
По фантастичната ноќ во Торино се насочуваме кон Купот на Италија. Следен противник ни е екипата на Новара која иако настапува во Лега Про лигата треба да се напомене дека ги елиминираше Парма и Сиена!
Abbiati, Storari, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Thiago Silva, De Vito (56), Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Merkel (52), Di Gennaro, Huntelaar, Inzaghi, Verdi (58), Zigoni (17)
Тимот е микс на млади фудбалери и оние коишто добиваат поретко (или воопшто не добиваат) шанса во сениорскиот состав. Се враќа од повреда Бонера кој е повеќе од адекватен резервен CB и повеќе од солидна замена од Камикаладзе. Колку и да сакаме ние да добивајат шанса сите млади фудбалери од Примавера нормално е дека во прв план ќе бидат резервистите од сениорскиот состав (Јанкуловски, Каладзе, Фламини, Хунтелар, Инзаги, рековалесцентот Бонера и сл.).
На мое ОГРОМНО разочарување најверојатно своето деби нема да го забележи (или барем нема да биде стартер) можеби нашиот најталентиран младинец, Симоне Верди. Извонредниот универзалец (како во користење подеднакво на двете нозе така и во однос на позициите кои ги покрива на теренот) се здоби со незгодна повреда во текот на денешниот ден и неговиот настап е крајно неизвесен.
На прашањето и изненадувањето зошто го нема Страсер, одговорот е ист... повреда.
Друг битен факт е тоа што во текот на истиот ден натпревар имаат и фудбалерите од Примавера па поради законот на физиката едноставно е неможно исти фудбалери да се најдат на две различни места. Натпреварот се игра во Среда во 16 часот и секој што ќе успее да пронајде соодветен линк е обврзан истиот да го сподели навреме овде.
P.S Кога сме кај Примавера извонреден потег претставува ангажирањето на Edmond Hottor, 16 години, од Гана, кој пристигна од Триестина и за него плативме околу 1,5 мил. евра за ко-сопственост односно 50 % од правата. Фудбалерот беше на мета на Интер, Јуве, Наполи, Сампдорија и особено Барселона што само укажува на неговата вредност. Амброзини тип на фудбалер, кој игра пред одбраната но знае одлично да ја билда играта и во напаѓачкиот дел. Омилен фудбалер му е Есиен а му се допаѓа и играта на Сисоко.
На прашањето кој му е омилен тим со насмевка изјави: За жал, Јувентус. Сепак, неговиот агент изјавува дека Милан биле најупорни и дека тој и неговиот клиент се презадоволни што доаѓаат во Милан. Хотор веќе имал краток разговор со Леонардо. Ќе започне во Примавера а сигурен сум дека веќе следната година ќе биде почесто и во сениорскиот состав. За каков талент станува збор и колку му обраќаат внимание во Италија кажува и фактот дека веднаш по доаѓањето во Миланело и по извршувањето на лекарските прегледи дечкото гостуваше во Спорт Италија?! Да потсетам има само 16 години...
http://www.ilsussidiario.net/articolo.aspx?articolo=46796 колку да го видите како изгледа ;)