
Фудбалскиот ( и не само фудбалскиот) свет е превртен наопаку! Во време на глобална рецесија и војни се појавува една (најблаго кажано) безобразна понуда! Шеиците од Сити дојдоа во Милано во мисија која што би го однесла Рики во сината половина на Манчестер. Се дотука е во ред! Арно ама таа мисија вреди околу 250 милиони евра (трансфер + плати)! Да бидам искрен, ниеден фудбалер не вреди толку пари! Доколку ова се реализира се подместуваат границите на фудбалот од корен и нема да биде воопшто чудно доколку за неколку години, ФИФА преслика нешто од НБА односно воведе некоја бета верзија на селари-капот од НБА!
Како што реков претходно, ниеден фудбалер не вреди толку пари, но ако некој е близу тоа тогаш тоа е токму тој!
Сити добива многу со неговото евентуално ангажирање! Добива пред се фудбалски бисер, страшно интелигентен на теренот а воедно и извонредно скромна личност! Личност која секогаш ќе работи за доброто на тимот и фудбалер кој нема никогаш да прави проблеми во соблекувалната. Идол на младите, маркетингшки совршена фигура и (можеби најважно) ѕвезда која може „да повлече нога“ односно да ги примами и другите идни цели на Сити да му се придружат нему!
Што добива Милан? Милан добива сума на пари со која може да формира цел нов тим (а нема потреба за такво нешто). Добива таква сума за фудбалер кој две години има хронични повреди на коленото и со операција претходната сезона! Е сега проблем претставува дали B&G се подготвени тие пари да ги инвестираат во тимот или ќе бидеме сведоци на $heva – втор дел (продаден за 45 мил. Евра а купен само Рикардо Оливеира за 15 мил.)! Милан добива одлична сума со која може да направи целосен ремонт на одбраната (која полека но сигурно се освежува со Тиаго Силва и Матиони), да се земе еден Сантакроче и да се обезбеди таа CB позиција за следните 10-тина години, да се купи уште по еден одличен фудбалер во средниот ред и во нападот!
Што губи Милан?! Милан (или поправилно B&G) губи авторитет најпрвин кај сопствените навивачи а потоа и кај останатиот фудбалски свет! Губи икона на тимот и иден капитен на Милан! Губи брзина и луцидност во средниот ред и во нападот, го губи единствениот фудбалер (со моменталнава формација и фонд на фудбалери) кој што внесува динамика во средниот ред! И што е најважно губи лидер (посебно по крајот на сезонава кога и Ил Капитано ќе ги соблече копачките)!
Што добива/губи Рики? Рики веднаш по понудата на Сити изјави дека сака да остаре во Милан и да биде капитен (како многу пати претходно). Но B&G останаа неми на понудата на Сити (молчењето значи прифаќање) и им дозволија да преговараат со Рики (што само по себе го потврдува претходното)! Во тој момент Рики се почувствува предаден и сфати дека е подобро доколку си замине. Тој добива плата со која финансиски ќе се обезбеди себе и идните 3 поколенија! Добива шанса да влезе во еден нов свет, да биде дел од еден нов проект во градење... Губи стил, губи шанса за борење за трофеи (барем во прво време) и губи европски купови (минимум за година и пол)!
Кога се ова ќе се стави на вага... кој добива најмногу?!

Најголем добитник од целата оваа ситуација (без разлика што тој воопшто не сака Рики да замине) е едно младо момче, сегашноста и иднината не само на Милан туку и на светскиот фудбал во целина... Alexandre Rodrigues Da Silva - PATO!
Момчето кое блеска со својот раскошен талент, момче кое како никој претходно не потсетува на Роналдо во своите најдобри денови! Момче кое за да може да блесне во сиот свој сјај му е потребна формација со 2 напаѓачи 4-4-2 односно 4-3-1-2, нешто што нема да го добие се додека се во тимот Дињо и Рики! Момчето има само 19 години а има страшни бројки зад своето име во лига во која е најтешко да си напаѓач! Натпреварот со Виола вечерва ќе му биде 38 натпревар во Милан (значи заокружување на една сезона)! Момчето има неверојатни 17 гола досега! Во својата прва сезона во Калчото во дрес на Милан и во време во кое не беше стандарден а едно време не играше и поради повреда! Се сеќавам добро како цел Милан го носеше на свои плеки во текот на претходната сезона кога беа повредени сите вклучувајки го и Рики! По постигнувањето на вториот гол, на она прекрасно ремек дело против Мексес и Рома едноставно бликаше со самодоверба, никогаш претходно го немав видено вака да прославува гол, момчето прераснува во маж и е спремен да гази се пред себе! Само напред Але!!!
Forza Ricky, Forza Ale, FORZA MILAN!!!
П.С Текстов е пишуван во време кога судбината на Рики сеуште е неизвесна! Но како и да е, Рики и да не оди сега во Сити веќе никогаш нема ништо да биде исто, на лето Реал ќе биде охрабрен од фактот што Рики веќе не е недопирлив, Сити ќе се врати со повеќе куфери... се ќе прерасне само во поголема фама која на крај сепак ќе заврши баш така како што би завршила сега!