И сега можеме да зборуваме дека сме немале среќа. Можеме да се „вадиме“ на тоа дека Ливорно играле анти фудбал, посебно по 65-та минута, дека во продолжението од 4 минути се играше активно само 1 минута. Сепак, вината е наша и само наша! Знаеме дека имаме порозна одбрана во која реално кажано само 1 фудбалер знае да ја работи својата работа на ниво и секогаш ја правиме истата грешка! Не го довршуваме противникот! Наместо да се искористи моментумот за да се затвори натпреварот предвреме ние се коцкаме со резултатот, се коцкаме со нашата одбрана па и ако сакате се коцкаме и со фортуната... и тоа многу често ни се удира од глава! Само 1-1 против Ливорно, резултат кој уште еднаш на површина вади некои работи кои (не) свесно се кријат. Немаме одбрана! Немаме клупа! Фудбалерите се тие. Леонардо двете измени ги искористи за да внесе во игра 2 напаѓачи а третата воопшто не ја употреби. Не ја употреби поради тоа што на клупата имаме само дефанзивци и напаѓачи. Немаме фудбалер кој може да донесе инвентивност во средниот ред, немаме т.н SS (Second Striker). Ќе додадам уште нешто. На претходниот пост имаше коментар од (мислам дека беше) Кико кој на полувреме рече дека е задоволен од играта. Епа во второто полувреме одигравме минимум 3 пати подобро од првиот дел а тие 45 минути ги завршивме со негатива од 1 гол. И уште еднаш... Бекси е вишок таму каде што игра... Але врати се!! Forza Milan!!
Минатата недела беше дефинитивно најлошата во оваа сезона! Но ако сеуште ги следиме нашите шампионски аспирации и целите од почетокот на сезоната, ќе мора да се потрудиме тие неколку дена и да останат како најлоши..исто како и во првиот дел од првенството, после поразот од комшиите, треба да се рехабилитираме против екипа која се бори за опстанок..тогаш реков дека не постои подобра прилика отколку меч со ваква екипа, па да ја наполниме со голови и да се понашаме како и да не било ништо пред недела дена..меѓутоа не испадна баш така и одигравме нерешено, дури и бевме послабиот противник на мечот..сега пак, имавме уште подобра шанса за да се извлечиме повторно на правиот пат и да продолжиме со нова низа на победи..ама и овојпат неуспеавме да го премостиме првиот противник и испаднавме од купот.. Е дури сега немаме друг избор..мора по секоја цена да го бркаме Printer и да чекаме негови киксеви..нема да ве замарам и да кажувам колку ни е потребна победа и тоа лесна, па и убедлива, без непотребно бркање и заморување на битни играчи..дефинитивно нема да биди лесно од почетокот, ќе им бидат тешки нозете на нашите дечки, ама јас сум сигурен дека имаме доволно квалитет и мотивација да го победиме Livorno, да се вратиме каде што бевме и упорно да им дишеме во врат на гнидите..знам дека скоро сите не отпиашаа во борбата за Скудетото, ама Milan не е Milan ако незнае и неуспее да го направи првенството повторно интересно.. Уште имаме проблеми со составот и пак ќе ни фалат ептен битни играчи, ама дајте да не се потпираме на тоа во случај на неуспех..Milan и сега има доволно квалитетни играчи, барем за вакви противници..јас искрено се надевам дека ќе нема причина да се жалиме веќе и ќе пишуваме само за победи..и за крај еве ја четата на Leo за утре:
Земјотрес од 7.0 степени според Рихтеровата скала го погоди вчера Сан Сиро,најпогодени од оваа природна катастрофа беа за жал играчите на Интер кој паѓаа како покосени на секој лош поглед упатен од страна на противнците :)
Идеме прво вака,објективната верзија за Reborned:
Натпреварот започна фуриозно како што и се очекуваше,по само 2 минути игра стравотен удар на Снајдер кој за малку не заврши во горниот десен агол од голот на Дида,несреќа за Снајдер.Милан веднаш врати со еден центаршут по земја на Антонини кој Бориело го испрати на трибините.Но Интер не застана тука.По еден соло продор на Пандев и мешаница во шестнаесетникот Снајдер дојде очи во очи со Дида но шутираше токму во него.И иако играта постојано се префрлаше од едниот на другиот крај домаќините беа они кои постигнаа гол.Пандев со одличен пас го најде Милито,и Абате со својата несигурна реакција му ја остави топката на Милито кој и неможеше да згреши од таква позиција.
Интер повторно удри од контранападот,и повторно Пандев-Милито,но пак Дида спречи водство од 2-0 и преран крај на натпреварот .
