Translate
Sunday, 24 April 2011
Раката на Мах
Ајде да одиме вака. Погледнете ја табелата десно на Вашиот монитор и... што прво Ви паѓа во очи?
Лани ја имавме буквално истата одбрана и истиот голман во тимот. Имаме неверојатни 15 (со букви, петнаесет) помалку примени голови од второпласираниот, директниот конкурент за титула?! Неверојатни -15! Неверојанти примени 23 гола во 34 кола?!
Со истиот голман и истата одбрана.
Во моментов на ист број кола до крајот на сезоната имаме еден гол помалку примено од сезоната 2004 под водство на Анчелоти, кога ја освоивме Серија А!
Но тоа не значи дека сме дефанзивна, деструктивна, катанаџо екипа. Воопшто, токму напротив. Го делиме најдобриот напад во лигата со 60 постигнати голови. Значи најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата. И тоа не е доволно? Ги победивме по два пати и двата директни конкуренти за титулата (на домашен терен идентично по 3-0)!
Во невообичаена сезона во Серија А, сезона во која (незнам дали сте го забележале ова или не) нема тренер кој го има освоено Калчото, по се изгледа тој ќе го поведе орото! И заслужува! Јас ја чувствувам раката на Мах, во нашата одбрана, во нашиот напад, во нашата игра... А Вие?

Saturday, 23 April 2011
Јуриш со воз кон титулата

Токму така! Адриано „The Gold Tie Hero“ Галијани решил дека не сака да ризикува и да го заглави тимот во петочната сообраќајна гужва и одлучил да направи rent a train потег и да им овозможи на своите чеда помирен пат до Бреша. Едноставно со сите сили сме насочени кон титула!
А во Бреша ќе не очекува противник кој се бори за гол живот во Серија А а токму таквите во финишот од сезоната знаат да бидат најнепријатни.
Карачоло, Диаманти и Едер ќе се соочат со Касано, Бињо и Боатенг!
Добро се познати причините поради кои ова напаѓачко трио ќе настапи од самиот старт а токму поради тие причини и деби во Серија А ќе чека Берета од клупата.
По подолго време во тимот се враќа првиот капитен на екипата, Амброзини. Меѓу повиканите се наоѓа и Бонера, уште еден рековалесцент.
Сепак, главната битка на теренот ќе ја бијат некои други момци.
Неста почнал да тренира со тимот но Мах не сака да ризикува со него. Затоа пак се очекува да се врати на голот Абијати кој се опорави од повредата на коленото. Пред него ќе се состави бедем од Il Monstro и Јепес придружувани од Абате и Замброта.
Во средината се враќа The Boss на кој друштво ќе му прави Гатузо и најверојатно Сидорф. Напред се наоѓаат претходноспоменатите тројца.
Со ваков напад се очекува да имаме многу движења, луцидност и брзина во шпицот а за завршницата на акциите ќе го прашаме Бињо :)
Според Мах ова е најважниот натпревар во сезоната. Се сложувам! После овој натпревар може се' да биде поинаку и во позитивна и во негативна конотација.
Посебно кога другите ривали имаат тешки натпревари. Треба да се укаже и на тоа дека Милан натпреварот го игра во невообичаен термин (19:00) по завршувањето на дуелите на конкурентите за титулата. Дали резултатите на конкурентите ќе донесат дополнителен психолошки товар ќе видиме. Ние одиме на три бода како и секогаш
Forza Milan!!!
P.S Поздрав од Милано :)
Thursday, 21 April 2011
Perche?

Продолжува проклетсвото наречено Палермо иако е рано да се одреди победникот, но 2-2 дома е рамно на пораз.Вистина е имавме многу шарен состав, за гркот не ми се отвара уста, кај нема во нозете па уште као некоја клетва да има да неможе да победиме со него, му ја дигна 3 пати цената на и онака преценетиот Пасторе .Пирло не блесна на неговото враќање, можеби ќе беше попаметно Гатузо и Фламс да му го чуваат грбот на Сидорф додека тој ги влече конците од средината.Ибра добар, конечно не доби црвен картон.Урби и Касано погодуваат веднаш од кога ќе добијат подмладок, сакам Робињо да затрудни 3-4 жени барем до следниот натпревар!Гатузо доби жолт, го пропушта следниот натпревар(изгледа се чува за финале)Амелиа можеби можеше да направи нешто повеќе при голот на Хернанез но да не заборавиме дека му фати жива на Пасторе, чист гол.За идиотот од судија не ми се збори ни за пеналите, ни за жолти картони, а уште помалце па што не му дозволи на Пирло да ја заврши последната акција??!!ИДИОТ!па уште на саат му покажува колку време изминало а колку време изведуваа корнери аути и други муда тресења бе кретену еден кој ти дал свирче на тебе да и го свирнам на таа што те катапултирала од нејзината внатрешност.

Друго незнам што би додал, првпат по некое време да сум онака фрустриран од еден резултат, па уште со сицилијанциве што губат 0-7 дома...
Се фокусираме на Болоња и Бреша.

FORZA
Wednesday, 20 April 2011
COPPA ITALIA SEMIFINALE: MILAN v PALERMO (andata)
Во недостаток на време, постот ќе биде невообичаено краток, ама не смеевме да дозволиме толку битен натпревар да помини неодбележана со пост. Велам битен, затоа што Milan одамна немал ваква прилика да биде во игра за два трофеи во доцен Април. Шансата е уште поголема кога ќе се земе во предвид противникот. За разлика од најголемите конкуренти во првенството, ние имавме идеална ждрепка, каде токму денешниот противник е најсилниот можен опонент се до финалето. Момците се дефинитивно мотивирано, го видовме тоа преку последни изјави и интервјуа. Max конечно се опушти пред медиумите и изјави дека неуспех во шампионатот е еднакво на самоубиство. Целата атмосфера се пренесува и на Купот очигледно и тоа е сосема во ред. Во екипата ќе се врати Ibra, што е повеќе од одлична вест во услови кога Патката треба да паузира две недели. Друга добра околност е слабиот противник наредниот викенд. Толку од мене, повеќе од момците вечерва.
Convocati: Amelia, Roma, Piscitelli (n.60), Abate, Antonini, Legrottaglie, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Boateng, Emanuelson, Flamini, Gattuso, Merkel, Pirlo, Seedorf, Strasser, Beretta (n.54), Cassano, Ibrahimovic, Robinho.
Non convocati: Zambrotta, Yepes, Van Bommel
Indisponibili: Abbiati, Ambrosini, Bonera, Inzaghi, Jankulovski, Nesta, Pato.
Non convocati: Zambrotta, Yepes, Van Bommel
Indisponibili: Abbiati, Ambrosini, Bonera, Inzaghi, Jankulovski, Nesta, Pato.
FORZA MILAN!!!
Sunday, 17 April 2011
Subscribe to:
Posts (Atom)