Translate

Wednesday, 3 October 2012

На мегдан во Санкт Петербург

Клише на секој спортски новинар деновиве кој ги подготвува своите анализи и математики во однос на денешниот натпревар му се три збора во иста конотација (Зенит-Милан-криза). И најголемиот росонер мора да признае дека денешниве момци се далеку од оние не така далечни времиња, што не е причина да бидат запоставени. Напротив, поддршката е повеќе од потребна. Навикнати сме на големи апетити кога станува збор за ова натпреварување, па без разлика кој истрчува на терен, прво и најбитно е безрезервна борба, а потоа резултатот да си дојде сам по себе.

Колку и да мразам било какви споредби мегу тимови (општо), морам да изнесам една разлика која во моментов прилично се истакнува. Додека Милан почнува да функционира како еден, сосема спротивното се случува во спортивниот табор токму поради  новонаправените трансфери. Огромните пари вложени во т.н Хулк (рака на срце, одличен напагач но премногу,премногу препотентен за играч кој има настапувано во 2 просечни лиги) и Витсел прават раздор во екипата што резултира со огромен пад на формата (верувам запознани сте и нема да навлегувам во детали)

Изборот на повикани играчи речиси не се разликува од оној од пред 4 дена. Како што ке биде и цела сезона, остануваат 'стандардните' недоумици, особено во одбраната. Абате или Де Шиљо на десен бек, Антонини речиси сигурен на лев, а за централен пар најверојатно стартуваат Бонера и Мексес (највеке поради искуството во ЛШ)

Абиати
Абате-Бонера(Запата)-Мексес-Нини
Ноче-Де Јонг-Монтоливо 
Боа-Пацо-Ил фараоне

Нема играч кој во моментов би му го земал местото на Ел Шарави. Брилира последните натпревари (на секој дел од теренот) и апсолутно заслужува секаква доверба и поддршка. Секоја добра партија на оваа сцена, ја крева неговата цена. Како руските и арапските магнати едвај чекаат да ги пуштат пипците накај Милано кон него, но проследени со изјави како на пример El Shaarawy non si tocca и слично. Знаеме дека тој го живее моментот и од слични шпекулации нема ништо. 

Овој дуел по мене воопшто не доаѓа во лошо време како што тоа повекето го мислат. Прво затоа што притисокот над Алегри е значително намален, второ затоа што рускиот шампион не игра на нивото на кое се очекува, трето затоа што на север сеуште нема остри температури и четврто затоа што голем број поединци се желни за докажување на европско тло.


Вистински момент за прва победа во натпреварите по групи и олеснување на патот кон втората рунда. Време за пробив на новата генерација со седумкратно шампионско педигре. 

      FORZA MILAN!

Saturday, 29 September 2012

Да се одржи континуитет и позитивна атмосфера


Токму тоа е најпотребно на овој тим во изградба. Понесени од сигурната победа и кршењето на клетвата на San Siro, гостуваме на Parma. Натпревар кој е по мерка за да врземе 2 победи во серија и да го дочекаме Zenit во среда на San Siro.
Повредените се сè уште во аут но се враќаат неколку суспендирани фудбалери (Boateng, Zapata) и тренерот. Тимот може да претрпи одредени ротации за да се задржи свежината за мечот против Zenit.

Повикани: Abbiati, Amelia, Narduzzo (n. 50), Abate, Acerbi, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes, Yepes, Zapata, Ambrosini, Boateng, De Jong, Constant, Emanuelson, Montolivo, Nocerino, Bojan, El Shaarawy, Niang, Pazzini, Robinho.

