Translate

Saturday, 24 March 2012





Втор од последната низа тешки натпревари во серија.
Јуве, сега Рома и на крај како шлаг Барса сите дерби натпревари, сите во различни натпреварувања последните два и на домашен терен.
Неста би требало да биде на клупата за резерви се со цел да биде спремен за мечот со Барселона.

Последниот пат кога игравме на Сан Сиро еден нацист со лоша фризура ни го расипа зимскиот распуст, сега него го нема па ништо не не спречува барем на неколку часа да бидеме на +7.


И мал графички приказ кој јасно кажува зошто разликата на врвот на табелата е само 4 бода.



Tuesday, 20 March 2012

Лов на зебри







Време е за одмазда
Одмазда за срамните настани на Сан Сиро на последниот дуел.Ако мислиме да освојуваме домашна титула мораме барем еднаш од четири обида да го победиме директниот ривал за трофејот нели? Иако резултатски не значи многу на психолошки план мислам дека расположението ќе го достигне самиот врв доколку победиме вечер.А способни сме и тоа како!

Здравствениот билтен не е сјаен, но по се изгледа Неста и Сидорф ќе бидат спремни за настап доколку треба помош од клупата.Аквамен најверојатно ќе биде подготвен за првиот старт после подолго време.И Макси влегува во конкуренција за настап од старт.Е сега одбраната е малце раштимана, но дефинитивно се враќа Мексес, кој би требало да биде жеден да пролие крв на теренот. Читав негде дека Макс сака да ги одмара Тиаго и Ван Бомел иако мене тешко ми е да поверувам на тоа.
И би бил многу благодарен ако Мистер Алегри им даде шанса на Гатузо и Амброзини да расчистат некои сметки со шпаклата.




Одиме на победа, па и да не е доволна за пласман понатаму да бидеме барем достојни во елиминацијата !!

И една песна за крај :)))



FORZA MILAN !!!

Friday, 16 March 2012

По 3 бода на Тардини !!


Дебитантски пост кој верувајте доста значи. Се надевам нема да биде и последен, поприлично ке се потрудам да изгледа како што му доликува на блогот. Без многу филозофирање, да се упатиме со мислите кон утрешното гостување. На шпанцине не им обрнуваме внимание се додека не дојде време  за тоа.



Првото што ми паѓа на памет, верувам дека ке се сложите, е онаа мајсторија на Пирло од ланската сезона. Него веќе го нема, но тоа не е причина повторно да не си го собереме полниот плен. Далеку од тоа дека ова е лесна задача, напротив момците ќе треба да вложат голем труд против една од најпроменливите екипи во Калчото. 
Познато е дека ,,млекарите'' играат (солидно) само кога имаат и инспирација за тоа, а Милан како име е несомнено инспирација сам по себе. Стратегиски без некоја посебна концепција на игра, но голем плус е брзината на Бјабјани и Џовинко, кои ја размрдуваат екипата. Вака кога ке го разгледам целиот состав на домашните личи доста пристоен, но така е само на хартија.
Доста им се 2-3 реченици за нивната игра, да се насочиме и кон состојбата во нашиот табор.
Некаде околу октомври тргна возот и за типов погоре што гине на терен, а со хет-трикот токму против дотичните, се виде каква сезона има пред себе (пу-пу да не го урочиме). Тогаш резултатот беше 4-1, но деновиве имаме поинакви проблеми. Не е доволно што имаме огромен број на играчи што се на листата недостапни, па мораше да им се приклучат Бињо и Абате. Математики нема многу, но без разлика, како што нагласи Алегри, Милан е Милан, и нема исклучок и правдање за евентуален неуспех. Сеуште нема список на повикани играчи, но за првите единаесетмина пред почетокот се прогнозираат:

Абиати-Замбро-Бонера-ТС-Месбах
Ноче-Амбро-Мунтари
Урби
Ибракадабра-Шарави

Мислам дека после подолго време ке почне Замброта, иако одамна нема играно на десен бек, па да фати малку ритам и да придонесе со неговото искуство. МвБ најверојатно ке одмори, а Аквилани е сигурна измена од полувреме па натака. Сидорф се враќа, иако се чини нема да добие шанса на овој натпревар. Да потсетиме, Мексес ја одработува последната утакмица суспензија поради смешниот дуел против типот со добра фризура.
Отприлика таква е ситуацијата на ден пред стартот на новото искушение, па со тазе информации и коментари ке го надополниме она што сум го испуштил погоре.

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI 


Sunday, 11 March 2012

ШАНСА ЗА ИСЧЕКОР!!!


