
Влегуваме во „матен“ финиш од сезоната. Сами си ги комплицираме работите но тогаш, во такви моменти треба да се покаже срцето на шампионот, карактерот на победникот! Колку и да сака некој да не претстави дека сме во криза и дека тонеме, колку и да се шпекулира со тешкиот распоред до крајот останува еден факт, ние сме на чело и најблиските конкуренти се на -5 од нас! Се додека тие не не' симнат од врвот, ние сме тие кои го водиме орото!
Екстремно клучен натпревар следи утревечер! Палермо од екипа која гази се' пред себе се претвори во екипа која ја газат сите! Нанижа еден куп порази во серија и сега ние сме тие кои треба да им го продолжат тој низ барем уште за едно коло. Натпреварот е клучен од повеќе аспекти но најмногу од еден, со наша евентуална победа разликата помеѓу нас и тие што не бркаат во најмала рака ќе остане иста пред директниот дуел, натпревар во кој дури кога и би биле поразени сеуште би биле на врвот! 5 бода, тоа се два натпревари, одличен багаж кој мора да го задржиме и после ова коло. А и кој рече дека тие ќе не добијат во дербито?!
Составот кај нас е тој со една голема разлика, Златан е на ладење! Првично 3 меча, можно е да се намали на 2. Како и да е, на ладење во најделикатниот период од сезоната (Палермо, Принтер и Виола).
Алегри пресече, ќе стартува со Але и Fantantonio во шпицот а Бињо ќе остане на клупа. Зад претходноспоменатите двајца најверојатно ќе стартува Сидорф поради тоа што БОА сеуште не е со задоволителен физикус за старт и не сака да се ризикува со него пред натпреварот за 14 дена. Одбраната е стандардна со тоа што на лев бек најверојатно повторно ќе добие шанса Јанку. Средниот ред зацементиран со Фламс, The Boss и Џенаро (постои и некоја шанса Урби да добие старт но тоа е во втор план). Токму тој цврст, деструктивен среден ред треба да се погрижи за фудбалерот за кој Зампарини тврди дека добил понуда од 50 милиони евра и сеуште ја разгледува.
Да им зададеме уште еден удар на Renzo Barbera па потоа нека ја прекинат црната серија :)
Forza Milan!!!


