред 4 дена тоа беше екипата на која и се
предвидуваше пораз на ваквите гостувања. Не ми е поентата да полемизирам во
врска со многуте експрертски ставови околу судбината на клубот, туку како
импулсот од дербито ќе влијае на нашите играчи. Дали ќе ги мотивира или ќе ги
оптовари тој успех против Juve.
Berlusconi продолжува со засилениот ангажман околу клубот и
деновиве. Може да зборуваме што сакаме за управата, ама сепак, овој потег е
вистински. Стариот почуствува дека доколку не се превземе нешто, сезонава нема
да личи на ништо и сега се почесто е со играчите и персоналот. Мора да признаеме
дека тоа значи за клубот, дека влева и сигурност и надеж. На крајот на
краиштата, мене ми изгледаат сосема искрени изјавите на Max и момците дека посветеноста на Berlo е критична за оваа група луѓе што до пред
сезона-две се нарекуваше "фамилија". Присуството на главниот, секако
дека носи и малку нервози кај Allegri заради неговата желба да се меша во работата што не е негова. Денеска
Max имаше една интересна изјава каде вели дека на B му се допаѓа таа 4-3-3 формација, но тој повеќе
би преферирал 4-3-let's see what happens :) Дали тоа ќе го препишете на неговата
нерешителност и несигурност во одлуките сезонава или на изборот на напаѓачи што
му се на располагање, оставам на вас.
Нашата ситуација е скоро јасна после пресот на Max денес. Откри најголем дел од стартерите,
формацијата и дилемите во пресрет на мечот. Иако го тестираше двоецот Mexes-Acerbi денес на тренинг, кажа дека не е сигурен
кој ќе му прави друштво на Mexes утревечер. Во однос на одбраната, Abate не е спремен и го чува за во вторник против Zenit, исто како и Antonini, а De Sciglio ќе добие шанса да го повтори перфектниот
перформанс од дербито. Лево, нормално, Constant. Abbiati не е помеѓу повиканите заради проблемот со грбот
што изгледа не бил само истегнување. Во средината сигурен стартер е NDJ, заедно со Montolivo. Ambro сеуште се опоравува и со него нема да се ризикува на Сицилија. SES е
стартер на LW, а Binho скоро сигурно
на RW. Дилемите остануваат на
левата страна во средината, со Noce како прв избор и во зависност од поставеноста во навалната линија, дали ќе
стартува Boateng или Pazzini. Max кажа дека и Urby и Bojan се во одлична состојба, ама веројатно нема да добијат шанса од старт. Еден
дел од пресот посвети на Pato и Montolivo. За патката
кажа дека сеуште е во неговите планови и се надева дека нема да замине во
Јануари. Зборуваше за неговиот потенцијал, нешто што е слушнато милион пати и
сите го знаеме, но во што се помалку веруваме заради проклетството што го
прати. Потенцијалот на Monti
пак, се однесува на таа лидерска улога што по случајност или не, му се
наметнува, но и се бара од него, очигледно. Соиграчите го гледаат како
предводник во отсуство на првиот капитен, а тоа го потврдува дури и Berlusconi. Утревечер повторно ќе биде капитенската
лента!
Catania е стар и голем должник. Catania е екипата која на некој начин не чинеше
Скудето. Ќе ве потсетам дека последниот меч со Catania, лани пролетта,
значеше почеток на овој лош период кој трае до денес. Мечот беше помеѓу двата
натпревари со Barcelona, ни скинаа
два планирани бода, Juve се
доближи на еден бод негатива и оттогаш тонеме се повеќе и повеќе. Не постои
подобар противник за да се разбие оваа аура која не опкружува. Почнавме со
најважните, со Juve, да
продолжиме со Catania, па кај
и да е ќе плати и Barca :)
Одиме по победа на Сицилија момци!
P.S. Без паника, ако е во Петок, Макпетрол ќе дава пренос ;)
FORZA MILAN!!!
Subscribe to:
Posts (Atom)










