Историјата се повторува:Пато го бомбардира Реал како Шева на времетоБогами да!Две и тоа какви победи,историски!Првата против тимот кој го немавме победено веќе 3 години и ни беше кошмар(дури и на Сан Сиро),а втората е 250 милионскиот летен трошач,”Кралскиот клуб” ,девет-кратниот европски тешкаш и воедно шпански гигант Реал Мадрид.Немате појма колку ми е смешно кога сега ги читам изјавите на навивачите на Реал од типот колку гола ќе сме примеле,кај ни го земале најдобриот играч па уште ќе не елиминирале....притоа забораваќи дека си имаат работа со Најуспешниот фудбалски клуб на сите времиња(ЛОЛ,звучам како Галијани).Иако поминаа 3 дена еуфоријата сеуште неможе да стивне,и ништо ама баш ништо неможе да ја оспори оваа победа: Ни фактот дека Касиљас имал лоша вечер,дека Милан имал среќа,а уште па помалце дека 94 од тие 250 милиони евра,си го прчеле негде во вип ложата.(Ако е за така тогаш од каде да почнеме за проблемите на Милан?!)
Неста повторно беше столб во одбранатаЗабележавме победа на терен каде што никогаш не сме победиле до сега,на теренот каде што Сидорф за прв пат беше запишуван во историјата,дефинитивно на еден од омилените терени на Роналдињо,и конечно на теренот на кој и ќе се одигра овогодишното финале на Лигата на шампионите.
4 години поминаа а ништо не се сменило:Дињо повторно го "легнува" РамосА стартот на натпреварот не навестуваше ништо од тоа...катастрофален кикс на Дида кој Раул нормално го искористи и им донесе рано водство на Реал кое во тој момент се чинеше одлучувачко.И си течеше времето и ништо не се смени се до 62рата минута...БОМБА од околу 35 метри од ПИРЛОООО!!!Барав по интеренетот но неуспеав да најдам податок кога последен пат дал Пирло гол(а не па од игра).Некои велат грешка на Касиљас,јас велам мајсторија на Пирло.
Четири минути подоцна нов шок за Реал: Рамос и Кака не се разбраа најдобро,ова го искористи Амброзини кој со одличен пас го најде Пато во фор кој успеа да се снајде против тројца противнички играчи и да постигне гол,сигурно Касиљас лошо излета,но и да си останеше на линија мислите дека Пато ќе погрешеше од таму?
Десет минути подоцна,израмнување на Реал,Раул со одлично чуство упати топка до Дренте од корнер,при кој од 20ина метри Дренте не ни можеше да згреши туку со полу-волеј одлично ја смести топката во аголот.-гол за кој 50% од вината сноси Дида.Нецели десет минути подоцна корнер за Милан,Тиаго Силва одлично се снајде во петерецот,го надскокува Албиол,а притоа Касиљас се судрува со Рамос,топката влегува во голот(од раката на Рамос) но овој гол не важи поради евентуален фаул во напад?Во тие моменти урлав дома,кршев,викав,но за моја среќа правдата беше задоволена
Да не чујам веќе муабети дека Сидорф бил бавен!Само 2 минути подоцна по еден неуспешен продор на Пато топката доаѓа до Дињо,овој веднаш лево до Сидорф кој застанува со топката во место и тогаш....магија...Одбраната на Реал се формира а Бориело се извлекува во исто време со неа,но Сидорф сеуште го чека Пато да излезе од офсајд,кога овој конечно го прави тоа добива сервирана топка на тацна и од 5 метри постигнува гол за историја.
Секако има уште многу работи за кој треба да се зборува:недосудениот пенал за Реал,рекордот на Раул,првото соочување на Кака со своите поранешни соиграчи...но овој меч е минато(иако мене не би ми пречело пак да зборувам за него)а за помалку две недели следи реванш на Сан Сиро во кој се ќе пишува ново поглавје во историјата
FORZA MILAN!!!