Translate
Friday, 25 March 2011
Monday, 21 March 2011
Sunday, 20 March 2011
Само резиме...

Вечната болка... беа две... стара, неквалитетна одбрана и статичен, деструктивен, прозирен, некреативен среден ред.
Одбраната се санираше, со извонредниот раст на Абате (кој слободно можам да кажам, заедно со ТС е најстандардниот наш фудбалер на сезоната, единствените 2 фудбалери кои на секој натпревар даваат 100 % од себе), релативно ослободената од повреди сезона на Неста и нормално болната, лева бековска позиција.
Сепак, и синоќешниот натпревар го покажа тоа што се провлекува веќе сезони наназад. Имаме деструктивен, статичен среден ред. Среден ред кој воопшто не им помага на нашите напаѓачи со гол шанси. Среден ред кој само ја префрла топката до напаѓачите буквално по принципот топка во нозе а потоа тие самите (напаѓачите) се оставени на својата сопствена имагинација и својата сопствена креативност. Среден ред во кој единствената креативна сила (Пирло) е во аут пола сезона. Среден ред во кој со години наназад не се игра со класично крило, факт што е уште поголем проблем кога немаме креативци. Среден ред кој е исцрпен, блед, заситен. Среден ред во кој оние кои се замислени за носители на играта се веќе слободни агенти (со договори кои им истекуваа во Јуни) и фудбалери кои можеби повеќе се со мислите во административните проблеми отколку во проблемите на теренот. И кога на сето тоа ќе се додаде и фактот дека токму таму ги имаме најголемите здравствени проблеми, тоа веќе претставува проблем и во офанзивата и во дефанзивата.
Дефанзивците се оставени сами на себе во одбрана од противничките фудбалери, офанзивците се оставени сами на себе во креирање на шанси во нападот. Многу често може да се види како Неста и особено ТС влечат напред, до противничката половина за потоа тие, дефанзивците да ги барат нашите напаѓачи со долги топки, прескокнувајки ја средината на теренот. Само уште еден доказ за недостигот на креативност таму каде што најмногу треба да ја има! И фудбалерот кој брилјираше во средниот ред по неговото доаѓање во зимскиот преоден рок имаше 2 фатални грешки на последните 2 натпревари, 2 грешки кои не чинеа 2 гола и вкупно 5 бода!
Во зимскиот преоден рок се засиливме и во нападот! Сите очекувавме повеќе од него, започна одлично. Беше вон форма (разбирливо со долгото време надвор од терените) но во најмала рака е несериозно истото да се констатира и по 3 месеци тренинг и натпревари! Тогаш веќе нешто друго е во прашање!
Зошто секогаш ние треба да бидеме екипата која треба да ги враќа во форма бледите фудбалери? Зарем тоа не треба да биде одлика на екипи од втор или трет ешалон?
И околу тренерот... без разлика како ќе заврши оваа сезона јас би му дал уште една, барем до Јануари. Не е убаво да се менува тренер секоја сезона.
Овој пост не е демотивирачки и разочарувачки, само е реален. Воопшто не сум се предал во борбата за Скудетото, напротив! Тие најпрвин да го победат Лече а потоа да не победат и нас! А нели ние сме Милан?
Само резиме дечки, само резиме...
Friday, 18 March 2011
Во поход за освојување на Renzo Barbera!

Влегуваме во „матен“ финиш од сезоната. Сами си ги комплицираме работите но тогаш, во такви моменти треба да се покаже срцето на шампионот, карактерот на победникот! Колку и да сака некој да не претстави дека сме во криза и дека тонеме, колку и да се шпекулира со тешкиот распоред до крајот останува еден факт, ние сме на чело и најблиските конкуренти се на -5 од нас! Се додека тие не не' симнат од врвот, ние сме тие кои го водиме орото!
Екстремно клучен натпревар следи утревечер! Палермо од екипа која гази се' пред себе се претвори во екипа која ја газат сите! Нанижа еден куп порази во серија и сега ние сме тие кои треба да им го продолжат тој низ барем уште за едно коло. Натпреварот е клучен од повеќе аспекти но најмногу од еден, со наша евентуална победа разликата помеѓу нас и тие што не бркаат во најмала рака ќе остане иста пред директниот дуел, натпревар во кој дури кога и би биле поразени сеуште би биле на врвот! 5 бода, тоа се два натпревари, одличен багаж кој мора да го задржиме и после ова коло. А и кој рече дека тие ќе не добијат во дербито?!
Составот кај нас е тој со една голема разлика, Златан е на ладење! Првично 3 меча, можно е да се намали на 2. Како и да е, на ладење во најделикатниот период од сезоната (Палермо, Принтер и Виола).
Алегри пресече, ќе стартува со Але и Fantantonio во шпицот а Бињо ќе остане на клупа. Зад претходноспоменатите двајца најверојатно ќе стартува Сидорф поради тоа што БОА сеуште не е со задоволителен физикус за старт и не сака да се ризикува со него пред натпреварот за 14 дена. Одбраната е стандардна со тоа што на лев бек најверојатно повторно ќе добие шанса Јанку. Средниот ред зацементиран со Фламс, The Boss и Џенаро (постои и некоја шанса Урби да добие старт но тоа е во втор план). Токму тој цврст, деструктивен среден ред треба да се погрижи за фудбалерот за кој Зампарини тврди дека добил понуда од 50 милиони евра и сеуште ја разгледува.
Да им зададеме уште еден удар на Renzo Barbera па потоа нека ја прекинат црната серија :)
Forza Milan!!!
Sunday, 13 March 2011
Saturday, 12 March 2011
Одиме на плажа!

По расчистените сметки во ЛШ полека но сигурно се враќаме на нашата првична цел сезонава, Калчото. Можеби порастоварени, сигурно позаинатени да го оставиме искуство на WHL зад нас со позитивен резултат во Недела напладне.
Сето ова надополнето со (за нас) позитивниот резултат на комшиите од синоќа, победата е единствена опција против Бари. Победа со која како што покажува сликата погоре ќе ги замрзнеме на -7 и со евентуална победа против Палермо следиот викенд можеме многу порастоварени да го пречекаме дербито против комшиите и нивниот тренер.
Секогаш е тешко да се игра против екипи кои грчевито се борат за опстанок (ако не верувате прашајте ги комшиите) а кога на тоа ќе се придодаде дека е уште потешко да играш против аутсајдер после натпревар од ЛШ, треба максимално сериозно да му пристапиме на овој натпревар. Така размислува и Алегри.
Нема одмор за никој, најдобро подготвените излегуваат на теренот.
БОА сеуште накривнува и не е меѓу повиканите, а тие се:
Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Papastathopoulos, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Van Bommel, Seedorf, Strasser, Merkel, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.
Како што реков погоре, Алегри оди со најдоброто што го има во моментов на располагање а тоа е:
Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini, Gattuso, Van Bommel, Merkel, Robinho, Pato, Ibrahimovic
Епа момци, ајде на +7!
Forza Milan!!!
Subscribe to:
Posts (Atom)