Translate

Wednesday, 29 July 2009

WORLD FOOTBALL CHALLENGE 09

И како што сме навикнале секоја година, околу крајот на Јули или почетокот на Август, по испаѓањето на македонските екипи од европските купови, повторно се фокусираме на европски фудбал, овојпат на оној елитниот..и тоа на подготовката за новата сезона, од кои за нас нормално, најинтересно е тоа што се случува во Milanello.. а од таму исто па исто или подобро речено ништо па ништо.. ниту во најлудото траснфер лето, кога сите големи клубови трошат како никогаш да не слушнале вести и тоа што значи криза, нашата управа “мудро молчи“ и чека некој да им понуди world class играч за 5-6 милиони..сите знаевме за што ќе служат парите од Kaka и дека нема да одат за нов играч, но уште повеќе се надева(в)ме дека барем ќе се пополнат дефицитарните позиции, пред се напаѓачката.. сега па и почнаа да не убедуваат како Milan бил доволно компетитивна екипа полна со шампиони.. sì signore Silvio, уште да не убедиш дека ниеден од твоите шампиони нема да се повреди посериозно, па scout Leo да немора да ја ротира цела формација која рака на срце убаво изгледа.. и не ми беше тоа муабетот, оти во минатиот пост коментиравме за трансфер политиката, ама многу ме инспирира темава.. во секој случај останува уште еден месец од преодниот рок, уште еден месец надеж...
Сакав да зборам за текот на припремите и за првите неколку пријателски утакмици, за новиот тренер, неговата тактика и се она шо ми се бендиса и шо не ми се бендиса.. првата против Varese и фото-сесијата во LA против Becks и неговите непријатели (или соиграчи, како сакате) ниту беа битни, ниту има што да се извлечи или напиши, освен дека на David боље му стои црвено-црн дрес.. битното за нас почна во средата, заедно со почетокот на World Football Challenge 09, или во превод, доста јак турнир за почетно испитување на силите на екипите.. прв од неколкуте турнирчиња, на кои што Leo треба така добро да ја среди екипата, просто да ја препороди.. ги изгубивме сите 3 уткамици иако јас очекував барем една победа и два тесни резултати.. двата тесни резултати ги добивме против екипите на Amèrica и Chelsea со порази од 1:2 ама место победа загубивме од Merda и тоа 0:2.. и сега некој ќе ми речи дека резултатите не се битни и дека ова е се само први посериозни тестови..така е, и мене не ми е важен резултатот (освен против душманите) ако моите одиграле добро.. баш таков пример беше натпреварот со Chelsea.. на моменти дури и не верував колку Milan можи да игра брзо, агресивно, па и атрактивно.. едноставно сите летаа по теренот, се играше течно, со кратки и прецизни додавања, нешто сосема несвојствено за играта на Carlo.. би ми било мило ако и некој од вас ја гледал утакмицата за да искоментира нешто.. Dinho и дефинитивно ја враќа старата форма и се издвојува како лидер, а Seedorf верувале или не пак ТРЧА! Уште една работа што ме израдува беше драстично намаленото учество на Pirlo во креирањето на нападите, бидејќи целата средина го правеше тоа, дури и Flams, Rino и Ambro.. не значи ова дека Pirlo не е забележлив на теренот, туку напротив, неговиот придонес и точно колку што треба да биди.. кога сум кај средината морам да го издвојам Abate, бидејќи максимално ги искористи малкуте минути во игра за да се наметни како одлично решение од клупа.. нападот моментално е најболната точка во екипата и сите знаеме зошто.. Leo применува тактика исклучиво со двајца напаѓачи, а со постоечките тројца не постои никаква шанса да издржиме цела сезона.. сите напаѓачи одиграа просечно, додавајќи ги тука и младинците Di Gennaro и Zigoni.. една работа која паѓаше во очи, беше еден нов примес во играта на напаѓачите најавуван од новиот тренер, а тоа е дека последната линија, ќе претставува прва пречка за противничките напади.. сега уште оттаму почнува одбраната и цела екипа дејтвува покомпактно.. единствено голманската позиција беше лоша на турнирот, ама со оглед на тоа дека на една утакмица бранеше Storari, а на другите две месечарот Kalac не ни сакам да навлегувам во анализи.. и за крај уште некој збор за одбраната, која беше убедливо најротираниот дел од екипата.. на ниедна утакмица досега немавме иста одбранбена линија, што не е позитивно за резултатите ама затоа пак е и тоа како добро за нивно воигрување и пронаоѓање на правиот бедем на Leo.. многу играчи добија шанса од кои мене најголем впечаток ми остави Thiago Silva заради сигурноста и изразениот leadership кај него.. очигледно дека за некоја година ќе биди наследникот на Nesta, ама сега сум уверен дека ќе бидат одлични партнери.. според мене тоа би бил најдобриот избор за централните одбранбени места, мада и Kakha одигра солидно, а со враќањето на Bonera имаме доволен број на CBs.. на турнирот доби шанса и новото појачување Onyewu, кој не импресионираше, можеби заради огромните импресии од трансферот или заради домашната публика :) во секој случај останува уште многу време за да се наметни кај тренерите.. на бековските позиции добро знаеме што имаме и немам што да искоментирам освен дека сите одиграа прилично добро и уште поофанзивно од порано..
Кога ќе сумирам се што видов на турнеата низ Америка, добивам слика која веројатно ја имаат повеќето на кои им е стало до Milan, а тоа е дека екипата добро се воигрува и подготвува, силна е, има нов пристап кон противниците, нови мотиви и креира некој нов начин на игра, ама несомнено ни треба уште некој играч во ротацијата, ПРЕД СЕ НАПАЃАЧ.. сите нови работи веројатно доаѓаат највеќе психолошки заради промената на тренерот и желбата за наметнување и искрено се надевам дека таа атмосфера долго ќе опстои во клубот.. од овие неколку наптеревари, за Leonardo можам да речам дека како што и вети, инсистира на поофанзивна тактика со многу побрз фудбал, конзистента и агресивна, ама сепак со многу грешки во додавањата.. очигледно дека не е на нивото на Ancelotti во тактичка смисла, ниту го има потребното искуство, а и врзани му се рацете кога се работи за трансфер пазарот.. сепак на него е притисокот, како нов тренер да го врати тимот каде му е местото.. дали ќе успее, останува да видиме...
FORZA MILAN!!! SEMPRE CON TE!!!

