Со оглед на се поизвесниот штрајк во Serie A, постот наменет за сумирање на се она што се случуваше во подготвителниот период го оставив за понатаму, за сега да се префрлиме на нешто многу поактуелно и поважно. Актуелно поради тоа што ждрепката за групите во ЛШ се случува денес (17.45), а поважно поради очигледните претензии на сите во клубот ова натпреварување да се смета како приоритетно. Некој ќе се сложи, некој не, некој амбициозно ќе каже дека треба да се оди едно скалило погоре од лани, некој смета дека не сме на нивото на европски шампион, но сите ќе се сложат дека Лигата на шампионите е најатрактивното спортско клубско натпреварување на светот. Примамливо е за и за оние чиј фаворит е во некој некој од садовите денес, но и за оние чии клубови не се доволно силни да бидат во елитата.
Ждрепката доаѓа по само еден ден од комплетирањето на сите учесници во новата сезона. Квалификациите не донесоа којзнае какви изненадувања, пред се поради релативно големата предвидливост на исходите од последното квалификационо коло. Со неколку дебитанти, неколку повратници во фудбалскиот крем, но и со неколку незгодни, со кеш напумпани клубови ќе треба да се соочат главните фаворити. Форматот на извлекување и сортирање на групите верувам дека ни е познат на сите, не е променет години наназад. Четири јакосни шешири со по осум екипи, сместени според европскиот рејтинг на клубот, односно постигнувањата од изминатите сезони во европските купови.
Прв шешир: Man Utd, Chelsea, Arsenal, Barca, Real Madrid, Porto, Bayern, Printer.
Втор шешир: MILAN, Valencia, Villareal, Lyon, Marseille, CSKA, Benfica, Shakhtar.
Трет шешир: Man City, Zenit, Ajax, Lille, Bayer, Basel, BATE, Olympiakos.
Четврт шешир: Dortmund, Napoli, Dinamo Zagreb, Otelul, Viktoria Plzen, Genk, Trabzonspor, APOEL.
Сакав малку да се позанимавам со шансите на Milan да добие посакувана група, со тоа на какви се противници може да налета и кои се најнезгодните клубови со кои може да игра уште во првата фаза. Ако се земе во предвид дека Milan е во вториот шешир (ако синоќа Bayern не се избореше за настап во ЛШ или Porto не беше шампион во ЛЕ лани, Milan ќе беше во првиот шешир), секако дека трета година по ред, нашите миленици ќе играат во тешка група со уште еден великан, многу извесно и дека таа група ќе се нарекува "група на смртта".
Лично, сметам дека е премногу да уште една година по ред играме со Real Madrid :) Единствено тие и екипата на Barcelona сметам дека се преголем залак за моменталниот состав на Milan. Секој друг противник е силен, но добредојден на San Siro и нашите момци многу реално можат да се борат рамо со рамо, со исклучок на Printer (бидејќи се далеку послаби и за жал неможат да бидат со нас во иста група :) ). Најпосакувани би требало да бидат ослабените Arsenal и Porto кои реално не го заслужуваат местото меѓу осумте најдобри. Од вториот шешир добро е што ќе избегнеме екстремно незгодни екипи и мило ми е што баш Lyon, Benfica или Valencia на пример се таму сместени. Третиот шешир е дефинитивно "најнесредениот". Јас ги разбирам правилата на UEFA и начинот на бодување, но de facto на исто место се сместени Давиди и Голијати. Не постои екипа од 1, 2 и 4 шешир што сака да го избегне Manchester City. Крајно незгодно би било и да одиш на -15 во Декември во Санкт Петерсбург или кај бившиот европски првак Ajax. Сите ќе се молат да ги извлечат BATE или Basel, а зошто да не и кутрите грци. Во четвртиот шешир се наоаѓаат најслабо рангираните екипа и јас како навивач на Milan се осеќам малку глупаво да расправам кој тука е незгоден или посакуван. Кога ќе го исклучиме Napoli, Dortmund е единствената екипа која има капацитет да земе бодови од фаворитите. Останатите најверојатно ќе служат поправање на гол разликата, па Platini можеби ќе се запраша што направи со последното квалификациско коло.
Да сумирам, само ќе ги опишам мојата најдобра, најлоша и интуитивна група :)
Real Madrid, MILAN, Man. City, Dortmund - најлошата комбинација
Porto, MILAN, BATE, Dinamo/Otelul - најдобра комбинација
Bayern, MILAN, Ajax, Genk - нешто ми вели дека вака ќе изгледа нашата група! :)
http://www.youtube.com/watch?v=uoOmw85HH8s - со линкот им посакувам многу среќа на момците во ждрепката!!
FORZA MILAN!!!










