Translate

Sunday, 26 June 2011

Buon compleanno Capitano!


Знаев дека некој има роденден денес!Само не ми текнуваше кој, чисто ѕирнав на ацм.цом и гледам уште нема ништо хмм..



Вечно живеј легендо!

Friday, 10 June 2011

Шпекулации, шпекулации, шпекулации...

Полека но сигурно почнува летното трансфер лудило. Се вадат имиња од ракав и имиња за кои постои реална основа. Ние во ова летно трансфер лудило имаме 3 важни играчи, можеби најдобрите:







Епа со Gold Tie напред во нов БУМ на трансфер пазарот!!!

Sunday, 22 May 2011

Финале



Финале без резултатски императив, барем за нашите момци. За нивна и наша среќа тие си ја завршија работата претходно, пред незгодното гостување на Фриули каде што домакините ќе бркаат резултат во трката со Лацио за тоа 4 место кое води во квалификации за Европа! Се чини со Реми ќе бидат задоволни и двата табори.
Од друга страна нашиот предводник постојано потенцира дека ние сме Милан, ние секогаш мора да одиме на позитивен резултат без разлика дали тоа е императив или не! Милан секогаш има обврска да игра! Затоа Max ќе настапи со најдоброто во моментов и ќе му даде шанса за деби на Villa, левиот бек на младата репрезентација на Шпанија. Се' останато во првиот тие е big guns!

-------------Абијати

--Абате--Неста---Il Monstro--Виља

-----Фламини---Ван Бомел---Сидорф

--------------Moonwalk

------Пато---------------Бињо

Со оглед на фактот дека Златан, Рино и Амбро се повредени подобар состав од ова и не можеше да се извади на теренот.

Овој натпревар ќе биде интересен и од еден друг аспект... Kojo "Kwadwo" Asamoah. Момчето што уште на почетокот од сезонава ми влезе во око, далеку пред воопшто Милан да покаже интерес за него. Ако ме прашувате мене, одличен фудбалер! Одличен баланс меѓу физикус, сила и техника или чувство за додавање. Меѓу него и Поли треба да се бара освежувањето во средниот ред на Милан. Значи може под лупа да се стави и Asamoah па да се види како тој евентуално би се снашол во Милан (не дека еден меч може да одговори на тоа ама сепак...).
Епа момци ќе пишав одиме на одмор ама пак ми текна на последната изјава на Мах, Милан сеуште не е на одмор и треба да си одработи се' професионално до самиот крај па затоа да не одам против нашиот кормилар... одиме на гости на Фриули!

Thursday, 19 May 2011

Addio Andrea


10 години, 400стотини натпревари, 40ина гола, 2 Серија А титули, 2 Лига на Шампиони, 2 Европски Супер Купа, 1 Куп на Италија, 1 Светско Клупско Првенство и една историска Светска Титула со Италија.Дојде како 22 годишен талентиран trequartista, а си заминува како искусен и докажан шампион, како најдобар играч на светот на неговата позиција.

Среќен Роденден Андреа! Нема да те заборавиме! Како што впрочем рече и Пипо никогаш нема да те гледаме како противник, секогаш како пријател, затоа ти посакуваме среќа каде и да одиш затоа што секогаш ќе бидеш дел од големата фамилија на Милан.

Во истовреме се поздравуваме и со нашиот Јанкула, му благодариме за убавите 5 години и за маестралните изданија во ЛШ во 2007мата година.


La Storia Infinita Continua....

FORZA MILAN !!!

Wednesday, 18 May 2011

BENVENUTO A TAYE E PHILIPPE!!!

     Чувствував како да не му го дадовме заслуженото внимание на двајцава момци, па го пишувам ова само како добредојде на двете сосема солидни засилувања за догодина. 
     Момци, ова е нашата famiglia rossonera, а вие штотуку го направивте најдобриот потег во вашите кариери. Добредојдовте!


    Мислам дека ова се единствените слики што можат да се најдат на нет, така да не ми замерувајте што постот не е нешто нај, нај.

FORZA TAYE, FORZA PHILIPPE, FORZA MILAN!!!