Thursday, 25 June 2009

Калчо Меркато

Уште по завршетокот на сезоната и последниот натпревар со Виола започна трансфер периодот во Милан.
Прв кој си замина беше Анчелоти,а веднаш потоа беше претставен Леонардо како негов наследник.Во меѓувреме следеше веста која ми го разубави денот,месецот неделата...веќе погодувате дека за заминувањето на Пумата :)
Потоа следеа не толку добрите вести,односно заминувањата на Кака и Гуркуф и завршетокот на соработката со Бекам,Матиони,Сендерос и Шевченко.
Следеше сагата со Цисоко(која сеуште трае)и незнам како веќе да ја наречам скржавоста на нашата управа,конкретните контакти со Џеко(со кој веќе се погрижени личните детали) и нешто што е последно односно купувањето на останатите 50% од сопственоста на Абате.
Игнасио добро го познаваме,откако беше шетан по Емполи,Сампдорија,Торино и каде уште не се враќа во Милан.Има само 22 години и игра претежно како десно крило,но не би се изненадил ако е и прилагоден на десната бековска позиција.
Од она што останува да се направи со играчкиот кадар во останатиот дел од летото е:
Ослободување од Калач,Фавали и Одо,како и Кардачио и Виудез кој најверојатно ќе бидат пратени на позајмица.
А кога станува збор за доаѓање јас би бил задоволен со комлетирање на трансферот на Али Цисоко како и пристигнување на Сантакроче или Мексес,Хернандес или опциoнално друг играч зависно од доаѓањето на Џеко кој ни е приритет и Џеко или Хунтелар(мада ја би го преферирал Клас пошо ми е меѓу омилените играчи : )

Со овие потези би добиле еден добро избалансирал тим од искусни играчи или така попознати шампињони печурки и млади играчи кој допрва ќе се докажуваат.

