Во овие денови во очекување на мигот кога ќе полета авионот и за нецели два саата ќе се наоѓам помеѓу нашите браќа(поранешни окупатори) Турци решив да ја преќинам мојата не така кратка блогерска неактивност. Добро, затоа се поставуваат млади сили кои во изминатиов период добро си ја завршија работата. Ултра еве ти едно признание и мотив за понатака. :).Ќе пишувам за тема која ми е омилена во изминативе месеци и која ме оптерети максимално.Темата гласи Ronaldo de Assís Moreira. Дечкото околу кого се вртеа и се вртат сеуште многу гласини и шпекулации. Ова е играчот кого сакам да го видам во редовите на клубот кој што го сакаме и навиваме. Ова е играчот што знам дека ќе ни го врати она што го немаме видено 4 години. Ова е играчот што ќе го подигне моралот во клубот и вербата на навивачите во него на едно 10 нивоа погоре(од 10 можни). Ова е играчот што 2пати е прогласен за светски број 1, следна сезона ќе биде по трети пат прогласен во тесна конкуренција со сегашниот број 1, нормално ако го избере правилниот клуб. Денеска според информација goal"по цел ден шпекулирам зашто неам друга работа".com Галијани се сретнал со братот на Дињо , односно неговиот агент и со претставници на клубот за да договорат обештетување. Во оваа статија некако поверував затоа што goal"по цел ден шпекулирам зашто неам друга работа".com за прв пат излезе со податок каде се одржал тој состанок и колку траел. Транферот треба да се очекува во најскорен можен рок затоа што почнува олимпијадата, а знаеме дека Дињо е повикан и има огромна желба да игра и да им покаже на сите го**ојадачи дека сеуште е меѓу неколкуте најдобри играчи на топката каде живееме.
Во изминатиов период додека траат шпекулациите за транферот на Дињо се отвараше едно прашање а гласи вака: Дали е потребен Дињо во Милан? ...Знаете имаше една кампања на една владеачка гарнетура пред точно 4 години за време на одржување на еден референдум и гласеше"НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР", епа јас сум убеден дека ова е едно од тие и немам намера да губам од моето време кое го имам на претек да одоговарам на ова прашање, ќе си го трошам времето во исчекување на летот кон братска Турција.
Тоа е тоа, сега останува да чекаме и да видиме Адријано"немам пари"Галијани што ќе договори со Хуан"не ме сакаат 64% од клубот" Лапорта и дали ќе успее да го донесе Дињо за 1 милион евра и да биде исплатен на рати во наредните 99 години, затоа што тешко е кога се нема пари , нели. Мала шала на сметка на ќелавиот , сепак он си ја знае подобро работата од сите нас.
FORZA GRANDE MILAN!!!