     После ужасната претстава на Emirates во Лондон ни следува едно поприлично лагодно угостување на екипата со која го одигравме можеби најинтересниот меч досега во првенството. Не треба подробно да потсетувам што пред четири месеци се случи на Via del mare како увод на утрешниот меч. Едноставно се случи The Prince Show. Секогаш е добро кога како мотивација пред натпревар си ги прегледуваме успесите против некоја екипа, а посебно добро е овојпат, по којзнае кој пат да го свртам видеото со историскиот пресврт. Сосема обратно, претспоставувам, се осеќаат утрешните гости. Дефинитивно доаѓаат во незгодно време за нив, по една добра серија на нашите момци во Калчото и превземањето на врвот на табелата. Ремито на Juventus од Средата, нивното ново гостување во Genoa утре и проблемите што ги имаат во тимот, значи дека колово може да биде и тоа како важно за титулата. Шанса за исчекор и одлепување од единствените конкуренти за Скудетото - така може да се окарактеризира утрешниот натпревар.
     Секако дека не е се така лесно како што можеби изгледа. И нашата ситуација не е идеална. Мечот доаѓа по пораз од 3-0, го имаме стандардниот проблем со повредите, а деновиве ги чувме и првите гласини за некакво несогласување во тимот во ерата на Allegri. Без оглед на вистинитоста на таквите вести, последиците од еден голем пораз очигледно се одразуваат на атмосферата. Сега сигурно немаше да зборуваме за расправии и целосно ќе се фокусиравме на Lecce, доколку резултатот беше "поднослив". Тоа беше резултат од ЛШ и натпреавувањата се различни, но формата и атмосферата се пренесува и ја прати екипата. Не постои екипа што игра со едно лице дома, а друго во Европа. Како и да е, како што и нагласи Max деновиве, полесно е да се биде бркан, отколку да бркаш некого. Го знаеме тоа правејќи паралела меѓу претходната и сезоните пред тоа. Сега кога врвот е достигнат останува само да ја одржува и по можност да ја зголемуваме дистанцата.
     Што се однесува на составите за утре, Max веројатно ќе ги извади истиот тим како и против Arsenal, со тоа што Nini ќе се врати на лев бек, а MVB ќе почне од клупа. Околу навалната линија нема никакви сомнежи, додека во средниот ред покрај Nocerino и Ambro, ќе се најде и Muntari. Bonera ќе го дружи TS назад, заедно со Abate на десен бек. Aquaman и покрај солидниот настап на Emirates, не е спремен да стартува, SES ќе чека шанса шанса во второ полувреме, а овојпат нема да имаме двајца голмани на клупа сигурно :) Cosmi исто така има проблеми со неиграњето на стандарднитe Cuardado и Grossmuller. Најистурен кај нив ќе биде Bojinov, можеби со поддршка од Corvia или Muriel. Играат некоја чудна формација со тројца одбранбени, но утре сигурно нив ќе им се додадат уште двата бека, што прави солиден бункер. Ако евентуално Cosmi се реши за праќање на тие бекови понапред, петардата не им бега ;) Она што јас го очекувам формациски, со помош на footballuser.com би изгледало вака:


     Многу јасно и едноставно момци, одиме на убава победа и на плус 4 (евентуално 5)! :)
     FORZA MILAN!!!

Tuesday, 6 March 2012

LAST 16 - CHECKED!!!


    Ни малку горди после реваншот, мораме да констатираме дека сме во четврт-финалето! :) Иако ич не ми е до смеење после ваков голем пораз, пролаз си е пролаз. Верувам дека играчите веднаш ќе заборават натпреварот, ќе се концентрираат на првенството затоа што има доста време до ждрепката. Можеби неочекувано, но најтешкиот месец излезе повеќе од успешен. Го поминавме Arsenal и избивме на чело на домашното првенство што е добар знак. Она што му преостанува на Max во следните 4-5 дена е да не дозволи првите 45 минути од вечерва да делуваат негативно на тимот што гаи шампионски амбици. Треба да се продолжи во победнички дух за да можам уште неколку пати сезонава да го напишам "check" постот :)

     P.S. Би ве замолил, во постов да не постирате и коментирате реакции на исфрустрирани Farsenal фанови. Најмногу ќе ги иритира кога ги игнорираш. Ајде да уживаме во нашите мигови слава!

FORZA GRANDE MILAN!!!

