Translate

Sunday, 16 May 2010

Saturday, 15 May 2010

End of the line

Истоимениот наслов на последната мисија на играта на сликата се поистоветува со крајот на сезоната.
Видовме се сезонава, од неверојатни пресврти, газењеа на противници, голови во последните минути, театарска претстава на сред Бернабе...но и видовме и срам на Олд Трафорд, и безброј слични срамови со далеку поанонимни клубови и стадиони.
Сума сумарум на сезоната е дека беше добра,прашувајќи го Галијани беше одлична!3то место освоено,1/8 финале во Лига на Шампиони-доста е нели?
Да се разбереме, не сум толку разочаран од резултатите, игрите, повредите, па ајде и вољата за победа но она од што сум најмногу разочаран е фактот што работите не идат на арно а никој не се обидува да стори нешто во врска со тоа.
Срамота е за 7 (СЕДУМ) кратен еврпоски првак да си постави цел во сезоната да заврши на 3то место!Срамота е тренерот кој со едвај некакви ресурси,раштиман и застарен тим да успее да направи се што направи да биде избркан(а и да не е избркан што мислите од убавини не останал?)
Како вечен песимист, предвидувам исто сценарио и следната сезона, можеби со малку среќа ако успееме да направиме некој паметен пазар како со Пато или Т.Силва и уште подобро промовираме некој од младичиве во првиот тим(уште едно браво за нив!)
Натпреварот со Јуве ќе се игра за престиж, иако знаеме дека за фудбалските состојби во Италија тоа би значело формалност, и некое здодевно 1-1 реми.
Бараме залаганост!Бараме напредок!

Збогум Лео, се надевам дека ќе се вратиш за 2-3 години со поголемо искуство и да го вратиш овој тим на победничките патеки!


Еден е Милан!!!





FORZA GRANDE MILAN !!!

Sunday, 9 May 2010

На местото на злосторот...

Сепак натпреварот Џенова - Милан повторно по којзнае кој пат ќе се игра зад затворени врати. За тие што не знаат, ова е директна последица по еден трагичен настан во 1995 година кога пред „Мараси“ стадионот во Џенова беше избоден до смрт Vincenzo Spagnolo, навивач на Џенова од страна на т.н навивач на Милан. За жал виновникот никогаш не е откриен. Поради овој немил настан секоја година натпреварот Џенова - Милан е натпревар од висок ризик. До последен момент се сметаше дека годинава сепак ќе се игра натпреварот пред публика и пред околу 400 навивачи од Милано кои со карта во раце го чекаа овој викенд но во последен момент сепак натпреварот ќе се игра без публика.
Во однос на самиот натпревар двете највредни алки во тимот (покрај Дињо) се враќаат во тимот иако се чини ќе бидат само на клупата. Неста и Пато недостасуваа до болка, со нив можеби се’ ќе беше поинаку. Ќе недостасува Амброзини а триото во нападот најверојатно ќе биде Дињо - Бориело - Хунтелар. Лео секој следен ден е се’ подалеку од Милано. Има повеќе шпекулации за нов тренер отколку за нови фудбалери. Некои одат до таму што тврдат дека Лео уште денес ќе ја напушти клупата на Милан доколку и математички се обезбеди третото место и директниот пласман во ЛШ. Гали + Тасоти, Алегри, Ван Бастен... рингишпил од имиња за клупата на Милано. Ајде и математички да го обезбедиме тоа трето место и после да видиме со што ќе не „израдуваат“ B&G.
Тогаш беа некои други времиња, тогаш имаше глад за успех...

Forza Milan!!!

Saturday, 24 April 2010

Палермо, буџет, трансфер пазар, загуби...

Веќе влеговме во машинеријата од тешки натпревари до крајот на сезоната. Претходниот викенд „завршивме“ со Сампдорија а сега се соочуваме со уште еден претендент за четвртото место т.е екипата која веќе ја запоседна таа позиција. Палермо е тим кој сезонава игра над очекувањата, има константни игри и млада но исклучиво талентирана екипа. Екипа која во својот тим има фудбалери како Кјаер, Пасторе, Кавани и Миколи е многу повеќе од солидна екипа. Верувам уште едно измачување за нас, посебно за нашата одбрана! Во повиканите за овој натпревар има еден куп младинци но реално е само еден од нив да го почувствува теренот, Микеланџело Албертаци. Единствен здрав централен дефанзивец во тимот е ТС (кој патем речено игра веќе 10-тина натпревари под закана од жолт картон и суспензија но извонредно зрело се соочува со тој податок). Го нема ниту Абате и Фламини. Најверојатен состав за вечерва е:

---------------Дида

--Замбота--ОДО--ТС---Јанкуловски

------Гатузо----------Пирло

--------------Сидорф

-----Мансини------------Роналдињо

---------------Бориело

И искрено, жал ми е за Тиаго Силва со ваква одбрана :(

Толку за тоа, нешто повеќе за она што е многу поважно...
Вчера на годишното собрание на акционери беше усвоен буџетот за 2009-та и 2010-та година. Загубите во текот на минатата година се само 9,8 мил. евра односно 85 % подобри резултати од претходната година кога имавме минус од 66,8 мил. Акциите пораснале за 38 %. Сепак, црната страна на нештата... Галијани пред акционерите рече дека оваа сезона ќе биде потешка од претходната и овој трансфер пазар ќе биде многу потежок од ланскиот (каде што патем речено ги купивме, Хунтелар и Онуеву, зарем може полошо од тоа?).
Примарна цел на тимот ќе бидат фудбалери кои се на крај од договорот, кои би дошле бесплатно. Од друга страна Галијани потврди дека „ѕвездите“ на тимот нема да бидат продадени и тука ги наброја: Пато, Тиаго Силва, Роналдињо, Бориело и Хунтелар. Не можам да сфатам по кој критериум Бориело и Хунтелар „рипнаа“ во статусот на ѕвезди на тимот но можеби имам недостиг на IQ. Тоа што се наброени Бориело и Хунтелар во „недопирливите“ можете и да го преведете како: не купуваме нов, класа напаѓач!
Потврдено е дека Марио Јепес е наш фудбалер (се надевам дека нема да има лошо пломбиран заб). За Астори нема договор со Каљари па ќе се оди на принципот на затворени плика. Претежно ќе се атакува на фудбалери од француското и шпанското првенство, не дека тие се најквалитетни туку дека во гореспоменатите првенства има најмногу фудбалери кои се на крајот од договорот. Околу Леонардо, Галијани изјави дека ќе се обиде да го задржи во тимот но доколку тој замине за Бразил, следната солуција за клупата на Милан повторно ќе биде интерна (Тасоти, Гали).

Затоа мои драги Росонери запаметете:
Секогаш кога мислите дека сте го допреле дното не грижете се... надолу секогаш има
уште!

Sunday, 18 April 2010

Кон жешкиот „Luigi Ferrari“



По презафатеноста околу нашата Примавера ( дај боже почесто да бидеме зафатени заради позитивни вести) се навраќаме на она што се вели дека е најдобриот тим на Милан. Вообичаено како на секој натпревар сезонава и на Луиџи Ферарис одиме со скини-врзи екипа. Се враќаат Бонера и Јанкуловски но ги изгубивме The Professor и Фламини. Има повикано и деца во тимот како што се Албертаци, Верди, Аддиа... Сепак мала е веројатноста да заиграат посебно првите двајца пред се поради фактот што вчера(не) планирано настапија за Примавера. Албертаци беше замислен да остане на клупата за да биде свеж во случај да притреба за сениорите но по повредата на Гирингели уште во првото полувреме едноставно Стропа мораше да го стави во игра. Од друга страна Симо играше во првиот тим но беше заменет од Зигони на полувремето што можеби укажува дека би можел да добие некоја минута. Адиа реков, попрво би се изборил за место во стартните 11 на сениорите отколку во Примавера.

Очекувани стартни 11:

----------------------Дида

Абате (Замброта)--Бонера--ТС---Антонини

---------Гатузо---Сидорф---Амброзини

-----Хунтелар-----------------Роналдињо

----------------Бориело

Незнам како Бонера ќе се снајде против Касано + Пацини директно од болница на терен но тоа е тоа... Каладзе е темпирана бомба :)
Па одиме во Џенова
Forza Milan!!
P.S Во текот на викендот се можни врнежи од снег и град поради фактот што Телма ќе го пренесува тимот со поголем шмек од Милано.
После P.S Што значи љубов кон Милан на македонски начин? Одговорот следи во првиот коментар ;)