De Sciglio започна десно, завчера играше лево а утре најверојатно повторно на десен бек, лево ќе биде Antonini а Abate ќе добие одмор и ќе настапи против Zenit. Друга многу веројатна ротација е во самиот напад каде што конечно е можно Bojan да го добие првиот старт во дресот на Milan на сметка на Pazzini кој беше прилично незабележлив на последните натпревари а и одигра многу мечеви во серија. Bojan би добил подршка од Urby и во моментов фудбалерот во најдобра форма во клубот, Stephan El Shaarawy. Во срцето на одбраната по суспензијата се враќа Zapata.
Boateng се враќа во старните 11 поради тоа што одигра многу малку против Udinese а паузираше против Cagliari поради повреда. Конечно можеме да очекуваме да го видиме Boateng во средниот ред на mezzala! Би било интересно да видиме како ќе изгледа тоа на теренот.
Со оглед на тоа што има многу претумбации, веројатниот состав е тешко да се предвиди но јас типувам на нешто вакво:


Од енормна важност е да забележиме нова победа, секоја следна победа носи поголема самодоверба во тимот! Секое зголемување на нашата самодоверба значи и намалување на онаа на противничките тимови! Три бода од Enio Tardini се задолжителни!

Forza Milan!!!

Wednesday, 26 September 2012

Клетвата е скршена!


AC Milan - Cagliari Preview



Продолжуваме онаму кадешто застанавме - во потрага по првата победа на Сан Сиро сезонава!
Интер на 5 а Милан на 3 натпревари сеуште немаат победено на домашен терен одкога е ставена новата толку фалена синтетичка трева.
Каљари е моментално во тежок период пред се поради административни проблеми кои и немора многу да се одразат кај екипата. Треба да обрнеме внимание на Астори и Наинголан како доста интересни играчи.
Кај нас се враќаат од повредите најкреативните играчи што ги имаме (Робињо и Монтоливо) но не се очекува да стартуваат. Во исто време, Запата и Боатенг имаат 1 меч суспензија како и Макс чие место на клупата ќе го завземе Тасоти кој ако победи ќе добие многу поени кај управата.


Повикани играчи:

Abbiati, Amelia, Gabriel
Abate, AcerbiAntonini,Bonera, De SciglioMesbahMexesYepes
Ambrosini, De Jong, Constant,EmanuelsonMontolivoNocerinoTraorè 
Bojan, El ShaarawyNiangPazzini,Robinho



Мексес и Ачерби мора да бидат приоритетни во срцетото на одбраната а не Јепес и Бонера, Де Шиљо МОРА да стартува десно или лево па нека се прилагодуваат на неговото присуство во првиот тим Абате и Анте (замислете стварно да беше вака.)

САКАМЕ ПОБЕДА !!


Saturday, 22 September 2012

Да се биде или не!




Повеќе од било кога оваа реченица има значење за нашиот (на блогов) ценет тренер. Најверојатно ни нерешено нема да биде доволно за да го зачува своето место на  клупата, само победа е опција.
На истиот овој стадион на 11ти фебруари во ситуација кадешто Златан,Пато и Касано отсуствуваа, Милан издвојува една многу тешка победа од 1-2 каде што творци на пресвртот беа Макси Лопез и Ел Шарави кој тогаш го постигна последниот гол за Милан и е во еден сушен период.
После сите турбуленции, кавги, медиумски шпекулации победа одлично би дошла за малце да спласне цела оваа фама, неуспех само ќе ја продлабочи мизеријата во која се наоѓа тимот во овој деликатен дел од сезоната.
Повредените добро ги знаете, а на таа листа се приклучија Фламини и Бонера.
Јепес доби синче и добива заслужено отсуство а друштво на копилето со нов фриз во срцето на одбраната најверојатно ќе му прави Запата! Последните муабети говорат дека Алегри конечно ќе го направи тоа што сите го очекуваат односно ќе му даде старт на Де Шиљо на левата бековска позиција кадешто командува недопирливиот АНТЕ. Монтоливо и Ночерино се сигурни стартери во средината а во зависност од подготвеноста на Де Јонг, капитенот Амбро е тука како алтернатива. За нападот може само да потврдиме дека Пацини е сигурен, а како ќе ги искомбинира, Бојан,ЕЛ92,Боа и Урби само Макс знае.

Формацијата која ја предвидува Скај

Телма ќе ни го удостои овој натпревар во директен пренос со цел да не се мачиме со лоши стримови по интернетов, значи утре, 15:00 битка на Фриули во Удине!



