
Пред помалце од една недела сите бевме fired up за натпреварот со Наполи,и евентуалното превземање на врвот од Принтер,но еве само неколку дена подоцна работите се враќаат на старо.Да бидеме реални момци,моменталниот играчки кадар на комшиите е 3-4 сезони пред нас,и додека ветераните и ѕвездите(Креспо,Круз,Ибрахимович) ги сменија со Милито,Ето и Пандев,управата на Милан одлучи да продолжи со старата гарда и по некое ново лице.Сето тоа придонесува да го гледаме она што се случува.
Доколку ја освоевме(или ајде освоиме да не бидам многу песимист)титулата тогаш тоа ќе биде поради среќни околности,и нормално киксови на гореспоменатите гниди.
Причини и изговори за нашите грешки можеме да бараме до утре,затоа што реално гледано си ја имавме судбината во свои раце,но тоа нема ни да ни ја врати титулата,ниту пак ќе ни помогне по патот по кој сме тргнале.
Но не е се така црно,оваа сезона(иако најверојатно завршена уште во фебруари)ни донесе многу промени и нови ветришта во Милано.Секако главното лице тука е Лео и неговата фудбалска замисла,токму затоа тврдам дека не ни треба да се помисли на наводно бркање на Лео,затоа што тоа ќе биде голем чекор назад,а ако му биде дадено време,простор и одврзано ќесе успехот е загарантиран,и ќе можеме да очекуваме црвено-црна доминација во декадата што следи.
Можеби ќе бидам оквалификуван како песимист затоа што има уште цели 8 кола до крајот на сезоната и јас ќе бидам најсреќен ако грешам,но тешките натпревари за мерда завршија,и освен дуелот со Рома во сабота и делумно големите Јуве и Виола,Мерда не би требало да изгуби повеќе од 5 бода до крајот.Во исто време ни им гостуваме на Каљари,Палермо и 2 пати во Џенова,како и дуелите со Јуве и Виола.
Надежта последна умира,а принтер се натпреварува на 3 фронта и тоа би требало да ни е единствената шанса за поматување на сметките.
Засекогаш Црвено-Црни!!!

FORZA MILAN !!!





