Translate
Sunday, 8 May 2011
CAMPIONI D'ITALIA 2010-2011!!!
По цели седум години, конечно, нашиот Милан е шампион на Италија. Браво момци, го постигнавте она за што мечтаевме долг период. Нашите херои, нашата гордост е повторно на врвот на Италија. Какво чувство, какво олеснување... Заврши мрачната ера на италијанскиот фудбал, почнува нова, црвено-црна! Никогаш не сум бил посреќен, тоа е сигурно, ни во Пјаченца, ни во Манчестер, ни во Рим 2004, ни во Берлин, ни во Атина. Ова е тоа што ми требаше, ни требаше на сите нас. Срцето ми е полно, како што е полн piazza Duomo во моментов. Неможам очи да одвојам од тоа славје таму. Колку е само убаво... Се би дал да сум таму вечерва кога ќе пристигаат хероите на Милано. Уште посреќен што ова можам да го поделам со вистински фанови, што знаат што значи љубовта кон МИЛАН. Редно беше и блогов да се израдува на една титула, за мене најважната. Радувајте се росонери, СКУДЕТОТО е кончено наше!! Che serata, mamma mia...
Grazie ragazzi, grazie Max, grazie Galliani, grazie Silvio, grazie Curva Sud!!!
GRANDISSIMO MILAN!!!
Saturday, 7 May 2011
7 MAGGIO - DATA MEMORABILE!!!
Еден бод, осумнаесет Скудета, многу слава и историја. Сето тоа поврзано со само едно патување до Рим. По години и години без домашен трофеј, следните 90 минути, можат да ни донесат огромно олеснување и славје, да ни ја вратат гордоста и повторно да се почуствуваме како шампиони. Утре за првпат ќе можам со едни вистински навивачи на Milan да споделам едно неопишиво шампионско чувство. Ако досега во изминатите три и нешто години зборувавме главно за неуспеси, знаевме да признаваме порази и честитавме на други за освоените титули, сега ние сме во добитничка позиција. Признанијата за заслужената титула можеби ги примавме и прерано, ама сега е време за славење и нови ѕвездени мигови. Ќе морам да спомнам дека постои и една лоша варијанта, каде прославата би се одложила за следното коло, но со оглед на минималните шанси тоа сценарио да се оствари, во овој пост таа ќе биде исклучена. Искрено, многу ми е криво што сево ова не се случи во минатото коло. Сакав да ја видам таа фешта низ улиците на Милано длабоко во ноќта. Сепак, прегледав неколку видеа пред да седнам да го пишувам постот, па ме присетија на славењето после титулата во ЛШ 2007 и дека тоа не беше ништо помалку делирично од Скудетото во 2004тата.
Како и да е, во Рим или во Милано, освојувањето на 18тото Скудето значи се' за мене. Повторно ми дозволува да кажам дека мојот клуб е италијанскиот шампион и дека кралот си се вратил на престолот. Од утре, се надевам дека ќе можам да размислувам за нова шампионска ера, години исполнети со многу трофеи и да бидам современик на една екипа што долго време потоа ќе можат да ја споредуваат со најдобрите и легендарните. Да можам да се пофалам дека сум уживал во шампионски денови и дека сум го гледал еден од најубавите фудбали која некоја екипа некогаш го играла. На крајот на краиштата, при следното гледање со Berlu, да можам во лице да му кажам дека бев во право кога му велев дека без пари нема титули :)
Накратко и за она што утревечер треба да ни ја донесе таа радост. Во секоја друга прилика, ќе се зборуваше за едно големо дерби. Но утре Milan не игра за победа во обично дерби, туку за освојување на титула. Сепак, да се победи Roma на Olimpico, не е лесна задача, во какви и да било услови. Уште повеќе што домаќините се надеваат на четвртото место и ќе дадат се за да го стигнат градскиот ривал. Ако на тоа се додаде и стандардната незгодност на Волчицата во меѓусебните натпревари, задачата изгледа покомплицирана.
Но нашиот мотив е несомнено поголем! За да ја заокружиме убавата приказна со тој толкупосакуван бод, Max ќе треба уште еднаш да ја демонстрира својата генијалност, а момците својата доминација во лигата. Дека се спрема славје потврди и информацијата дека сите играчи со исклучок на Janku, ќе патуваат за Рим. И за атмосферата, но и при изборот на стартните 11, одлично е што Allegri по којзнае колку време има толку многу играчи на располагање, скоро без никакви проблеми. Иако досега избегнував да прогнозирам состави, приликава едноставно не се пропушта! :)
Abbiati
Abate, Nesta, TS, Zambro
Flams, MVB, Seedorf
Boa
Binho, Ibra.
SCUDETTO, HERE WE COME! FORZA CAMPIONI!!!
Monday, 2 May 2011
Tizziano Tizziano Tizziano!!!
Моменти за одбележување: Првите 40 секунди и ОСОБЕНО ОД 06:00 до крајот!
Sunday, 1 May 2011
Првомајски обврски

Знам дека овој пост веројатно нема никој да го прочита пред натпреварот (па дури и многу после него) но јас имам обврска да го напишам.
Можеби некој ќе ме нарече глупав, друг ултра а трет ќе ме погледне зачудено но денес не планирам да одам никаде, напротив, во 15:00 нацртан пред ТВ да си го гледам мојот омилен тим а потоа во домашна атмосфера да си продолжам со casual варијанта. Подобро ќе беше доколку тогаш прославував титула но да одиме чекор по чекор.
Најпрво е од огромна важност да си ги завршиме домашните обврски. Како што велеше Мах уште пред мечот на Принтер, нас не треба да не интересира натпреварот во Чезена туку натпреварот на Сан Сиро. Ние мора и реално да ги прокнижеме вкалкулираните три бода против Болоња, во секоја варијанта. А нема да биде лесно. Болоња од тим кој беше сигурен на табелата со неколку порази во низа се доведе во малку (сосема малку) неповолна ситуација и како што нам ни требаат 4 бода за математички прославена титула така ним им требаат неколку за математички обезбеден опстанок. А кога последен пат се судривме со екипа која имаше губитничка серија (Палермо) бевме поразени. Значи гардот високо, горе!
Гостите и другите не не' интересираат, си гледаме во нашиот двор. А таму се гледа дека Златан уште овој натпревар ќе биде во аут поради суспензија а Пато не успеа навреме да се рехабилитира па и тој е во аут, исто како и Гатузо. Затоа се враќа Неста кој директно ќе влета во стартните 11. Во средината постои една единствена дилема за кој да игра на местото на суспендираниот MVB но се чини капитенот ќе добие предност пред Пирло.
Значи со графички приказ, тоа би изгледало вака:
-----------------Абијати
-Абате------Неста-------Il Monstro--Замброта
-------Фламини-----Амброзини---Сидорф
---------------Prince-----------
----Робињо---------------Касано
Значи повторно бурлески во нашиот напад :)
Се надевам со сличен крај како на претходниот натпревар.
Епа тоа е тоа момци, побрзајте со скарата да не ве фати дождот :)
Forza Milan!!!
P.S Ganso продолжува да гази, продолжува да се враќа во старата форма. После претходниот пост кој го завршив на сличен начин со P.S негов одлучувачки гол во Либертадорес сега уште подобро, најпрво асистенција за погодок а потоа и гол во полуфиналето од купот на Бразил против Сао Паоло. (Внимавајте при неговиот гол, фантастичната асистенција ала Руи Коста кон Нејмар претходно во истата акција е негова). Гансо те чекаме!
Subscribe to:
Posts (Atom)