Во 25тата минута се случи клучниот пресврт кој го одлучи натпреварот:Имено по една глума на Лусио,кој иако беше фаулиран незнаеше дали да продолжи или да падне доби жолт картон за таа реакција,бурно реагираше Снајдер со ироничен аплауз кон судијата,и земајќи го предвид фактот дека и претходно истиот играч имаше еден испад кон судијата жолтиот картон не му бегаше,но не беше само жолт,туку и црвен!Очигледно многу лоши италијански пцости упатил холанѓанецот па што го натерало судијата Роки така да изреагира.Страстите едвај се смирија и по паузата од неколку минути играта продолжи и во 38мата слободниот удар на Пирло се одби од Лусио и заврши над пречката на Цезар кој имаше одлична вечер.
Сидорф влезе на местото на индиспонираниот Гатузо и првите 15 минути од вториот дел беа одбележани со трите шанси на Бориело во кои ниеднаш не беше прецизен.Интер беше притиснат на својата половина,и единствено одеа напред преку контранападите,и во еден од нив Пандев ја погоди стативата откако го лобуваше Дида.
Во 65тата минута земјотресот удри,и Маикон падна како да го мавнале со палица,иако по повторената снимка јасно се гледа дека немаше никаков контакт со Фавали,кој патем доби жолт картон за апсурдот да биде поголем.
По ова,можевме да го слушаме Дида како вика “Cinque!Cinque!”(алудирајчи на 5 играчи во живиот ѕид),а во Интер веќе беше спремна замената за Пандев,но сепак Мурињо инсистираше токму Пандев да го изведе слободниот удар па потоа да го напушти теренот.Тоа и се случи,и иако ударот на Горан беше одличен Дида несмееше да си дозволи да запре на пола пат и да не го скроти ударот.
2:0 за Интер и воедно сигурна предност пред последната третина од натпреварот.
Се потоа беа очајнички обиди на гостите најчесто преку удари од далечина да го загрозат противничкиот гол.На почетокот на судиското продолжение од 5 минути,на судијата конечно му текна дека играат два тима па конечно се реши да покаже на белата точка.Цезар одлично го прочита ударот на Роналдињо за кој ова му е второ промашување од пенал,и притоа има 5 гола постигнато од истото место.
Крај на натпреварот,Интер се здоби со предност од 9 бода пред Милан и по се изгледа дека борбата за титулата е завршена.
А сега малку од друг аспект...
Изедначена игра на почетокот но сепак Интер тргна малце похрабро и им се исплати тоа.Катастрофална грешка на младиот Абате која Милито ја искористи.
Потоа следеше црвениот картон на Снајдер и моментот во кој ѓубрето Роки се швркна.Играчи во сино-црно паѓаат на сите страни,пропагирање на антифудбал од таканаречениот шампион на италија со што изгледаше како да играат големи против мали!!Како фаворит да игра против мал тим на кој единствената цел му е да не изгуби!Додајте го ова и влечкањето на времето,притоа гореспоменатиот Лусио барем 4 пати имаше проблеми со опремата,односно врзуваше копачки и му паѓаше костобранот-очигледно гнсните треба да поработ повеќе на својата опрема.
И кога на ова ќе му го ставиме шлагот односно секоја следна одлука беше донесена на страната на Принтер сите веќе бевме свесно каков тажен фудбалски меч гледаме.
Финито.
Меч ништо поразличен од оној пред една година,во кој да потсетам ги немавме Неста,Гатузо,Кака,Бориело...нешто слично се одвиваше и овојпат но нема врска нели?Плачковци сме така? : )
Кога ќе ги чуете они напатени души таканаречени навивачи на принтер кој имаат проблеми околу сексуалната ориентација и психички растројства како гакаат,покажете им ги сликите од постот на Навигатор-4-3-3-3 притоа риплај на коментарите на математичарот Мурињо кој изјави дека и со 7 играчи ќе победеле.Па ок...ондак зашто не играле со 2ца играчи??Потсетете ги дека она големо метално парче со испишани датуми наречено ТРОФЕЈ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ постои,и дека Роналдињо го поздрави Камбијасо,ПАК ;)
По ова нема многу што да се мисли нели?Го оставаме ова парче ѓубре од нашата импресивна историја зад нас и одиме напред,кон нови предизвици.
П.С. Поздрав до Македонското знаме на Сан Сиро.
П.П.С. FORZA FAVALINHO!!!
Три пи ес FORZA GRAAANDE MILAAAN!!!
Oleee oleeee oleee oleee printer merda,olee ole ole oleee printeeer merdaa!!!