Тоа е сега за сега.Очекуваме и се надеваме на доаѓање барем на Џеко во наредните неколку дена.



FORZA MILAN!!!

Tuesday, 16 June 2009

Сума сумарум на сезоната,Малдини,Кака...

Заврши уште една сезона.Нема да анализирам поединечно натпревари само ќе ги изнесам главните причини поради заврши како што заврши сезонава:
-неконстантност во играта и резултатите
-големиот број на повреди во текот на целата сезона
-неколку утнати тактики на Карлето.
Се на се,реално гледано краен дострел мислам дека би ни било 2рото место :)
За уефа купот нема многу што да се зборува нели? :)
Оваа сезона ќе биде одбележана како најтурбулентна во последно време.Анчелоти,Малдини,Кака......Емерсон xD се се тоа личности без кои неможел да се замисли Милан во последно време.
-На Карло веќе му беше време да продолжи понатака и му благодариме за се што направи за Милан(а доста направи)
-За Малдини не се потребни зборови.Од сега па натака црна дупка ќе има на секој натпревар се додека не се навикнам да го гледам Милан без него.
-За Кака и повеќе е од доволно е кажано,можеби(да повторам можеби) е најдобро што си замина за двете страни.
-Емерсон xD Ххх треба да го поставиме кондиционен тренер типот специјализација за спринт :Р
-И воедно фала на Бекс за убавите 5 месеци и уште поубавите прикажани партии.

Но сега одиме кон нов почеток.Леонардо,Тиаго Силва,Али Сисоњо(или како бог да му е името)и ред други кој ќе следат ќе бидат симболи кој ќе му дадат сосем нов изглед на Милан и нова димензија во играта.

Не запираме овде,каде завршува една ера...започнува друга....

FORZA MILAN!!!

Tuesday, 9 June 2009

Sunday, 24 May 2009

ADDIO A MALDINI-IL CAPITANO




Тешко ми беше да го започнам овој пост...затоа и прашав ако некој од другите сака да напише нешто за нашиот Kапитен бидејќи ова не е како секој привју,анализа или шпекулант пост.Затоа што нема доволно зборови за да се опише Неговата големина ќе ве оставам со ова видео(превземено од Reborned):
http://www.youtube.com/watch?v=yi6mItqY-LU&feature=player_embedded
(nejke da se zakaci videoto ako znaete momci pomagajte : )

Сликите доволно кажаа...титулите си зборат сами за себе...а 900те натпревари се завидна бројка за која можат само да сонуваат мнозинството од фудблери.Но Паоло не беше само фудбалер,Tој беше(и сеуште е)амбасадор на фудбалската игра,мирот и љубовта низ целиот свет.(на Неговата капитенска лента пишува УНИЦЕФ-доволно кажано)?

Од 20 Јануари 1985 Удине до 16 Мај 2009 повторно Удине:

646 натпревари во Серија А
174 натпревари во Лигата на Шампиони,Купот на Уефа и тн.
126 натпревари за Италијанската репрезентација...900 натпревари се на се
7 скудета
5 титули од 8 финалиња во Лигата на Шампиони
5 Европски купа
3 Светски Клубски купа
5 Супер Купа на Италија
1 Куп на Италија....
13 Интернационално трофеи....вкупно 26 трофеи во 24 години
Најбрз гол во историја на на финале на Лига на Шампиони во Истанбул 2005 во 53тата секунда
единствен татко и син заедно со Чезаре кои
гои подигнале скапоцениот трофеј како капитени(на еден ист тим
се разбира)....

Запрепастувачки бројки кои само Тој може да ги поседува...Што понатака и како без Него?Останува на нашата управа да одлучи...едно е(скоро)сигурно дека Паоло не сака да биде тренер.
-Последна вест е дека Б и Г му дале рок до 6 јули на Малдини да се предомисли и да остане барем уште една сезона...но и без тоа Tој останува...ЛЕГЕНДА!