Arsenal FC vs AC Milan




Пласман во осмина финалето ќе значи не само прекин на отсуството од најдобрите осум, туку и прекин на неславната традиција која ни ја наметнаа Англичаните на нас.
Не само Милан туку и сите Италијански екипи, така да и тоа како ќе ми биде мило ако ние и Наполитанците ги исфрлиме и последните 2 Англиски претставника од Лигата на Шампиони.
Милан сезонава докажа дека може да се надигрува со секого, секогаш и под секакви услови.
Венгер ги охрабрува неговите момци дека се е можно ама сепак треба да знае дека пред него го има Европскиот гигант Милан.
Околу проблемите со составот нема да говорам многу со цел да не звучам како папагал, сите сме добро запознаени со ситуацијата.
И според се што е кажано мислам дека можам да го прогнозирам овој состав:
На клупа:
Amelia,Roma,Zambrotta,Bonera,Yepes,Aquilani,Ganz
Единствена дилема би била дали Макс ќе му укаже шанса на Месбах во средината или пак ќе игра на сигурно со Урби.
Очекувам подетални информации за тоа кој ќе биде на клупа од вас па ќе го едитирам постот утре.
Последен пат кога игравме со топџиите на Емирати си заминавме непоразени и објективно кажано задоволни со тој резултат, ако се земе в предвид фактот што пред 4 години улогите ни беа сменети тоа дефинитивно ни дава надеж дека момците што ќе истрчаат утре и тоа како може да го победат Арсенал.
Ама и некои факти не треба да ги занемариме. На пример фактот кој вели дека никој клуб досега во ЛШ не успеал да надомести дефицит од четири гола во еден двомеч.
А и Дебаклот од Ла Коруња во 03/04 кои ако не се случеше мислам дека немаше Порто или Монако да не спречат таа сезона да стигнеме до самиот врв. Врв кој токму наредната сезона ни беше одземен од раце по оние 3-3 со Ливерпул и тензичната пенал серија...
Со ова сакам само да кажам дека е фудбал, и дека се е можно и дека и ние како и сите други клубови можеме да бидеме погодени од вакви чуда.

П.С. Галијани прави медиумски трикови за да ја намали цената на РВП и да му го отвори патот навака (за потсетување последен пат кога игравме со Арсенал по само 2 месеци Фламини кој тогаш беше во одлична форма потпиша за нас како слободен агент.)



FORZA MILAN !!!

Saturday, 3 March 2012

Победа на Renzo Barbera!




Победа на Renzo Barbera е задолжителна! Токму на стадионот кој носи најдобри домашни резултати после оној на Удинезе. Палермо е екипа која игра драстично различно дома и на гости. Разликата во домашните и гостинските бодови е дури 26! Тоа значи дека дома ги надоместуваат сите оние бодови кои што им носат се уште борба за излез во Европа, сите оние бодови кои многу лесно ги губат на гости.
Иако екипата ги загуби Ночерино (дојде кај нас) и особено Пасторе (ПСЖ) Палермо и сезонава покажува дека не е екипа која зависи од индивидуалец туку жешката крв им помага многу, особено дома!
Главен играч нормално е нивниот долгогодишен капитен, Фабрицио Миколи! Фудбалер кој мене лично секогаш ми бил еден од посимпатичните напаѓачи во Серија А, особено што (слично како и Џовинко) речиси секогаш ги решава Јуве кога игра против нив :)

Кај нас по 3 (бизарни, смешни) натпревари суспензија во тимот се враќа Златан кој е одморен и ако се верува на зборовите на Антонини, екстремно мотивиран за игра! Тој нормално влетува директно во стартните 11 заедно со фудбалерот кој во последно време е можеби нашиот најдобар фудбалер во тимот, Робињо. Зад нив повторно ќе стартува Урби кој доби шанса за Холандија против Англија и секој следен натпревар добива се поголема самодоверба а тоа се рефлектира и на неговите игри на теренот. Зад него покрај Ночерино ќе стартуваат (несудениот стрелец против Јуве) Мунтари и најверојатно Амброзини (а не Ван Бомел). Во одбраната доаѓа до полн израз суспензијата на Мексес од 3 натпревари поради тоа што Неста е повреден па Бонера (кој и самиот едвај се рехабилитираше за настап) ќе стартува покрај Тиаго Силва. На бековите се Абате и (најверојатно) Антонини. Тоа формациски би изгледало вака:



Со слична формација на двата тима, ние треба да го добиеме дуелот во средниот ред и особено да бидеме внимателни во одбраната каде што Миколи, Будан и Иличич воопшто не се наивни особено против Бонера.

Forza Milan!!!