FORZA MILAN!!!

Tuesday, 18 September 2012

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КОЛКУ ЗА REFRESH...



Ќе почнам со една носталгична ретроспектива на сезоната која ми се мота низ глава од кога заврши она мачење во Саботата. Сезоната 2006/07 многу од нас ја паметат по само една работа – освојувањето на ЛШ. На никој не му паѓа на памет дека тоа е првата сезона после Calciopoli, без Juventus во лигата, сезона каде нашиот најлут ривал имаше 20 и кусур бода предност во Мај, сезона во која завршивме како четврти, иако имаше период каде во 25 натпревари тимот доживеа само еден пораз, или пак сезона каде што го имавме првиот напаѓачки poker d’assi (Pippo, Gila, Ronaldo, Oliveira). Тоа е сезоната кога последен пат се радувавме на најубавиот пехар. Најавата на мечот со Anderlecht утревечер ме потсеќа на истиот дуел од пред 6 години и на генијалноста на Kaka. Перфектен натпревар за нашиот омилен, хет-трик и претстава за паметење, увертира за убавата европска приказна таа година. Постои уште една сличност со таа сезона, овојпат апсурдна, ама морам да ја споделам: прв избор на стоперската позиција (не зборувам за најквалитетен, туку со најмногу настапи) тогаш и сега е незаменливиот DANIELE BONERA! :)
Разликите пак, се многу побројни. Тогаш ја имавме најсилната средна линија во светот, со Pirlo, Seedorf и Rino во најдобрите години, а Kaka во полн налет. Она што утре Max ќе го има на располагање во средината се грубо кажано, бонеровци, во споредба со нивните претходници. Kevin Constant веројатно би бил задоволен доколку би имал прилика да му додаде топка на Seedorf за да изведи аут. Или вака, посликовито...
За жал, мора се вратам овде и сега, да претпоставам што може да стори Max за да не биде доцна и за екипата и за него лично. Да кажеме дека неуспех утре нема да значи YOU’RE FIRED. Што во комотна ситуација би направил Allegri или јас како комотен набљудувач од мојата комотна фотеља, а што Max утревечер, под будното око на B и широките ноздрви на G, кој му дише во врат. Она што удобниот би го направил е составување на најспремните 11, оние на кои најмногу им веруваш. Би го изоставил Boa на сметка на поизбалансирана средина без изразит CAM и изразит DMC. Со Urby таму некаде на лево крило, NJD, Ambro и веројатно Noce по десно. Bojan како свежина за моментално задолжителниот Pazzo. Назад конечно би го тестирал Zapata, со Acerbi, Abate и De Sciglio на лев бек. Толку од fantasy-то. Поставата што ќе ја гледаме (на стрим) утре ќе биде скоро идентична на саботочната. Единствено што очекувам како промена е Bojan наместо SES. Добро што Anderlecht е за никаде сезонава, а мотивацијата во ЛШ поголема за нашите, па може ќе гледаме фудбал, наместо мачење. И покрај се, ова е убава прилика за првата победа на San Siro годинава. Јас ја очекувам, сигурно и вие. Уште повеќе Allegri. И не знам за него, ама јас не можам да дочекам. Coppa campioni си е Лига на шампиони, нема што! :)


FORZA MILAN!!!

Friday, 14 September 2012

AC Milan vs Atalanta Preview

По репрезентативната пауза која се надеваме позитивно влијаеше на тимот се враќаме повторно на Сан Сиро во потрага по првите бодови на домашен терен сезонава.
Робињо,Пато,Монтоливо...нема да бидат во игра за настап, но Мексес е тука кој нејверојатно сепак ќе почне од клупа како и Абате.

Последните информации говорат дека Амброзини нема да биде подготвен за настап, а јас лично баш би сакал да го видам Урби во стартните 11.
Она што е повеќе од сигурно е дека Антонини е недопирлив на неговата позиција.



FORZA MILAN !!!