FORZA IL CAPITANO!!!FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Saturday, 16 May 2009

Le petite Zidane пред крстопат


Го нарекуваат токму така и за сите оние кои го следеа оваа сезона нема никакви негодувања! Момчето кое не доби адекватна шанса во Милан 2 години по ред за само неколку меча во позајмицата во Франција покажа дека станува збор за еден од најголемите надежи на светскиот фудбал и мала копија на Зизу! Сличен стил на игра, одличен шут од далечина, бавен со топката но со одличен дриблинг, го користи телото за штитење на топката, постигнува еден куп голови во финишот од натпреварите, одлично асистира и изведува слободни удари а има и одличен удар со глава! Звучи како Зизу нели? Моментите на брилијантност (какви што ги имаше неколку сезонава како во дресот на Бордо така и во дресот на репрезентацијата) само додаваат на тежина и вредност на овој (во последно време постојан) епитет на Гуркуф! И се’ дотука е идеално. Но Милан толку не веруваше во него што во позајмицата на Бордо (која беше добар потег за да се здобие со самодоверба) вметна и клаузула од 15 милиони евра за целосен откуп на Гуркуф, сума која по овие игри и по заинтересираноста на тимови како Барса, Реал, Баерн и сл. делува смешно! Сепак, според последните изјави од Лорен Блан (прославениот дефанзивец а сегашен тренер на Бордо) Гуркуф сака да се врати во Милан! Тоа е единствената опција со која Милан би можел да се „спаси“ од таа извонредно глупа клаузула и да го врати момчето во своите редови (а потоа и ако се реши на продажба ќе добие двојно од таа сума). Ако ова е вистина, ако Гуркуф по таква фантастична сезона во која неговиот тим го освои купот, се наоѓа на чекор од освојување на титулата во Франција и влезе во стартните 11 на Франција (каде што има улога на лидер) и обезбеди свое место за СП 2010, реши да се врати во Милан каде што го чека таков тренер и многу фудбалери кои конкурираат за неговата позиција... тоа покажува дека има карактер, огромна самодоверба и желба да покаже дека има квалитет за на големата сцена! Ако тоа навистина се случи, капа долу мајсторе!!!
Сепак неговото евентуално враќање во Милан и неговата минутажа би била во опасност од една единствена причина. Велат, понекогаш сликата вреди илјада зборови...

Sunday, 10 May 2009

МИЛАН-ЈУВЕНТУС


Вториот најпосакуван меч во сезоната,и вистинското дерби во Италија помеѓу двете
најтрофејни италијански екипи ни доаѓа во вистински момент!Борбата за втората позиција и воедно престижот ќе бидат главниот мотив и на двете екипи да атакуваат на победа.
Со таа победа ќе им избегаме 7 бода и со сигурност ќе си го обезбедиме 2рото место,додека пак Јуве со победа ќе ни се доближи на само 1 бод негатива.Ништо чудно и реми да видиме,но јас сакам да видам интересен натпревар каде што Јуве би ни парирале едно 40ина минути и после да ги напуниме : ) ама се бива,така да не прогнозирам многу многу.

И Јуве слично како и нас имаат големи проблеми со повредите а и богами ова коло со суспензиите на Недвед и Мелберг.

Кај нас се враќа Рино Гатузо!Можеби не од стартот но сигурно ќе добие шанса во овој натпревар.

Дида,Калач,Перучи
Антонини,Замброта,Матиони,Сендерос,Малдини,Фавали,Јанкуловски,
Бекам,Амброзини,Пирло,Фламини,Гатузо,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Инзаги,Шевченко

Чекаме само прес-конференција пред натпреварот и да можеме да ги чуеме дилемите на Карло околу составот кој мислам дека би изгледал вака:

Калач/Дида
Замброта,Малдини,Фавали,Јанкуловски
Бекам,Пирло,Гатузо/Амброзини
Кака
Инзаги,Пато

Се зависи дали ќе бидат здрави и прави Дида и Рино,и дали ќе сака пак да си експериментира Карло со Фламс како десен бек :)
Очекувам и сакам победа!Ако ништо друго барем достојно од ова дерби да се опрости нашиот капитен.



FORZA IL GRANDE MILAN !!!