
И ете дојде и тој ден... фешта, славење, емоции на Сан Сиро! Во својот дом, пред своите! Оваа одлична група на фудбалери кои сите до еден гинеа за овој дрес во текот на целата сезона заслужија да го прослават очекуваниот трофеј пред оние кои ги полнеа со емоции и позитивна енергија во текот на целата сезона, во текот на победничкиот од!
Сан Сиро ќе биде преполн, Сан Сиро ќе биде претесен да ги прими сите оние кои сакаат да бидат сведоци на прекинувањето на долгогодишниот пост, пост прекинат на најдобар, најубедлив, најзаслужен можен начин!
Момците и нивниот диригент беа први на табелата во 70% од текот на оваа сезона и кога конечно го окупираа првото место на табелата веќе не го испуштија до самиот крај! Не го испуштија дури и во моменти кога речиси цела Италија ги прежали, во моменти кога (пред се’ поради енормниот број на повредени фудбалери) момците паднаа а градскиот ривал беше во налет! Тогаш се случи дерби! Без Златан (кој дотогаш на свој грб ја носеше екипата) и со налет и психолошки импулс на директните конкуренти пред дербито, на само 2+, цела фудбалска Италија и Европа очекуваа да има смена на врвот! Но токму тогаш, кога беше најтешко Мах и неговите пулени го прегазија, го понижија градскиот ривал! Му удрија три шлаканици кои го болеа до крајот на сезоната, три шлаканици кои директно му помогнаа на Шалке 04 да оди во следниот круг на ЛШ. Три шлаканици кои најсурово, најбрутално и најсликовито покажаа дека не смее да има дилеми, дека идниот шампион може да биде само еден!
После тој клучен натпревар се’ беше само рутина!
Епа момци, заслуживте фешта, заслуживте славење! Вие, тие покрај Вас на Сан Сиро и милионскиот аудиториум низ светот! Денес е денот! Нека експлодираат емоциите на Сан Сиро вечерва!!!