La Derby Della Madonnina ,најголемото градско дерби,rossonero vs neroazzuro Се само дел од многуте синоними со кои се опишува овој спектакал, натпревар кој има свој посебен шмек поради традицијаta,заедничките играчи,стадионот како и бескрајната борба со банери на трибините. Овојпат не е ништо поразлично,само разликата е што овојпат се работи за директен дуел за шампионската титула за првпат по којзнае колку време.Да не се залажуваме ова е годината во која можеме да кажеме дека помалку или повеќе Милан и Интер се изедначени,токму затоа ова е најочекуваниот меч на Апенините во последно време,а сигурно после Калчополи.Влогот е голем и за двата тима,се работи за скудетото иако како што и медиумите пласираа една изјава на Галијани деновиве: “Само уште еден меч,важен како градско дерби но нема да биде одлучувачки за титулата” и можеби и нема да биде,но многу паметна изјава од негова страна која е пласирана со цел да се одтргне притисокот од фудбалерите на Милан од кои во овој натпревар ќе се бара да одиграат перфектно,без грешка да ја покажат својата зрелост и дефинитивно вистински тест на нивните способности. За прв пат нема да говорам ништо околу составот од проста причина што до Недела 20:45 може многу нешта да се изменат,но и затоа што без разлика на составите,на крај на видеобимот ќе биде покажан конечниот резултат,а на табелата поделбата на бодовите. Благи фаворити сме пред се поради одличната игра и 12те гола на последните 3 натпревари во Серија А,а во исто време мини кризниот период и бледата игра нашите противници. Но да не заборавиме нешто момци...и пред 29ти август важевме за големи фаворити но околу 22:45 истата вечер друго говореше конечниот резултат.Не смееме да го потцениме противникот но во истовреме не смееме да се исплашиме од него.Пристапот треба да ни биде како и во сите останати натпревари,да одиме чекор по чекор,да ја нагазиме топката и едноставно да ја играме нашата игра,ако ова се случи видеобимот ќе го покажува истиот резултат од август,само со сменети улоги на бројките.
Епа кога сте толку нестрпливи и неможите да го дочекате дербито, се решив да испровоцирам пар коментари од вас преку неколку ептен мотивациони сликички :) Уживајте...
Прво и основно: многу од нас го употребуваат зборот MERDA..еве го правилното толкување (од речник) :)
Сега кога точно знаете што значи MERDA, еве една задача за вас..откријте ја разликата :)
А сега малку за нас...
Во Италија се случува ова...
...а во Европа ова :)
И после тоа какви очекувате да бидат merdifosi-те, нормално вакви:
Сепак не треба да заборавиме дека Printer е шампион на Италија веќе 4 години со ред..ама како ги добивал титулите, најдобро зборува сликава:
Фуриозна игра на момците во црвено-црно како многу натпревари наназад. БориГол кој не се знаеше дали воопшто ќе стартува, стартуваше и се чини го имаше клучниот потег на натпреварот, уште во 10-тата минута успеа да му одземе топка на Брандао во шеснаесетникот, да го помине Курчи и притоа да изнуди пенал + црвен картон за голманот на гостите. Дињо, нормално реализираше за 1-0. По постигнатиот гол имаше еден период во кој фудбалерите на Милан играа калкулантски и незаинтересирано но по една одлична шанса (која за наша среќа беше неискористена) од Макароне како да се разбудивме и решивме да ја довршиме работата. Најпрво Бориело со еден од најубавите голови на сезоната! Одличен волеј од речиси мртов агол и притоа успеа да ја сврти таа топка. Секоја чест!
По 2-0 веќе беше се наѕираше намалувањето на предноста на комшииите и каде што застана БориГол таму продолжи Дињо. Уште еден гол со глава за 3-0 и во самиот финиш одлично ремек дело со бомба во горниот лев агол за конечни 4-0. Хет трик на Дињо + еден фантастичен гол на Бори кој притоа изнуди и пенал + исклучување. Освен овие двајца за одбележување е и играта на денес одличниот Антонини по левата страна кој рака на срце немаше премногу дефанзивни грижи па можеше да си дозволи да оди напред, одлично да соработува со Роналдињо и на неколку пати одлично да ги измеша противничките фудбалери. Останатиот дел од тимот беше на ниво. Следи тоа што следи и мене ми е ужасно срам ама нема да можам да го гледам, ќе бидам телефонски поврзан со секоја можна (не) прилика и се надевам дека резултатот од таквото „следење“ на натпреварот ќе биде ист како минатиот пат кога се случуваше тоа (пред 2 кола) Forza Milan!!